Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Н​​е​​ш​​т​​ата ​кои не сте ги знаеле за мене...

Дискусија во 'Слободно време' започната од Snow-Queen, 31 јануари 2012.

  1. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Се зачленив на форумов пред некојси да речам 3-4 месеци
    -Темпераментна сум и доста импулсивна на карактер
    -Сакам се да ми биде чисто и на место стокмено
    - Ја обожавам италијанската кујна и сум голем гурман кога се работи за храна ( а не сум нешто посебна во готвењето)
    - Живеам сама во една скопска населба и понекогаш ми е страв навечер сама да спијам па го оставам уклучено светлото
    - Не сум зависник од цигари,али пушам од мојата 18 годишна возраст
    - Принципиелна сум и сакам и другите околу мене да си држат до збор
    - девица-рак-лав е мојата хороскопска комбинација
     
    На Cka и Lella им се допаѓа ова.
  2. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    -Перфекционист сум. Сакам се да биде средено, во секое време или неможам да спијам. Алиштата ми се по боја, чевлите исто, тетратките како и книгите-по истоиот редослед. Слободната литература по азбучен ред. Не сакам да ми чкртаат по книгите и тетратките. Ако згрешам додека пишувам, не го чкртам, го кинам листот. Мразам несредени личности и соби.

    -Вода не пијам многу, иако знам дека е здрава. Најмногу конзумирам јогурт. Тоа и ми е замена за вода.

    -Поголемиот дел од времето сум хиперактивен песимист.

    -Не верувам во љубов. Се е навика. Не е реално.

    -Спијам повеќе од 12 саати, постојано. Неможам да си го средам метаболизмот.

    -Поголемиот дел од времето се преправам за некои работи, за да се здружам со општеството. Кај нас овде е катастрофа и ние различните не сме многу прифатени.

    -Не ме интересира ничие мислење се додека јас не сум прашала за него. Носам тоа што како, како што сакам и не барам дозвола од никого.

    -Зборувам течно саркастично и луѓето мислат дека се зафкавам, а всушност јас ја кажувам вистината. Сум западнала во многу проблеми заради ова, најчесто со повозрасни.

    -Малку ми се допаѓа розовата боја. :$

    -Ми се допаѓаат момци кои се тетовирани со големи тетоважи и момци имаат убави фризури.

    -Се обидувам да напишам книга, ми оди поезија и проза.
     
    На Lella, Thallia, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Всушност сум еден гоолем емотивец. Премногу се притресувам за непотребни работи, за работи кои не влијаат директно на мене.
    Мразам неодговорни, спори, и пресамоуверени(во негативна смисла) лица. Мразам кога некој лаже, посебно со некоја приказна.
    Се нервирам од многу работи и честопати мозгам шта би било кад би било.
    Сакам пријателства, но понекогаш си мислам дека сум досадна. Немам некоја голема самодоверба.
    Се плашам од неуспех, се повеќе и повеќе.
    Кога љубам, тоа е искрено, а ако ми пукне филм, знам да бидам гадна.
     
  4. clock.pot

    clock.pot Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    335
    1. Знам 5 странски јазици ( англиски, германски, српски и разговорен албански и француски)
    2. Имам намера да се преселам во странство
    3. Најверојатно ќе студирам меѓународно право, иако астрофизиката ми е врежана во центарот на мозокот
    4. Цврсто стојам на земја (нема духови, натприродни сили, рај и пекол, бла бла бла)
     
  5. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    -Одамна ве следам на форумот, а сум зачленета пред околу 1 година, но слабо пишувам поеќето читам.
    -Најмногу сакам да бидам професионален фотограф ( тоа е и мојот сон)
    -3та година сум средно
    -Одам на аеробик и сакам да ослабам 2-3 кила
    -Оптимис сум секогаш
    -Имам еден симпатија кој може да се рече дека го сакам....имам пишувано за него
    -Сакам да возам ролери
    Не пијам и не пушам
    -Понекогаш знам да бидам повлечена и наивна но тоа е се поретко
    -Немам брат ни сестра
    :)
     
