1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Н​​е​​ш​​т​​ата ​кои не сте ги знаеле за мене...

Дискусија во 'Слободно време' започната од Snow-Queen, 31 јануари 2012.

  1. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Па вака...
    ~Се плашам од глувци и пајци
    ~Можам да зборувам на телефон по цели саати :call:
    ~Многу сум ЕМОТИВНА ;(
    ~Мразам глупи луѓе :!:
    ~Имам помал брат (6 год. разлика) по цел дена само се караме и "тепаме" за компијутер
    ~Сите викат дека имам убав глас за пеење.. :$
    ~Има еден го сакам од 5-то (сега сум 7-мо) :inlove:
    ~Пеам во хор
    ~Кога ке пораснам сакам да бидам ХЕМИЧАР
    ~Не сум некоја супер ученичка
    ~Ја сакам Lady Gaga :inlove:
    ~Слушам секаков вид на музика...
    ~Имам хоби..Одам на модерен балет.. :dance:
    ~Имам и другарки..Многу се срцкасти..
    ~Најгласна сум од цело друштво..
    ~Знам да треснам нешто шо ни у Африка не зрее (само киксови репам)..
    ии толку за денес..

    ааа уште едно
    ~Моментално сум у ШКОЛО :rofl:
     
  2. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    - Сум пиела од цуцла до 5 години. Мајка ми цело време ми ги фрлала, јас сум се жалела кај дедо па тој ми купувал нови скришно. :tmi:
    - Немам Фејсбук.
    - Често сум антисоцијална. (не значи дека сум лоша :) )
    - Многу сум срамежлива, но не покажувам па затоа скоро сите ме сметаат за ладна и резервирана.
    - Активист сум за правата на животните.
    - Поддржувач на геј правата и геј браковите.
    - Алтруист, за жал.
    - Сон ми е да работам во Intel, да се занимавам со роботика или да предавам француска книжевност во Оксфорд.
    - Опседната сум со успехот. Многу амбициозна, можеби премногу.
    - Кај машките најважна ми е интелегенцијата и интелектот. Ако не ги поседува, џабе.
    - Вегетеријанец сум долго, а сум била веган три месеци но потоа сфатив дека јајцата не се оплодени и така си се вратив на вегетеријанството.
    - Би направила се' за брат ми. Буквално се. Иако мисли дека не го слушам, секој совет што ми го дал го применувам без разлика дали се согласувам или не.
    - Опседната сум со учење јазици. Фала богу сите овде на балканот, англиски, француски, германски, италијански, делумно шпански и руски. :$
    - Книгите ми се најголема страст. Домашната библиотека ми брои преку 1500 книги. А денот не ми поминува без барем 50 прочитани страни.
    - Не кријам, знам да бидам материјалист но не значи дека сум површна.
    - Немав типично детство. Во принцип, од секогаш сум била loner.
    - Тешка литература читам од петто оделение.
    - Мразам пцуење и недолично, некултурно однесување. Најлош збор кај мене во речник е: Проклетсво! или по ѓаволите! :$
    - Не пијам кафе. Никакво.
    - Никогаш не ме бивало за спорт. Трчам како пингвинче. Целата фамилија ми е анти-спорт освен мајка ми која била државен првак во стрелање и гимнастика.
    - Цел живот сум опседната за тежината, иако сите ми викаат дека сум слаба. Не е доволно, тој ми е комплексот. Морам да бидам послаба. :(
    - Го обожавам Котор. Луксузни јахти спрема прекрасната стара архитектура.
    - Ја обожавам архитектурата на Италија и самите луѓе кои живеат таму.

