Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Н​​е​​ш​​т​​ата ​кои не сте ги знаеле за мене...

Дискусија во 'Слободно време' започната од Snow-Queen, 31 јануари 2012.

  1. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    1. Имам бенка над уста, од десната страна и доле, на брадутка, исто од десната страна.
    2. Имам виткана коса. И зелени очи. И крив нос.
    3. Имам стрии. Кога бев осмо нагло пораснав во газето и од тогаш ми останаа. Тоа ми е генетски, и мајка ми има широки колкови, но од нив не успеав да се ослободам.
    4. Имам проблематични пети. Тука проработел генот на татко ми. Ако не им правам третман секој ден со турпии и топли води и такви глупости, веднаш ми стануваат груби. Тоа си го мразам. Затоа што, некако сите околу мене како да имаат совршени пети и како пет пари да не даваат како им изгледаат.
    5. Имам широки рамена и грб како шкаф, а немам цицки. Катастрофа комбинација. Ако сакам на некој клетва да му фрлам, ете оваа е добитната комбинација.
    6. Го обожавам оној дел од денот, приквечер, накај 7 часот, кога не е ниту многу темно, ниту светло, туку е совршено. Очите на луѓето ми се многу поубави во тој период. Мислам дека тогаш сум најсреќна.
    7. Пушам цигари. Можеби и можам да ги откажам, имам пробано, но моментално не ми е во план.
    8. Обожавам долги прошетки. Нема ништо како долга прошетка со некоја многу добра пријателка.
    9. Обожавам денгубење со некој многу близок.
    10. Имам сестра.
    11. Порано многу пишував. И многу читав. Обожавам проза, поезија... Мислам дека сум родена да бидам уметник, но реалниот живот ме поеба.
    12. Одсекогаш ми било сон да станам танчарка. Професионална. Како онаа од Flashdance, како се викаше типката не ми текнува... Уште танцувам во соба, танцувам кога одам, танцувам по дискотеки, мислам дека сум била танчарка во претходниот живот.
    13. Првото кафе преферирам да го пијам сама.
    14. Бев права машкуданка до осмо одделение.

    Друго стварно не ми текнува, мислам дека се имам кажано на форумот ...
     
    На Neytiri, EleMental и pamelche им се допаѓа ова.
  2. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    1. На 11 годишна возраст изгубив Германски овчар. Беше многу паметна, но не знаеше да се чува од коли. Од тогаш се чувствувам како да барем дел од неа во секое ново кутре.
    2. Си замислувам дека сум строг со моите критериуми, но премногу често паѓам на девојки кои не исполнуваат скоро ниту еден од нив.
    3. Уште кога излезе го гледав The Green Mile, и од тогаш една од најголемите желби ми е да ја имам способноста на црнецот. Филмоманите знаат.
    4. Форумов не може да прикаже што има ЕлеМентал да му каже на човекот позади јузерот. Сочни пцовки doesn't even begin to describe. Никогаш не го следам сопствениот совет.
    5. Во последно време ми се појави психопатска омраза кон секој грам сало на мене. Се изложувам на сонце со саатови, трчам по скали и пливам. Јадењето е скратено, и се почесто ми се врти во глава. Сакам стегнато тело. Во позадина, всушност сакам да знам дека сум си поставил цел и сум ја остварил. Барем еднаш во животот.
    6. Секој што ми кажува нешто за мое добро, го ставам на игнор.
    7. Тврдоглав и алергичен на обиди да ме формираат по туѓ вкус.
    8. Имам мала бемка под левото око. Под кожа е, но како помал се плашев да не биде поголема. Ме тешеа дека и Е. Иглесиас имал таква.
    9. Ми имаат кажано дека личам на млад Кевин Костнер. Right...
    10. Најпосакувана летна работа ми е спасувач на плажа на море.
    11. Омилен алкохол ми е вотка, која често колку за некаков шмек, ја мешам со сок од црвен портокал.
    12. Многу многу ретко сум пијан, но секое пијанство било проследено со инциденти. Паѓање во провалии, обиди за стриптиз, уништување телефони...Грдо пијанство имам. Или супер друштво?
    13. Тен линии кај девојка ми е неверојатно секси.
    14. Порано си имав некаква идеја (гледано по постовите и размислувањето) која феминка би ми била идеална за соговорник, со која би можел да се обидам во врска, која би сакал да ја спуштам на земја во разговор во живо итн итн. Имав дури и која е најверојатно ѕвер во кревет, јес јес.
    Веќе не се замарам со такви работи.
    15. Првиот клуб за кој навивав беше Лидс Јунајтед. Во почетните години на пратење фудбал и навивање, кога играа со Јунајтед, бев неутрален.
    16. Имам теорија дека машките кои носат шорц на плажа всушност се плашат да не им се надрви пред сите. Плус, не си го свиѓаат телото, па се кријат. И јас носам шорц, ама теоријава не важи за мене :D
    17. Сеуште ми е забавно кога ке ми се појави малото прозорче за примена лп. Моментот ми е ууу пораче за мене (трљам рачиња). Детуле.
    18. Имам помлад брат со кој тепачките, како помали, ни резултираа со скршен мебел дома. Пораснавме заедно, низ се сме поминале. Не можам да го замислам животот без него.
    19. Пред да се зачленам тука, го читав форумот како гостин. Од машките членови, постовите на Мистери ме поттикнаа најмногу да се придружам на дискусијата. Излишно е да се каже дека фали човекот.
    20. После толку време, си направив скрол листа. Сега за сега, има само 5 члена.
     