  6. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    - Имам фобија од инсекти и глувци, не дека се плашам дека ќе ме каснат, едноставно одвратни ми се само да ги гледам...
    - Се срамам да пеам на глас, не дека толку лошо пеам, но ете се срамам, иако отсекогаш сум сакала да имам убав глас на кој сите ќе ми се восхитуваат... Како мала кога останував сама дома “држев концерти“ и сите дезодоранси ми беа микрофони :D
    - Воопшто не сакам да чистам по дома
    - Не сакам коцкање и обложување
    - Голема спанка сум, никогаш не сум доволно наспана :?:
    - Уживам во продавници за играчки :$ Јас сум големо дете :$ :)
    - Некогаш мислам дека сум премногу наивна и глупава, премногу им верувам на луѓето иако многу пати се случило да ми забијат нож во грб...
    - Романтична душа сум... :$
     
  7. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    - Водолија сум во хороскоп;
    - Романтична душа;
    - Премногу им верувам на луѓето и имам премногу трпение во мене;
    - Близначка сум со брат ми;
    - Македониста во душа (завршен Филолошки факултет);
    - Се плашам од глувци просто се ежам од нив језиви ми се;
    - Кога бев мала сакав да бидам водителка, но патот ме однесе на друго место;
    - Пушев цигари, но сега НЕ ги откажав бидејќи сум трудна;
    - Мажена сум година и еден месец;
    - Сакам животни, но мм не ми дозволува да си земам некое животинче по дома;
    - Оптимиста во душа;
    - Сакам да шопингувам, но мразам да пробувам;
    - Голема спанка сум, ако не одев на работа животот ќе ми поминев во спиење само;
    - Мразам кога некој ме лаже, и кога некој го чекам (мое правило ни да чекам, ни да ме чекаат);
    - Обожавам позитивни луѓе и секогаш ги барам, но на денешницава ретки се;
    - Сакам благо се давам во благо, а во последно време дека трудничка и соленково ми е ок;
    - Работам во државна институција скоро две и пол години, и после толку време со договор си добив и решение;
    - Ме иритира кога некој ми се прави паметњакович;
    - Со брат ми ако сме близнаци небо и земја сме многу различни (+ имам и уште една сестра)
    - Некогаш сум гоооолема паничарка безпотребно и
    - Мразам кога некој ме брза за некоја работа, кога е нестрплив/а.
    Сега ми текна на овие работи, доколку ми текне нешто друго ќе си се надополнам. :hai:
     
  8. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Песимист сум.
    Го сакам дечко ми највеќе на целиот свет. :inlove:
    Сакам да се дотерувам.
    Сакам да спијам.
    Знам англиски.
    Ги сакам Божиќните празници.
    Сакам да сакам.
    Мразам кога се нервирам.
    Многу лесно се разочарувам.
    Многу тешко човек може да ме налути.
    Трпелива сум и тоа многу.
    Имам цврст карактер и не плачам пред други никогаш,иако внатрешно сум голем емотивец.
    Сакам да имам долга и вистинска љубов. :$
    Обожавам природа(шума,дрвја,цвеќиња).
    Жалостива сум.
    Сакам да им помагам на луѓето.
    Мојата тајна желба што би сакала да ја остварам е да бидам психијатар,но за жал кон друго сум насочена. :|
    Страв ми е од секакви инсекти.
    Имам фобија од височина.
    Се туширам по којзнае колку пати на ден.
    Не сакам да јадам многу.
    Сакам да имам вистинско пријателство.
    Голем верник сум.
    Многу сум затворена личност.
    Не сакам да бидам здодевна на никого.
     
  9. nirvanaholic

    nirvanaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    147
    Најубава сум!
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    ^ nice to know.
     