    Фиуу се распишав. :$
     
    На Aleks96, antonina, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.151
    Допаѓања:
    46.869
    Пол:
    Женски
    Никогаш немам пробано алкохол и цигара .
    Лоша сум си :wasntme: . Мрзлива сум понекогаш а понекогаш највредно девојче во цело маало .
    Мразам гости, мразам луѓе кога ми се пикаат дома, особено комшии, не сакам да одам по гости а и не сакам да ми доаѓаат гости :|
    Плачка сум голема, за се и сешто плачам. Се сожалувам себеси и така се чувствувам подобро |(
    Ме мрзи да се спремам кога треба да искачам негде, повеќе сакам да си останам дома во пижами :lol:
    Имам многу незгоден карактер, кавгаџика поголема нема од мене, секогаш за се јас знам да се скарам.
    Не многу зборлеста , срамежлива ептен .
    Едвај чекам да се омажам :rofl: и го напињам дечко ми за тоа :wasntme:
    Го обожавам братчето , за него би дала се .
    Се плашам од инсекти.
    СЕКОГАШ каснам , трчам по 57ца скоро секој ден :clap:
    Сакам да пеам. И мислам дека ме бива до некаде :)
    Како поново да сум се родила кога ќе купам нешто ново.
    Зависна сум од благо .
    Не сакав да имам деца порано се плашев од тоа, а сега едвај чекам да дојде време и ние да работиме на случајот :$
    Ужасно ме иритираат глупи луѓе, а за моја несреќа имам две такви другарки .
    Се радувам кога на тв ја има епизодата од мојата омилена серија, или пак даваат некое старо добро филмче .
    Учев како ненормална во средно, во трета година средно во дневник немав ни една четворка, од крај до крај сите ми беа петки , и писмени и уснени :wasntme: И плачев кога сакаа да ми ја внесат писмената која ми беше 4ка. А, сега кога сум на факултет ич не ми се учи .
    Тоа е тоа.
     
  4. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    па мислам дека нема мн да те воодушеват италијанците..барем мене не..ладни луге,дури антипатични..донекаде расисти..не ми текнува ништо позитивно :^) :^)
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Еве нешто и за мене...

    *До 16 години пиев млеко со чоколино (но не од цуцла) :D
    *Обожавам да пишувам СМС пораки.
    *Обожавам да шетам во доцните вечерни часови кога нема никој.
    *Се плашам од скакулци.
    *Животна желба ми е да го посетам Дубаи.
    *Имам сексуални фантазии за Џони Деп.
    *Во денот пијам најмалку 2л. газиран сок.
    *Знам кога имам фазла пари да посетам казино. :D
    *Никогаш не плачам ако има некој со мене (строго кога сум сама)
    *Порано ги собирав опаковките од орбит мастиките (и уште ги чувам имам околу 20 илјади),но сега повеќе ги нема :|
    * Пијана имам мочкано на тротоар на главниот булевар :$ :$ :$ SHAME ON ME!!! :$ :$ :$
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    *Oбожавам со саати да лежам во кадата.
    *Зависна сум од благо
    *Премногу носталгична личност сум.И 2-3 дена да сум надвор од Мкд,ке почнам да плачам непрекинато.
    *Во 8мо одделение речиси секој ден се тепав.
    *Сакам да бидам глумица и да се пофалам многу добро глумам
    еднаш толку добро изглумев што професорицата по Англиски дури ја прати другарка ми да провери што ми е зошто ептен се преплаши за мене
    *Едно време бев многу преоптеретена со изгледот на мојата коса...Со саати бев пред огледало и ја средував.Ама признавам дека и моментално ништо не сум поарно :P
    *Не ја следам модата.Кога би можела и во тренерки и патики би отишла на свадби бидејки мразам штикли :fubar:
    *Порано бев многу љубоморна на брат ми бидејки секогаш го фалеа него а јас бев и сеуште сум црната оФца во семејството.
    *Секогаш плачам кога некој филм заврши срекно/тажно или на крајот од серијата пишува Fin :wasntme:
    *Многу избувлива личност сум.Секогаш викам,се дерам и кршам работи дома.
    *Прв пат се опив пред 3 години и плачев за мојата тогашна љубов.Пред сите плачев и велев ах колку го сакам што дури и дечкото на другарка ми го ошамарив.Од тогаш се немам напиено.
    *Омилен глумец ми е Стив Мартин,Џим Кери и Робин Вилијамс
    *Музика-Армин Ван Бурен,Едвард Маја,Енрике и Хулио Иглесиас...и све што е техно,транс...
    *Во Втора година средно,кога прв пат ставивме интернет и тоа само на телефон,и кога беше популарен мирцот се скарав со брат ми и отидов во wcto(тогаш косата ми беше до половина и врзана во коњско репче)зедов ножичка и сама ја скратив.
    *Две три години пред тоа(не паметам добро)за таблото во 8 мо одделение сама си ги скратив шишките и изгледав како пасена.
    *Во 5то одделение паднав од Калето во мојот град и сега имам белег под устата ама срека не се приметува.Бесна кобила бре.Се пикав кај не треба :fubar:
    *Во прво одделение имавме приредба.Јас тогаш маска Мини Маус и на сред цитирање ми се скина маската и заплакав пред цела публика :tmi:
    *Инает најголем сум.Човек побрзо ке се разбери со магаре отколку со мене.
    *Сакам животни..Посебно мачки и кучиња...
    *Во 4то одделение и удрив шамар на другарка ми бидејки доби 5ка а јас 4ка.
    *Секогаш кога и велам на мајка ми ке одам да учам јас всушност гледам телевизија зошто тогаш ме фака период на мрза...

