1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Н​​е​​ш​​т​​ата ​кои не сте ги знаеле за мене...

Дискусија во 'Слободно време' започната од Snow-Queen, 31 јануари 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    -Првото мое "професионално" шминкање на 5 години заврши со шамарче од мама, со исфлекани чаршави кои не се испраа, со многу солзи, искршени кармини и страв да ги фатам шминките на мама во догледно време.
    -Чаки од Ајде да се волимо ми беше омилен лик.
    -Првата оценка во средно ми беше кец по физика, речиси до крај на година го задржав.
    -Многу сакав математика и одев по натпревари. Исто и ликовно.
    -Ама затоа музичко имав кец и сум најголемиот антиталент на цел свет, а толку имам желба за пеење.
    -Неколку месеци криев дека одам со дечкото ми сегашен, ни јас не знам зошто.
    -Бев заљубена во Принцот Вилијам во основно одделение, тоа ми го пишува во споменарите.
    -Не постои поголем спортски фанатик од мене кој повеќе следи спорт и оди на натпревари, а притоа у живот да нема ништо спортувано ни да има посетено бар еден тренинг.
    -Првото пијанство ми беше од ракија, прв и последен пат у животот го пиев тоа чудо.
    -Џабе имам возачка не сум запалила кола година ипол најмалку.
    -Тoffifee е моја втора љубов.
    -Ги мразев групацијата машки од средно, потрачарски момци у живот нема да сретнам.
    -Многу плачам на филмови кога умираат негативците, ни јас не знам зошто.
    -Грицкав нокти 24 години, последниве 2 година тоа е минато само, јеах.
    -Фатив вошки во 8мо одделение и срам ми беше на мајка ми да и кажам, па сама со чешел си ги чистев секој ден, успеав после 2-3 недели.
    -Многу сум штедлива, мразам беспотребно трошење на пари, никогаш у живот немам направено големи сметки на мобилни, а секогаш на патувања си правам план за трошење за секој ден.
    -Имам ужасна добра ориентација во просторот и памтам ликови ко луда, но затоа за имиња сум невиден крш.
    -До пред 2 години не пиев воопшто вода.
    -Откако во една статија пред неколку години прочитав дека јадеме по 8 пајаци при спиење во текот на животот постојано сонувам како пајаци ми прелазуваат преку кебето и рипам од кревет.
    -У моментов ги грицкам кожичките на ноктите, е од тоа не се откажав и после речиси 26 години :D
     
    На Toffee, d.i.n.a, Aleks96 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.175
    Допаѓања:
    235.029
    -Како мала сакав да бидам пеачка, ама немам глас, не ме примија ни на мандолина да свирам :D . Уште се замислувам како се пријавувам на Идол и победувам, или пак имам свој бенд 8) .
    -Уште сонувам дека ќе станам холивудска звезда и ќе глумам со Лео или Бред Пит. Како мала се замислувам дека сум главна хероина во филмовите на Сталоне и Жан Клод Ван Дам :tmi: .
    -Како мала си играв водителка, другарките ми се јавуваа на телефон во “емисија“ :D .
    -Некој ако ме погледне накриво мислам дека ме мрази. Или некој ако не ми прави муабет мислам дека ми се љути.
    -Гледам спорт, ама не спортувам. Се запишав и на ракомет и на кошарка, ама јок, тромава сум, не ме бидува. И на гимнастика одев, иако ми е страв и на јарец да скокнам :lol: .
    -Злопамтило сум, и одмаздољубива. Не дај да ми згрешиш, кога тогаш морам да вратам, како да ми тежи нешто.
    -Често кога некој ми зборува нешто, или кога си ги раскажува љубовни маки,знам да се исклучам и да не го слушам или разберам од тоа што ми го зборува,а се правам дека слушам и викам да, да така е :D .
    -Некогаш претерувам со саракзам и иронија, премногу зборувам, во лице, никогаш позади грб, макар и да се наљути некој, а често се љутат.
    -Вообразена сум.
    -Хипохондрик сум, секој ден сум болна од нова болест :D .
    -Грицкам нокти, ама само онолку колку што е потребно да ги скратам, исто и кожичките.
    -Ги имам изгледано речиси сите шпански серии, а и турските нејќат шала :emo: .
    -Морам во се да бидам прва, сакам да победувам, да бидам најдобра.
    -Плачев пред секој испит и колквиум, а секогаш положував.
    -Сакам да си ја фарабам и шишам косата.
    -Ретко сум облечена во две бои. Минимум 3. Мора да ми е шарено :) .
    -Кога ќе си бендисам некое парче облека знам да го носам со месеци, го перам навечер и суво е до наредниот ден.
    -Мразам романтики, сакам да се обложувам и коцкам.
    -Не знам да штедам и речиси секогаш сум шворц, трошам до последен денар.
    -Плачам на филмови, дури и на турски серии.
    -Плачам речиси на се, исто како што постојано менам расположение.

