Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Н​​е​​ш​​т​​ата ​кои не сте ги знаеле за мене...

Дискусија во 'Слободно време' започната од Snow-Queen, 31 јануари 2012.

  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045

    нека тие среќен :)
     
    На someone2 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Дека сум собирач на порцелански кукли. :lol:
     
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.448
    Допаѓања:
    17.119
    - Немам лап топ
    - Немам апарат/камера
    - Немам ајфон
    - Немаме клима уште
    - Немаме кола уште
     
    На Sara123 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.383
    Допаѓања:
    13.374
    Пол:
    Женски
    Леле само да знаете колку сум гласна во живо... :x хахахахахаха
     
  5. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    - Знам да пеам многу убаво, само не сум оној тип што се фали со тоа, пример да почнеш низ ходници да пискаш за да се пофалиш дека знаеш да пееш |(

    - Немам саглам фотоапарат, а сакам да правам што поблиску до професионални слики ;(

    - Имам гелендарче, а тајна желба ми е да си ја направам собата да ми личи на бутик, но неможе тоа, ја делам со брат ми :doh:

    - Неам појма од фудбал, а омилен тим ми е Барселона, а моментално сум за Шпанија ]:)

    - Сакам од време на време да играм дрес ап игри на компјутер. Кое бебе сум :wasntme:

    - Знам да цртам, вие Феминките тоа не го знаете, ама моите пријатели да :)

    - Можеби некои знаат, ама уште не сум го имала мојот фрст кис , ама не се преокупирам многу со тоа 8)
    - МРАЗАМ српски турбофолк... и цигари!

    - Вчера почнав да одам на пливање, и прв ден - се избламирав!

    - Кога бев помала се што ќе фатев од рака ми паѓаше, најчесто чаши :P

    - Јас сум доста срамежливо девојче, но знам да комуницирам со другите :!:

    - Многу ме нервира кога другарка ми мисли дека јас не сакам да си најдам нови другарчиња, дека само седам во ќош и ќутам |(
     
    На sun.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  6. someone2

    someone2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    58
    Леле Елена кога го прочитав ова ко јас да сум го пишела, само што јас незнам да пеам а се дерам низ ходници :lol:
    И ја делам собата со сестра ми, и вчера не отидов на пливање :lol:
     
    На Elena-97 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    - Имам фобија од кловнови
    - Имам добар инстинкт кога станува збор за фотографирање
    - Спонтана сум и превземам ризици
    - Учењето јазици ми е дарба
    - Ретко бакнувам
    - Слушам, не верувам
    - Кога сум под стрес сакам да се истрчам
    - Голем гурман сум но за среќа со добар метаболизам..
    - Зависник сум од вежбање
    - Се заљубувам тешко
     
  8. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да напоменам немаме клима :D
    Немам среќа во љубовта
    Дебелка :!: но не и среќна
    Голем гурман :D
    Обожавам да седам и ништо да не правам едноставно да гледам филм,да се сунчам,или да читам книга
    До пред некој месец сите мислеа дека ке се запишувам на фак математика , а јас опуштена велам не ке сменам на германски ке одам :angel: :rofl:
     
  9. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Еве нешто за мене
    -Се плашам од височина
    -Обожавам да купувам било штоо , важно е да се купува
    -Избувлива сум (нервозна)
    -Романтична сум (сакам изненадувања)
    -За прв пат во животот сум заљубена :inlove: :D
    -Мрза сум (не баш ми се работи) :D
    -Мана(премногу добра и наивна) :(

    Па мислам тоа е тоа :D
     
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Еве и некои работи кои не сте ги знаеле за мене:

    -Студирам Фармација, сега сум за 4та година
    -Имам возачка три години, ама направив (мала) сообраќајка еден ден откако положив и од тогаш не возам, колата ми ја вози брат ми, таксист му е хоби. :rofl:
    -Кога веќе го спомнав, имам помал ( во години, но не и физички :D ) брат, многу мила душа која се труди да е строга, машко его де
    -Пушач сум, пушам веќе многу години, не битно, лош пример за членките -16 ќе сум ако кажам :rofl:
    -Обожавам убаво парче облека на мене, средена коса и дискретна шминка (со многу маскара и трепки до веѓи)
    -Имам дечко, со кој одам скоро три години, гледате по потписот :lol: и кој е спротивност од тоа како го имав замислено јас мојот принц, сакав црномурест принц, ама добив плав дечко, кој е професионален спортист и висок 195cm (поради тоа најмногу ми се засвиѓа!), мил е и добар, малце тврдоглав, ама од мене не е повеќе! :!:
    -Зависна сум од моите дома, особено од мајка ми со која ако не сме заедно се слушаме на секој сат, некогаш и на секој пола саат
    -Сакам еден ден да имам своја аптека, за која имам се’ смислено, од име, до ентериер, се’ се’.
    -Зависна сум од интернет, ама немам ФБ веќе година и неколку месеци и фино ми е баш вака.
    -Имам ретко име, кое не е македонско и порано не го сакав, ама сега ми е топ :rofl:
    -Несакам да се карам и да се расправам со било кој, па дури и некој непознат
    -Кога сум нервозна, подалеку од мене, убивам! :devil: :rofl:
    -Многу сум ситничарка, на се’ пазам и внимавам и очекувам исто толку внимание и од другите
    -Префекционист и педантерија жива, сакам мирис на Ленор..мх мх! :rofl:

