Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Н​​е​​ш​​т​​ата ​кои не сте ги знаеле за мене...

Дискусија во 'Слободно време' започната од Snow-Queen, 31 јануари 2012.

  1. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    - Имам фобија од стршлени,пајаци,па дури и мали бубачиња :D Тоа е иронијата во мојот ник.
    - Кога бев мала омилена играчка ми беа гуштери,полжави,правев ручеци од цвеќиња и неколку пати ги јадев. Могли :D
    - Мој тип на машки се оние кои никоја друга не ги сака. Не сум по фраерите. Нешто најважно кај машко ми е да е е смешен.
    - Играм Дота и ЛоЛ,обожувам научна фантастика и стрипови :rock:
    - Ептен сум си искулирана личност,што и да се случи ич не ми чуе оваа доле,ми се дере ли некој,сака да ме тепа ли,лут ми е... ма не ме боли :D
    - Едвај чекам да си имам дечиња бе :D
    - Секој ден морам да се избрукам барем еднаш. Ако еден ден не се избрукам,следниот ден со камата три пати ќе се избрукам.
    - Пред секој дечко,симпатија,или симпатично момче се имам избрукано барем еднаш.
    - Најслатка сум кога се брукам :rofl:
    - Многу сакам црнци бе и сакам дечко црнец. Не ради динга лингот ама легенда луѓе се. I wanna be a nigga 8)
    - Некои луѓе викаат дека убаво пеам,ама јас сум убедена дека рикам ко магарица.
    - Немам апсолутно никаков срам од луѓе,еееј. Ама никаков. Што ми прдне тоа си правам,не ми чуе сињоритата ин мај пентс :rofl:
    - Мене човек или ме мрзи или ме сака. Средно нема. Такво чоече сум.
    - Многу сум нежна кон тие што ги сакам бе. Душа сум. Ич не сум кавгаџиски тип,не ме боли гајле дали ќе испаднам во право или не.
    - Мислам дека нема личност со повеќе бисери и киксови од мене.
    - Омилено јадење ми е грав. Ама најозбилно. Гравче,пинџурче,полнети пиперки,мусака,ајвар. Каква кола каква пица,ајвар и шљивовица :rock:
    - Имам црвци во газот. Не можам мирна да седам. Цел ден мора да правам нешто,па дури и дома кога сум,се шетам по куќа,слушам музика и правам некои денс потези. Личам на психопат :wasntme:
     
    На BoyL, Valerin, Bokchee и 9 други им се допаѓа ова.
  2. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    - Знам да свирам клавир.
    - Не сакам повлечени и срамежливи машки.
    - Зборувам три јазика. 8)
    - Обожавам да гледам семејни албуми. :D
    - Сакам да излегувам, да се дружам, да одам по родендени и не сакам да се затворам дома. :wasntme:
    - Ќе умрам ако барем еднаш на ден не каснам благо. :rofl:
    - Сакам да шетам и да патувам.
    - Решена сум пред да умрам да ги посетам Хаваите и Лондон. :D
    - Родена сум на (за мене :!: ) чуден датум. :lol:
    - Сакам да цртам.
    - Можам без интернет, ама не и без телевиор. :D Родена сум за филмови и серии. :D

    Има уште, ама моментално не ми текнуваат. :rofl:
     
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.817
    Допаѓања:
    23.405
    Пол:
    Женски
    -Виолинистка сум.
    -Зависна сум од We heart it.
    -Очајно пробувам да бидам добра тинејџерка. :D
    -Голема филмоманка и серијалка сум. :rofl:
    -Мојот живот не е „Се или нешто“ туку е „Се или ништо“ и таа особина е поголема од мене.
    -За мене совршен дечко е дечко кој е духовит и нежен.
    -Поголем емотивец од мене нема да сретнете.
    -Имам фобија од висина.
    -Алергична сум на луѓе кои се дволични,безобразни,„сезнајковци“...
    -Имам страшна опсесија со Хари Потер,кој почувствувал знае. :rofl:
    -Животна желба ми е да си најдам друштво со кое ке можам да седам цел ноќ и да зборувам.Без разлика дали друштвото е машко,женско или пак мешано.
    -На никого не ги кажувам моите симпатии,ама буквално.
    -Не можам да се пронајдам ни во песимистите ниту пак во оптимистите.
    -Ги обожавам сииитее годишни времиња.
    -Многу често знам да кажам нешто што е сосема глупо,безпотребно. :D
    -Америка не ми е желба,туку иднина. (си го ветив самата себе :P)
    И,мојата најлоша особина,која ме уништува: :rofl:
    -Перфекционист сум.
     