  11. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    *Имам тотално отворен однос со мајками и сестрами.Што и да се случи прво нив две им кажувам потоа на другарките. Исто е и од нивна страна, прво ние дознаваме потоа се шири информацијата. Три другарки. ;)
    *Убаво пеам и често го забавувам друштвото, а свирам и клавир.
    *Сакам да чистам.Т.с не секогаш но кога ке почнам не оставам на половина.Убаво ми е кога е чисто.
    *Правам специјалитети за домашните, салати, колачиња, коктели и јас не пробувам. :lol:
    *До лани бев многу повлечена. Животот ми се состоеше од школо, учење, и седење пред телевизор и легнување најкасно до 23часот навечер.
    *Јас и сестрами заедно почнавме на диета и заедно досега имаме ослабено околу 40 кила.(таа ослабе 25 , а јас 18)
    *Многу сум организирана во школо. Носам сите тетратки по предметите кои ги имам , имам навикаа да имам секогаш домашно, слушам на часови, фаќам многу белешки и паметам 90% од кажаното на професорот на часот.
    *Многу често ми останува време од мојот тест па и го решавам половина тест на најдобрата другарка.
    * Паметам многу датуми и некој да ме праша кога било тоа во кој ден, или што се случило ке се сетам сигурно.(од оваа година)
    *Многу сакам да глумам а и имам талент и размислувам за на драмски , иако кон друго сум насочена.
    *Премногу сум чувствителна.
    *Можам и со сила да се расплачам и многу ми се нашло тоа во животот како корисно. :lol:
    *Имам преблизок однос со на сестрами бившиот дечко,и ден денес излегуваме на кафе муабет,благо и остануваме заедно по 3 - 4 часа .
    *Наивна сум и досадна на моменти. :lol:
    *Дел од професорите ме знаат како девојка која многу сака да зборува, а дел како мирна тивка повлечена. Му го имам стравот на некои. :$
    *Точна сум премногу. Ако видам дека каснам трчам како будала бидејки знам дека ако сум се договорила во 17 00 тогаш ке сум на местото ,бидејки така бил договорот.
    *Многу сакам кафе и чај, а сум најголем вљубеник во овошјето(имам изедено 3 кила праскии во еден ден)
    *За малку ке направев нешто повеќе од другарство со братучед( незнаевме дека сме братучеди)
    *Сегашната најдобра другарка на времето беше девојка која ја мразев премногу.
    *На школо сум еден човек, а со другарките друг човек.
    *Многу често одам бушава во косата на школо со огромни подочници поради мрзата наутро.
    *Сакам да се шминкам и околу половина час или 45 минути пред излегување трошам на тоа.
    *Обожавам да гледам видеа на јутуб за шминкање и следам околу 5 - 6 девојки константно на нивните канали.
    * Се имам загинато во шума и имам преминувано река( со другарки)
    *Сум прошетала во многу држави
    *За нијанса повеќе го сакам Германскиот јазик од Англискиот.
    *Обожавам да се прскам со парфеми пред излегување и да се мачкам со креми и многу ми замеруваат на тоа.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    - клаустрофобична сум (мислам дека имам пишувано за ова во посебна тема)
    - не можам да патувам со автобус на некоја подолга дестинација, одма :puke:
    - 9гагерка сум
    - имам фобија од :puke:
    - не поднесувам игли и ми е страв кога треба да ми земат крв од прстот
    - носам наочари, уствари не ги носам... ама треба :lol:
    - сакам да качам 5 килца, и да ги здебелам нозете
    - до пред 2 години мислев дека сум во хороскоп овен, ама бик сум била :tmi:
    - не знам да пливам
    - се плашам од пајаци, повеќе како фобија би го нарекла тоа..
    - знам три јазици англиски, француски и шпански (секако не ги сметаме бугаркиот, српскиот и хрватскиот)
    - од фемина научив многу работи
    - со две леви нозе сум (не ме бидува за фудбал искрено)
    - добра сум на коцкање, секогаш победувам
    - се кладам само кога сум 100% сигурна дека ќе победам
    - срамежлива сум, ама штом ме запознаете подоброо.. :P
    - никогаш не сум облекла сукња или пак шпиц штикли
    - порано овој акаун ми го користеше една пријателка, има неколку мислења од неа (5 се мислам или помалку)
    - the script фан сум
    - носам фиксни протези (летото ќе ги вадам)
    - една случка ми го скрши срцето...
    - како мала се имам горено со чај и бев во болница цела недела и ми се излупи кожата