    И ама се распишав, ај доста е засега :) .
     
    На LilBaby, Aleks96, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    *Kо мала, мама ќе ги фрлеше пикавците во двор, јас ќе собирав и се криев позади, и си пуфкав :rofl:

    *првиот бакнеж го имав на 5 години :clap: :tmi: .
    во градинка, пред еден куп публика со се наставничките таму.баба ми цела посрамотена ме зема, а мајка ми кога дојдов дома ми кажа ако уште еднаш се бакнам така, ќе ме ставел некој лош чичко во кафез и немал да ме пушти, и јас плачев и плачев, и не се бакнав пак :D

    * сум какала позади кревет ко бебе/дете на 1 година :wasntme: :puke:

    * и налошото ептен сум чувстителна |( Hајлошата маана ми е тоа, пусти рак, се ме потресува и посилно е од мене,а не сакам да сум таква, поготово стари баби и дедиња и животни.за нив можам да плачам цел ден... Cи ја мразам таа особина. Cе чувам во себе, и никогаш не се отварам целосно.
    без разлика дали е тоа среќа или тага, се си чувам во себе и не сакам да ја гњавам околината со моите проблеми

    *имам вибратор поклон од другарка ми,
    ама не е кај мене, кај дечко ми :D
    едит- мазохиста сум :D Mногу сакам физичка болка, секако не некоја огромна ненормална...Aма уживам во болката :?: лудак
     
    На BoaVista и CIA им се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Кога спомна Росоњерка за пајаците се сетив, јас одкако го прочитав тоа некаде спиев со маска на устата, од оние што ги користат хирурзите за време на операција :D
    Исто заборавив да ви кажам дека омилен музички инстурмен ми е виолина, некогаш замислувам дека свирам на виолина. Многу голема желба ми е да си купам виолина и да научам да свирам на неа, учител најдов уште да си ја купам :)
    Никогаш не преспивам преку ден.
    Во основно до 4то одделение бев главна на сите претстави, најјако играв на сител бамбини 8)
    Во втора год средно на новогодишната ноќ првпат се испијанчив од една чаша сечена водка, се утепав од плачење зошто не ме сака другарот од клас и се дерев на цел глас „Зошто не ме сака *****!!!„, а тој да ти бил оној кој ме трезнеше :D
    Би го пробала секое јадење што постои на земјава, освен јагнешко, тука спаѓаат и специјалитети од бубачки кои додека не ги пробам не би знаела дали ми се вкусни или не :)
    Ако некој најмногу збори во друштво, и не само во друштво тоа сум јас, неможе да ме запре човек.
    Некои денови се случува да сум ептен намќор и со никого ништо да не ми се збори, ми поминува за 5 минути.
    Важам за најголем забавувач во фамилија, на семејните собиранки ги засмејувам сите :$
     
    На Strumfeta93, Aleks96, BoaVista и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    *Oбожавам со саати да лежам во кадата.
    *Зависна сум од благо
    *Премногу носталгична личност сум.И 2-3 дена да сум надвор од Мкд,ке почнам да плачам непрекинато.
    *Во 8мо одделение речиси секој ден се тепав.
    *Сакам да бидам глумица и да се пофалам многу добро глумам
    еднаш толку добро изглумев што професорицата по Англиски дури ја прати другарка ми да провери што ми е зошто ептен се преплаши за мене
    *Едно време бев многу преоптеретена со изгледот на мојата коса...Со саати бев пред огледало и ја средував.Ама признавам дека и моментално ништо не сум поарно :P
    *Не ја следам модата.Кога би можела и во тренерки и патики би отишла на свадби бидејки мразам штикли :fubar:
    *Порано бев многу љубоморна на брат ми бидејки секогаш го фалеа него а јас бев и сеуште сум црната оФца во семејството.
    *Секогаш плачам кога некој филм заврши срекно/тажно или на крајот од серијата пишува Fin :wasntme:
    *Многу избувлива личност сум.Секогаш викам,се дерам и кршам работи дома.
    *Прв пат се опив пред 3 години и плачев за мојата тогашна љубов.Пред сите плачев и велев ах колку го сакам што дури и дечкото на другарка ми го ошамарив.Од тогаш се немам напиено.
    *Омилен глумец ми е Стив Мартин,Џим Кери и Робин Вилијамс
    *Музика-Армин Ван Бурен,Едвард Маја,Енрике и Хулио Иглесиас...и све што е техно,транс...
    *Во Втора година средно,кога прв пат ставивме интернет и тоа само на телефон,и кога беше популарен мирцот се скарав со брат ми и отидов во wcto(тогаш косата ми беше до половина и врзана во коњско репче)зедов ножичка и сама ја скратив.
    *Две три години пред тоа(не паметам добро)за таблото во 8 мо одделение сама си ги скратив шишките и изгледав како пасена.
    *Во 5то одделение паднав од Калето во мојот град и сега имам белег под устата ама срека не се приметува.Бесна кобила бре.Се пикав кај не треба :fubar:
    *Во прво одделение имавме приредба.Јас тогаш маска Мини Маус и на сред цитирање ми се скина маската и заплакав пред цела публика :tmi:
    *Инает најголем сум.Човек побрзо ке се разбери со магаре отколку со мене.
    *Сакам животни..Посебно мачки и кучиња...
    *Во 4то одделение и удрив шамар на другарка ми бидејки доби 5ка а јас 4ка.
    *Секогаш кога и велам на мајка ми ке одам да учам јас всушност гледам телевизија зошто тогаш ме фака период на мрза...