  4. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    - Мразам инсекти, секаков вид
    - На моменти сум многу ... флегматичен
    - Лабав сум во секој поглед на зборот, за ништо не се замарам и единствени луѓе кои можат да ме изнервираат се моите дома (незнам како им успева)
    - До пред 5 години бев Nolifer, постојано играв Дота, WoW и уште неколку други игри
    - Ко бев помал скокнав од прозор од прв кат на училиште (8мо ова) за да не се смувам со една
    - Најчесто работите ги плескам во лице па од тоа може да се каже дека не сум им омилен на моите роднини, ама како што пишав погоре...ич не ме боли
    - Гледам филмови, серии и аниме кога немам ништо попаметно што да правам
    - До 6то одд. се тепав со кој стигнев, не познавав машки/женски
    - Мој тип девојка би била некоја која има смисла за хумор и е едноставна
    - Јадам ко за 3ца а не сум дебел
    - Како и многу други, првична цел ми беше да тролам овде, затоа и името вакво...ама се заебав и неможам да го сменам сега...
     
    На kim.k, Sm1ley, Jovananana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    * Играм фудбал.
    * Го обожавам секој вид спорт освен одбојка.
    * Најтврдоглаво суштество.
    * Едвај чекам да станам доктор.
    * Имам фобија од пердуви. :geek:
    * Мразам да гледам филмови и серии.
    * Уништувач на забави сум.
     
  6. Jovananana

    Jovananana Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Женски
    1. Домаќинка сум си,уште од седумнаесет. Сакам да ми е чисто дома,мерак ми прави ручече да си направам,убаво ми е кога си работам по дома. :D
    2. Сите сакаат гласно да слушаат музика,ги опушта. А јас неможам така :D Едноставно,шубе ми е. Дали сум дома или не сум,си пуштам гласот на средно и си уживам. Ама кога слушам на слушалки,тогаш до крај пуштам.
    3. Ептен сум црномуреста,со средна висина и нормална килажа. Никогаш не сум ни вежбала во теретана,ни диета сум држела и си ја имам оваа килажа. Јадам како термит,а не се дебелеам. Никогаш не сум можела ни да разберам како можат луѓето да држат диети. Алал ви вера,јас без јадење не можам! :lol:
    4. Супер се согласувам и со врсници,и со постари луѓе,и со деца. Се трудам да бидам љубезна кон сите и тоа многу го сакам кај себеси.
    5. Не сакам луѓето околу мене да се несреќни. Џабе јас да сум среќна,ако саканите и блиските ми имаат некоја мака. Не можам да се смирам кога тие не ми се океј.
    6. Обожавам да сум опкружена со луѓе. Никогаш не сум имала период кога сум сакала да сум сама,или кога ми требало да бидам сама. Поубаво ми е во било какво друштво.
    7. Не сум материјалист,баш напротив,воопшто не ме интересираат пари.
    8. Не постои поголем антиталент за математика од мене. Не постои! :!: И основните работи ми се тешки. А ако нешто ми е лесно,секако,го правам погрешно.
    9. Неостварена желба ми е да одам во Дизниленд. Сеуште би одела :D Како и да е,обожувам да патувам. Најмногу сакам да патувам низ Европа,поинтересни ми се плоштадите и културата на некои градови отколку да одам некаде на плажа.
    10. Дефинитивно сум зимски човек. Ја обожувам зимата и никогаш не сум тажна во зима. Нова година,празници,именден,роденден... се’ ми е во зима.
    11. Омилени филмови ми се Сам Дома,првиот и вториот дел. :D
    12. Не пијам кафе многу често,ама затоа чаевите ептен мерак ми прават. Не ми поминува денот ако не се напијам топло чајче.
    13. Секогаш се трудам да бидам исполнета со позитивна енергија. Сама себе не се трпам кога сум тажна и затоа избегнувам тага. Секогаш сум спремна да утешам некого кога е тажен,но самата себе не.
    14. Не се лутам брзо. Потребно е време за јас да се налутам,но кога ќе се налутам тоа долго ми трае. Не сум избувлива туку ептен мирна. И трпелива. Но тврдоглава. :D
    15. Никого на светот не го сакам,како што си го сакам кутрето :) Е така!
     
