Носев обетки ама со текот на времето ушите многу ме болеа и сега веќе не носам,ги носам само кога излевам некој едноставни
Носам ама кога ќе ми текни..неможам да ги носам многу време оти почнуваат ушите да ме болат и ги носам само преку лето туку-така кога ќе ми текне А иначе скоро цело време си сум со златните кои ми ги ставиле како бебе..единствено од нив не ме болат ушите
Пред две години ги дупнав ушите и по некое време си ставив едни убави обетки златни,ама изгледа малку биле искривени(сега се исправени) и штрафчето позади ме разрани Така да ги извадив додека ми зараснат раните не носев,а сега може и ми се затвориле дупчињата За некоја година може пак ќе си ги бушам
Сега имам неколку пара, но ги носам кога како. Имам топчести со црно-бели ленти, долги со крилја, со ѕвездички закачени на увото нели,уште едни, не ги памтам. А тиезлатните, ми ги ставиле на две години, ама не ги нносам. Изместени се и ме болат ушите од нив.
Јас незнам дали ми се неправилно дупнати ушите или пак е до нив ама неможам да носам обетки.Ми гнојат ушите и пеколно ме чешат.Затоа не ни носам
Јас сакам обетки и исто така и носам . Еве некои кои ми се омилени , па можеби некој ден и ќе си ги купам : Овие се невообичаени но интересни .
Кога бев петто или шесто одделение многу сакав да си ги дупнам ушите ,ама мајка ми не ми даваше и ми вели:,,Кој уште носи обетки?“ Баш сакам да носам.
Мене не ми се дупнати ушите хихи Ама си носам обетки со магнети (од Лерин, Грција ги купив) и сакам да ве прашам дали знамете дали има во Скојпе или Битола обетки со магнети ?