    И така.
     
    На Stoimenovska, Aleks96, Nightwalker и 4 други им се допаѓа ова.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.424
    Пол:
    Женски
    Обожавам да седам дома, ретко имам желба за излегување и најчесто излегувам кога морам.
    Се подготвувам 10 минути за излегување и ако не го соблекувам палтото значи не сум стигнала ракавите да ги испеглам.
    Патики и тренерки не сакам да носам, не ми се женствени и ги одбегнувам.
    Обожавам шопинг, особено на попусти. Сакам кога ќе начекам нешто за мали пари, се гордеам тогаш со себе.
    Кога бев мала не сакав да јадам цвекло зошто мислев дека стои во крв :wasntme:
    Се плашам од зближување со луѓе. Ако видам дека контактирањето ги поминува границите се тргам на страна.
    Никогаш не би си отишла од Македонија, колку и да не чини, само дома си е дома.
    Првото нешто кога влегувам дома е миењето на раце.
    Прекари: маче, мачка и бебе :wasntme:
    Зависник сум од месо, ако нема месо светот ми се руши.
    До пред некој месец освен кафе друга течност не пиев :worried:
    Мразам чупање и депилирање :tmi:
    Секогаш трчам по автобус, па и со штикла 12ка. (сигурно смешно изгледа)
    Кога сум нервозна го чистам тоалетот.
    Имам фобија од лифт, височина и од големи еднобојни простори.
    Мразам момци со кондури, освен ако не налага работата , настанот.
    Порано бев зависник од мобилен телефон, а сега мразам пораки, разговори итн.
    Не сакам комедии, не сакам вицови, не сакам скечови.
     
    На Strumfeta93, Aleks96, CIA и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    * Прва љубов ми беше Леонардо Ди Каприо.

    * Ги имам посетувано сите можни курсеви за балет, модерни танци, латино танци итн. Обожавам да играм!

    * Секогаш ги ставав другарките пред мене, ги решавав нивните проблеми, трчав за секоја нивна потреба...

    * Не сум блиска со мајка ми, како што се 90% од луѓето што ги познавам.

    * Се восхитувам на брат ми, за неговата снаодливост и успешност во животот.

    * Не плачам пред луѓе.

    * Не купувам скапи алишта.

    * Порано не доцнев. Сега да, затоа што видов дека на другите не им е важно времето.

    * Ме повредиле многу луѓе, другарки, најдобри другари/ки. Боли!

    * Сега сум среќна! Имам некој што ме сака и ми го исполнува животот. За се’ друго ќе се погрижам сама ;)
     
  8. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Зависник сум од сончоглед.
    Месечар сум.
    Додека во еден момент ме гледате како мирно спијам, веќе во следниот момент ќе ме видите како се тепам самата, а тоа е последица на сонот во кој се врткале бубачки на моите раце, нозе, глава итн.
    Минатата недела на овој начин си направив џумка на главата бидејќи сонував дека имам лебарка во косата и така силно се треснав во ѕидот, што кога се разбудив сеуште темница ми беше пред очи, за потоа да видам ѕвезди, па сфатив дека сонував и пак си легнав да спијам за по еден час да скокнам пак и да си ја изгребам раката поради пајакот што шеташе таму. ДА! МРАЗАМ ИНСЕКТИ! Ми го уништуваат животот. И не не ми е страв од нив дека ќе ме каснат или ќе ме полазат, туку ми се ГРОЗНИ. ОДВРАТНИ.
    Уф се измачив од муабетот. :( :( :sweat:
    Заборавив да кажам дека мразам романтика.
    И обожавам животни. Повеќе од луѓето ги сакам. :hai:
     
