1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Н​​е​​ш​​т​​ата ​кои не сте ги знаеле за мене...

Дискусија во 'Слободно време' започната од Snow-Queen, 31 јануари 2012.

  1. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    -Гадно ми е да спијам во туѓа куќа или во хотел на чаршав. Незнам зошто толку ги мразам они обичните белите чаршави, ма и да не се такви не посто човек што ќе ме убеди да спијам на чаршав на друг кревет. Колку и да се по прљави оние дебелите кебиња не ми е гајле нема шанси да заспијам на чаршав.
    исто и чорапи морам да облечам ако не спијам дома. :lol: Стварно незнам зошто е тоа така ама ете...

    -Ги аналиирам луѓето до последен детал додека зборат нешто, и телото како го движат и гласот како го повишуваат буквално се анализирам и мислам дека се значи нешто. :?:

    -Кога и да погледнам некое машко мора да го погледнам какви раце и какви нокти има.

    -Многу сум дружељубива :)

    -Ужасно сум поврзана со татко ми. Предобро го познавам, кога збори со некој по телефон по гласот му познавам со кој збори. Има обичај да се смее кога е многу нервозен, и секогаш можам да му го разликувам тоа смеење од она правото, а ретко кој може. Ќе ми кажат не бе, баш беше расположен гледаш...Си го знам јас.

    -Многу се сожалувам со луѓето.

    -Верувам во филмска љубов и постојано копнеам по една таква.

    И така... :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Страшен зависник од кафе сум :coffee:

    Обожавам мартини :d:

    Кваките, штекерите, прекидачите и слично по дома ги дезинфицирам со 96% алкохол, секое утро ОБАВЕЗНО :!: . Иначе немам фобија од бактерии, туку просто навика.

    Подитно менувам постелнина доколку некој друг ми го допре чаршавот или стави нешто врз него.

    Перфекционист сум. Понекогаш и жалам за тоа.

    Се тепав со секој што ќе стигнев и не жалам за тоа. Сите машки(ретко тепав жени :lol: ) кои ми биле во клас(и основно и средно), барем еднаш си го добиле од мене :devil: :wasntme:
    Една девојка што беше 2 години постара од мене заврши во болница со пукната аркада, бидејќи ме нарече „к*рва“

    Чехов рекол: Медицината ми е жена, литературата љубовница. А јас велам медицината ми е сопруг, балетот едниот а литературата другиот љубовник ;] :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Нејќам многу да ширам познанства.
    Не верувам на луѓе
    Потајно посакувам да сум Мизантроп ! :!:
    сакам да читам, ама не све и свашта ...
    Сум спиритуална.
    Некад знам и муабет со замислени другарчиња да си прам ... Ги имам уште од мала другарчињава :lol: :rofl:

    Сакам све да ми е подредено под конец
    Мијам раце по 10пати на ден, зашто ми се гади од прашина и прљавштина и од се нешто што ке допрам
    Потајно посакувам црнец за маж и црни деца да имам ...
    нејќам да разврзувам муабети со непознати лица
    Снимам. Све и свашта што гледам околу мене, секој детаљ на соговорникот мој, и така донесувам заклучок.

    Сакам филмови, сакам општествени науки, ама многу сакам и физика. 5ка си имав од секад физика. Посебна ми е :lol: .

    Најубаво ми е кога сум сама.

    Анд детс ит ...
     
    На EleMental, MandyLane и CIA им се допаѓа ова.
  4. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Зависник од турско кафе,за цигари да не правам муабет сакам да шетам,да се шминкам дотерувам опседната со косата увек нешто ново некој експеримент,комуникативна сакам да се дружам и понекогаш голема мрза
     
  5. Lovely15

    Lovely15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    31
    - на форумов сум од 24.03.2012 :)
    - редовно посетувам фемина.мк
    - ја сакам одбојката
    - убаво пеам :$
    - знам англиски, српски :P и германски
    - сакам да одам во Лондон или Париз
    - обожавател сум на One Direction
    - мразам цигари
    - многу сакам благо :inlove:
    - многу сакам турско кафе :P
    - денот не може да не ми помине ако не го закачнам брат ми :devil:
    - мразам чекање
    - росоњерка сум
    - тапа сум математика |(
    - многу голем инат сум си :)
    - многу сакам да се шминкам, но несакам да носам штикли :^)
    - мразам романтики
    - многу сакам кучиња особено ХАСКИ
    - имам само една НАЈВЕРНА другарка :!:
    - многу сакам патувања
    - обожавам да возам ролерки


    Тоа за сега.
     
  6. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Хахаха,во претходните постови девојката со чепкалките за уши,ме изнасмеа. :D :D :rofl:

    За мене:
    -Многу сакам чистота а самата јас понекогаш не се придржувам до тоа.Кога е валканао,што јас да не довалкам? :^)
    -сакам да прочитам еден куп книги
    -да можам нешто да избришам од главата тоа би било фантазирањето
    -сакам да знам француски,немора многу барем А1 категорија
    -понекогаш си спијам со сестра ми :lol: :$
    -очајнички барам другарка,по можност најверна :wasntme:
    -сакам да сменам некои работи кај мене,ама ништо не правам за таа цел..
    -обожавам туна парчиња во масло
    -обожавам да готвам,поготово благо
    -сакам да имам одговор на повеќето од овие прашања : http://www.kafepauza.mk/zivot/50-prasha ... odat-umot/ :( :(

    ..........
     
  7. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    - Мочам со скрстени нозе, баш дамска поза, исто како да сум седната на кафе во некој ептен јак кафиќ и да сакам да импресионирам некого од соседната маса.
    - Си бацнувам улични кученца и после тоа го бацнувам дечко ми, а на прашањето дали го баци онака зачудено и исплашено, викам - Не бе што ти е, мрдната ли сум јас, куче улично да бацам? Што да правам, мислам имаат потреба од љубов и они.
    - Се чешлам само после бањање, после наредни два три дена не гледа чешел косава моја, а и нема потреба. Си стои на место, испеглана, натокмена, а изгледа како да и посветувам целосаатно внимание. Хух!
    - Обавезно пред искачање оставам нешто уклучено по дома. Дали пегла за коса, фигаро, небитно. Мора да се прегрее и секако мора едното те исто да го слушам од мајка ми секој ден. Заслужено мислам, ама шта чу. А, и полначот за телефон ми е нон стоп уклучен во штекер, јас само го приклучувам. :D
    - Мајстор сум за губење клучеви! До прва средно, мајке ми, може изгубив едно 10 клуча. Ги поздравував комшиите кога одеа на работа, кога се враќаа. Дремев пред врата на черга како избркана од дома. Некогаш земав и домашно пишував. Да, замислете колку ми било досадно! Клучарот знаеше на секое идење што како е, после петтиот клуч веќе почна да дава и попуст.
    Еве ја користам приликава и да му се заблагодарам - Фала шефе, ме спаси од банкрот! :bow:
    - Многу сакам да нервирам луѓе. Доброто е што, точно знам кај треба да удрам за да ги пецнам, па не трошам залудно зборови. Некогаш си мислам - Леле, злобо една, а уствари, они кога ме нервираат мене, да не ме жалат? Ма марш!
    - Страв ми е од тоа да бидам сама. Без пријатели, без роднини, дечко, сеедно. Сама. Дури и зборот како збор го мразам. Језив ми е!
    - Има периоди кога јадам како да имам дупнато црево и дома буквално не можат да ме најадат! Можам и куќни апарати да почнам да јадам јас мислам :lol: Ете на пример ќе почнам од решетките во фрижидерот! И онака некогаш кога е празен, само тоа ми е на мени :D
    - Секогаш каснам, ма секогаш! Последнава година, кога стасав на време? ERROR!
    - Тетратките се мојата најголема љубов. Внатре мора да биде шаренко, извезенко напишаното, а недај боже некој да ми шкртне нешто. Доживувам напади од гооолем размер богами и да, способна сум да пратам некој во болница. Уф, еве и дур пишувам се ежам!
    - Имам најлош можен глас што може да постои и по телефон звучам како дете од забавиште! Затоа и телефонот не ми е баш омилено средство за комуникација :lol:
    - Љубоморна сум исто, поприлично многу. Само не сакам да признаам, што значи и инает тежок исто. Во последно време го сфатив ова, жичките често ми се спојуваа :D

    И не можам да мислам веќе, ако напишам уште нешто гарант ќе ме познае некој.
    Чао! :D
     
    На EleMental, Sanniii и L-enna им се допаѓа ова.
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Сум пишала претходно,ама да надополнам уште нешто :) .