    опаа па јас сум пишала овде мислење :rofl: е да уште нешто за мене... многу брзо заборавам некои работи. Добро тоа од 17 јуни, сега има нови работи додадено. :rofl:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. loveIan

    loveIan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    61
    и јас како џенифер имам фобија од :puke:

    обожавам да кршам правила

    сакам да седам во тишина и да размислувам

    можам долго време да опстанам без храна

    имам слаба звезда,многу лесно фаќам очи и укор

    обожавам да читам книги

    верувам дека човек само еднаш се заљубува ,верувам во љубовта

    обожавам да праќам некои quotes на некои личности :D

    сакам cuddle :angel:

    ретко покажувам слабост

    ретко плачам

    сакам се да ми биде уредно

    во школо не дозволувам некој да ми пишува на тетратките

    ме нервират неодговорни личности

    сакам да патувам

    најубаво ми е дома

    семејството и уште неколку личности ми се најважни на свет
     
  14. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    89.685
    Пол:
    Женски
    -Голем оптимист сум и секогаш гледам во позитивната страна
    -Инает невиден :D
    -Голем гурман , (како бик да сум во хороскоп)
    -Имам големи трепки (сите мислат дека ми се вештачки )
    -Зависна сум од Фемина ,го обожавам форумот
    -Одсекогаш сум сакала да имам постар брат
    -Не сум зависна од цигари можам и со нив и без нив :) (сите ми завидуваат за оваа )
    -Обожам транс и одам по журчиња :dance:
    -Омилена ми е зелената и црната боја
    -Искрена сум секогаш,кажувам што мислам
    -Мразам кога во бутик треба да пробувам дали ми е точно парчето што сакам да го купам и обично земувам се од око и имам многу алишта што ми се мали и големи од таквиот мој шопинг :D
    -Обожавам да готвам ,декорирам
    -Одсекогаш сум сакала да бидам фризерка
    -Лесно се нервирам за глупости
    -Не сум многу блиска(отворена) со татко ми :(
    -Мразам негативни луѓе
    -Гледам да помогнам на секој колку можам
    -Најчесто носам црна облека :lol:
    -Секогаш сум насмеана
    -Убаво ми е кога некои што не ме знаат лично мислат дека сум лоша личност :D
    -Можам да испијам поголема количина алкохол без да се опијам :D
    -Научив многу од Фемина и среќна сум што сум дел од форумот ,ценам многу луѓе што ги запознав овде
    -Мразам неорганизирани работи
    -Враќам дупло ако некој ми згреши а со тоа и ме повреди
    -Обожавам хорор филмови (а после тоа цел месец ми е страв )
    -Сакам барем еднаш да пронајдам детелинка со 4 листа
    -Несакам мачиња
    -Ретко совумеснати производи паштети итн :D

    Уф се изморив :D толку ми текнува засега
     
    На cresa-jagoda, LittlePinky и Thallia им се допаѓа ова.
  15. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    1. Сакам снајпер за Нова Година.

    2. ^ Цврсто сум уверена дека Дедо Мраз постои.

    3. Чувството на адреналин кај мене изостанува. Сакам свесно да влегувам во ризик и опасност и тоа чувство за мене е пријатно, а не возбудиво. Рамнодушност предизвикува, ама на следно ниво.

    4. За да се расположам гледам ретардирани шоу програми на телевизија од калибар Мењам Жену, Среќни коцки, Како беше текстот, Билките на Бабата. Зошто е така образложено е во точка 4 пост 1.

    5. Веројатно би била подобар адвокат од доктор. Сакам да дебатирам, самоуверено и аргументирано да настапам во дијалози. Сакам да истражувам со цел да си ги поткрепам ставовите. Сакам да победувам, сакам да сум во право. Ми ласка повеќе од било кој комплимент посветен на мојата физиономија.

