Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Н​​е​​ш​​т​​ата ​кои не сте ги знаеле за мене...

Дискусија во 'Слободно време' започната од Snow-Queen, 31 јануари 2012.

  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    1-Плачам и го менувам гласот кога некој близок ќе ме истресе од кожа/изнервира (Читај, имам слаби нерви)
    2-Повишувам несвесно тон и станувам се погласна кога разговорот ме возбудува (Ме нервира, смее и сл.)
    3-Постојано мрдам со прстите на нозете (Дури и сега)
    4-Често, многу често ја пипкам косата со рацете.
    5-Глупава навика ми е да ги крцкам прстите на рацете :!: и нозете. :$
    6-Црвенеам кога се засрамувам.
    7-Кивам тивко а веднаш потоа зевам.
    8-Тврдоглава сум
    9-Го мразам студот и кога сум надвор колку и да сум наоблечена постојано се тресам. Не знам како да го исконтролирам тоа, никогаш не научив.
    10-Премногу ги сакам животните.
    11-Обожавам пиво, не сакам вино и сокови и не можам без вода.
    12-Не сакам никакво друго месо освен риба и пилешко.
    13-Не јадам овошје, обожавам зеленчук.
    14-Сакам да слушам и читам вицови и многу брзо ги заборавам.
    15-Се смеам секогаш кога не треба. (Кога на некого ќе му се случи некоја незгода) Не можам да се исконтролирам. :$
    16-Мразам кога дечко ми сака да ми го допира папакот!
    17-Мразам да бришам трошки од маса и да мијам садови.
    18-Емотивна сум.
    19-Спијам на висока перница и плус две помали перничиња и јорганот го влечам до образот.
    20-Знам да зготвам скоро се, обожавам да готвам.
    21-Обожавам да пијам кафе.
    22-Омилено чоколадо ми е тоблероне.
    23-Обожавам гумени бонбони.
    24-Секогаш имам трема пред испит до тој степен што мислам дека ќе се онесвестам.
    25-Никогаш не сум препишувала, затоа што се плашам.
    26-Имам страв и од височина.
    27-Ја сакам и пратам модата.
    28-Ја обожавам хигиената, сакам кога ми е се чисто и средено. Мора да ми е се под конец.
    29-Не сакам да сум во присуство на луѓе кои не знаат да направат муабет, прават глупав муабет или постојано употребуваат многу глупави узречици.
    30-Краставица, лубеница и кисело млеко можат да ми ја згаснат жедта. :wasntme:
    Лелееее.. Има уште многу работи, ако продолжам со пишување ќе ме раздени!
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    1) Не можам да спијам со чорапи. Пробав цела недела и во сон ги соблекувам.
    2) Не сакам да спијам со прслук и не ми е јасно зошто луѓе спијат со прслук. Your boobs want freedom!
    3) Јадам храна со раце, со прсти лижам опаковки од пудинг и овошни јогурти.
    4) Си зборувам сама со себе, како дома така и по улици.
    5) Имам смислено илјада говори за кога, потенцирам кога, ќе добијам некоја важна награда.
    6) Кога готвам го објаснувам рецептот на мојата замислена публика, најчесто со гласот на Џулија Чајлд (прочитав за стомачни била добра вежбата)
    7) Кога бев мала му крадев пари на татко ми. И еднаш украдов гума на Битпазар, па тоа детето што продаваше ме бркаше низ пазарот.
    8) Често се прашувам дали рандом луѓе во автобус/воз/на улица имале дента секс. Или воопшто.
    9) Сакам бесплатни примероци од се, храна, парфеми, глупости и си се враќам по 3 пати да си доземам.
    10) Ме нервираат луѓе што се движат споро. Многу.
    11) Се вадам на импровизација и големи зборови.
    12) Мразам бели наочари. Многу, најмногу.
    13) Ептен сакам да пеглам.
    14) Не знам како се отвара конзерва со тоа отварачот. Сум пробала милион пати, сум се пресекла ама не сум успеала. Капаче рулс.
     
    На La.Reina.Del.Sur, anabel-a и ines.h им се допаѓа ова.
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    1 Сакам да станам пеачка...со песна легнувам со песна станувам.
    2 Често се прашувам со "кого"и "каков" ќе ми биде првиот секс
    3 Сакам да се дотерувам ..i mean многу сакам да се дотерувам
    4 Лесно се навредувам
    5 Отворена сум
    6 Незнам да се лижам damn,а понекогаш многу ми треба тоа
    7 Кога се карам ми се менува гласот за плачење
    8 Сеуште не сум ја избрала професијата на мојот живот
    9 Имам дечко,ама знам дека тој не е вистинскиот,и тој знае дека не е вистинскиот -.-
    10 Секогаш се плашам да го направам првиот чекор за било што
    11 Голема мрза,да го газам нема да го кренам
    12 Често се карам со мајка ми
    13 Имам брат,кој понекогаш посакувам да го немав
    14 Претерано штедлива и економична
    15 мразам луѓе што се намчори
    16 Сакам да живеам во Америка
    17 Вага во хороскоп Шкорпија во подзнак
    18 Сакам да се пијанчам
    19 Обожавам кафе со цигара
    20 Сакам оваа година да земам награда за Гимфест
    21 Ја имам најдобрата баба на цел свет
    22 Мразам луѓе кои бавно зборуваат
    23 Мразам луѓе кои се лигават и бебешко зборуваат
    24 Манијак сум за убави коли
    25 Опседната со изгледот на телото
    26 Мразам да пеглам алишта сакам да мијам садови
    27 Сакам да акам до 27 година
    28 Мразам лето,мразам и зима
    29 Мразам лицемери
    30 Многу се вцрвенувам кога ќе се устрамам
    31 Пребрзо зборувам
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Ни јас не го знаев до скоро... Себична сум, или сум станала од скоро.. :?:
     
  5. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    -Плашлива сум
    - Многу сум емотивна
    -Иако велам дека сакам да ми кажат во лице,лага е ме боли многу ако е нешто лошо
    -Никој не ме знае вистинска каква сум
    -Сакам на сите добро да им направам,сите да ме сметаат за добра личност
    -Малце сум себична, несакам мои приватни работи да делам со другарки
    -Многу сакам да имам долги нокти и во иднина сакам да правам вештачки нокти-да сум козметичарка
    -Имам малку самодоверба иаку не би сакала да е така
    -Сакам кучиња со мал раст
    -Како мала сакав да чувам змија но сега не
    -Неможам да верувам на никого
    -Досега не сум имала дечко
    -Би сакала да имам полно алишта од највисока мода
    -Имам најдобра баба на свет-може се да сплете од ракавици,капи-до туники , џемпери
    -Би сакала да живеам во Лондон
    -Сакам да имам блог на уоutube
    -Би сакала да не постојат села -само градови и држави :)
    - Сакам луѓето да не се толку цинични и безживотни.Нека ја дознаат вистината па тогаш нека зборуваат.
    -Најголема желба ми е никогаш да не сум болна бидејќи пола година ја сум болна :)
    -Многу сакам накит,шминка,облека како и секоја нормална девојка
    -Би сакала да имам свој стан уреден и среден како што сакам јас
    -Сакам самата да се издржувам
    Толку за сега
     
    На curlygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    1)На форумот сум 5 месеци
    2)Одмаздољубива и злопамтило
    3)Способна сум за многу повеќе од ова моментално што го правам
    4)Обожавам животни
    5)обожавател на Audrey Hepburn
    6)Фотографирам

    you know you love me ... xoxo :l:
     