    Толку за сега, ако ми текне уште нешто ќе пишам.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Ко истото ова јас да го пишевв :o
     
    На PinkGir123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    На форумов се зачленив поради пустата матура, ама ми стана интересно, па планирам уште долго да бидам активна. :)

    - Професија од соништата - актерка.
    - Сакам да го посетам гратчето Bandon во Oregon, USA.
    - Читам многу книги.
    - Ian Somerhalder и James Blunt ми се ужасно секси. :devil:
    - Мразам комарци.
    - Единствена турска серија која ја имам загледано е „Кога лисјата паѓаат“.
    - Се плашам од темница.
    - Имам врска на далечина. :inlove:
    - Обожавам долги фустани.
    - Сакам непредвидливост.
    - Никогаш не сум пробала цигара.
    - Имам блог на tumblr.com
    - Ќе бидам во интернационален краток филм, кој сеуште е во фаза на пред-продукција.
    - Би го прошетала цел свет, па ако треба и сама доколку ми се укаже прилика.
    - Во слободно време филозофирам. :lol:
    - Зборувам многу и брзо.
    - Лидер сум во душа.
    - Перфекционист.
    - И имам погледнато во очи на смртта.
    - Не знам да пеам. :worried:
    - Како мала одев на гимнастика. :D
    - Омилено годишно време ми е пролет.
    - Омилен бенд ми е Skid Row.
    - Обожавам кога сум во право. (А, јас секогаш сум во право :lol: )
    - Ме импресионираат единствено луѓе со висок IQ
    - Некој ден ќе отворам фондација за згрижување на бездомни животни и ќе се борам за нивните права.
    - Премногу сум чувствителна.

    И доста беше. :tmi:
     
  13. demilovato4ever

    demilovato4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    220
    -Чуствителна сум многу
    -Имам брат кој највеќе го сакам :) :inlove:
    -Омилена пејачка / актерка Деми Ловато
    -Омилена група ONE DIRECTION
    -Имам симпатија кој го сакам премногу :lol: :inlove:
    -Сакам на море/езеро во моментов да му ја летнам :rofl:
    - Лоша сум во пеењето
    -Сакам да одам во ПАРИЗ
    -Обожавам штикли
    -Срамежлива сум( поради ова најмногу си се неќам себе си :/ )
    -Се имам исфарбано кафеава и русокоса
    -Татко ми ме вика *СИНЕ* за разлика од некои татини принцези .. хаха :lol:
    И толку , не ми текнува друго сега :)
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Готвам подобро од мама. :wasntme:
    За тато не би се осмелила да кажам, иако од него ми е талентот за готвење. Сите мажи од на тато страната имаат одлични готварски способности.
     
  15. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    незнам да готвам
     
  16. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    10 н​​е​​ш​​т​​а ​кои не сте ги знаеле за мене...
    (многу веројатно и не би ги дознале ако не си ги кажам сама)

    - Прв пат сум активен член на форум.
    - Имам одлична меморија.
    - Губам интерес многу брзо за многу работи.
    - Тешко некој/нешто ми влезе во срце, и исто така излегува од таму. Туѓо не сакам, свое не давам.
    - Слабост ми се стари и добри луѓе и беспомошни животинчиња.
    - Во добро расположение зборам многу, во лошо воопшто. Трето нема.
    - Имам убав ракопис.
    - Имам фобија од висина најмногу, инсекти и затворен простор.
    - За секој проблем имам решение.
    - Не паничам никогаш.
     