    На Bokchee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    1. Ко мал си играв со гуштерчиња и скакулци.Сакав да ги бркам кога баба и дедо ме носеа на плацот.
    2,Никад во живот не сум пробал морска храна
    3.Со кого и да сум, кај и да идам, морам да се избрукам.
    4.Од толку што зборам брзо, некад ми се врзува јазикот и немажам да кажам едноставен збор.
    5, Тресам зелени, и тоа ептен зелени.
    6,Фрик сум за научна фантастика, стрипови и такви работи. Имам колекција од Марвел стриповите дома.
    7,Не сум мирен ама ич, да седам мирно на едно место неможам, морам нешто да правам.Не ме прашувајте како издржувам кога идам на пат.
    8,Сакам будали женски како мене, не сакам намќорести. Сакам, смеѓи, плави, црни, слаба страна ми се плавите.
     
    На LittlePinky и Arthur им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Машко сум :D, ве дупчам сите!
     
    На Valerin, Arthur, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Леле колку кул девојки имало тука. Браво од мене. Сите сте посебни. Прекрасни. :*:*:*
     
  10. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    сакам спорт, фудбал, тенис, одбојка, зимски, обожаваам да гледам а и да играм по нешто ме бива :)
    пеам по дома, сакам да танцувам,
    читам книги, но во последно време ги запоставив од толку многу гледање серии :$:whew:
    сакам да патувам иако немам многу можност, еднаш направив 800 слики во ден, од Гранада беше тоа, волшебен град..
     
  11. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    1. Знам да свирам на клавир
    2. Имам фобија од висина, темница и пајаци
    3. Многу сакам да декорирам и да уредувам места
    4. Знам да пеам
    5. Ги сакам сите животни
    6. Обожавам да гледам филмови
    7. Зборувам 3 јазици
    8. Многу сакам да правам изненадувања
    9. Ги обожавам цвеќињата
    10. Алергична сум на прашина, трева, дрвја, полен...:D;):mm:^_^:P
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    33.431
    Пол:
    Женски
    *Многу ја сакам виолетовата боја.
    *Обожавам да се шминкам, и тоа е мојата слаба точка.
    *Зборувам 3 јазици.
    *Многу се нервирам кога некој ќе ми каже дека треба нешто да ми каже, но не сега. Е тогаш мислам дека ќе експлодирам од нервоза.
    *Неостварена желба ми е да ја посетам прекрасната Шпанија.
    *Кога некој ќе ми купи поклон, се радувам и скокам како мало дете.
    *Многу сакам да гледам фудбал.
    *Косата ми е нешто најважно, и не излевам од дома ако не ми е средена.
    *Ја обожавам Бијонсе.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Она што не сте го знаела за мене е следново:
    1. Дека сум јас добра особа, но поради мојата искреност и подготвеност отворено да разговарам и за работи за кои другите ги премолчуваа веројатно имате погрешен впечатк за мене.
    2. Изгледам јака, но во суштина сум многу нежна и чувствителна особа и можат ситници да ме повредат.
    3. Многу се приврзувам за лугето и разделбите тешко ми паѓаат, па дури и во овј виртуелен свет.
    4.Понекогаш лугето ги збунува мојата непосредност и блискост.
    5. Не поднесувам луге од типот дека освен нив другите поима немаат за ништо.
    6..Ме нервираат луге на кои им треба пола саат да ти кажат обична работа која може да се каже во 2 реченици.
    7. Кога некого ќе засакам потоа тешко ми е да престанам да комуницирам со таа особа, без оглед колку ме повредила.
    8. Не поднесувам глупи луге кои немаат смисла за хумор и луге на кои се треба да им црташ.
    9. Тешко преболувам кога од одредени причини ќе престанам со некого да комуницирам, ужасно тешко ми паѓа тоа.
     