    На Thallia, Aleks96 и CIA им се допаѓа ова.
  9. inn

    inn Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    29



    ахахахахаххахахахахаххахахаххахахахаха браво за постов :D :D :D :D :D :D
     
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Kога бев мала толку многу сакав мачки,што дури спиев со нив,им зборував и некогаш не јадев за да им дадам нив :D

    Eте и Ludoto пуфкало пикавци,добро е не сум сама :rock: :D Tвоите барем почисти биле,јас и сестра ми од улица ги собиравме,исто така се глупиравме и со соленките џоа пушиме цигари....

    Kога бев прво одделние бев највисока од сите и ме викаа жирафа,и ме тераа секогаш да ја бришам таблата :D

    Исто така бев голема плачка,не можев да се воздржам и за се плачев,убава или неубава причина

    Kога бев помала се плашев од бремени жени,ми изгледаа страшно,мама кога беше трудна се секавам дека бегав од неа,нејкев да сум до неа

    Mногу сум мирна и со никого не се имам скарано или степано

    Cекогаш кога ке се запознаам со некого,и ке почнеме да се дружиме добивам коментари дека сум чудна,не знам дали во позитивна или негативна смисла :^)

    Mногу мразам да носам панталони,чорапи и халахопки,поголем дел од времето сум во фустани,дури и зимно време шетам боса.

    Bоопшто не сакам спорт,на школо кога имавме час физичко едвај чекав да помини |(

    Hемам завршено средно,и малку ми е криво за тоа :(

    Hе можам да пијам од чаша што има пиено друг човек,не знам многу се гадам :tmi:

    Иако имам дете,воопшто не можам да седам или чувам други деца,се нервирам :$

    Mногу сакам да се врткам во бавча,да садам пиперки,компири,цвекиња :D

    E сега тоа за сега ми текна
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GlamorousGirl

    GlamorousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    101
    * Обожавам странски јазици, посебно Германскиот и Турскиот.
    * Не си го сакам името, ама затоа презимето го обожавам :D , стара мома ќе останам заради него. :P
    * Не покажувам емоции пред другите, ама насамо (и на лист хартија) крајот не знам кај ми е. :$
    * Омилена држава ми е Хрватска, се' би дала да одам таму,ама не и да живеам таму.Дома си е дома.
    * Омилено машко име ми е Максим.
    * Многу ретко се лутам,ама кога ќе се налутам - е тогаш тешко да се одлутам.
    * Голем инает сум.
    * Простувам, ама не заборавам.
    * Имам добар збор за секого.
    * Понекогаш само сакам да бидам сама и никој, ама баш никој не ми е потребен.
    * Не сакам да се истакнувам.
    * Затворен тип сум и најудобно се чувствувам дома или кај некого дома,не надвор.
    * Никогаш не можам да им се налутам на луѓе кои ми значат и кои ги сакам.
    * Многумина ми го имаат освоено срцето со својот карактер,ретко кога одлучувал физичкиот изглед.
    * Обожавам да пијам кафе и сокче на тераса,со грицки,благичко и лап топ.
    * Чувствувам потреба да и' се исповедам на мајка ми.На кого ако не нејзе..
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    - Од 8 до 12 години пеев на детски фестивалчиња, дури и награди имам добивано, а сега тоа го сметам за најголема глупост.
    - Посакувам да бев тинејџер во осумдесеттите години, едноставно го обожавам тој стил на живот.
    - Потекнувам од музичко семејство, но освен пра-дедо ми, другиве биле доволно паметни музиката да им остане само хоби и да не запловат по нашиве „фасцинантни“ музички води.
    - Освен певање, се имам занимавано и со модерен балет, знам да свирам на пијано и флејта и да сврзам неколку ноти на гитара, а година дена планирам да се посветам на тоа и никако да најдам време. (Електрична само, акустичната не ме привлекува толку.)
    - Азбуката сум ја знаела на една ипол година (благодарение на Бушава азбука), а веќе на 4 сум знаела да читам и пишувам и латиница и кирилица.
    - Иако горенаведениве се за фалење, сега сум шупелка.
    - Од страната на мајка ми имам Егејско (не Грчко!) и Хрватско потекло.
    - Првиот млечен заб сум го изгубила на најглуп начин, кога сум го плеснала тетин ми по келајцата со гребло на сред ручек и бегајќи од местото на злосторот, сум се сопнала и сум паднала на ќуп.
    - Тренирав кошарка 2 ипол години, и кога своеволно се откажав, професорот по физичко (воедно и тренер), ми стави двојка за казна.
    - Како мала, со помош на мајка ми, праќав украсени писменца по детските емисии и за награда за најубаво писмо си добив точаче, но таман да го кажат бројот да им се јавам, снема програма и потоа најдобрата другарка чија братучедка работеше во телевизијата, си го земала точачето за неа. (Bitch!)
    - Многу сакав да квачам јајца (сериозно, мислам дека имам спомнато и во друга тема), и мислев дека така можам да си добијам пиле.
    - До ден денес, потајно посакувам да бев Екс-Мен со супер моќи, некоја хардкор акциона цура што ќе дели правда и ќе крши од ќотек, или барем да добиев писменце од Хогвартс. (Последица од многуте изгледани филмови со такви содржини.)
    - Имам некое проклето „шесто сетило“ само за лоши работи и претерано го мразам.
    - Знам да бидам огромен инат и што зацртам да остварам. Дома и ден денес ме зезаат дека особината уште како мала ми била видлива бидејќи на 3 години ми купиле некои пантолонки со Мики Маус, ама не ми давале да ги облечам веднаш зошто сабајлето ми облекле нови, и јас таква увреџена сум застанала позади фотелјата и сум ги измочала старите, намќорски гледајќи ја мајка ми право во очи.
    - Имам добивано и награди за состави по Македонски, и професорката во основно беше воодушевена од истите што ми се чини да пишев „Пи*ка ти челава, а не види се у ночи“, за неа ќе беше мастерпис.
    - Во маало постојано ме ставаа да бидам голман, а имав толкава желба да играм фудбал.
    Captain obvious fact: Сакам да си мрчам кога нешто не ми одговара и не ми е срам! :rofl:
     