    И така.
    Надополнување:

    *Мразам чекање...ме вади од патики кога мора да чекам за нешто.
    *Некогаш знам да слушам и детски песнички,ме вракаат во детсвото. :$
    *Патриотка сум.
    *Не сум толку добра како што се правам.
    *Сакам да летам со падобран
    *Се плашам од глувци
    *Обожавам мистерија
    *Дома имам касети со цртани:Снежана,Пепелашка,Малата Сирена,Том и Џери,Пинк Пантер и ги гледам речиси секој ден :D Дете во душа бре :$
    *Обожавам да фотогарфирам
    *Неостварена желба-да ги запознаам Том Клеверли(Тој на аватарот мој,Кристиано Роналдо и Рајан Гигс)
    *Да го посетам Њујорк
    *Серија-Декстер,Once Upon a Time,Ghosts Whisperers
    *Безалкохолен Пијалак-Швепс и Кока кола
    *Храна-Пица,шпагети,лазањи,супа од спањак,цвекло,(конзервирано или свежо не е важно)пастрамајлија
    *Мразам пресно млеко и домати
    *Во животот имам само 5 прочитани лектири за училиште.
    *Сакам да се пријавам некогаш на Срвајвр,да видам колку ке издржам далеку од моите дома,без благо...


    Тоа е се.
     
    На Aleks96, BlackSwan5 и Nightwalker им се допаѓа ова.
  7. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Се знам со италијанци. Мене напротив ми се многу љубезни, страсни луѓе со добра смисла за хумор и навистина повеќето знаат да готват убаво. И мажите се многу убави, барем повеќето. :)

    Да не бидат толку офф топик, ете не сте знаеле дека сакам мажи што готват убаво по можност Италијани. :$
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Eте заборавив нешто

    *порано се плашев од бубашваби и пајаци, ама веќе ич

    *Mногу сакам да се дотерувам, да носам висока штикла, да се шминкам, посебно ми е драг црвениот кармин и розевиот :D сакам да купувам партали.

    *Mногу сакам да отидав во Израел, па се надоле, низ Арабија, и на ниедно друго место.Само таму ми е желбата

    *Пијам по 3-4 огромни шољи кафе на ден

    * Омилен предмет ми е се што е поврзано со исхрана, а хемија и математика МРАЗАМ!

    *Од 7 до 12 години бев многу мирно девојче, глас не ми се слушаше, после ептен станав лоша :lol: и луда

    *Мразам злато

    *Обожавам млечни производи освен млеко, секој можен зеленчук, и секое можно благо торта/чоколадо/колачи... без ова не би преживеала, а без се друго можам :)

    *Многу сакам Арапска, и Хебрејска музика :)

    * Кога одам кај други луѓе, никогаш не би можела да јадам сирење, или да пијам јогурт- освен ако не ги сметам за ептен блиски. Се друго да јадам ок, ама сирење јогурт да пијам кај друг, многу ми е гад

    * Мојата прва љубов беше Чарли Шин :tmi: :tmi: во филмот со Топер :D

    и тоа :D
    едит- и да, азбуката сум ја знаела само на 1 година, сум обожавала да пишувам песни, приказни, сум обожавала книги, да читам, имам еден куп пишани песни и приказни кај баба ми,сум имала бујна фантазија за едно мало детенце. само што веќе ја изгубив таа желба
     