    На BoyL и Valerin им се допаѓа ова.
  14. Oden

    Oden Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    - Заљубена сум во мачки.
    - Кафе зависник сум, во состојба сум да испијам и по 6 шољи кафе во текот на денот па после се чудам од дека имам тахикардија.
    - Страсен пушач, со огромна надеж дека еден ден ќе ги оставам.
    - Студирам факултет кој баш и не го сакам, али ај веќе бидна.
    - Обожавам да читам книги и да глеадам крими серии.
    - Мразам дискотеки, повеќе сакам да седам дома да пијам вино да јадам чоколадо и да глеам серија, отколку да се бутам во гужви и да ми се лоши од аромата на запотени мишки.
    - Имам страшна фобија од кокошки.
    - Во состојба сум животот да го поминам во спиење.
    - Многу често сум не разбрана од останатите луѓе.
    - Верувам во реинкарнација и карма.
    - ,Алергична сум ,,на отворени фиоки, глупи луѓе, луѓе кои се прават многу паметни, неорганизирани и неодговорни луѓе.
    - Сакам луѓе со добра смисла за хумор.
    - Често ме доживуваат како саркастична и ладна личност.
    - Денот не може да ми помине без кавга, обожавам да ги вадам луѓето од кожа ( посебно мајка ми ). Во состојба сум да се карам со саати само за да докажам дека јас сум во право
    - Перфекциониста сум, мора све да ми биде под конец.
    - Ги проценувам луѓето по начинот на кој се смеат, сериите кои ги гледаат и музиката која ја слушаат.
    - Обожам да патувам.
    - Мразам кога некој касни.
    - Сакам зачинета, љута и солена храна.
    - Брзо губам интерес за било што, ако не ми е доволно интересно и мотивирачно.
    - Не знам да покажувам емоции, мрзам гушкање, јавно лигавење ( плачење, многу ми делува как таа личност да сака да привлече внимание и да биде сожалувана ), нокогаш во живот неам плачено во јавност и јавни запросувања.
    - Без влакна на јазикот кажувам што си мислам, или те сакам или не те сакам едноставно е, не знам да правам лице.
    - Злопамтило сум.
    - Имам 3 тетоважи.
    - Сакам мажи со тетоважи, пирсови плави очи и црна коса.
    - Поголема мрза од мене не постои.
    - Зависник од вежбање
    - Фобија имам од стапала.
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    1. Премногу пцујам. (facepalm)
    2. Обожавам да гледам филмови. :~:
    3. Мразам школо. :devil:
    4. Имам милион celebrity crushes.
    5. Премногу лесно може некој да ме изнервира.
    6. Кога сум лута не внимавам што зборувам.
    7. Обожавам да се карам.
    8. Постојано гледам фудбал.
    9. Немам најдобра другарка.
    10. Всушност, имам, моето куче. :D
    11. Омилени јадења ми се макарони и шпагети, пица и пастрмајлија, пататник, бурек.
    12. Обожавам краставици, печурки и пченка. И можам да ги јадам нон-стоп, без престан и никогаш нема да ми се одјадат. :D
    13. Многу сакам долги нокти.
    14. Мака си мачам со мојава лавовска коса.
    15. Си ги обожавам веѓите.
    16. Навивам за Реал Мадрид и омилен фудбалер ми е Роналдо. (ако не сте знаеле :D)
    17. Сакам да готвам.
    18. Кога гледам филм во кој има војна, го гледам, без проблем, ама кога во некој филм има тепачка помеѓу повеќе луѓе или пак само еден, мене ми е језиво и не можам да гледам.
    19. Собирам лабела.
    20. Собирам магнети.
    21. Во некои филмови, пожално ми е кога ќе умре животинчето, отколку некој човек. :wasntme:
    22. Обожавам чорапи.
    23. Омилен празник ми е Велигден.
    24. Имам фобија од доцнење, секогаш по десет пати прашувам во колку часот треба да се биде на точното место.
    25. Омилен предмет ми е историја.
    26. Освен пиво, друг алкохол немам пиено. И тоа пиво што го испив, беше половина чаша, ми беше страв да не се опијам, нова година беше. :rofl:
    27. Обожавам да си седам дома. Не сум многу по излегувањето.
    28. Мразам дволични луѓе.
    29. Надал ми е омилен тенисер.
    30. Без лаптоп, телефон и интернет не можам да живеам.
    31. Не сакам да пишувам состави, ама кога седнам, ги пишувам прилично добро.
    32. Многу сакам да купувам новогодишни украси.
    33. Ми смета чадот од цигарите.
    34. Си имам ветено самата на себеси дека никогаш нема да пушам цигари.
    35. Во било кој град и да одам, насекаде наоѓам некој дел кој ме потсетува на мојот град.
    36. Кога читам некоја книга, си ги замислувам ликовите, местата, настаните, и си имам точно создадени слики и ако повторно ја читам книгата, повторно истите слики ми излегуваат пред очи.
    37. Кога и да учам некоја лекција, визуелно паметам и така ми е полесно. Знам што каде се наоѓа и додека раскажувам во мислите си ја замислувам страната и се чудам како е понатаму.
    38. Порано гледав турски серии, но повеќе не гледам, ме нервираат. ]:)
    39. Мразам македонски, математика, биологија, географија, музичко, ликовно, физика, хемија, буквално се освен историја. 8)
    40. Мразам зима, премногу сакам пролет и лето.
    41. Повеќе немам никаков страв од тестови. Ладнокрвно си влегувам на тест и што напишам тоа.
    42. Ги мразам Kardashians, познати се за ништо.
    43. Обожавам кожни јакни, секако, не од вистинска кожа.
    44. Многу сакам коли. Обожавам кога се возам со кола.
    45. Носам очила. 8-| Инаку, ништо не гледам. :rofl:
    46. Мразам личности што доцнат.
    47. Сакам да живеам во Шпанија.
    48. Сакам да ги посетам: Шпанија, Португалија, Франција, Италија, Англија, Калифорнија, Мексико.
    49. Имам супер смисла за хумор. :$
    50. Не сакам да се сликам.
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.934
    Допаѓања:
    81.235
    Пол:
    Женски
    ... си „патам“ од опсесивно-компулсивно нарушување, кое им го припишувам на мојата идна професија и мојата опседнатост со ред, хармонија и симетрија. :D
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    + би дополнил од пред некоја година, доста работи се изнаоткриле тука :D