    На Strumfeta93, Aleks96, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  13. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    * Го обожавам Англискиот јазик :)
    * Обожавам да јадам благо. Да има полн замок со благо цел ќе го изедам мајке ми :D
    * Повеќе сакам да бидам надвор отколку дома
    * Простувам но никогаш не заборавам :rock:
    * Отворена личност сум ..
    * Секогаш кога сум пред компујтер мора да има благо, грицки , сок (ОБАВЕЗНО :D)
    * Зависник сум од сончоглед, кога го јадам целата куќа е полна со семки и затоа секоја ден чистиме :D
    * Секој ден се карам со сестра ми. Кога се караме мислиш востание ќе кренеме :rofl:
    * Мразам да спијам преку ден :@
    * Кога чистам од куќата ече музика :$ 100 <---- VOLUME :D
    * Обожавам да носам плтенеки, пунџички ... :inlove:
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Да се надополнам:

    -ако останатите девојки најпрво кај машко гледаат во газот или фацата, јас гледам во патиките. Така ми се допадна и дечко ми, носеше ненормално добра машка патика.
    -мразам и ми се гади од машки кои не се грижат за својата хигиена, и кои носат ташни :puke:
    -го имам изневерено дечко ми и ме откри и бевме скарени 2 недели.
    -во основно најмногу губев клучеви, секоја недела нов клуч ми вадеа.
    -сакам да читам книги, ама ако ги има и како филмови, радо би го гледала филмот.
    -најголема желба ми е кога ке дојде време за да барам работа, да имам сопствен бизнис, или да работам на место каде ке можам да бидам формално облечена и на место каде ке работам само прва смена.
    -косата ми е слаба страна, опседната сум со фризурата, но и покрај тоа, никогаш до сега не сум ја измила косата повеке од 3 пати неделно. Значи 3 пати максимум.
    -нарцис, па што?
    -никогаш не сум била по учењето.
    -во 8 одделение учествував во емисијата Оправдано Присутни, зборував на француски јазик.
    -Францускиот ми е голема љубов, иако првата оценка по француски ми беше 3, наставничката не ми ја запиша во дневникот и одлучи да ми дава дополнителни часови за да научам. Научив, и во средното бев најдобра по француски на генерацијата.
    -едвај чекам да бидам бремена, тоа за мене е најбоженственото чувство на цел свет.
    -на моменти се факам себеси мечтаејки за слобода, да не сум во врска. (од 17 години до ден денеска не сум била слободна.)
    -премногу сум приврзана за мајка ми и не знам што би направила ако и се случи не дај боже нешто.
    -обожавам салати (шоспска, марула, зелка,) дури имам си направено и салата од млад кромид, со оцетче њам њам.
    -би сакала да завршам уште еден факултет. :)
     
    На Aleks96 и mims-89 им се допаѓа ова.
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Од сите што ги читнав досега, со Марама си имаме многу сличности, многу. За момент помислив дека сум ти диктирала некои нешта за да ги пишеш :D .