  7. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    -Порано бев толку слаба што пиев таблети за зголемување на апетитот за да можам да се здебелам. Со тек на време се здебелив. Ама ептен. Свињетина сум сеа :x
    -Го мразам своето тело и лице. Грдоња грда. И често избегнувам огледала бидејќи ми е страв од тоа што ќе се појави во него. Никогаш не би рекла дека сум грда само за да ми дадат комплимент и со тоа јас да го "хранам" своето его. Едноставно не си се свиѓам и крај.
    -Мразам женски бебиња o.O И самата незнам зошто.... Ај ем фрики.
    -Не сум романтична. Ама ИЧ.
    -Обожавам момчиња со сини очи :sun:
    -Слушам исклучливо странска музика.
    -Навивам за Манчестер Јунајтед и не сум ко оние лиглињата кои денес се за еден тим а утре за друг. Ме иритираат таквите -.-
    -Обожавам да патувам и жал ми е што не го правам тоа често.
    -Животна цел ми е да се иселам од државава, да станам успешен доктор, да се омажам за љубовта на мојот живот и да имам свои дечиња.
    -Го обожавам фактот дека имам природно црвена коса.
    -Сметам дека сум вистински пријател.
    -Често знам да го повишам тонот и некои ми замеруваат за тоа а мене баааш ми е гајле.
    -Јас сум тоа што сум. Никој не кажа дека мора да ти се свиѓам. Немам намера да се менувам самата себеси за некој или нешто.
    -Знам вистински да сакам. Спремна сум да умрам за некој што ми значи.
    -Понекогаш многу се грижам што другите мислат за мене, а понекогаш не.
    -Многу попуштам на другите.
    -Не сум уопште фотогенична. Ниту една слика од мене не си ја свиѓам. Бљак.
    -Имам цврст и решителен карактер. Не го менувам своето мислење за ништо на светов.
    -Многу често правам киксови и ми иде да си се укопам у земја.
    -Се нервирам за работи што се случиле многу одамна.
    -Претерано многу сум срамежлива.
    -Сериозна особа сум. Никогаш не ми е дојдено до шега и секогаш се си зимам при срце.
    -Многу сум повредлива. Дури и најмала критика може да ме повреди и веднаш да се натртам.
    -Мразам разделби.
    -Плачка сум. Плачењето ми е хоби. Си се цедам секојдневно :!:
    -Обожавам животни. Посебно мачки.
    -Хомофобична сум. Ми се гади од секое хомосексуално битие (без навреда до оние кои се хомосексуалци, ако има такви овде)
    -Многу сум грижлива и обожавам да помагам.
    -Имам многу амбиции и големи надежи, што којзнае дали ќе се остварат.
    -Песимист сум.
    -Обожавам стари луѓе. Мили тие :$
    -Ги грицкам ноктите од кога знам за себе.
    -Англискиот јазик го зборувам како да ми е мајчин јазик и сум горда на тоа.
    -Тренирам играорна веќе 7 години.
    -Обожавам да цртам и не дека се фалам, но мислам дека ме бива.
    -Превисока сум за својата возраст и тоа ужасно ми смета.


    И има уте МНООООГУ работи ама ме мрзи да пишувам сега :$
     
    На ALe546 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    - Имам полу сестра и полу брат.
    - Дебелка сум. Би сакала да намалам малку во нозете, другото ми е ок.
    - Многу сум ниска и тоа многу ме нервира -.-
    - Мнооогу сакам да цртам, обожавам. Не цртам нешто многу убаво ама сепак уживам додека цртам.
    - Сакам животни и тоа мноооооооогу. Ги сакам мачките најмногу.
    - Највеќе на свет ја сакам кошарката :inlove:.
    - Го обожавам КУРТ најмноооооогу.
    - Сметам дека сум вистински другар.
    - Многу сакам да фотографирам.
    - Без благо животот неможам да си го замислам.
    - Обожавам пиво и црвено вино.
    - Нон стоп сум запишувана во дневник за недисциплина :wasntme:.
    - Мразам девојчиња кои уште на 11 и 12 години се занесуваат. Размислуваат за дечковци, шминки, штикли...
    - Сакаааааааааам да имам дечко црнец ;(
    - Не пијам Кока Кола :puke:.
    - Ауу и јас исто кога готвам нешто го објаснувам рецептот на...ѕидот :lol:.

