Сите жени, повеќе или помалку, сакаат и носат обетки! Украс на ушите, а и израз на женственост. Какви се вашите омилени обетки? Каков стил најмногу сакате да носите? Можете да ставите и слики, секако. Еве неколку пара мои обетки, омилени
Дома имам куп обетки Цела продавница некои само ги имам купено и никогаш ги немам ставено,а има и некои што од уши не ги вадам
Ги обожавам... од дома без обетки не излегувам, и најчесто сакам висечки, и ретко се сребрени или златни - бижутеријата е закон, особено што ми дозволува многу експериментирање за малку пари... како и да е, немам некој одреден стил, ама сакам оригинални обетки, па најчесто си купувам делови од една продавничка кај КингБургер, може ја знаете, и си ги склопувам сама како што сакам, па колку толку имам уникати... но добро, се случило да купувам и готови примероци, ама посебно ми се драги обетките што ги купувам од Србија, конкретно во Панчево, во една т.н џиџимиџарница (да, така се вика) и таму имам најдено доста убави оригинални примероци кои и не беа многу скапи, дури беа и поефтини отколку овде во Македонија немам слики од моите обетки да ви покажам какви носам, ама кога ќе ги сликам ќе ставам некои
Шелеа - прејаки се обетките! Јас си љубам дрвени обетки.. а за слики... еве утре ќе ги сликам и ќе ги ставам на форумов
Еве и од мене некои ..повекето се моја изработка а некои се од продавница..само квалитетот не е баш нај нај на сликите мислам зошто со мобилен ги сликав ама добро е
Обетки обожавам, ги имам на купови и како што рече мојата комшивка од дома без обетки не излегувам. Сакам секакви, и најмногу бижутерија (златни и сребрени имам по еден-два пара). Најмногу ги сакам оние што се хенд-мејд и си купувам некогаш такви. Но ги сакам и оние старите порано што ги носеле мајка ми и тетка ми. Еве некои мои што успеав да ги најдам СЛИКАНИ за почеток:
Ааа да да Хипице, Коста рулз! 90% од обетките од кај него ми се Еве ги моите: :mrgreen: :mrgreen: :mrgreen:
ги обожавам и ги имам во сите бои сите што ги купувам мора да бидат што поголеми и по тоа сум препознатлива кај другарките
Многу сакам обетки ама стално ги губамм Еве отприлика какви носам и какви би сакала да си купам или да ми направи другарка ми: