Под ова се мисли на сите оние на природна база суплементи,дали за јакнење на имунитет,за остеопороза,за проблеми со менопауза или хормонални пореметувања,за анемија,за покачени триглицериди и холестерол,за подобра циркулација итн.... Значи дали вие или некој ваш близок сте користеле вакви природни суплементи,како сте задоволни ?Дали попрво ќе пробате вакво нешто отколку лек? Мајка ми ги пиеше овие Екомер,но не и помогнаа-да не испадне сега антиреклама,си кажувам за нејзе.Ги плати скапи но пак се разболуваше секоја 2ра недела. Баба ми има пиено Остеокер за остеопороза а сега ги смени со Остебор кои вели дка и се подобри,другарка ми на детенцето му дава некое сирупче за имунитет итннн... Јас сум во потрага по некои апчиња за жени во менопауза,зошто мајка ми навлегува во нејзе,па не сака веднаш со хормонска терапија.А и слушам дека докторите се помалку препорачуваат терапија на природна база,туку веднаш со труење на лекови.