ЗНАЧи дечки,имам 17 години веќе 4 месеци сум во врска со 3 години постар дечко од мене и ок да речиме е..ама уште на почеток видов дека не е искусен иако е постар од мене и ми смета тоа што не знае да ме мува.Му потенцирав што точно ми смета али едноставно нема хемија во нашето мување не знае не знам шт да правам ХЕЛП!! пробав да го водам али не е то то ме сфакате дечки?? ве молам совет како да направам да не се осеќам очајно.
па така нема хемија, не се усогласваме со мувањето некогаш премногу брза и се заборава онака незгодно да ми падни ..+ многу се лигави ко ке ме мува -.-
не знам збунета сум,пробав да раскинам пред 1 месец па си помислив како би ми било сама после пак да се навратам на мојта осаменост...и ме плаши тоа да бидам пак сама што знам
мој совет? немој да бидеш со некој само за да не бидеш сама.. имаш 17 год... ќе најдеш некој со кој ќе ти биде убаво
А И плус тешко ми е да се отворам кон некој..дали е до мене проблемот што имам санта лед околу срцето и не можам да сакам и да уживам туку најдвам маани или не е тој вистинскиот..не знаам
Девојче, каква осаменост на 17 години? Да беше 35-годишна и без дечко/маж ќе сфатев дека си осамена, ама осамена на 17 години не можам да сфатам. Ако не ти иде со дечкото остави го, сега ти е најубавото време за дружење со другари/ки - искористи го. Кога ќе ти дојде времето за дечко, се ќе ти се разјасни. Сега oчигледно е дека не си спремна за дечко - одмори се и уживај во статусот single.
знам,али прва врска ми е,си реков ајде нема ништо да изгубам ако пробам да сум во врска морав да пробам да видам како е ...али сум го одбрала погрешниот човек многу очигледно ....
а и како да му раскинам на добро дете,се чуствувам како да сум heartless bitch незадоволна од никој ох леле ! :/
Уште ваков проблем немаше. Епа ако нема хемија во мувањето (како што викаш) раскини му и најди си друг,поискусен, со кој ќе има хемија,па и ти ќе бидеш позадоволна
Ај сега да не те разочарувам, ама убаво би било ако ја намалиш драмата во пишување на форумов за една обична средношколска врска. Второ „heartless bitch“ може да биде некоја 40 годишна, а не девојче на твоја возраст. И најважно секоја врска во животот се раскинува со разговор- седнуваш, кажуваш што сакаш да кажеш и толку. Дали е детето лошо или добро нема никаква врска во муабетов, затоа што веќе се пожали дека нема хемија. Штом нема хемија, ќе му кажеш така и крај. Нема тука некоја филозофија и трескање од земја.
Не си ти ништо крива, сум била во ваква ситуација еднаш, значи дечкото ептен беше на место, муабет до сабајле си правевме,фин, внимателен кон мене, се шетавме неколку вечери така, без ништо да правиме, арно ама кога дојде мигот да ме бакне, страшно беше..ко центрифуга! Затоа веднаш се оддалечив од него!! Поради тоа мислам дека најдобро за тебе ќе бидне да му раскинеш, врската не е само како да бидеш со некого само да не биднеш сингл, треба да постои хемија, искри да летаат кога ќе се бакнете Затоа, не одолговлекувај
Добро,вие навистина верувате во овие с*ања? Spoiler Со извинение на ценетиов форум Сега се регистрирала и пишала глуп "проблем" за кој не се отвара тема со забранет наслов. Ако навистина си 17 години,тогаш алал нека ми е што сум волку паметна а сум една година постара од тебе Ма дај не ме ј*би бре Бришете ја темава. Spoiler Деца.
Па ако нема хемија, има македонски, математика, физичко, физика, има тооолку многу убави предмети од кои барем еден би ви бил нзс на двајцата за да се усогласите во "мувањето" Да те прочитав во 3 и нешто утрово, ќе ти речев-оди легни си, ама еве во случај да не си заспала уште-оди легни си.
И јас стигнав да кажам..... ТРОЛ...... Јас која на сите им верувам и им давам шанса да се искажат, дете убаво ти кажа Абеја, иди легни си не не мавтосувај тука, има поинтересни начини да се помине летово, пример повтарај си Хемија, може ќе ја најдеш во некој друг равенката
А тоа што се лигави немора да значи дека е он крив...може треба некој заб да му искочи па затоа е така...Во секој случај стварно е тежок проблем ова, бара доста непроспиени ноќи. Ако ти е прв дечко од кај знаеш дека он тебе незнае да те ,,мува,,? Можеби ти незнаеш него да го замуваш како што треба? Ај уживај си во твоите 17 години и батали го тој разлигавенко...