    На glosipgirl, La.Reina.Del.Sur, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    1 Имам скоро 19 год и немам дечко :/ (темата љубов за мене непостои)
    2 Имам брат поголем од мене..
    3 Многу сакам да ја посетам Германија се надевам дека еден ден желбата ке ми се исполни
    4 Имам бенка на носот која на моменти ја сакам на моменти не, бидејки е голема и се чувтвувам како одбележана од другите девојчиња
    5 Имам страв од змии, имам видено, носено во шише мртва но жива недај боже да видам...
    6 мрзичка сум
    7 сакам да завршам за проф по германски.. и нез што да кажам имам братучеда што едноставно не ме сака :D а мајка ми и тетка ми сакаат ние многу да живееме да бидеме како сестри да си помагаме ама тоа е :)
     
  4. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    -Мазохист сум, не ретко сакам да ми се нанесува физичка болка, психичка баш и не сакам. Сама кога си нанесувам физичка болка тоа е поради тоа што сакам на момент да заборавам на психичката.
    -Садист сум понекогаш, не сакам да малтретирам луѓе, иако некогаш уживам да малтретирам една другарка. И физички и психички, штета што не ми се спротиставува.
    -Обожавам модрици и шливки, посебни ми се. Им ја обожавам бојата, посебно на модриците кога ја менуваат бојата од жолта до виолетова. И обожавам белези по телото. Сакам сама кога си нанесувам модрици и шливки, а потоа мајка ми ако ми ги примети други луѓе окривувам за нивното постоење.
    -Порано многу верував на луѓето, но повеќе не е така. Порано верував и во вистински пријателства, но откако изгубив едно пријателство кое мислев дека ќе потрае - мразам пријателства.
    -Мразам да ширам познанства, едноставно не се чувствувам удобно и свое во ново друштво или со нови луѓе, но не секогаш можам да ги избегнам истите.
    -Обожавам да сум сама и затворена во соба и ме нервира мајка ми кога ми мрчи дека треба да се социјализирам. А нема врска, си имам јас „другарки“ и имам со кој да излегувам, ама едноставно не ми се излегува.
    -Мразам да трошам пари на глупости, ама не можам да се воздржам а да не купам некоја глупост.
    -И во зима и во лето мене нозете ми се камен ладни и исто така и во зима и во лето имам зголемено потење на дланките и стапалата, го мразам тоа.
    -Постојано сум под некој стрес, поради тоа и ми се потат толку многу рацете. Понекогаш од што ми се толку испотени цели капки пот ми се лијат по рацете и ми се лизгаат разни работи од рацете.
    -Имам глупава навика каде и да седам да морам да ги кренам нозете горе или барем едната. Најтешко ми е кога сум во школо или на гости и кога не смеам да ги кренам нозете на стол.
    -Годинава се променив скроз. Променив многу работи кај мене од карактер до музика.
    -Омилена боја ми е црна и речиси сите работи во плакарот ми се црни, ма што и да треба да се купи ако треба да се бира боја јас ја бирам црната. Ми има некоја посебна убавина и имам некоја посебна љубов спрема неа.
    -Го обожавам чувството кога некој ми ја допира косата, ама мразам да ми ја допираат без прашање.
    -Имам прекрасен ракопис, заљубена сум во него. Сите ми велат дека преубаво пишувам, а многу ме погодува некој ако ми каже дека не му се допаѓа како пишувам. Мислам дека тогаш можам и да го натепам, до толку си го обожавам, а тоа е последица поради учителката од прво до четврто која ми ставаше една оценка пониска на тестовите и писмените поради мојот ракопис, кој не беше толку лош за тие години, но на неа едноставно не и се допаѓаше. И имав многу голем комплекс поради тоа и секогаш си го надградував и подобрував.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.236
    Пол:
    Женски
    *Многу сум срамежлива, тивка и повлечена. Кога би ме виделе во големо друштво, верувам дека никогаш не би ме приметиле. Си ја мразам оваа особина, ама едноставно - тоа сум јас.
    Тоа важи само додека се опуштам, ако видам дека ми одговара друштвото си немам гајле, ама нели, за тоа потребно ми е време.

    *Природна русокоса сум (отеков со тоа), имам многу ретка боја на руса нијанса, за која и професионалци ми велат дека е невозможно да се постигне со било какво мешање на разноразни нијанси.
    And proud of that. :wasntme:
    И до ден денеска, за најсмотан потег си ја сметам одлуката да се шатирам (пред речиси две години), демек да бидам поинтензивна плавуша - nonsence. |(

    *Мразам цигари, не можам да им го поднесам мирисот и секогаш ме тера на повраќање и несвестици.
    Си ветив дека никогаш нема да повлечам ниту еден дим.

    *Крајно одбивни ми се личности кои мислат дека си го имаат муабетот со секој, знаат сѐ за определени личности и сакаат да се пикаат во сечие друштво и да глумат Богородици. Уште од старт ги „намирисувам“ и се држам на дистанца од нив.

