И мене ми се омилени од Литература, а тој со двете мачки го има пропатувано пола свет со мене. И јас вака читам книги кои не се фикција, на делчиња, за да може мозокот да ми ја усвои новата информација. Ако само ја прочитам колку да ја завршам и преминам на друга, тогаш многу малку ми останува во сеќавањето. Инаку, подвиткување страници, никако. Тоа ми е научено уште од мала, мајка ми не даваше да фаќам белешки во книги, морав многу педантна да бидам, па ми остана таа дисциплина во однос на книгите. Освен класични букмаркери, користам разни карти, било што што не би ми ја оштетило книгата секако.
Не ги користам тие што ги има во книгите. Порано користев некаков самоделски(сум го правела гледајќи некои diy видеа на youtube),ама сега имам метален од Алиекспрес и само тој го користам.