    -Фантазер со тапија сум, по секоја цена се обидувам и во животот да си вдахнам извесен фантази шмек.
    -Грицкам нокти од осмо одделение. Дури годинава почнав сериозно да се одвикнувам од тоа, со помош на лакови, посилна решителност и што се' не. Моментално сум во добар период на негрицкање. :D
    -Макијавелист. Целта ги оправдува средствата. Точка. (иако неколкупати јако сум изгорел водејќи се по ова правило, 100% по моја вина)
    -Не сум религиозно приврзан. Атеист сум. Не го сакам влијанието на религијата во секојдневниот живот и обичаи. Немам ништо против туѓите религиозни убедувања, но лично не се водам по ниту едно од нив (сум наишол неколкупати на критика ради ова).
    -Сум бил и на државен, и на приватен факултет. Лично, многу повеќе пракса, знаење и вештини придобив од приватниот.
    -Дипломиран преведувач и толкувач сум, а од неодамна имам и печат за судски превод. Сепак, преведувањето не ми е толку предизвик, колку создавањето содржина на изворен англиски јазик (директната работа со странски клиенти). Мислам дека во Македонија, филолозите се третираат подолу од ѓубре.
    -Знам ненормално добро да управувам со малку пари кога има потреба од нешто такво.
    -Мразам тачскрин и сум права цепеница кога пишувам порака преку новиве смартфони (results and failures may vary :D).
    Не можам да си го преболам Нокиа Н95-чето од времето. :'(
    -Не сакам да го прифатам фактот дека луѓето (и особено мојата фамилија и роднини) стареат.
    -Алкохол не пијам, освен чиста вотка, и исклучиво кога има јак повод/прослава, не при стандардни =викенд= излегувања и слични пригоди. Но кога се случува тоа, обично се оќезувам од шестка до шестка. :D
    -По дифолт многу ценам луѓе што го знаат англискиот на високо ниво. Со нив, 90% од времето зборувам исклучително на англиски.
    -Се трујам со Кока Кола (обична и Зеро). I can't help it. =.=
     