    -Многу сум мрзлива.Ама кога велам мрзлива мислам баш она мрзлива,ме мрзи да раздигнувам по дома ептен.
    - Важам за енциклопедија за глупости.Памтам имиња на актери,славни фацки,филмови многу лесно.И ги знам сите трачеви во врска со славните.
    - Кога бев средно,па и основно имав обичај да си носам само една тетратка на школо и се пишував во неа.
    - Можеби на некои им делувам како мирна личност ама уствари сум многу живчана,лесно се нервирам и многу плачам кога нешто не е како што треба.
    - Ракописот ми е ужасен,ретко некој да ми разбере што пишувам.
    - Имам малку чудна претстава за совршена љубов.Не сакам многу да е досадна и обична врска.Сакам да има одредена возбуда и страст.
    - На времето симпатија ми беше Луис Фиго :lol: .Уште од мала омилен клуб ми беше Реал Мадрид и тогаш ги сакав многу Роберто Карлос и бразилецот Роналдо како фудбалери.После извесен период не пратев воопшто фудбал па од пред две-три години почнав пак.
    - Сакам дожд многу.Повеќе ми се чудат за ова ама јас обожавам кога врне,се чувствувам многу добро.
    - Понекогаш знам да уживам самата со себе.Обожавам да сум сама дома и да си посветувам време себеси.
    - Порано имав обичај да каснам секаде,па и на училиште.Едноставно имав голем проблем со каснењето,ама сега не е веќе така.
    - За мене слушањето на музика претставува најубаво нешто на свет.Исто така сакам квалитетна музика.Најмногу слушам сентиш,рок балади,поп и такви полагани ствари.Знам да слушам и класична музика.
    - Експерт сум за јазици.Зборувам англиски,шпански и малку португалски.А голема желба имам да научам и италијански.
    - Што се однесува до заљубувањето сум поладен тип и не се лесно заљубувам.
    - Сакам да гледам филмови и омилен жанр ми е трилер.
    - Имам некоја романтичарска жичка во мене иако тоа го потиснувам и не сакам другите да го воочат тоа кај мене.Исто многу плачам кога гледам тажни филмови,ама само кога сум сама.
    - Голем патриот сум и многу си ја сакам земјата.Иако не тече мед и млеко не можам да се замислам да живеам на друго место колку и да е убаво.
    - Многу сум тврдоглава и голем инает.Ретко кој може да излезе на крај со мене,никогаш не признавам дека сум погрешила нешто.
    - Многу обожавам улични мачки а персиски и сијамски не ми се толку убави и мили,не знам од која причина :?: .Како мала и најдивите мачки од мало ги припотомував.
    - Шпанците ми се ужасно привлечни машки,го обожавам нивниот акцент и начинот на кој зборуваат.И се си мислам да одам во Шпанија да си фатам некој дечко :lol: .
    - Мислам дека поголем баксуз од мене нема.
    - Кога за прв пат ќе запознаам некои луѓе во почетокот сум многу молчалива ама кога еднаш ќе почнам да зборам не можам да престанам.

    Ај доста е :) .
     