    *Многу лесно се приврзувам за личности со кои гледам дека имам сличности во карактерот и во самиот начин на мислење.

    *Навлечена сум на козметика, многу се интересирам во оваа област и мислам дека имам солидни познавања, па неретко моите знаат да ме пецнат и да ми речат - Абе сине, ако не те биде во професијата, отвори си еден салон и немаш гајле, ќе си се забавуваш со шминка, нокти и фризури. - голема утеха, нема што. :lol:
    И не жалам пари за козметика, уживам кога ќе потрошам некоја пара за производ кој многу ми одговара на лицето, ми доаѓа дури да си се бацнам.

    *Многу сум штедлива и економична - thanks to my mother - сто пати се мислам пред да купам нешто и секогаш гледам да купам тоа што сакам, а сепак да поминам поефтино, т.е. да ми остане нешто пара за да ја ставам во пликцето во кое си ја чувам заштедата.

    *Не носам фустани.
    Сметам дека женската убавина може да се прикаже и во друг стил, а не со голи нозе и деколте на тацна.
    Фустани имам, облекувам одвај два пати годишно, а признавам се случува понекогаш и три - ако се погоди годината свадбарска. :rofl:

    *Не функционирам без долги нокти. Ма кога ќе подразмислам, жална сум си самата на себе кога сум со кратко исечени ноктиња на рацете - како во моментов.

    *Без разлика на временските услови, рацете ми се секогаш топли како од фурна ивадени.
    Често ме зезаат оние кои знаат за оваа појава - абе Мишела, надвор е во минус, парното на тројка ти е? :D

    *Имам ужасен страв од игли - мразам било каква болка нанесена од истите.
    „Ма исто како да те каснува пчела.“ - морe бајт мај тајни ес за коментаров. |(
    Се онесвестувам секогаш кога правам крвна слика и до сега уште ми немаат земано крв од вена.
    Се ежам и кога пишувам, уф. :doh: :x

    *Обожавам да си бидам „сам свој мајстор“ и не сакам да зависам од никого, макар било за обично шишање на коса, ама кад се мора, мора се - единствено тоа не го умеам.
    Секогаш процедурите за разубавување си ги спроведувам сама и едноставно ми годи, не сакам да имам „помош“ од хм, „стручни“ лица.

    * Опседната сум со коса и лице. Поточно, со целата кожа по моето тело. Сонувам за денот кога ќе ми биде потполно чиста од флеките кои ги имам, да се пофалам, во видно намален број, за разлика од пред една година. 8)

    *Многу сум наклонета кон уметноста и литературата. Обожавам да читам - без разлика дали се работи за поезија или проза, порано и често пишував, ама во последно време некако и немам инспирација за тоа.
    Повеќе се пронаоѓам во уметноста и постојано цртам и креирам нешто што ќе ми падне на памет - затоа и мојата идна професија ќе биде тесно поврзана со неа.

    *Креативна сум, богами и романтична и би направила многу за луѓето кои ми значат. Се трудам, затоа што сакам оние кои ми се мили да се чувствуваат убаво со мене. Без разлика дали се работи за некој од потесната фамилија, пријател, момче.

    *И огромна паничарка сум. Можам за две секунди да испаничам од тука до Стамбол и да ми минат милиони нешта низ глава, а откако потоа ќе си дојдат нештата на место, мразам да го слушнам тоа фамозното - Ете, ти реков, за џабе испаничи толку. - ме иритира, иако знам дека сум паничела за без веза, ама баш тоа безвезалото нешто тогаш во моите очи било слон. :D
     
    На Lux, Strumfeta93 и EleMental им се допаѓа ова.
  6. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Па не дека многу знаете за мене,но еве,би можеле да дознаете дел :D

    1.Апсолутен левучар.
    2.До ден денес се прашувам каде ќе завршев и кои луѓе ќе ги запознаев ако бев доволно храбра да ги дадам документите на Драмски и да го остварам мојот сон и да го работам она што го сакам за сметка на тоа отидов да бидам инженер,но и тоа ми појде од рака и се изненадив од самата себе. Сепак,дел од мене копнее за тој уметнички живот,патување со трупи,хипи фустани,песни,песни...
    3.Би сакала да пеам во некој бенд,и често го замислувам тоа.
    4.Не знам да играм хант. Ме учеа,но безуспешно,не сум добра со картите :D
    5.Писател на проза во изумирање,но не ми е криво. Имав лоша инспирација,сега испробувам подобри музи.
    6.Би било интересно кога единствениот јазик на земјава би бил јазикот на очите.
    7.Никогаш не сум била „даска“ пијана,едноставно не можам да се замислам,сум била благо поднапиена и открив дека човештвото не пропушта многу,не сум интересна. Ионака ќе заспијам во некое ќоше |-)
    8.Имам доста помал брат,понекогаш премногу мајчински се однесувам кон него.
    9.Жал ми е што немав весело и безгрижно детство,наместо тоа секогаш бев со апаратчињата за астма до мене,не можев да трчам,да се испотам,да одам боса по дома. Најмногу ми е жал што брат ми е полош случај од мене.
    10.Од неодамна почнав да верувам во Бога,претходно бев можеби најголемиот атеист.Еден сон ми промени се,и верувам дека не беше тоа случајно.Ќе тргнев по лоши патишта,да не беше сонот. И тој,мојата најголема поддршка.
    11.Се приврзувам лесно за луѓето,штета што тие најчесто сакаат само да имаат интерес од мене.
    12. Би сакала да отидам на концерт на Бон Џови некогаш.