    На CoverGirl10, Chocolate.me и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Па не сте знаеле дека:
    1.Секогаш, ама баш секогаш сум искрена и кога некој ме нервира можам во лице се да му кажам што мислам за него/неа и притоа да не ми биде жал или да се каам за тоа
    2.Обожавам странска музика, може и македонска но никако не можам да ги смислам српските и бугарските песни, па ако треба нека се поубави и од англиските, јас тоа неможам да го слушаам.
    3.Го обожавам ЕМИНЕМ,леле да дојде тој у Скопје на концерт се ќе направам, ама баш се ( во нормала де).
    4.ИНАт сум и тоа гооолем! ДА не ви падне на памет со мене да се расправате или убедувате.
    5.Имам сестра две години помала и многу си ја сакам, иако таа не го мисли истото за мене и постојано ме нервира.
    6.Уживам да цртам, бојам....Ја обожавам уметноста и сумм добар уметник ( на мама) xD
    7.Порано бев срамежлива, но сега сум горда на себе што таа лоша особина ја оттргнав..
    8.Преемногу сум чувствителна...Да седнам да гледам некој романтичен или тажен филм, у втора секунда од филмот јас веќе плачам :(
    9.Паметна сум, итра и знам да манипулирам :D
    10.Ги сакам животните
    и за крајј
    11.Обожавам ШОПИНГГ! Кога сум тажна, лесно можам да се развеселам со него..:D
     
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Еве и за мене :

    -Сакам да живеам во Лос Анџелес
    -Имам голема,т.е-огромна смисла за хумор и се ми е смешно :D
    -Сакам да цртам нокти и да шминкам
    -Свирам гитара
    -Сакам да дизајнирам и да правам комбинации од облека
    -Не јадам сирење :D
    -Спанка сум
    -Дебелка сум(малку повеќе од што треба) :D
    -Го обожавам Axl Rose :inlove:
     
  19. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    1. Пред година ипол ќе ме згазеше камион во центарот на Скопје, кога истрчав да кренам улично куче.
    2. Обожавам да пливам и го сакам чувството кога знам дека под мене има десетици метри длабочина.
    3. Многу сакам да им помагам на луѓето, а тешко ми е да побарам макај најбанална услуга.
    4. Ужасно мразам кога некој сака да ме чести нешто.
    5. Уживам во вербални дуели, и единствено избегнувам дуели со мајка ми.
    6. Омилени бои ми се темно сина, црна и сива.
    7. Имам темно кафеави очи и секогаш кога има коментари за бојата во друштво, велам аs common as dirt.
    8. Обожавам зелени очи кај девојка.
    9. Ме импресионираат успешни деловни луѓе со богат речник и самодоверба.
    10. Една од најдрагите личности во мојот живот беше дијаг. со рак на дојката и периодов врескам од тоа проклето чувство на беспомошност.
    11. Многу ми е тешко да признаам чувства и да се извинувам.
    12. Многу голем ќејф имам за возење кола.
    13. Во разговори/чат немам интро и она small talk додека да се упознаеме. Секогаш директно.
    14. Не сакам гужви.
    15. Никогаш не сум бил задоволен со изгледот на сопственото тело. Гледам само недостатоци.
    16. Не знам да уживам во убавите моменти. Дури и додека траат, мислите ми се во нивниот крај.
    17. ОД странските јазици го зборувам само Англискиот. Ми се допаѓа и Италијанскиот.
    18. Никогаш не сум запалил цигара, и никогаш не се навлеков на кафе. Будењето наутро ми е војничко. Никакви процедури и влечкања.
    19. Имам манија за симнување материјали од интернет. 269 гига за 12 дена, претходниот месец. Филмови, документарци, музика, играни серии, реалити серијалчиња во стилот на The Apprentice итн итн...
    20. Не сакам да се запознавам многу со луѓе.
    21. Тука се зачленив од иритација предизвикана од една тема, но останав бидејќи ми беше дадено на знаење дека тоа што го правам помага на луѓето, преку лп и поздрави. Ми се допаѓа и можноста за легитимни критики и вреѓања.
    22. Многу силна меморија имам за филмски лица и гласови. Веднаш препознавам луѓе, комплетни анонимци ако сум гледал филм со нив уште како мал. Од друга страна, да мора веднаш да одговорам, не сум сигурен кој ден во месецот е роден татко ми. Знам само месец и година.
    23. Немам ни основно познавање на македонската историја, а и македонската географија ми е полна со дупки. Пример, каде е бре Македонски Брод?
    24. Ми го опишале бр.23 како сериозен интелектуален недостаток.
    25. Како помал, посакував да го гушнам Рајан Гигс.
    26. Поважно ми е девојката да е паметна и да си одговараме во разговор, отколку да е по денешните медиумски критериуми за убавина и топ моделство.
    27. Сакам да експериментирам во сексот.
    28. Многу ми е тешко да глумам и да правам лице. Многу ми е тешко и да трпам такви луѓе околу мене.
    29. Атеист сум и ме нервираат луѓе кои прифаќаат работи без никаков коментар и докази. Дополнително, во отворени дискусии, се исмевам со таквите.
    30. Слаб сум на женски солзи. Никогаш не сум можел едноставно да си заминам и да останам ладнокрвен, ако веќе сум ги видел.
    31. Како мал, идол ми беше Брус Ли. Тогаш ги замислував компјутерите како направи кои имаат одговор на секое прашање. Сонував како ми купиле таква машина и првото прашање што сум го напишал било Дали е Брус Ли жив? И секако, одговорот секогаш бил Да, жив е.
    32. Летото ми е празно ако не се исончам убаво.
    33. Омилени животни ми се кучињата, делфините и коњите. Сакам суштества со карактер.
    34. Имам вишок топлина и никогаш немам проблеми во зима. Секогаш ги топлам луѓето околу мене.
    35. Девојките кои ми значат многу, сакам да ги кревам кога ги гушкам.
    36. Чувството за мирис и слух ми се натпросечно чувствителни. Може да ме разбуди кивање или чад од цигари преку неколку затворени врати.
    37. Како помал, симпатија ми беше Сандра Булок. Во 6-то одделение бев заљубен во девојка што ми личеше на неа.
    38. Желба ми е да си купам добар дигитален апарат и да ги направам првите чекори во светот на аматерската фотографија.
    39. Возењето ролерки ми е многу кул како активност, а јас не можам ни да стојам на нив.
    40. Мразам мајонез, сенф, оцет и кисели краставици.
    41. Имам листа на нешта кои мора да ги доживеам пред да стапам во брак.
    42. Многу многу ретко грешам кога предвидувам случки или постапки на луѓето.
    43. Не сакам да дремам пред телевизор. Сакам сам да одлучувам кои информации ми се појавуваат пред очи.
    44. Секогаш сум на време и мразам кога ми доцнат.
    45. Студирав бизнис, но сеуште ми е тешко да сватам кој е толку зборуваниот бенефит од Твитер.
    46. Многу го сакам Битолскиот дијалект.
    47. Сум повредил многу луѓе со мојата избувливост и инает. За голем дел од нив зажалив.
    48. One night stands ми се привлечни пред да се случат. После тоа, секогаш сум имал was that it? поглед. Не сум јас за тоа...
    49. Имам психопатска омраза кон болници откако ми извршија минимален хирушки зафат со едвај половична анестезија.
    50. Човек за доверување на многу луѓе. Знам да чувам тајни.
     