    - Не можам да замислам да ми земаат крв од вена :puke: , а за инекции не е проблем.
    - Излегувањето ми е минимално. Некои денови кога имам премногу работа, се случува да не излезам од дома.
    - Ме нервира да одам на продавница, зашто треба да се преоблекувам.
    - Многу го сакав и сеуште го сакам креирањето на облека. Сакав да студирам за тоа и сонував порано да бидам креатор. Ама и сеуште сум. На сите им шијам, им креирам, ама како што сакам. Врти - сучи, тие кажуваат едно, а јас им правам друго. Да не цапни човек кај мене :D .
    - Не сакам фармерки, пантолони... секогаш носам сукна, не можам да се замислам да бидам стегната во нив. Носам само пижами, така пошироки :lol: .
    - Добро се снаоѓам во кујна, ама додека дојдам до тоа :tmi: . Само колку торти сум зезнала, ситните колачи за матура... што да зборувам. Промашена инвестиција.
    Сега не ми се излегува од кујна.
    - Сакам да декорирам храна, да резбам тикви, лубеници, јаболка :wasntme: ...
    - Виолината ми е еден од најомилените инструменти. Сакам убава песна и убав глас.
    - Првото ми чупање на веѓи ми беше хорор. Во ред, ама па и шишките ги скратив на грешка. Кога се видов, што да видам, ми се плачеше, ми се викаше (а не бев мала 7-8 одделение).
    - Премногу ми е мило, кога ќе купам нешто најефтино за себе. Никако не ми се трошат пари за мене.
    - Никогаш не сум била да гласам, никогаш, откако го имам тоа право.
    - Премногу сонувам, што ме нервира многу.
    - Не сакам да возам велосипед :shake: .
    - За спорт сум тапа. Ја гледав само кошарката и ракометот (кога играа нашите), друго ништо.
    - Не да не сакам, туку мразам политика. Не знам ни име на министер, ни никој друг. Ама главниве ги знам, Груевски и Иванов, толку :D . Па и доста е.
    - Не пијам кафе (освен кога имам напад на мигрена), не пијам пиво, никогаш се немам опијането, не пушам...
    - Немам фб профил и нема ни да отворам.
    - Многу сакам животни, посебно кучиња. Кога бев малечка многу сакав да си имам мајмунче :D .
    - Кога сум нервозна, можам цела куќа да ја светнам за многу брзо време. Изгледа треба почесто да ме нервираат :D .
    И уште мнооооогу нешта.....
     
    На Aleks96, Elenuskaa, Fearless и 2 други им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    *Усвоено дете сум,и како резултат на тоа никако да си го најдам местото под сонцето
    *На 3 години сама си ставив грав во носот ,не успеав да го извадам ,и кога моите приметија дека не можам да дишам тој веќе пустил коренчиња,ми го извадија со пинцета на лекар :o
    *На 5 години ја поканив целата околина со локум за роденден :D
    *Кога имав 7 години се преселивме во друг град,тоа беше шок за мене,ништо не ги разбирав што зборуваат
    *Секогаш сум била мирно дете,никогаш не успевав да се скарам
    *10 години пеев во хор :emo:
    *На 18 г.избегав една ноќ, на журка, преку прозорец ,моите никогаш не дознаа за тоа :$
    *За некого средното училиште е најубав период за мене беше ноќна мора.Од 32 деца само јас и едно девојче бевме деца на работници,другите беа висока класа
    *Жал ми е што не го завршив факултетот,каде што ја имав и најголемата љубов,чиста,убава, силна.Не успеа да процвета,тогаш го имав и најдоброто друштво и безброј лудости
    *Сакам пролет и есен ,лето и зима не,иако родена сум во лето
    *14 години работев работа која не ме исполнуваше,имав плата и пари,но и многу плачења и нервози(еднаш шефицата ми го скри службениот печат ,се убив од барање и по корпи за ѓубре и под бироа,за на крај таа да го извади од нејзиното биро,патем цело време гледаше како се нервирам.Тогаш доживеав нервен слом :(
    *Имам 2 деца кои знаат добро да ме изнервираат.На моменти се прашувам како е можно толку да се различни од мене
    *Мразам да готвам,готвам од што морам.Да изгубиш цел ден до шпорет и садопер...фуј.Има милион други работи што би ме исполниле за тоа време
    *Тешко ми е да почнам да работам ,а кога почнам не знам за одмор
    *Не знам да возам велосипед,и децата ме зафркаваат поради тоа
    *сакам комотна облека(под тоа не подразбирам шлампава)добро кроена од квалитетен материјал
    *Обожувам мириси,иако немам пари за поскапи ,секогаш гледам да мирисам пријатно
    *Не поднесувам наредби,ако некој ми нареди знам да експлодирам,а ако ме фати со убаво и ѕвездите можам да ги симнам
    уффф можам уште да пишувам ама доста е :!:
     