    Толку засега не ми текнува,а и малце се заскокотка кога прочепкав во себе.... :)
     
  7. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Многу сум тврдоглава..не попуштам додека не биде по мое,многу сакам да гледам фудбал и навивам за Реал Мадрид ги гледам сите натпревари и еден ден сакам да одам во живо да гледам утакмица,цела недела се држам во себе и некогаш ќе пукнам ќе се затворам у соба и плачам за сите работи ќе се изнаплачам и после си излегувам како ништо да не било,многу сум дружељубива сакам да и почнав да се дружам со лиѓе со кои никогаш не сум мислела дека ќе се дружам,единствена личност што ми недостига е баба ми и се каам што не ја почитував и не ја ценев нејзината добрина,имам многу пријатели но само една вистинска што знае се за мене и никогаш не ме изневерила,ја сакам многу модата,многу ги сакам штиклите а посебно Лобутинките и сакам еден ден да носам,многу сум срамежлива многу и го мразам тоа,многу сакам да пеам ама ужасно пеам ии многу сакам кога сум сама дома и кога ќе ги ставам слушалките и пеам на цел глас и се чуствувам како на концерт и ништо околу мене не е важно а посебно на песните на Лана Дел Реј,имам брат што некогаш е многу досаден ама некогаш многу сум среќна што го имам,си имам најдобар комшија(ии убав)и опасни сме кога ќе се здружиме,имам братучед помал од мене 2 години и многу ме слуша ама некогаш е многу досаден,по цел ден сум на лап топ и ги следам сите шпекулацци за познативе личности,омилени серии ми се сларки мали лажливки и Озборувачка исто и книгите им ги читам,омилен бенд ми е One Direction и луда сум по Zayn Malik...и тоа друго не ми текнува :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.242
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Женски
    1.Единица сум. :wasntme:
    Иако по дифолт , луѓето сметаат дека самите деца се многу разгалени јас не можам да се согласам.Поголем дел од желбите(оние возможните) секако дека ми се исполнети, но секогаш моите знаат да ми кажат не, се разбирам, а имам и вродено чуство на одговорност.Така да сметам дека не сум нешто поразлична од децата со брат или сестра и секогаш го кажувам тоа.
    2.Многу сум избувлива.Можеби тука има влијание и хороскопскиот ми знак Овен, ама многу лесно избувнувам, како некој вулкан сум, а потоа ми спласнат емоциите и почнам да размислувам рационално.Ама некои работи кажани и направени во момент на афект не можам да ги повлечам.
    3.Не сакам неодговорни луѓе.И луѓе што лесно се откажуваат.Значи мразам некој кога гледам како се откажува од нешто што го започнал.
    4.Мислам дека сум жилава на карактер и можам да истрпам многу работи.
    5.Не сум паничарка.И да сум била исплашена понекогаш од нешто, и очајна и се, сум се трудила што подобро да го скријам.Не сакам луѓето да забележат слабост кај мене.
    6.Не можам да заплачам пред некој друг.Кога плачам, само на скришно си плачам, кога никој не ме гледа.
    7.Добра актерка сум, убаво имитарам и можам да ги забавувам луѓето околу мене.Моите не сакаат ни да чујат за Драмски.
    8.Тешко засакувам, ми треба време за да почнам на некој да верувам и да се опуштам целосно.
    9.Не сум роден лидер.Не сакам никому да ја наметнувам мојата волја.Ниту пак слушам други.Свој човек сум си.Компромис секогаш бил најдобар избор за мене.
    10.Не знам да кажам Те сакам.На никој му го немам кажано ова.Или многу ретко па не се ни сеќавам.Јас зборовите Те сакам ги ги преточувам во дела.
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Значи работи кои не сте ги знаеле
    1.Опседната сум со набљудување хомосексуалци
    2.Мразам несредени веѓи и секојдневно ги опоменувам луѓето ако имаат грда форма на истите :D
    3.Не верувам во хороскоп
    4.Окупација ми е да се восхитувам на човечката глупавост


    ..моите чудни навики ќе ги дознаете во продолжение некогаш, во нов пост.Оти стварно се укикат :D
     