    На Thallia, Yipman2, BlackSwan5 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Ќе спомнам работи кои моментално ми текнуваат :)

    1. Кивам (многу) гласно. Еднаш цел анфитеатар на факс ми рече наздравје.
    2. Спанка сум. Не дека го преспав цел живот, ама си сакам спиење.
    3. Водам дневник од 6то одделение.
    4. Само еднаш во животов се имам онесвестено.
    5. Не јадам пиперки (ама ајвар да)
    6. Се плашам од длабочини. Нуркам, ама 300 мисли ми поминуваат низ глава.
    7. На челото немам брчки и кога ќе ги подигнам веѓите.
    8. Порано ја мразев портокаловата боја, а сега некако смекнав.. :lol:
    9. Само еднаш имам дадено крв на хуманитарна акција.
    10. Родена сум во Австралија и на 2 и пол година сум донесена тука. Уште верувам во добрата одлука на моите што сме се вратиле тука.
    11. Студирам англиски јазик и книжевност, наставна насока. Од 8мо одд. знаев што сакам да бидам и еве ме на тој пат.
    12. Порано воопшто не сакав научна фантастика, а сега така фино сум навлечена на нив...
    13. Ретко сонувам, а ако сум сонувала нешто не го толкувам или прераскажувам.
    14. Аматерски си фотографирам. За лично задоволство.
    15. Не сакам да ширам познанства.
    16. Вера, Надеж и Љубов. Тоа е основата.
    17. Критички сум настроена, но се‘ почесто за себе си ги задржувам коментарите. Не сум јас таа што треба да им судам на некои. Секој со свој живот и филм.
    18. Не водам инает и не сум тврдоглава.
    19. Не ги сакам телефоните на touch. Дугме си е дугме!
    20. Не пушам цигари. Пијам алкохол во умерени количини (2-3 чаши макс.)

    .
    .
    .
     
    На Lux, Lepaaa, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.