    На Stoimenovska, 1209, Strumfeta93 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    -Кога бев основно бев многу злобна личност. Кога некое девојче ќе се скараше со мене ги свртував сите во одделението против неа.
    - Срам ми е многу кога ќе си го прочитам моето прво мислење што го напишав на фемина. Побарав совет во врска со интимните работи нешто, а имав само 15 години. И сега кога ќе го прочитам посакувам да се вратам во тоа време и никогаш да не го напишам.
    - Понекогаш сум им љубоморна на сестра ми и на другарките, и сакам да бидам како нив. Но тоа само понекогаш-не секогаш.
    - Обожавам убаво облечени луѓе и секогаш кога ќе запознаам некоја нова личност ја проценувам според облеката.
    - Не сум многу комуникативна и мајка ми постојано ме критикува за тоа.
    - Обожавам мачиња и постојано си спијам со моето и му се жалам кога ми е тешко нешто.
    - Имам фобија од лифт и од затворени тесни простори.
    - Понекогаш сум многу наивна и потпаѓам под туѓо влијание, а понекогаш сум многу инатлива и не попуштам за ништо на светот.
    - Многу избрзувам во донесувањето на некои одлуки,а потоа се каам за тоа.
    - Зависна сум од дечко ми. :doh:
    - Многу сум љубоморна и го искажувам тоа, а не сакам да го искажувам.

    Тоа е за сега. :D
     
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    - Многу сум посрамежлива во живо.
    - Клаустрофобична сум малку, а добивам напади и можам да повредам некој ако ме стисне или гушне без да сакам.
    - Мразам вакцини,инекции и било какво боцкање, макар и во прст, и можам да се расплачам од тоа ако сум толкава крава.
    - Многу сум избувлива, посебно со дечко ми, ама лутината ми поминува многу брзо.
    - Сакам да седам сама, и мразам да се упикувам кај некого, дури и да ме викне да седам со него.
    - Многу сакам животни, и кога ќе имам свој дом, 1 соба ќе направам само за животинчиња. :inlove:
    - Многу сакам да се шминкам и да шминкам други.
    - Често си се расплакувам поради бездомници, стари баби и деденца и бездомни животни. :(
    - Малку сум себична. :$
    - Никогаш се немам опијането, и немам испиено повеќе од пола чашка пиво.
    - МРАЗАМ правописни грешки, и сите ги поправам доколку грешат, и не ми е гајле дали се лутат или не.
    - Обожавам бебиња и деца до 2-3 годинки, поголемите ме нервираат и ми се досадни. :lol:
    - Во основно не учев и бев бунтовник, ама тоа заради лошото друштво,сега сум супер. :$
    - Мразам пајаци и други вакви грозни инсекти.
    - Ме нервираат дигнати личности.
    - МРАЗАМ и многу ми е непријатно кога некој ме гледа подолго од 10 секунди,посебно во автобус или на јавни места, освен додека разговарам со некој.
    - Секогаш си носам чешел и огледалце, и постојано ја чешлам косата.
    - Ушите ги чистам 2 пати дневно, секој ден и мразам нечисти уши.
    - Имам поголема полусестра со која немам никаков контакт.
    - Немам најверни другарки, имам само некои со кои споделувам површни проблеми, или оговарам понекогаш. :tmi:
    - Исто како Оксиморон, судам за личностите по нивниот вкус за музика. :tmi:
    - Никогаш не им признавам на моите родители дека лажам, иако сфатиле. (мачка на грб не паѓа )
    - Поради тоа што молчам,набљудувам и сум срамежлива, многу луѓе мислат дека сум намќор и злобна, а тоа често се случува бидејќи ретко наоѓам луѓе со кои можам да се опуштам тотално.
    - Го мразам белиот крем, јадам само црн.
    - Немам пробано боранија манџа, и не ни планирам.
    - Од месо јадам само пилешко ( и тоа бело ),месо од риба и некогаш плескавици.
    - Мразам кога не ми враќаат на порака.
    - Кога се возам со автобус, или стојам на станица секогаш мислам дека некој ме гледа и многу ми е непријатно. :|
    - Сакам да готвам, ама за жал готвењето не ми е јака страна,па често завршувам со задимена соба или заборавена уклучена рингла. :D
    - Пасија ми се каталозите, обично на Авон и Орифлејм, и секогаш нарачувам нешто макар и ситница.
    - Мразам да станувам рано.
    - Не излегувам по дискотеки и кафичи.
    - Ич не сум блиска со мајка ми, и не сум ја бацила или гушнала може 10 години.А ни татко ми.

