Друго од аксесорис може и да изоставам, ама без обетки не излегувам од дома. Не сакам гломазни, светкави обетки. Обожавам штосни и едноставни. Еве едни слатки:
Какви обетки одговараат на вашето лице Овално лице Имате супер облик на лице бидејќи можете да носите скоро сè. Нежните обетки, како што се солзи, бисери, „точки“ со гвинт какви што сме носеле како деца или пак алки се најпрепорачливи за вас. Не заборавајте да одберете нешто што ќе биде во сразмер со големината на вашата глава и тело. Познати со овално лице: Анџелина Џоли, Џенифер Анистон, Џулија Робертс, Шерон Стоун Тркалезно лице Вие треба да носите долги обетки кои би му додале агли на вашето лице. Аголен и тенок дизајн е најдобар избор за вас. Висечките, овалните и они што се затвораат со смел дизајн на остри ќошеви исто така би одговарале на вашиот тип на лице. Познати со тркалезно лице: Кејт Винслет, Камерон Дијаз, Пенелопе Круз Во облик на срце Вашето лице е слично на овалното, но вие имате поистакнати „јагодици“, остра брада и широко чело. Треба да се одлучите за обетки кои се шират во долниот дел. Овален и облик на солза се најдобри за вас. Исто така, пробајте обетки во облик на пирамида за тренди изглед. Познати со срцелико лице: Софи Дал, Рис Витерспун, Скарлет Јохансон Правоаголно лице Треба да се одлучите за обетки кои се подолги отколку што се широки. Обетките со завиен дел при крајот, мали тркалезни обетки и големи овални се најдобар избор за вас. Познати со правоаголно лице: Сандра Булок, Деми Мур, Изабела Роселини