  10. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.267
    Пол:
    Женски
    1. Како малечка ми се појави желба да вежбам балет, но тоа никогаш не го остварив. Ама и ден денес им се восхитувам на балерините, на нивните движења и грациозноста.
    2. И покрај тоа што кога се работи за спорт сум невиден антиталент, едно време се запнав да тренирам тенис. Моите не сакаа да ме пуштат, но после година- две активно молење попуштија. Е тогаш мене ми помина меракот.
    3. По горенаведеното, може да заклучите дека додека немам нешто болно го посакувам. Откако ќе го добијам, веќе не ми е грижа за истото.
    4. Голема плачка. Не бирам пред кого ќе се расплачам, плачам и за најмали ситници.
    5. Како мала бев љубовџивка- прв бакнеж на 4 годинки. Затоа пак сега сум цветче што касно цвета- првиот "салам" бакнеж го имав пред околу осум месеци. :angel:
    6. Пет години меркам еден фраер, кој абер нема дека постојам. А, и се погодил моментот- среќен роденден несуден!
    7. Си имам трауми од глупаците во основно (има и исклучоци!). Сега фаца не сакам да им видам- посебно на едно лигле.
    8. Првата оцена во средно ми беше кецот по математика.
    9. Во основно бев дел од училишниот хор и тоа прв глас. Сега ептен сум тапа за пеење.
    10. Ужасно ме нервираат нерешителни луѓе, иако на истите би можела водач да им бидам.
    11. Со пивцето се дружам од пред 11 год. Појако е од мене, што да правам. Имам и слики од малечка- мутле дебелко ама в рака со шише пиво поголемо од мене.
    12. Правична сум, иако моите битки против неправдата неретко завршуваат неславно. Тоа ми пишува и во хороскоп.
    13. Италија ја засакав поради архитектурата, а сакам да ја посетам Индија откако ја прочитав "Индиго Бомбај" од Михајловска Георгиева.
    14. Ме нервираат самобендисани и нарцисоидни луѓе.
    15. Со френдиците во основно, некаде кај петто бевме опседнати со паранормални работи, кравии Марии и такви чуда. Па дури и визии имавме, као нешто ни се појавува. Дечиња бре.
    16. Другарките ми велат дека сум перфекционист, иако самата не се ставам во тој кош.
    17. Чекам 5 до 12 за многу работи.
    18. Се плашам од тешка литература, а мразам чик. Зафон ми е погоден, баш. Опседната сум со човеков.
    19. Сакам да одам на новинарски студии, а мислам дека ич не ме бидува за пишување. Ама ќе видиме има време.
    20. Се палам на Едвард Нортон, кој комотно може татко да ми биди.
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Веќе имам еднаш пишувано тука ама ајде ќе надополнам
    Опседната сум со грижата околу моите раце. Секој ден по неколку пати си ставам крем. Многу ми се меки и обожавам машки со исто така добро негувани и меки раце како моите.
    Не сум блиска со мајка ми, како што се женските на моја возраст.
    Не вежбам и не држам диети. Слаба сум да зошто ми е брз метаболизмот. Сакам да пешачам.
    Никогаш не дозволувам личност која ми значи да си оди од мојот живот. Тоа премногу би ме болело.
    Тешко ми е да кажам извини и те сакам( не умеам чувствата да ги преточам во зборови).
    Многу чуден момент ми е кога треба да прегрнам некој од семејството и обично тоа го избегнувам.
    Не сакам да пливам во многу длабоко зошто не знам да го контролирам дишењето и ме фаќа паника.
    Брат ми го сакам многу повеќе од сестра ми и не се срамам да го признаам тоа !
    Приврзана сум за брат ми и баба ми премногу! Тие ќе ми бидат единствената причина за да се враќам во Битола кога ќе заминам на факултет.
    Прво дете сум и воопшто не сум разгалена. Како мала секогаш сум сакала да седам во друштво на повозрасни личности и да ги слушам како разговараат. Мислам тоа е причината што попаметно сум размислиувала тогаш. Ме пораснаа баба ми и дедо ми.
    Секогаш кога зборувам за мојот покоен дедо ми доаѓаат солзи во очите.
    Сакам комплименти и пофални зборови.
    На прв поглед изгледам како многу сериозна личност, зошто не се смеам многу.
    Имам две лузни, една над веѓата и е форма на гром, другата ми на левата рака во внатрешноста на лактото.
    Си се гордеам со постапките што ги правам, моето размислување и способноста што знам убаво да си се нашминкам. Не тоа не е нарцисоидност, само гордост.
    Како мала носев очила.
    Сините очи ми се најубави. Ете тоа е хахаа :rofl:
     
  12. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    1.Тешко засакувам,ми треба повеќе време за да му верувам
    2. Го мразам мирисот на цигари ме задушува,ама имам мерак уз кафе да запалам некоја,ама тоа се има случено само еднаш
    3.Само еднаш имам вистински сакано,после него сум имала и други врски али не било тоа како претходно
    4.Обожавам да нервирам машки особи,да им идам на живци
    5.Мразам кога некој ме чепка во коса
    6. Мрза сум голема, ме мрзи да ја пуштам раката да го земам далечинскиот,па мора да го викам брат ми да ми го подаде..
    7. Ми викаат дека сум лоша личност, но сакам да им помагам на луѓето
    8.Обожавам да танцувам
    9.Мнооогу романтична личност сум...
    10. Личам на тетка ми , повеќето мислат дека таа ми е мајка..
    11. Сакам да бидам плавуша :rock:
    12.Зависничка сум од Фејзбук
    13.Несакам да каснам,гледам да сум секогаш точна со времето
    14. Тешко пуштам солза,често во мене си плачам ама солза НИКАКО
    15. Верувам во машки солзи
    16. Понекогаш незнам да ценам
    17. Петок 13 ми донесе мнооогу среќа оваа година
    18. Сакам да работам во полиција
    19. Обожавам ЗЕЛЕНи очи