    Последна измена: 12 декември 2014
    На galapce, Someonespecial и Marossa им се допаѓа ова.
  18. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.760
    Допаѓања:
    2.066
    - Меланхолик сум и сакам да пишувам и читам, во книгите наоѓам мир и спокој
    - Опседната сум со психолошки филмови и мистерии
    - Многу размислувам, ситничарам, и сум голем параноик
    - Не можам да гледам крв, ми е лошо дури од самата помисла
    - Обожавам да танцувам
    - Заљубена сум во Италија и се надевам еден ден ќе ја посетам а ако даде Бог би сакала таму и да живеам
    - Ги обожавам Одри Хепберн и Мерлин Монро, нема нивен филм со нив што го немам изгледано
    - Зависна сум од парфеми, ги менувам во зависност од периодот кој го преживувам.. сакам да имам нешто што ќе ме потсетува на некои моменти, а нема подобро нешто од парфем..
    - Лесно заљублива личност сум, се приврзувам за луѓе многу брзо.. Можам да се заљубам и во места, предмети..
    - Животна желба ми е да бидам археолог иако учам за сосема трето но се надевам дека откако ќе го завршам тој „перспективниот“ факултет, ќе го запишам и овој што ми лежи на срце.
    - Опседната сум со историјата, особено античката.. а најмногу ме интересира и сакам да читам за харемите.
    - Уметник сум до срж.. Освен што танцувам и пишувам, цртам и сликам.. одсекогаш сум имала талент за уметност а антиталент сум за спорт
    - Се плашам од староста, тоа ми е најголемата фобија дека ќе остарам а зад себе нема да оставам никаква трага по која ќе бидам запаметена
    - Имам ретко и чудно име кое никој не ми го памти затоа корстам кратеница кога се претставувам
    - Нјаголема невозможна желба ми е да патувам низ времето, и многу ми е тешко да се помирам дека е невозможно
    - Љубител сум на животни и сум вегетаријанец, ако еден ден би била милионерка би отворила установи за вдомување бездомни животни со најдобри услови за одгледување
    - Верувам дека еден ден ќе го пронајдам мојот „принц од бајките“ и ќе биде баш таков каков што го замислувам
    - Ја обожавам пролетта затоа што е период кога сум родена но зимата ми е многу драга бидејќи ја има таа меланхолија што ми е потребна
    - Не слушам народно,турбофолк.. не знам да играм ора освен правото.. слушам претежно рок, алтернатив, хип хоп..
    - Голем верник сум
    - Страстен фанатик на Лана Дел Реј, се соживувам и пронаоѓам во песните ненормално
    - Уште пострастен фанатик на Хари Потер.. до смрт!
    - Многу зборам, без престан како навиена сум и ретко кој издржва да прави муабет до крај со мене.. (Близнак во хороскоп се подразбира)
    - Немам контрола врз благото, јадам ненормално многу и пак не можам да мрднам од 43 кила
    - Сакам тетоважи и наскоро планирам да ја ставам првата
    - Емотивна сум и се можи да ме растажи но издржлива сум и никогаш не плачам во јавност
    - Се плашам од смртта, секогаш размислувам за тоа што се случува после неа..
    - Верувам во реинкарнација и отсекогаш сум имала чувство дека сум била Клеопатра во претходниот живот.. Имам читано многу за неа и мислам дека физички и психички имам многу сличности.. ( и не сум луда, само некоја моја интуиција)
    - Имам ненормална интуиција која е многу вистинита, и тоа што го сонувам често ми се остварува. :)

    Доста беше за сега :P
     
    На Someonespecial, Nightwalker и Marossa им се допаѓа ова.
  19. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    ...snajderka sum:wasntme:
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сум пишувала веќе ама мислам дека треба да дополнам некои поинтересни работи
    -Кога сум под стрес и многу нервозна секогаш ми страдаат веѓите... ги кубам премногу ...
    - Сама си ја имам стрижено косата многу пати...
    - Имам стомачни, а не вежбам.
    - Се имам степано со машко во јавност.... ден денес ме боли ногата кога се менува времето.
    - Понекогаш посакувам да не се родев, зошто мислам дека животот е мачење и дека сме сведоци на грозоморни насрани, како на пример почесто ќе одиме на погреби од колку да се веселиме :(
    - Сакам ретки имиња, а омилено машко име ми е Нино.
    - Секогаш кога ми се допаѓа некој или кога сакам некој, тој мене не ме ни заприметува.
    - Немам среќа во љубовта.
    - Мислам дека среќата може да се купи со пари, но ќе трае кратко зошто човекот ќе сака и други работи..
    - Не сум фотогенична и мразам да се сликам.
    - Мразам другар или другарка да ме игнорира без причина.
    - Сакам луѓе со сини очи. Кога гледам во сини очи се чувствувам спокојно.
    - Односот со брат ми, сестра ми и брачеда ми го гледам како натпревар... Кој ќе биде поуспешен повеќе ќе биде фален... во средно водев. сега сум трета ...
    - Ако треба да изберам еден човек со кој ќе живеам сама на планетата ќе изберам куче. Било какво само да е куче.
    - Никогаш не мислев дека животот ќе ми се смени толку многу со запишувањето на факултет.
    - Ценам вистински пријателства и секогаш ги оговарам тие што ме запоставуваат за да се видат со дечковците.
    - Не се смеам, секогаш го имам тој сериозен поглед на лицето, а кога се зафркавам со некој... тоа делува толку невкусно.
    - Не гледам телевизија веќе 3 години.
    - Не можам да носам ланчиња... имам чувство дека ќе се задавам исто важи и за многу тесни ролки.
    :)
     
    На bella.s, Slatkarka94, Valerin и 3 други им се допаѓа ова.