    Сега за сега толку :hai:
     
  9. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    1.Сакам да имамправа коса
    2.Голема мрза сум
    3.Заборавам да јадам :D
    4.Сака панк роцк музика (од пред 1год.)
    5.Сака да ми се сите петки ама нејку да се малтретира по цел ден над книга-.-
    6.Сака долга кафеава коса да има и плави очи :inlove:
    7.Често Одам на прсти
    8.Не посветувам мн внимание во последно на модата, одам едноставна облечена и тк .
    9.Сакам да сум постојано во друштво кое што ми одговара! :D
    10.Сакам да сум малце повисочка
    11.Го обожавам Курт (мислам тоа и си го зневте :D ):inlove:
    12.Мразам женски кои што се филмаат пренајмн. па и машки ..
    13.Сакам да слушам музика, па и цел ден не би ми здосадило
    14.Плашлива сум
    15.Многу емотивна
    16.Сакам да живеам сама.
    Толку засега :rofl:
     
  10. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    1. Не носам папучи низ дома, или кога носам, носам оти ми рекле или ги губам зад кревет, под кревет итн.
    2. Не јадам мајонез.
    3. Не сакам анимал принт на себе, правам исклучоци на други.
    4. Срам ми е да се сликам пред други луѓе или да позирам.
    5. Многу сакам да јадам лук или кромид.
    6. Солено многу нејќам, ама за благо душа давам!
    7. Од месо јадам само свинско и пилешко, и само колбаси и тоа не било какви.
    8. Гадлива сум, па затоа кога јадам гасам телевизор... за секој случај да не излезе нешто гадно |( па да не можам да јадам.
    9. Не јадам сланина, не го сакам тоа белото во месото. Често го одбирам или воопшто не го јадам.
    10. Седам многу саати на компјутер и немам што друго да правам за време на распустов.
    11. Мразам ненајавени гости.
    12. Обожавам чајна и супи.
    13. Љубител сум на книги.
    14. Кога објаснувам нешто претам/мафтам со рацете.
    15. Пред да кажам нешто на училиште пред наставници ... секогаш смислувам говор.
    16. Навика ми е да ги крцкам рацете.
    17. Кога сум прва смена од сабајле, наместо ташната да ја местам од вечерта, јас насабајле.
    18. Откако ќе се искапам, не ја сушам косата оти ми станува ептен бујна.
    19. Не ја чешлам косата или ако ја исчешлам се капам после оти ми е бујна.
    20. Ја вртам перницата на ладната страна кога се обидувам да заспијам.
    21. Обожавам да стојам по дебели хулахопки дома и горна пижама (подолга).
    22. Сакам да правам модни комбинации.
    23. Сакам да пишувам состави, песни... зависи од расположение.
    24. Косата секогаш ми е во пунџа, во некои ретки случаи пуштена, коњско опавче или плетенка.
    25. Не јадам шпагети. Не ми се вкусни и ми изгледаат како црвчиња.
    26. Не сакам црна боја и комбинации во кои преовладува истата.
    27. Мразам да имам исти работи со дургарките или да ме копираат.
    28. Мразам да чекам некого.
    29. Мразам нефер наставници.
    30. Понекогаш устата ми е побрза од мозокот и затоа си имам направено многу проблеми.
    31. Насабајле навика ми е да си топлам млеко со мед.
    32. Мразам да си ја средувам детската или да го местам креветот.
    33. Никогаш не ми викале да учам, секогаш сама сум била одговорна.
    34. Сакам да патувам и сакам авантури.
    35. Не сакам тесни алишта, посебно блузи! Сакам широки и покомотно ми е во нив.
    36. Кога се капам земам три крпи. Една за коса, друга за тело и третата да се најде... дур се капам да не ми запечат очите, да не ми влезе вода... за секој случај. :D
    37. Мразам фалбаџии, дволични...
    38. Утрата ми почнуваат со лап - топ или компјутер.
    39. Сакам да се излежувам во кревет.
    40. Емотивна сум.
    41. Сакам да чкртам негде додека учам или да држам пенкало.
    42. Не ме бива ни за пеење ни за математика.
    43. Ретко го користам телефонот па постојано стои забатален негде и другарките често ме прашуваат зошто не се јавувам.
    44. Ги мразам речениците на сестра ми. 64873547864 пати ќе ми ги каже. „Внимавај, биди паметна!“, „Паметот в гла!“, „Варди шо прајш“. |(
    45. Често се караме со сестра ми за глупости.
    46. Немам некој смисол за хумор, ама се трудам.
    47. Добро се вклопувам во нова средина, бар така мислам.
    48. Светска мрза сум.
    49. Воопшто не испаѓам убава на слика, мислам дека сум поубава во живо.
    50. Сакам да бидам професионална кошаркарка.