    6. Кога сме веќе кај телесното имам моќна женствена физиономија која секогаш ја ставам во заден план, ненамерно ја истакнувам. Податок забележан од остатокот од машката популација.

    7. Јас сум најголемиот колекционер на оскудна долна облека која ја чувам во тајност.

    8. Често сум пишувала дневници, мали џебни ремек дела кои од разврат сум ги искинала, запалила и безмилосно сум ги фрлила во тоалетот за подоцна да зажалам за истото.

    9. Незнам да играм карти освен Американ Покер и тврдам дека немам конкуренција во блефирање.

    10. Сметам дека мнозинството незнае вистински да ужива во гурманска храна, добар секс, убава литература.

    11. Можам да умрам од здодевност. Секојдневието на повеќето за мене е смртно досадно.

    12. Мојата појава не поминала незабележана, било во негатива или позитива, редовно предизвикува шокирани гримаси.
     
    На Valerin, Captain-Omni, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да пишам нешто за мене...
    1.Голем инает сум.
    2.Обожавам благо :inlove:
    3.Се чувствувам како никој на светов да не може доволно да ме разбере што чувствувам и што мислам.
    4.Пречувстителна сум.
    5.Срамежлива сум понекогаш(поготово пред машки).
    6.Сакам да запознавам многу луѓе,но малку ми доаѓа тешко поради тоа што го пишав под бр.5.
    7.Сакам и знам убаво да цртам,сакам да учам јазици(знам англиски,српскиот како и сите,сакам да убаво да ги научам и латинскиот,германскиот,францускиот,италијанскиот,турскиот,романскиот,украинскиот и многу многу други јазици...ме мрзи да ги набројувам,премногу се).
    8.Имам плачено пред други луѓе освен пред членовите од фамилијата и најмногу ми е мака за тоа :( .
    9.Секогаш слушам музика кога имам слободно време.
    10.Не сакам да одам на забави,повеќе сакам домашна атмосфера со другарките,секогаш одиме во помирни кафулиња.
    11.МНОГУ сакам да научам да свирам на гитара,клавир,виолина и виолончело.
    12.ОБОЖАВАМ МАЧИЊАААА!
    13.Имам помал брат и постара сестра.
    14.Сакам да патувам.
    15.Не сакам да јадам многу месо,го избегнувам,но не сум вегетаријанец.
    16.Ако се напијам повеќе од една чаша вода наеднаш,ќе ми се слоши,не ми е убава,бидејќи не пијам многу вода,не знам зошто.
    17.Не пијам алкохол,порано обожавав кафе додека бев малечка само потпивнував од филџанот на тато,но сега и кафе не сакам.
    18.Хороскопот ми е погоден,да речеме околу 80-90% (овен сум во хороскоп инаку :@ )
    19.Не сум имала дечко досега,ниту мувач,сум го немала првиот бакнеж досега и не ми воопшто мака,не сакам да се замарам со тие работи сега,има време од цел живот за тие работи.
    20.Имам 4 најдобри другарки и мнооогу си ги сакам,многу сме блиски.
    Има уште премногу,ама ме мрзи да набројувам... :)
     
    На Valerin, cresa-jagoda, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    - Имам дупчиња на образите. :)
    - Не се брукам многу често, but when I do мислам на тоа цел ден. :D
    - Ниска сум.
    - Кога ќе се закачам за нешто, не се откажувам додека не го постигнам. (Флапи Брд, Пиши-бриши итн...)
    - Постојано пеам и играм, иако си немам блага веза.
    - Најдобра ученичка сум во класот.
    - Досега да бев напишала книги од сите мои идеи ќе бев позната писателка. :!:
     