    Друго не ми текнува :)
     
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Овој дел како јас да сум го пишувала, значи тотално се пронајдов, па нема потреба пак да се поновувам.
    1. Значи не сум многу срамежлива, ама потребно ми е време за да стекнам во некого доверба и да можам да се опуштам со некого. Мразам кога треба да излезам со друштвото на некоја другарка и често тоа го избегнувам.
    2. За фустаните исто е, носам само на плажа и на одмор. Во животов од мојата 6та година само 4-5 пати имам носено фустан. За матура и лани на одмор сменив 2-3 фустани. За сукњи да не правиме муабет, од моја 6та година навака само сукња пантолони имам носено. Ама ова ќе се промени во иднина.
    3. Штедливоста исто е една моја особина иако кога е во прашање квалитет некогаш не штедам, само кај мене сум штедлива тенкс ту мај фадр, мајка ми не е многу по штедењето. :shake:
    4. Дека сум опседната со диети и фитнес можете да забележите и по самите теми кај што коментирам па ова не е нешто кое не сте го знаеле. Имам успешна сторија зад мене со ослабени 20 кг и дојдов до мојата совршена фигура од 49 кила, за потоа за вкупно 7 месеци се да ми се сруши и повторно да качам 7 кила кои веќе 2-3 месеци се мачам да ги ослабам.
    5. Имам сестра која пишува на форумов.
    6. На 4ри години сум шиена како последица на паѓањето на срча/стакло и мораше да ме шијат над глуждот на десната нога.
    7. Ова го знаат малкумина, ама сега ќе имав двајца браќа близнци да не се родеа пред време.
    8. Не сакам многу да се шминкам, преферирам природна убавина, моливче и лабело ми се совршена комбинација.
    9. Си ги мразам мозолкиве кои ми излегуваат пред добивање, како уште да сум во пубертет(а можеби и сум) моментално ги имам многу на долната брада и постојано ги мачкам со здраве.
    10. Навика ми е постојано во Недела да се капам, иако сум се капела во Саботата, мора во Недела пак нели струјата е најефтина тогаш :lol:
    11. Носев протези на горнаите заби добри 3 години иако немам воопшто пишувано во темите за тоа и тоа беше причината да не се смеам на слики, ги извадив и сеуште не сум задоволна со изгледот на моите заби. Ќе одам кај друг стоматолог за една година да ги досредам.
    12. Како мала обожавав долги нокти, сега гледам да ми се што пократки и секогаш сум налакирана, мене не можеш да ме видиш без лак на нотки.
    13. Имам тетка(братучеда на мајка ми) што е јаховин сведок.
    14. Една работа секогаш ќе ме мачи зошто таа е мојата најболна точка за која со никого освен со моите и сестра ми немам зборувано за неа.
    15. Имам бивша другарка со која се дружев 8 години, за потоа да нема ни Д од другарство за многу банална работа.
    16. Цели 12 години му помагав на едно девојче(моја комшивка)кое е малку болно значи има здравствени проблеми(и до ден денес не знам од што е болна точно, но правеше операција на главата) и заради тоа што ми е комшивка мораше цело време да иде со мене на училиште(заедно учевме мајка е правеше да учиме заедно) и секаде каде што требаше да се оди:на екскурзија, на забава, на роденден мораше да ја влечиме со нас, еднаш дури во седмо одд. наставничката направи секоја недела со неа да седиме во клупа ние женските и така си се менуваме.
    17. Истово девојче :!: ме има искубено на улица и се има дерено/урлано по мене иако секогаш ја влечевме со нас и пак не беше благодарна. :fubar:
    18.На форумов имам споделено многу интимни работи кои во приватен живот не можат сите да ги знаат. :emo:
    19. Дека сум јас на фемина т.е ме имаат откриено братучеда ми и кумата, а сестра ми, моите дома, вујна ми и братучед ми знаат дека сум зачленета на фемина. Па и покрај парфемот мораше да дознаат и дедо ми и баба ми. :D
    20. Прва сум родена и како мала сум била многу немирна абе прав џамбаз, сум можела да продадам човек на пазар, за разлика од тогаш сега сум многу поинаква и посмирена.
    21. Оптимиста сум иако знам некогаш да изгубам надеж.
    22. На екскуризја бевме во ист автобус со таа бившата другарка и таа баш една вечер додека се возевме ноќно време славеше роденден. Јас затоа што сум скарана со неа не играв додека цел автобус денсаше, си седев на седиште и бев покриена со палтото и замислете пуштив солза од мака(се сетив на се што сме поминале и на нашите разговори и детски мечти) а сеа не можев дури ни роденден да и честитам зошто немам никаква комуникација со неа, а верувам не е заслужна за солзи.
    23. Досега сум имала само еден дечко(онака зафрканција од неколку месеци) и ми беше таен дечко и малкумина знаеја дека ми е дечко, па после тоа брзо му раскинав. детски работи :lol:
    24. Еден другар ми призна дека имал foot fetish :^)
    25. Обожавам да пливам и животна желба ми е да спијам под отворено небо на плажа. :sun:
     