    Мислам дека е доста. :)
     
    На tea4e и Kristinna1 им се допаѓа ова.
  11. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    1.Голема спанка сум. (Обожавам да спијам, по цел ден)
    2.Кога ќе ме фати мрза,и господ да слези нема да ме натера нешто да направам.
    3.Не јадам магдонос.
    4.Не пијам кисела вода.
    5.Обожавам благо.
    7.Многу сум фотогенична.(Убаво испаѓам на слики)
    6.Голема лутка сум.
    7.Сакам да бидам или гиниколог или пак психијатар.
    8.Обожавам да носам хеланки.
    9.Голема плачка сум, а исто така и многу сум емотивна.
    10.Страмежлива сум.
    11.Не се вклопувам лесно во нова средина.
    12.Ја сакам медицината.
    13.Ги сакам животните, а најмногу маченцата и кучината.
    14.Обожавам да пливам.
    15.Љубител сум на книги.
    16.Пред да кажам нешто пред некој непознат или пред наставниците секогаш смислувам говор, и тој говор го пофторувам по 100 пати (во случај да не го заборавам од возбуда). :D
    17.Сакам да смислувам убави модни комбинации, и истите да ги носам.
    18.Мразам да чекам некого.
    19.Мразам лицомерни луѓе.
    20.Мразам некој да ми кажува што да правам.
    21.Мразам некој да се зафркава на моја сметка.
    22.Не ги прифаќам негативните критики веднаш, ми треба време да ги обработам.
    23.Со дечко ми се слушаме на телефон 100 пати во денот.
    24.Не сакам тесни блузи, не се чуствувам комотно во тесни. (Бидеќи имам стомаче па ми е глупаво да ми се оцртува)
    25.Обожавам авантури.
    26.Понекогаш сакам да се однесувам како мало детенце.
    27.Нонстоп се смеам. (Некогаш дури и не знам зошто се смеам)
    28.Сакам да си ја изфарбам косата плава. (Но немам храброст)
    29.Не сум многу комуникативна.
    30.Сакам да сум малце пониска.
    31.Сакам да немам колкови.
    32.Сметам дека сум вистинска другарка.
    33.Сметам дека сум без влакна на јазикот. (Но ретко кој го цени то)
    34.Многу сакам да се фотографирам.
    35.Мразам цигари.
    36.Не ми одат странските јазици.
    37.Сакам лето.
    38.Мразам зима.
    39.Сакам да имам виткана коса.
    40.Сакам да имам темен тен.
    41.Сакам да ослабам малце.(Некаде окулу 6-7 кг.)
    42.Многу сум стрвна.
    43.Не сакам кога ќе врне.
    Ај доста е :)
     
    На Spidy и bluegirl7 им се допаѓа ова.
  12. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    1.Во моментов ме мачи нешто
    2.Многу тешко донесувам одлуки
    3.Плашливка сум
    4.Кога ќе ми пукне филмот,тешко на тие што се околу мене
    5.Срам ми е да бидам поинаква од другите
    6.Омилени годишни времиња ми се зима и лето
    7.Немам доверба во никого
    8.Пливачка сум
    9.Многу сум самокритична
    10.Сакам кога спијам и врне дожд
    11.Бегам од проблемите
    12.Многу тешко засакувам некого
    13.Често имам потреба да сум сама
    14.Го обожавам Хари Потер
    15.Не сакам кога некој ме замара
    16.Не сакам упорни луѓе
    17.Ме нервира кога некој не се придржува на ветеното
    18.Се би дала за моето семејство
    19.Во моментов се чувствувам осамено
    20.Косата ми е права и мнооогу тешко се витка
    21.Би сакала да имам постар брат
    доста е
     