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    1.Тешко отстапувам од моите навики.
    2.Не се доверувам.
    3.Вербата во другите ми е со доза на резерва.
    4.Верувам во љубовта,иако премногу тешко се заљубувам.
    5.Ги сакам моментите поминати сама во домот.
    6.Не пијам алкохол,не пушам цигари и не читам хороскоп.
    7.Книгите ми се неизбежно средство за работа.
    8.Имам фобија од висина.
    9.Алергична сум на сонце.
    10.Ја обожавам мојата професија.
    11.Сакам машко друштво.
    12.Не можам да подносам неред во домот.
    13.Обожувам да го средувам плакарот со гардероба.
    14.Многу јадам овошје и зеленчук.
    15.Ми пречат неодговорни и неодлучни луѓе.
    16.Оптимист сум и гледам позитивно на нештата.
    17.Стигнувам на време на договореното место.
    18.Имам добра интуиција за да ги проценам другите.
    19.Сакам да готвам и да чистам.
    20.Косата многу ја негувам.
     
  19. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    1.Голем инат сум
    2.Здравје боже се надевам дека ќе работам како хирург или пак нешто слично со оваа професија
    3.Емотивна сум-читај плачка невидена :lol:
    4.Многу лесно се лутам,а брзо ми поминува лутината
    5.Ако се скарам со некого,од инат можам да не се смирам со месеци
    6.Се правам дека знам се :lol:
    7.Пробувам да читам работи за секакви теми,па дури и некои што не ме интересираат само за да имам основни знаења за што повеќе работи и за да можам со било која личност на било која тема да дискутирам.
    8.Помалку сум си хистерична,малку повеќе можеби :lol:
    9.Кој бил фер и добар со мене,ќе бидам дупло по фер и по добра со него.
    10.Кој ме нервира и неможам да го поднесам,тешко него има да го саботирам колку што можам повеќе. :lol:
    11.Имам кученце што го сакам највеќе на целиот свет
    12.Си ја сакам косата премногу,недај боже некој да ми рече дека ми е изгорена тешко него :devil: :devil: :D
    13.Не мразам ама баш никого на светов(освен можеби дечко ми кога ќе ме изнервира со неговите глупости)
    Итн итн... :)
     
  20. iRony

    iRony Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Вакаа...

    * Направив ОГРОМНА утка пред 4 години ... се запишав на смер што не сум знаела ни дека постои, што е сосема различен од тоа што ме интересира и влече ... учам опшествени науки .. а ме интересираше и влечеше математика и физика ... никогаш AMA СТВАРНО нема да се помирам со тој факт ..

    * Незнам да возам ролери

    * Не јадам месо (освен пилешки прсти, чајна и пршута) :^)

    * Имам фобија од птици и бродови .. :| ми е страв да видам брод ..(голем, не кајчиња..)

    * Секое сабајле кога станувам, ми доаѓаат чудни мисли, и сваќања за животот :drunk:

    * Кога ке испијам некоја повеќе, сум нај досадното створење, се жалам , плачам ... и знам да зборам Кинески .. :D се разбирам во апсолутно се, и можам да дебатирам на секоја темаа, и тоа стриктно на Кинески праам муабет ...

    ** кога пијам коњак ме мава на агресија :tmi:

    * Некогаш неможам или незнам да направам соодветна реакција или емоција ...

    * Многу ми рекле дека делувам препотентно , самоуверено и арогантно на прв поглед :(

    * Душата ке ја дадам за блиски луѓе, за другарки па и познаници ... премногу често и нивните потреби ги ставам и пред моите .. ( во принцип не ми се покажало паметно тоа, ретко вратиле со иста мера)

    .... не ми текнува веќе

    рандом фактс: пушач сум, имам дечко 3 години, посебен вид на нервоза ме дрма кога нема да изедам во соодветен момент благо, многу сум жаллива - секој може на сентименталка да ме фати... , многу осеќам тага за стари дедовчиња ... и ништо неможе повеќе да ме растажи од човек кога ке каже дека е гладен и дека нема што да јаде ... е тогаш ми се урла од мака .. душата ме боли, тогаш последното ако треба го давам ...

    тоа сум драги мои феминчиња јас ..
     
    На LittlePinky и Papillon.Papi им се допаѓа ова.