    На Aleks96, JuLleE и BoaVista им се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Без кафе денот не ми е ден.
    Мразам злато, кинџурење, кичести скапоцени дрнгулии, ама затоа обожавам накит од дрво, кожа и пластика. Обожавам дизајнерски продавници. Може чоек да ме остави во нив, ќе си преспијам :lol:
    Секогаш мора едно парче облека на мене да се разликува од се шо носам или да е повпечатливо од се останато...не сум забележала но ете пред некој ден другарка ми ми кажа дека брош да е, мора да го ставам за да ја разбијам едноставноста. Изгледа ми е навика.
    Кога купувам книги, секогаш скришум ги отварам некаде во средина, го нурнувам носето помеѓу страниците - и длабоко вдишувам.
    Обожавам мирис на пластика, бензин, нови книги и кога купувам нов сунѓер исто, го заривам носот во него, и вдишувам, ко џанак некој :D
    Ја имитирав Ена Веко. У основно. На одмор освоив дури и некоја награда во Покажи што знаеш. Само не ги понесов со себе скинатите фармерки, па ми позајмуваа другарките, а сите беа пониски од мене. Рипав ко дегенче на Маријана, Кети и Дијана, со искината фармерка која ми беше до под коленици :headbang: Јбг, брзо пораснав. И се изрезилив пред цела Македонија.
    Едно време, осетив блага, ама ептен блага популарност кога настапував преку Ребис па децата од школо ме препознаваа :tmi: :D
    Пишував како мала поезија. Освоив некое второ или трето место, на натпревар некојси по поезија. На југословенско ниво. За песна која ја напишав по нарачка, значи беше сериозно дебилна. Кога ми рекоа во Струга да ја прочитам, се надевав дека негде како кај магионичарите ќе се отвори некоја дупка во која ќе исчезнам. Песнава беше напишана за екологија а на натпреварот бев незнаејќи пријавена од директорот на нашето училиште. Ќе умрев од срам.
    Кога сум сама дома, често пати искачам од купатило полугола и играм, пеам и рипам пред телевизор. Па тука праам кореографии, се унесувам ептен :tmi:
    Имам внатрешна тенденција луѓето да ги анализирам преку музиката која ја слушаат и филмовите кои ги сакаат. Некоја скрената предрасуда која ја негувам од мали години. И многу расте некој во моите очи кога ќе ми пушти некоја оригинална песна која ретко кој ја знае и уште и ако ми каже дека е омилена!
     
    На EleMental, Aleks96, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Гледам поотворени сте биле од мене... За ова првово себеси се сметам за фрик :tmi: , а не го знае буквално никој.
    Секогаш купувам чепкалки за уши во кутија. И кога ги вадам од таму, мора да се вадат по ред. :!: Ако ми избуричка некој и ми ги растури, збеснувам до максимум :tmi: Само никогаш не сум кажала од што ми е нервозата во тој момент, се вадам на друго. Ништо во животов не може до толку да ме исфрли од колосек како ова :tmi: Во состојба сум цела кутија да ја прередам, само да не ми бидат растурени чепкалките за уши :| А во последно време ме нервира и пастата ако се стисната во средина :|

    Најмногу се плашам кога треба да ми брцаат во вена. Исто ко на колење да ме носат. Редовно колабирам во тие моменти. Без разлика дали треба да примам инфузија или да ми земат крв. Имаше огромен временски период кога немав проверено крв, само и само ради фобијата наречена игла во вена :tmi: Се срамам да кажам колку време е тоа. Страв у коски имам и од стоматолог. И овие контроли ги избегнувам премногу.....само кога е нож под грло собирам храброст и одам на забар. :|

    Не се вртам по убави мажи често, многу ретко, но секогаш без исклучок се вртам по добар машки парфем (кои патем кажано повеќе ми се допаѓаат од женските).
    Средствата за лична хигиена додека бев кај моите си беа наредени по одреден мој редослед, и ако некој ми ги разместеше побудалував од нервоза, и си ги враќав на свое место. Исто ко со чепкалките за уво.

    Расист сум. :tmi:

    На работа бирото редовно ми е во хаос, ако го расчистам, уредно е само пола ден, пак е после растурено. Но совршено добро знам што каде ми е. И ако ми треба нешто веднаш си го наоѓам во хаосот. А кога ми е средено, претурам по сите фиоки, и не го наоѓам по пола саат. Многу подобро функционирам во хаос отколку во ред. |(

    Има уште, ај доста е за сега....
     