  9. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    *Душа давам за Барса( тоа веќе го знаете)
    *сакам многу шпански серии, штета што сега се ретки од ова турскиве...
    *знам да зборувам супер англиски и шпански, сега го учам и италјанскиот...
    *сакам да заминам од овде на некој пуст остров или на крстарење со брод на долг временски период
    ( без разлика дали на одмор или да работам) ... ама за тоа ќе почекам..
    *навлечена сум на шпанци има преубави момции :inlove:
    *особено сакам да најдам некој да си се изназборувам шпански ама неможам да сретнам никој.. хаха или ако има кога ќе дојдат овде зборуваат англски...
    *многу сакам латино музика...
    * порано многу го сакав Еминем и стално го слушав, и сега одвреме на време...
    *играм симс :D
    * луда сум по Алексис Санчес и по младите лепотани на Барса,Арфелај и Кристијан Т. сакам бар еден од овие тројца да го запознамм ( леле како би ги замувала хахаха :D )
    * имам дечко долго време, не ни оди најсјано многу се караме а многу се сакаме.
    * многу сум штедлива кога сакам :!: хаха а знам често да направам висока сметка на телефон.
    * слаба страна ми се егзотичните места ...
    * би сакала некогаш да сум дел од сервајвер, чисто да знам колку би била успешна во борбите...
    * цел живот сум на диети, но од кога почнав да вежбам линијата ми е топ..
    * велосипед немам возено скоро година дена чак и више :D
    * читам книги, посебно љубовни
    * гледам секакви комедии на фокс лајф..
    * омилена серија ми е Сексот и Градот...
    * во последно имам многу инспирација за пишување
    * мразам математика..
    * ептен сум педантна мразам растурено...
    * имам смеѓа коса и многу си ја обожавамм... имам зелени очи и полни усни :inlove:
    * си се сметам за убава ама не сум нарцис :worried:hock:
    * обожавам штикли имам многу пара а ретко ги носам ...
    * брзо се лутам ама одма ми минува лутината ... а инаетџија сум големаа!
    * како помала сум била бубаче а кога сум почнала основно сум се тепала со секој што ќе ми згрешел :D
    * мразам лицемерни луѓе и брзо препознавам кој каков е, понекогаш многу избрзувам и во лице се кажувам мразам трачарење...
    * јас сум безнадежна романтичарска душа што верува во вечна љубов...
    * плачам на тажни и среќни краеви, сум липала на Титаник 9487476838 пати,
    * многу го сакам Влатче Лозаноски..
    * душа давам за секоја македонска репрезентација, за било каков натпревар, срцето и гласот си го оставам кога навивам, и тешко го поднесувам секој пораз( секогаш плачам )
    * боксувам ... најчесто за да си го исфрлам бесот, си купив цела опрема дома и во слободна соба си напраив теретана хаха :geek: си распуштам музика и фурам хаха..
    * обожавам да танцувам, недај господ некој да ме гледа хахаха ...
    * и сон ми е да одам во Барселона, па и на Камп Ноу и да следам натпревар Барса-Реал во живо и реал да изгуби... ќе си го остварам ова си ветив ;)
     
  10. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    - Морничава сум, многу. Пишувам готска поезија, размислувам за работи кои можат да се случат и сето тоа се лоши мисли кои ми ги окупираат мозочните виуги.
    - Мазохист. Озбилно. Сакам да ми нанесат болка(не физички), да бидам разочарана и тажна зашто ми ја погодуваат ерогената зона која ме поттикнува да пишувам и тогаш го вадам најдоброто од себе, а го чувствувам најлошото.
    - Тренирав шест години кошарка, под притисок на моите. Имам добиено и медалја која ми фаќа прашина. Не се каам што тренирав, склопив многу пријателства и беше позитивна рекреација.
    - Периодично менувам вкус на музика. Значи секоја година си го преслушувам цд-то што го снимам за на одмор во кола, и следната година кога го преслушувам се чудам на вкусот кој сум го имала. Почнувајќи од комерцијала, днб и дапстеп, рок, па се до готик метал and so on..
    - А иначе како што менувам периодично вкус за музика, така менувам и пријателства. По седумгодишното пријателство кои ми се растури пред три години(поради мене), не сум задржала пријателство поише од шест месеци. Со сите тие сум во контакт, но не е константен. Взаемно си се тешиме, си искажуваме проблеми, емоции.. ама не е тоа-тоа. И не пребирам со кого се дружам, значи се имам дружено од бубалици па се до наркомани и некоја златна средина.
    - Мразам градинци, пмс и млеко. У ист кош можам да набројувам до бескрај и какви (не)луѓе мразам.
    - Атеист сум, иако заради налагање од моите сум крстена.. А да, и не го наметнувам никому моето мислење, ниту пак сум постанала заради мода. Општо не се ни декларирам у јавно и се мавам у гради дека еј јас сум поразлична, туку едноставно си имам изградено став и мислење и си стојам на тоа. Се потпирам на науката, а не верувам у неа(ниту у нешто друго).
    - Иако немам којзнае какви услови за чување на домашни мисленичиња затоа што сум во стан, сепак преживуваат мачките кај мене. Ги љубам многу, како човек се третирани.

    Мислам дека тоа би било у целост. Со другите наведени особини да не се повторувам..
     