    На Doozy и Hayley им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.450
    Допаѓања:
    42.429
    Пол:
    Женски
    1.Обожавам книги, ама стари, оние со душа, сакам да се губам низ оние тезги во Скопје додека одам некогаш пешки на факс и да ги манијачам книгите, да гледам кое издание се, да уживам во нив.
    2.Голем филмоман сум, ама мразам лимонатки, патетични романтични филмчиња.Обожавам историски и воени филмови, филмови кои зборуваат за други времиња, повеќе ги сакам оне со тажен отколку среќен крај.
    3.Не носам суќни, мислам сум носела некогаш ама ептен ретко.Облеката повеќето ми е во црна, сива, бела и кафеава боја...шарено скоро ништо немам.
    4.Ја обожавам мојата тараса, сакам доцна во ноќта да уживам во тишината и седам на моето омилено местенце, мислам дека таа најмногу ќе ми недостига од домот кога ќе одам да живеам на друго место.
    5.Обожавам секс, дечко ми вели дека сум ненаситна, можеби, ама уживам во ова телесно задоволство.
    6.Зависна сум од уметност и не мислам само на ликовна, туку на сите видови уметност.Сликам понекогаш, поретко во последно време, некогаш сум скептична и мислам дека немам талент, а некогаш неможам да си поверувам дека од моја рака излегло нешто толку добро.
    7.Како мала сакав да одам на балет и сеуште ја имам желбава.
    8.Со дечко ми си играме куче и маче од 7одд, сега сме среќни и заљубени, ама имаме стварно неверојатна приказна.
    9.Се плашам од вода, од длабочина, од кловнови и ми е страв да повраќам, ама буквално страв и да возам точак.
    10.На годишните времиња им се радувам онака со детска радост.
    11.Уште мала си бев заљубена во машкиот род, имам симпатии уште од забавиште и секогаш бев „заљубена“ во некого :lol:
    12.Обожавам да јадам, да вкусувам, да готвам, да зачинувам, да измислувам рецепти...
    13.Ја обожавам Франција и сакам еден ден да живеам таму.
    14.Студирам со љубов иако сакав да се запишам на Архитектура.
    15.Голема плачка сум, признавам, скриен емотивец.
    16.Изгубив најдобра другарка на 14 год, на многу мистериозен начин, која уште ми недостига, понекогаш во ноќите кога неможам да спијам, го земам шишенцето со парфем кое за чудо мириса и по 7 год. и се навраќам во оние убави тинајџерски спомени.
    17.Слушам џез, блуз, класична музика додека сликам...
    18.За спорт имам две леви нозе и раце, ама вежбав јога година дена.
    19.Сакам да имам три дечиња со сегашната љубов,со локнеста плава коса и сиво-плави очи.
    20.Порано имав многу додворувачи, ама никогаш не се имам смувано со некој, освен со дечко ми пред да се фатиме,исто упорно ми се додворуваше еден кошаркар од нашата репрезентација кој вие често го манијачевте по темиве:$ и за него не бев заинтересирана, не сум за ваков тип на врски, за една вечер, јас сакам сигурност и здрава врска.
    21.Немам фејсбук и никогаш немав.
    22.Имам некој фетиш, чуден кон пакување подароци во мали кутиички, општо собирам кутии од се и сешто :^)
    23.Имам огромна меморија за филмски ликови и приказни од книги, знам кој актер во кој филм играл, што улога имал, реплики знам од многу филмови, знам во секоја книга што ја имам прочитано која реченица ми се допаднала, што ми оставило впечаток.Исто и лица помнам иако имиња не.
    24.Обожавам животни и способна сум да убијам човек ако пред мои очи малтретира некое суштество.
    25.Во основно имаше едно машко што ме малтретираше со години, еден ден после часови го затворив во училница и му удрив ќотек, на никој не кажав зошто бев доста мирна и повлечена девојка, ама потоа не ме ни дирна, сега се почитуваме со здраво.
    И се занесов јас!
     
    На antonina, DzingrlakaDzikica, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Личен рекорд во склопување на рубрикова коцка ми е околу 3 минути.
    Што секако е далеку од Гинисовиот рекорд, ама со секојдневното вежбање, се надевам на прогрес во брзо време :wasntme:
     
    На L-enna и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  16. baby.blue

    baby.blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    33
    1.Имам плава коса и плави очи.
    2.Не пушам.
    3.Воопшто не сум љубител на алкохолот.
    4.Во основно имаше дете кое ме малтретираше со години, и ко за малер и во средно учи со мене, ама сега зад грб збора.
    5.Сеуште го немам доживеано првиот бакнеж.
    6.Престанав да ги грцкам нокитите само поради огромната желба да имам големи нокти која, со текот на времето, некако се смали.
    7.Тешко се доверувам.
    8.Плачењето во јавност го сметам за знак на слабост. Никогаш немам плачено во јавност - или сама или пред луѓе во кои имам голема доверба.
    9.До шесто-седмо одделение воопшто не бев блиска со мајками.
    10.Како мала многу сакав да одам во галерија со таткоми. Уживав дури ги гледав сликите.
    11.Кога бев мала премногу ја сакав шеќерната волна.
    12.Тешко се заљубувам.
    13.Простувам но не заборавам. Не бидејќи сум злопамтило, едноставно неможам.
    14.Немам голем број блиски другарки.
    15.Му се помолувам на Господ секоја вечер од како бев дете.
     
