Обожавам обетки и ги имам премногу. Не ги сакам многу тие висечките обетки, иако имам и такви. Најмногу ги сакам оние округластите обетки и ги имам во многу големини, бои, некои се подебели некои потенки, некои светкави, некои не...
Во последно време преферирам нешто во ваков стил.Инаку од накит најмногу сакам обетки и нараквици. Леле последниот пат кога бев во Софија,најдов една продавница,ама немате поима колку убав накот имаше. Значи буквално СЕ ми се допагаше Не ми се излегуваше од таму Ептен по мој вкус е.Само што беа скапички работите,на пример најефтините обетки беа 350-400 денари.. И во Скопје ли се толку отприлика?