    На Tenkai му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Неможам,ама страшноо неможам да поднесам кога нешто ме стега.Кога ме стега прслукот одма ми се лоши ми се повраќа...летно време кога ќе испаднам чаршија,ако почне да ми се лоши си го откопчуам прслукот и за 5 минути супер сум :lol:
    и сите мои другарки ги имам обавестено дека ако некогаш се онесвестам,само нека ми го откопчат прслукот,одма ќе ми помине :rofl:
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Сакам да си играм со лековити билки. А како мала си играв и со отровни. Опседната сум со нив и кога и да ми се јави некое мини проблемче (или на некој од фамилијата) трчам по книгата и барам лек. Ќе седнам на подот и во моето аванче ќе правам магија. Плус и не сум многу по апчињата зашто на пола сум алергична, а на другата половина или сум резистентна или пак лошо влијаат на мојот нервен систем.

    Можам да се исклучам додека се ѕверам во мравијалник и во мравите кои маршираат. Хармонија!

    Не сакам да спијам сама! Тоа е нешто најнеферски во мојот живот. Пошо секогаш ми е ладно и обавезно сакам да има некој до мене, да го гушкам како мече.

    Многу сум по јадењето и често во моите фантазии лапам пастрамајлија. Порано не ми се познаваше, ама пошо сега се почна да ми се враќа во бутовите, намалив. Дечко ми мора да биде голем гурман иначе не го бива за ништо, нема страст за живот и е досадна особа. Мое размислување шо не сакам да го променам.

    Како мала верував дека ќе станам пејачка, а иначе многу лош глас имам, плус не ја изговарам добро р. Самодовербата значително ми се зголеми кога ме одбраа да пејам во хорот на Распеани срца. Тато мислеше дека тоа е некоја грешка и ме викаше распеано гавранче. Пораснав и на време се освестив. Ама тоа не ми пречи да си пеам дома и заедно со сестра ми смислуваме кореографија.

    Ако не добијам нешто во моментот, тоа нешто почнува да ми станува одвратно.

    Исклучок на ова е мојот бивши. Човекот од кого имам изедено неверојатен број на корпи. Се чувствував ко сељак, ама барем знаев дека човекот умира за мене. Поради големата разлика во години ( а и пошо се запознавме кога имав 16), не сакаше да направи ништо непромислено и ме оставаше на муабет за Ацтеките и сл. Се служев со многу провокации, некои од нив крајно безобразни. Кога ќе ме одбиеше плакав и го вреѓав. На крај една песна од Лени Кравитс заврши работа. ;)
     
    На Lolipop23, Strumfeta93, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  13. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.509
    Допаѓања:
    8.331
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да читам книги
    сакам да имам домашна библиотека ...да работам во библиотека(секој ден по една книга ке читам)
    ако не тоа тогаш би била детектив...се интересирам многу за сериските убијци...сакам да напишам крими роман ама не ме бива :D да можам би се преселила во Русија ама не во Москва туку во Санкт Петербург би живеела...a да и ме интересира многу историјата на Романови
     
  14. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Како јас да сум го пишувала ова,во секој збор се пронаоѓам :D
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Хмм .. еве на што прво ми текна:
    ~ Бидејќи имаме 2 далинска (едно од телевизорот, другото од МаксТВ), секогаш кога не менувам програми ги оставам да стојат едно над друго. Тоа од МаксТВ здола, бидејќи е подолго, а над него тоа од телевизорот, со страните со копчиња свртени еден кон друг. Не знам ни самата зошто го правам тоа. Мама пак ми се смее „Не знаев кој гледал телевизија вечерта ко легнав во дневна во 2, ама ко ги опулив далинската скопчав дека си ти.“ :rofl:
    ~ По влегувањето во WC, секогаш прво мијам раце. Демек нема да си ги извалкам после, ама ајде де, навика е. |(
    ~ Кога седнувам на шоља обавезно ги ставам рацете под бутовите. Едно утро, како што бев поспана целата, седнав на шоља и скокнав од што ми беше толку ладно. Ух, и сега морници ме лазат!
    ~ Неостварена желба ми е да станам балерина. Која грациозност ја имаат во движењата, Боже ..
    ~ Учам пред огледало и читам на глас, секогаш. Тоа воедно ми доаѓа како вежба и за говоров, ама и полесно ми е така. Ако легнам в кревет, за 5 минути аш, ме нема!
    ~ Мразам топлина! Подобро да е камен ладно надвор, минус незнам-колку, ама жештината не можам да ја поднесам. Што ќе правам летово вака немам појма.
    ~ Мијам садови со ладна вода, секогаш. Мама само ми се дерит, ама посилно е од мене.
    ~ Не ми смета неред, но да е во границите на нормалата.