    На Aleks96 и Artemission им се допаѓа ова.
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    -Порано бев многу повлечена,срамежлива,ми беше срам дури и да одам нагости кај баба ми.
    -Симпатиите на дада,и јас ги бендисував откако ќе слушнев дека она ги свиѓала.
    -Како помала,секоја недела играв во Сител Бамбини.
    -И јас како и лудото,имам некоја мазохистичка жичка у мене...дури кога имам некоја рана си ставам сол на неа,за да ме пече :tmi: (во последно време имам една мазохистичка желба,ај ќе си ја зачувам за мене).
    -До 8мо,сите машки од класот ги имав накичмено :muscle:
    -Најголема желба ми е да сум машко,и често пати се имам фатено како за некои ситуации размислувам како машко,другарка ми ми се чуди :D
    -Кога се договарам за некои испаѓање со другарки,и еве на пример ако сум им рекла да ми се јават или да ми пишат,а нив ги нема поради некоја причина,одма се нерасположувам,се чувствувам како да им досаѓам,како да нема кој да ме дружи. (овоа ми е од порано,бидејќи така ме откачија едни другарки,не ми се јавуваа за излегување,иако секогаш ми викаа ќе ти се јавам,и 1 цела година немав мрднато од дома,немав со кој).
    -многу се нервирам некој кога ми враќа по 100 саата на фб.
    -Луѓето ми изгледаат попаметни кога ми пишуваат на кирилица на фб :^)
    -Манијачка сум,каде и да одам само некого манијачам :lol:
    -Истотака во проценката на луѓето ми делува и нивното однесување на фб,како ми пишуваат,дали со грешки или без,како коментираат на фотографии,какви песни споделуваат :tmi:
    -Во последно време ич не ги искажувам чувствата,ама затоа кога ќе ме фанат некои моменти кога сум сама,се утепувам од плачење.
    -Како помала мама кога ќе отидеше до продавница,цело време ѕиркав дали си иде,и ако не се вратеше подолго време ми беше страв да не и се случило нешто и плачев.
    -И сега,кога мама е нешто изнервирана и кога ќе испадне надвор,секогаш се сецнувам и станувам да видам каде оди,оти живееме одма до Вардар па да не..... ова ми е од порано,после една неубава случка.
    -Мразам Недела...секогаш кавгите се во недела,кога ќе седнеме на масата сите,ете тогаш започнуваат најголемите кавги,кои траат по неколку саати.
    -Имам многу домашни проблеми,ама многу успешно го кријам тоа.
    -Најголем страв имам од паранормални појави,еве сега ме фаќа страв додека пишувам.Ах да,и кога некој ми раскажува за такви појави,ми течат солзи :^)
    -Црвци и инсекти највеќе мразам,посебно црвци ух ми се повраќа,незнам како порано сум ги фаќала :puke:

    И ај јас многу си се расприкажав,можеби друг пат ќе си го продолжам списокот. :)
     
    На Champs.Elysees, LilBaby, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Претерано многу сум срамежлива и не зборувам многу со личности со кои само што сум се запознала. Можеби затоа немам многу другарки. Не им зборувам на луѓето за моите чувства и не откривам многу лични работи. Инат сум, кога знам дека сум во право за нешто најмногу се инаетам.
    Отприлика тоа.
     
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Сигурно има многу работи што не сте ги знаеле, но еве да ја издвојам најважната од нив според мене.
    Многу сум емотивна, и порано прелесно им верував на луѓето и тотално им се препуштав и после бум- наеднаш ќе ме изневерат и разочараат.. Откако ми се случи тоа со еден дечко, после него неможам едноставно да си ја повратам таа доверба што ја имав во луѓето. Секогаш се однесувам со резерва кон нови лица, со недоверба, често ставам некоја груба маска и се зафркавам со сите иако во тоа што го кажувам понекогаш има пола вистина ама едноставно не сакам да признаам за да не бидам повторно повредена и отфрлена. И колку и да изгледам диво и нескротливо, всушност во мене се крие едно мало и уплашено девојче што веќе не знае како да постапи за да се заштити. Но знам дека еден ден ќе морам да почнам да им верувам на одредени луѓе, за да можам да се опуштам во врска со некој.. еве како што сега ми се случува. Тоа што така дрско се однесувам на моменти со него, еден ден знам дека пак лошо ќе ми донесе но, не можам.. Се променив веќе, не сум истата од порано за жал.

    Ах, како можев да го заборавам и ова. После оваа работа, оваа ми е исто така една од покрупните. Така сум си малку садо мазо настроена :$ ,сакам диво во кревет, и за едно 2-3 години би сакала да пробам еден див секс ауфф, знаете како со нетрпение чекам. Додуше и сега со мојов пак ни е диво, и двајцата си сакаме да си лупаме шамари така во кревет :lol: ,мислам повеќе на шала тоа не озбилно секако ама не пали бре. И исто сакам кога тој доминира врз мене, ја има контролата иако си мењаме улоги, зависи кога како. 8) Си имам и доста фантазии на тоа поле, ама сепак ќе гледам да си ги задржам за себе. :lol:
     
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.111
    Мрзам да мијам садови.
    Плачам на "Teшкото".
    Кога спијам а сум многу уморна, хрчам ко нилски коњ.
    Стрвна сум за храна.
    Убаво цртам, ама никогаш не си го дефинирав тој талент.
    Се плашам од лифтови.
    Никогаш, ама никогаш не затворам врата од соба и стално ми се дерат дека сум во чамец родена.
    Јадам во кревет.
    Сакам да се омажам во воздушен балон.
    Имам трето око! :lol: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: Џст кидинг!