    Ај доста е, го претерав. :D
     
    На Aleks96, BoaVista и sanjalica им се допаѓа ова.
  19. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    *Инат сум, најголем :!: , знам дека ми носи последици во животот, ама врежан ми е од раѓање.
    *Како мала сакав да бидам глумица, но кога ја видов истата актерка како се бакнува со различни момчиња во различни филмови, желбата ми згасна. :fubar:
    *На улица бев најгласна, секогаш бев "главна", јас бев докторка, јас учителка, јас директорка, јас мајка, јас морав да победам во било која игра, ако гледав дека губам, не ми се играше автоматски и рундата не важеше. ]:)
    *Во градинка бев само еднаш во ќош, а моите никогаш не дознаа за тоа.
    *Плачам на филмови.
    *Ќотек од татко ми јадев само два пати во животов и болеше. :tmi:
    *Додека имав фиксно време за искачанки, никогаш не доцнев дома.
    *Сакам змии.
    *Се плашам од глувци како слон.
    *Сакам да имам парчиња облека што сама ги правам и никој нема исти. Скоро секоја купена блуза има доживеано ремонт.
    *Накит си правам сама.
    *Заљубена сум во град, а не момче.
    *Се уште копнеам да имам постар брат.
    *Животот е најмалото нешто што би го дала за двеве сонца дома.
    *Порано бев болна педантерија, ако ми беше валкана собата, ја чистев веднаш, не битно дали е 2 на пладне или по полноќ.
    *Сакам да одам на пуст остров сама.
    *Гурман сум, се гледа и по моето тело :$
    *Сакам тишина.
    *Сакам да имам три сина.
    *Немам идоли, ниту омилени актери, пеачи, групи.
    *Кога нешто ќе намислам, го остварувам не зависно од цената која ќе ја платам.
    *Имам фобија од чукање на сказалки на саат.
    *Сонувам за атеље од рачни лични изработки.
    *Сакам да ја посетам секоја можна држава на планетава, само не Индија, поради глувците.
    *Сакам да патувам.
    *Никогаш не плачам пред други.
     
  20. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    -Имам цицано до 3 години :$
    -Изгледа тоа си има оставено последици големи,па затоа и сеа моментално додека го пишувам ова пијам млеко ( мала шала,заради спортски причини пијам млеко :D )
    -Се немам опијането никогаш
    -Не пушам
    -Кафе не пиев до пред 2 недели,но почнав еднаш дневно да го правам тоа,и тоа заради спортски причини и плус дека со Несот млекото има поинаков вкус,па мора малце промена
    -Никогаш не сум учел многу,секогаш сум бил нешто на средина и со учењето и со дружењето,сум се сложувал одлично и со најголемите бубалици,и со најголемите курајбери и багабонти,бтњ девојка ми била во средно бубалица( :rofl: зез бубу,не се вути :* )
    -Имам пушено цигари уште на 8-9 години,коа другите уште цицаа од цуцла :P ,само што набрзо се откажав,и ако денот по утрото се познава,тогаш денес треба да сум најголем пушач или наркоман,но не сум
    -Мислев дека сум цврст и бесчувствителен се додека не ја запознав неа,од кога влезе во мојот живот,не дека другите ги занемарувам,но се ми се врти околу неа :)
    -Бев најбрз во основно и во мојата генерација во клубот во кој тренирав фудбал,btw еднаш коа мерев на 100 метри истрчав отприлика исто колку женски професионален алтетичар,но иако сум машко,тоа е супер резултат за некој рекреативен спортист
    -Со форумов се запознав преку мојата девојка,која си ја сакам најмногу на цел свет и поздрави и честитки до неа :P :*
    -Многу знам да филозофирам и да мудрувам :D
    This is enough