Обесимед-капсули за природно слабеење

Дискусија во 'Диети' започната од IvA30, 13 февруари 2012.

  1. IvA30

    IvA30 Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Сакам на сите диеталки и диеталки да им се пофалам: НАЈДОВ НАЧИН ДА ОСЛАБАМ!!!! Веќе една недела ги користам капсулите Обесимед, целосно на природна база, и дефинитивно функционираат:Сосема ми го намалија апетитот, а и кога јадам, оброците се малечки и подолго останувам сита. Навистина, единствениот начин да се ослабе е да се намали внесот на калории, а овие капсули го овозможуваат токму тоа. Вагата веќе покаува -3, но се стремам на -10,па ќе ве известувам за прогресот.
     
  2. interistka

    interistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    суперррррррр! казувај каде ги има и колку капсули колку пари се ?
     
  3. IvA30

    IvA30 Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Јас ги купив во Зегин,45 капсули-600 денари. Е сега, во упатството вика три пати по две, 1час пред оброк. Ама јас не јадам 3 пати дневно, никогаш скоро:) Така да, ми доаѓа пакувањево за некои 11.25дена, според калкулации:)))
     
  4. IvA30

    IvA30 Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    и аптекарката ми кажа да ги пијам со мнооогу вода(за две капсули најмалку 1/2литри)
     
    На emili.m му/ѝ се допаѓа ова.
  5. emili.m

    emili.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    13
    абе ова што ти рекле со мн вода ми личи на оние турбо сланк тие требасе со мн вода да се пијат и по искуствата и други со збореле усвари тоа со се тупаниш со вода ти го намалува апетитот а и колку вода поисе пиеш толку повеке исфрлаш ама ај ке пробам
    усвари ај заврши ги ти па ке ни каеш резултати па тогаш ке пробам :rofl:
     
  6. IvA30

    IvA30 Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    абе си кажува мн фино на кутивчето(а и дадичката во аптеката беше мн фина и ми објасни:)) мора со многу вода за да може да набабри. дека и за СлимЛајн викаа со многу вода,ама тоа беше зошто беа амфетамини,па може да дехидрираш. Не знам за Турбо Шланк,ама знам дека во секоја диета што вика „пијте многу вода“ јас се подувам ко меур, и се осеќам дека ќе прснам. Е со овие-не! засшто се правел некаков гел со водата, и тоа те држело сита...хммм...да знаеш денес една ке растворам во чаша:)))баш да видам:)))
     
  7. interistka

    interistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    САМО ТАКВО ИМА ОД 45 НЕМА СО ПОВЕКЕ?
     
  8. IvA30

    IvA30 Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    мислам дека не...ама и подобро е вака, барем според мене, зошто што ќе ти се 200капсули ако не ти се допаднат? Кај слим лајнот, сите сакавме помало пакување:)
     
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    9.060
    целосно на природна база, стварале гел во стомакот, за една недела -3кг, те држи сита а не е храна....

    и ви личи на нормално и здраво?
     
  10. IvA30

    IvA30 Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    види...за мене единствен начин човек да ослаби е да намали со внес на храна, односно сумата на внесените калории да биде помала од онаа на потрошените во текот на денот. Со овие капсули тоа е можно-немам желба за благо и грицки, а оброците сама си ги приготвувам и се здрави и нутритивно богати. На упатството си пишува дека треба да се примаат со додатоци во исхраната-можеш да си пиеш шумливи таблети со витамини и минерали. Кој колку ќе ослаби е индивидуално, секако ако само лежиш, и јадел макар пола оброк дента, истиот ќе ти се залепи и нема ефект од капсулата. Составот е без активни супстанци-значи нема интеракции со никаков рецептор,промени на метаболизам, значи не е„магична таблета“ кои толку ги среќаваме по интернет и за сите има еден тон несакани ефекти. Во крајна линија, мене ми се погодија-пробај и види ако имаш желба да ослабиш:)
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.141
    Допаѓања:
    85.536
    И инфузијата не е храна :)
    Јас па имам друг проблем, а верувам и повеќето од вас кои бараат чаре да ослабат или да останат во топ форма (јас не сакам да ослабам, ама ми е страв дека ќе се здебелам), а тоа е дека јадеме и кога не сме гладни, нели?
    Стрвни сме!!!
    Жабе апчиња за намалување на апетит кога јадам и кога не сум гладна. Се додека трчам кај комшиката кога ќе ми замириса на кифлички, колачиња, .... нема фајде од апчиња :)

    п.с. инаку, не се скапи па ќе ги купам и ќе пробам.