    Има многу работи што не ги знаете, ама што ќе ви е да ги дознаете де. Доста се овие.
     
  15. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Ми оди на живци непотребно притискање на спејс тастерот.
    Мизантроп сум во душа.
    Слабак сум, тежок и неподнослив.
    Немам математичка логика, ни најмалку...
    I'm a shitty, shitty artist.
     
  16. sunrise17

    sunrise17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    17
    Ајде и јас , се зачленив на форумов од причина што сакав да прашам совет и ве читам секогаш коа ке имам слободно време ..
    Матурантка сум ..
    Голем зависник од благо и турско кафе .... едниствено нешто што не би се отказала во животот е благото !
    живота желба - Да одам во Париз
    сакам правда
    сакам искреност
    мрзам лицемерство
    добар слушател и добар советник :)
     
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Невиден филоман сум, еден куп серии гледам и други филмови амаво темине ептен ретко коментирам.
    Во слободно време играм многу покер и пинг понг.
    Преголем емотивец сум, све при срце си сфаќам.
    Имам слоновска меморија, памтам све и сешто, и што треба и што не треба.
    Не поднесувам авторитети и неподнесувам некој да ми мудрува.
    Одговорноста ми е слаба страна.
    Читам книги ама и за нив ептен ретко коментирам.
    Ги сакам опшествените науки, иако имам афинитет и талент за природните и уметноста.
    Математика обожавам, во основно одев на натпревари и имам неколку награди.
    Од татко ми сум го наследила талентот за уметност па можам да кажам дека прилично добро цртам.
    Доколку не би студирала ова што студирам сигурноќе стидирав на Ликовна академија или ПМФ.
    Обожавам класична музика и опера.

    И тоа би било тоа. Можда има уште нешто ама и ова ви е доволно.
     
  18. LittleMonster8

    LittleMonster8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    7
    Еве нешто и од мене:
    -На Фемина сум помалце од месец, причината беше забава, мода и совети.
    -Passion for Fashion <3
    -Мразам искористувачи, не искрени, дволични...
    -Заразена со stardoll :o
    -Скопјанка
    -Најголема желба: Америка и само Америка; и да учам за мода.
    -И бтв имам 14 години. :tmi:
     
  19. Saani

    Saani Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    37
    - На Фемина сум зачленета од неодамна.
    - Мразам математика.
    - Сакам да патувам во Лондон и Париз.
    - Не сакам да станувам рано насабајле (ама морам :devil: )
    - Мразам да ја раскревам масата после јадење.
    - И да имам 13 години. :lol:
     
  20. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Молчалива сум, мноооогу, освен пред луѓе кои дообро ме познаваат (тогаш сум опуштена како да е тоа друга Бубби) + поради тоа остатокот мисли дека сум недружељубива = малку другарки
    Мразам девојки што носат многу шљокици, циркони, светки, монистри исповезани и уште еден куп тракатанци по нив.....добро не ги мразам ама ми го грдат впечатокот за нив како персони. И оние кои верглаат ко навиени 24саата.
    Многу ама мнооогу сум поврзана со родителите, ако сум 23год.
    Сакам да гледам филмови и да читам книги по цееели денови.
    Понекогаш сум огромна мрзла.
    Сакам да планинарам. Ми се исполнува душичката кога ќе се искачам на некој врв и да си отседнам и исунчам на тоа место.
    Не си го сакам носот зошто ми е голем и прав. Друго свее си сакам. Посебно бојата на очите со леќите кои ги носам и косата.
    Скромна сум.
    Не пратам мода и трендови, доволно ми е да сум средена. Елеганцијата според мене е мода....ако може да се каже вака
    Сакам да ја посетам Шкотска.
    Сакам да чувам животинчиња и да се грижам за градина = затоа и биологија студирам - апсолвент
    Многу ценам луѓе кои имаат природни таленти.
    Уживам во ретро-хитови, латино, народна музика и чалгии.

    Многу се расприкажав ко за молчалива, а? :$ :P