    Сега за сега - ова.
    Ко ќе ми текне уште нешто, ќе се навратам на темава. :wasntme:
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    ~ знам да плетам :angel:
    ~ сакам ладно време, не можам да поднесам жештина.
    ~ секогаш кога учам, учам на глас бидејќи ако си читам во ум лесно може паметот да ми избега :D
    ~ свирам на флејта.
    ~ полиглот сум. :)
    ~ многу сакам кафе, ама не смеам да пијам. :(
    ~ ја имам скршено скоро секоја трета коска на моево тело. :wasntme:
    ~ зборувам многу многу брзо.
    ~ животна желба ми е да студирам во странство( Русија де :$ )
    ~ сакам да се омажам за плав дечко,со плави очи по можност од друга земја :P

    има уште многу,многу други но сега ич не ми текнува! :)
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    -Ако не го започнам денот со дупло турско кафе се ќе ми тргне наопаку,
    -Мразам кога наутро немам цигари,па треба да одам да си купам па потоа да си го пијам кафенцето
    -Последниве неколку месеци имам голема желба за готвење (сите се чудат што ми станало)
     
  18. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    -Како мала кога имав околу 6-7 годинки накај 1-2 одд. ги собирав сите сите буквално сите другарки кај мене дома и им давав претходно подготвени песнички за да ги научат на памет.(Ги препишував од некоја книга)И тие ако речат несакам да ја учам-јас мораш и точка.И така сите ќе ги научеа песничките и јас `најпаметната` ајде кажи ми ја ти Петко сега.И ако нешто не е точно му викам еее што личи ова незнаеш една песничка да научиш.И кога сите до еден ќе ги спремам за настап им викав ти ќе стоиш тука и позади на пример Мартина и позади овој и така сите ќе ги наместам ~ :lol: Ќе ги викнев сите соседи и ајде претстава ќе правиме пред нив.И така соседите ќе си седнат на своите места а јас ќе ги соберам сите другарки и ќе им речам-Јас толку сум се мачела да најдам песни а вие гледајте да не ме усрамите и се точно да кажете. :rofl: Ајде сега на престава.И јас ќе кажев некоја песничка и после тие.И така сите соседи цепки се правеа,се смееа како луди.Ама остајте тоа мене не ми беше срам.Па уште на крајот ќе им речев ајде ве молам аплауз.
    (Целиот тој проект сама го правев)
    И сега кога ме гледаат созреана,порастана се шалат на моја сметка ~
    За тие луди и незаборавни денови од моето детство. :)
     
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    На форумот се зачленив пред 5-6 дена, имав пред 2-3 год и друг акаунт ама не памтам пасворд
    Животна желба ми е да научам да свирам на виолина
    Сакам да се спуштам со падобран ( го доживувам тоа како многу пријатно искуство )
    Сакам вечера на место каде што е тивко и каде што можам да си разговарам цела вечер
    Многу сакам да се дотерувам ( не претерано ) и секој ден правам милион различни комбинации во кое и стреетстајл сакам да изгледам убаво
    Без косата да ми е средена не излегувам ни до продавница :))
    Пушам цигари, алкохол пијам поретко, дрога не сум пробала нема ни да пробам

    Па тоа ми текна во моментот што можам да пишам, има и други работи али ке пишам понатаму
     
  20. split96

    split96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    -мразам да готвам солено
    -мразам кромид,лук и праз
    -возам ролерки
    -не сум целосно македонка
    -имам здравствен проблем(со кој се борам 3 год.и никако да помине)
    -знам англиски и руски(а сакам да научам иврит)
    -имам кафени очи за кои сите ми велат дека ми се преубави
    -учам медицина а сите ми велат дека сум ја утнала струката
    -многу често се карам со моите дома
    -мразам да сум сама(било во автобус,,шетање или слично)
    -обожавам да читам книги и многу брзо ги читам(рекорд ми било книга од 700 стр.за 2 дена)
    -мојата најдобра другарка не е христијанка(муслиманка е,ама многу добро се сложуваме)
    -имам долго име
    -имам куче
    -имам сестра
    -до пред некое време воопшто не јадев чипс,а сега неможам без него
    -многу ретко користам смајлиња
    -свиѓам еден дечко исто од медицина