    ми се пријаде од муабетов :lol:
     
    На betidule му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.778
    Пол:
    Женски
    Овие таблети никако не смеат да се земаат повеќе од 30 дена, а ако лекар ви дозволи (ма да се сомневам) мора да правите пауза од една недела.
    Не смеат да ги употребуваат лица преосетливи на состојките (OMTEC 19 , компиров скроб, хипермелоза (E464), сончогледово масло, титанов диоксид (E171)), трудници и доилки, деца помали од 10 години и луѓе со шеќерна болест.
    Капсулите го намалуваат шеќерот во крвта и не треба да се пијат со други лекови кои имаат такво дејство.
    OMTEC 19 се билни влакна кои абсорбираат голема количина вода. Водата се абсорбира, се собира во организмот и дава чувство на ситост. Со каспулите задолжително треба да се вежба, да се внесува здрава храна, витамини, минерали, а кога веќе тоа ќе го правиш не ти требаат капсулите, со вежбање и здрава храна можеш и без капсули да ослабнеш. Собирањето на вода во желудникот доведува до подуеност во стомакот, гадење, повраќање како негативни ефекти. Испитувањата покажале дека задржувањето на водата во желудникот може да доведе до развивање на бактерии(H-Pylori)во цревата. Ако се пијат други лекови потребно е истите да се земаат 1 час пред или 4 часа по земање на Обесимед капсулите.
    Мое резиме-се што е скоцкано во таблетка, капсула, прашок а има реклама дека губи килограми е вештачко. Вистинската диета е во нашата психа. Ниедно апче или капсула нема да направи магија да ти исчезне апетитот или килограмите. Се е во самите вас, бидете малку по упорни и ќе успеете на природен начин. И на секој различно делуваат, зар ви се ризикува да си уништувате здравје а можеби нема да загубите ни килограм.
    Овие таблети се за прекумерна телесна маса а не само кај мало зголемување на килограмите и зголемен апетит.
    Мое мислење е дека треба да се смени насловот :
    Обесимед-капсули за не природно(вештачко)слабеење,
    бидејќи насловот ми изгледа повеќе како реклама за производот, луѓето се тие кои ќе одлучат дали е природно или вештачко, не може некој да дава таков готов став дека се природни, кога самиот нивен облик и состав покажува колку се вештачки.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  13. emili.m

    emili.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    13
    iva30 rezultati?do sega?
     
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    9.060
    Па и инфузијата не е наменета за секојднево користење. Ниту е нормално.
     
  15. IvA30

    IvA30 Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Во понеделникот дојдоа „оние денови“ па решив да направам пауза, (ама се уште сум на оние -3kg). во понеделник ке си почнам пак.А можеби и викендов,зависно од ситуацијата...:)
     
  16. IvA30

    IvA30 Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Компиров скроб внесуваш секојдневно, макар изела една единствена смока, титаниумот е прехрамбена боја која ја има во 99% од производите, здравата исхрана доколку на ја нагласат, народот ќе се потпре на идеата дека капсулата „топи“ килограми и ќе сака да живее на воздух(па ќе следат анемии и чуда). Јас на препаратов гледам како на житарица со крајно ниска енергетска вредност- нема никва ресорпција бидејќи се работи за густ гел..како и да е, јас верувам дека капсулава ми помага да не скокам до фрижидер на секои 5 минути. и тоа е ТОА што ми треба!
     
    На Ellena07 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ellena07

    Ellena07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    12
    Ива30 што се случи со капсулите?Ги испи ли сите?Колку кг намали?
     
  18. lackygirl

    lackygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    13.591
    Пол:
    Женски
    И мајка ми ги пиеше овие капсули, исто ги купи од Зегин 600 ден, и вчера правевме еден експеримент,
    1 капсула ја ставивеме во чаша со вода и ја оставивме пола саат да стои, и еве го гелот за кој што кажувате како изгледа преку слики лично јас ги сликав
    а каква миризба имаше само- како сапун самварен (домашен што го прават од салото од прасињата :puke: и мајка ми ги прекина не ги пија повеќе, затоа не се лажете со секакви апчиња, глупости оти и јас самата имам пробано 2-3 вида и резултатите се само 1 месец и после исто како порано, се враќаат килата! И размислете 2 пати пред да ги пиете капсуливе!
     

    Прикачени фајлови:

    • k1.JPG
      k1.JPG
      Големина на фајлот:
      78,8 KB
      Прегледи:
      468
    • k3.JPG
      k3.JPG
      Големина на фајлот:
      105,8 KB
      Прегледи:
      468
    • k4.JPG
      k4.JPG
      Големина на фајлот:
      111,5 KB
      Прегледи:
      468
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.