Целосно обезбедување, односно чувар да имаш дома, е многу поскапо. Повеќето агенции шо се, исто така нема да ти пратат обезбедување да седи дома, туку ќе пуштат патрола два три пати во текот на денот/ноќта. Барај си чувар или нешто слично.
Не знам во која држава живееш и кој закон го читаш. Законот вели дека смееш да снимаш во рамките на својот имот, единственото барање е да имаш истакнато дека објектот е под видео надзор. Од прва рака, инспекториве коа доаѓаат на увид прво нешто што бараат е копија од снимка од камери.
Не знам во која држава ти живееш, али закон за поставување видео надзор има и има точни правила. Има снимање внатрешно кое е посебно регулирано, има надворешно кое исто така е построго регулирано и има за малопродажни објекти каде што смее да се снима само касата. Стави се во ситуација на граѓанин и дека си подложен на видео надзор за кој немаш дадено согласност, и тоа со налепниците не е правно известување како иститте се користат. Тоа што сите ставаат како ќе им текне не значи дека местат по правила. Што се однесува до инспекторите, СНИМКИТЕ НЕ СЕ ВАЛИДНИ на суд, можат само да помогнат во истрага , ништо повеќе.
Одговорното лице за видео надзор мора да ги информира сите кои ќе влезат во полето на снимање (видео круг) дека просторот се снима, преку истакнување на известување кое мора да биде јасно, поставено на видливо место и истакнато на начин што им овозможува на сите субјекти на лични податоци да се запознаат со вршење на видео надзорот. Снимките не смеат да се даваат на користење на други освен ако е тоа потребно во евентуална доказна постапка. Доколку е сторена штета и истата може да се утврди на снимките, тој дел од снимениот материјал може да се чува до завршување на постапката. Доколку на снимениот материјал ништо особено не се случува истите треба да се избришат по 30 дена. По исклучок, снимките направени од видео надзорот може да се дадат на користење на Министерството за внатрешни работи единствено со судски налог.
Точно , се напишаното е точно. Така е кога видео надзорот е поставен по правила. Повторно , освен некоои иснтитуции и банки никој нема поставено по правила. За да не тупам . како што напишав погоре има разлика за што е поставен и кого све снима. Што се однесува до налепницата тоа се однесува на надворешно снимање али никако на случајни минувачи. Чувањето на снимките на DVR ( NVR ) не важи со CLOUD системите.
Никој не збореше за снимање минувачи. Горе членот ти рече за снимање во свој објектот. Не смееш да снимаш улица, никој нигде не ти го рече тоа.
Па другарка кога правеше свадба организираше преку оса, и седеа 12 часа. Така да и кога се јавив истото и го нудат.
Не се замарај да се објаснуваш, дечкото вели дека треба да имаш безбедносен сертификат за да си снимаш во двор. Може треба од оној - државна тајна да извадам, строго доверливо гарант не е доволно На кого не му чини да биде снимен, нека не ограбува. Просто како тетовско гравче Јас спомнав дека викендицата ја имам ставено под надзор бидејќи дел од неа е деловен простор и магацински простор сето тоа регулирано според правила. При опрема, готов производ и материјали вредни илјадници евра, која фирма и да е ќе си ги снима сите влезни точки на објектите. Не влага во аголот на снимање ни сантим во туѓ двор, ниту на улица, ниту пред порта..
Кога веќе читаш погоре напишаното , пишано е за CLOUD системите. DVR ( NVR) снимач значи затворен систем на видео надзор, моментот кога ќе го ставиш на интернет важат други правила Мислам дека е доста тупење на оваа тема
А кој го става на интернет од сите фирми што имаат камери? Плус, ставањето на интернет (live stream на ЈАВЕН портал) е сосема различно од апликација до која што има пристап само одредено лице на чиј телефон и апликација се поврзани камерите
А кое е тоа лице , какви привилегии има , дали може да злоупотреби ?!? И не зборам за Live Stream на Јавен портал, туку за пренос на лични податоци преку интернет.
Ние ги ставивме внатрешно и за алармот и за камери.Аларми има на секој прозор и врата и на влезната врата а за камерите треба да се постават.Мислам дека мора внатрешно многу кабли се за алармот ама вреде за сите пари.
Иронијата ти ја разбирам и си во право за се . Имаш среќа што живееме во банана држава инаку 3 години затвор па ќе видиш после како ќе снимаш , просто како тетовско гравче.
Сопственикот на објектот т.е управителот на Правното лице. На кој не му чини нека се мавне од мојот двор Самтинг елс?
И ние сакаме дома да ставиме. Знам дека не смее улицата и кај комшиите да фаќа. Препорака за некоја камера? Дома немаме ништо. Од двор ни крадат глупости, папучи, кондури. Нема смисла
Ние имаме поставено Ring камери. Едната е поврзано со ѕвончето , тоест со сите Алекса апарати дома. Имаме една кај гаражите и една дома . При движење ни покажува на телефон . Мислам дека сите комшии имаат вакви Ring камери поврзани со ѕвончето. Можеш да се вклучиш во живо ако не си дома и некој на врата е , да се разберете со пошта или слично .
А дали е легално камерата на комшијата да снима во наш двор? Зошто ако дојдеше некој кај нас со кола во двор, одма не прашуваше кој бил, видел кола на камера во дворот, значи камерата е свртена во нашиот двор. Инаку и јас сакам камера да поставам.