  13. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    1.Слушам секаква музика
    2.Многу сум тврдоглава
    3.Тешко се навикнувам на нови средини
    4.Не ги поднесувам сите луѓе
    5.Многу сум радознала
    6.Не верувам на никого
    7.Мразам зима
    8.Можам да спијам цел ден
    9.Ја обожавам математиката и хемијата
    10.Сакам светли бои
    11.Имам поголема сестра
    12.Многу сум амбициозна и упорна
    13.Не покажувам никакви знаци на нервоза
    14.Тешко се заљубувам
    15.Мразам турбофолк
     
  14. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    некои ми е точно некои не ........:)
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Спанко невиден сум.
    Си имам некој мој свет во кој никого не пуштам.
    Сонувач сум.
    Нонстоп мрчам. :D
    Мразам лаги.
    Никогаш не го чепкам носот, бидејќи ми е одвратно.
    Мразам кога некој прди пред мене.
    Многу добар оратор сум.
     
  16. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    -на Фемина сум од 11 Окт 2012
    -не сум пушач
    -пијам само макијато
    -немам дечко
    -обожавам да фотографирам
    -тренирам одбојка
    -би сакала некој ден да бидам познат фотограф
    -омилен глумец ми е Џони Деп
    -Фемина омилен женски сајт и форум :$
    -од 1 година до сега одам само на Охридско езеро
    -не сум била на море
    толку ми текна. :)
    позз
     
  17. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    -Имам помал брат
    -Имам ретко име и многу си го сакам :inlove:
    -Ниска сум :angel:
    -Многу сум емотивна и за се плачам и сакам да го променам тоа :worried:
    -Да,да голема мрза сум :!:
    -Многу ми паѓа жал кога ќе видам изнемоштени стари лица и инвалиди
    -Го сакам германскиот јазик
    -Обожаваам лето 8)
    -Многу сум тврдоглава и исто така многу се лутам ама што да правам посилно е од мене :envy:
    И доволно за сега :hai:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    1.Голема плачка сум
    2.Сакам да спијам
    3.Голема роматичарка сум
    4.Заљубена сум (тоа го знаат и птиците на дрвото)
    5.Да можам целл ден би била во пижами
    6.Мразам кога треба да објаснувам нешто за мене
    7.Сакам да живеам во стан и тоа сама
    8.Волонирам во Црвен Крст
    9.Имам околу 15 фустани а само ги 2-3 носам
    10.Не обожавам да се шминкам, тоа го правам само кога треба да одам на родендени, свадби итн...
    11.Сакам да пијам кафе
    12.Обожавам снег и дожд
    13.Би сакала да имам постар брат
    14.Обожавам газирани сокови, ги пијам иако ми се забранети
    15.Срамежлива сум
    16.Сакам да имам куче
    17.Пеам додека се туширам :D
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    - Ниска сум
    - Имам 1 готова книга и 3-4 не знавршени
    - мразам донесување заклучоци од разговори како „(пауза)е па така е.. никогаш не се знае, тое е Цветанке!!“ :@
    - исто мразам и искористување на туѓите зборови (ме мрзи да објаснувам)
    - се нервирам кога играм стратегиски игри и мора да гледам на јутјуб како одат
    - имам неколку мачки-мачиња
    - понекогаш се плашам од темнина
    - мразам дожд насабајле
    - не сум срамежлива
    - многу често избрзувам
    - водам дневник и го викам „Сикретчувар“ не дека имам некои големи сикретс.. :D
    - утре е роденден на тетка ми..
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    1.Си имам некој мој филм во глава кој што неикого не го занима.знам.живеам во светот на ****** (хм штета што тој збор несмеам да го кажам(сите ке ме направат будала)а мн би сакала. :)
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.