Ги сликнав набрзина оние обетки кои најмногу ги носам. Ги имам секакви - ефтини, стари сребрени од мајка ми кога била млада девојка, сребрени филигрански изработени по нарачка, од Accessorise , од Perfois итн итн
Женски еве ги моите нови обетки... хихихи... подарок ми се од личност која знае колку за мене во животот е важна кошарката...многу се кул....
А ќе сакаш ли да го прашаш тој што ти го купил подарокот, т.е. обеткиве, од кај ги купил? Многу сакам да најдам вакви обтки или слични на овие.
Пред месец-два случајно загледав некое fashion show на тв, и просто се заљубив во обетките на водителката! Ако сте виделе/видите нешто вакво, било на нет или тука низ Македонија, ве молам да ме известите.