  17. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    1.Имам црна коса и црни очи, бело лице. Како дотичнава на сликата на профилот мој хаха :D
    2.Сум бакнала 2 девојчиња во усни :*
    3. Ја обожавам Русија. :inlove: .
    4. Обожавам момчиња со сини очии :inlove: .
    5. Се "заљубив" во забавиште и бев заљубена цели 7 години ( до 6то одделение ) :D .
    6. Многу сум штедлива и не давам пари за секакви ситници.
     
  18. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    1.Тешко се заљубувам,ама кога се заљубам во некого го сакам премногу.
    2.Тешко стекнувам доверба кај други луѓе
    3.Секогаш сум насмеана и кога ми е најтешко.Сите ми се чудат поради ова,понекогаш дури и не им веруваат на моите солзи,затоа што сите мислат дека глумам.
    4.Сакам машки со плави очи.
    5.Го сакам ТОЈ,и никогаш нема да престанам да го сакам!
    6.Како помала се дружев со машки,немав женски другарки.Бев машкунака,и понекогаш дури и ги тепав :devil:
    7.Тренирав долго време ракомет,но поради некои Х причини морав да престанам,а толку многу сакав да продолжам.
    8.Не сум лоша,иако повеќето ме мислат за таква.Туку брза сум на уста,можам во момент да речам сешто на некого,но после се каам,затоа што не сум го мислела тоа.
    9.Плачка сум.Плачам за секакви глупости.
    10.Не верувам во вистинско другарство,затоа што мислам дека такво нешто не постои.Можеби од причина што многу пати сум била разочарана од другарките.
    11.На 12-13 години го истепав момчето што упорно ми кажуваше дека ме сакат. :tmi: :$ Сум му била симпатија дури од забавиште,ма немој да ме јебеш бре.Не те сакам и не ме масирај.
    12.Гледам на сите да им направам добро,а за мене воопшто не ни помислувам.
    13.Нервозна личност сум.Имам огродна нервоза,што ни самата незнам како да е изкоренам од мене.Се нервирам за секакви глупости.
    14.Прв пат а и вистински се заљубив на 15 години,и сеуште го сакам него.
    15.Тешко ми е да му кажам на некој те сакам...
    16.Верувам во машки солзи
    17.Знам да почитувам,да ценам.И сакам и мене така да ме почитуваат.
    18.Простувам.Простувам на секој ама баш на секој,затоа што не сум злопамтило.Ама не заборавам ;)
    19.Го сакам премногу брат ми. :lol:
    20.Сакам сериозни врски,не сум за тие врски за една ноќ,само за мување или слично.
    21.Несакам да ми се доближуваат многу машки,и да ми се додворуваат.Едноставно ме скреваат.
    22.Само кртитична сум си.Никогаш не сум помислила за мене дека сум убава.
    23.Момчето што ми беше симпатија како помала,сега кога го запознав овај другиов сватив дека оваа симпатијава никогаш не сум чустувала љубов кон него туку само сум му се восхитувала.А тој имаше бушава коса :lol: И плави очи. Повеќето од нашите како да ги наречам ајде нека бидат колеги мислеа дека се сакаме :lol:
    24.Верувам во љубов на прв поглед! :rock:
    25.Многу сум срамежлива,иако не изгледам за таква :lol:
    26.Многу го сакам,или го засакав Џастин Тимбрлејк,ама не признавам пред никој! :rofl:
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    24
    1. Потешко стекнувам доверба
    2. Понекогаш премногу добра, а не треба :worried:
    3. 24-7 сум со музика :rock:
    4. Често каснам, поточно секогаш каснам :D
    5.Сакам кога ми одат по газот
    6. Големо инаетче сум си :devil:
    7.Избувлива
    8. Малце мрза
    9. Сакам изненадувања
    10. Чуствителна
    11. Лесно можам да заплачам, а на филмчиња често си пуштам по некоја солза
    12. Сакам многу да купувам кога нешто многу ке ми се засвиѓа морам да го имам :rofl:
    13. Спанка
    14. Мразам да молам :envy:

    Има уште ама немам време да допишам, друг пат :)
     
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    *Многу комплексна личност сум, интровертна по природа, а желна за друштво...имам безброј комплекси за мојот изглед (всушност ниеден дел од телото не ми се допаѓа), но всушност многу си се сакам...амбициозна сум, а сепак плашлива за нови чекори...со чести суицидални мисли, а многу планови за иднината... сакам да искажувам љубов, но непријатно ми е кога го правам тоа... имам менса ниво на интелегенција, а често не знам една реченица да склопам... многу нервозна, но и многу попустлива... :swear:
    *Голем хипохондрик сум, пред неколку години си замислив дека имам рак на дојката, се мкнев по болници, ме прегледаа на рентген и утврдија дека немам апсолутно ништо, но мене таа мисла до ден денес, не ми исчезна!
    *Се имам скарано со милион луѓе. :devil:
    *На факултет имав најдобар просек од генерација! :P
    *Со дечко ми сме најлошата можна комбинација според хороскопските знаци (јарец-вага), но во суштина сме створени еден за друг! :inlove:
     
    На Neytiri и Stoimenovska им се допаѓа ова.