Сакам секакви обетки, еве нешто бижутерија што ми се матка низ дома - поомилените. Срцињата подулу, проѕирно со златно ми се да речам прва љубов и ги одбирам често за мене битни прилики. Добар дел од обетките се од Авон. Сакам и златни и сребрени обетки, носам соодветно на приликата и да одговара на другиот дел од накитот. Со оглед дека бурмата никогаш не ја вадам и носам доста жолто злато, претежно и златни обетки ставам. Филигран обожам, ама бидејќи привезоците - филигран ми позеленеа, не сум купила обетки филигран.
Многу сакам обетки и никогаш не излегувам без нив. И сама не знам колку имам и колку пари имам потрошено
Воопшто не носам обетки освен за некоја специјална прилика и тоа се поедноставни. Можеби дека немам многу ама пак никогаш и не сум имала желба да купувам.
Девојки сакам да си купам обетки, ама златни да бидат, па немам прошетано по златарите, сакам мали да бидат така нежни, може да ми каже некоја колку им се движи цената ? еве слики отприлика
Многу сакам интересни, специфични обетки, не сакам злато/сребро, значи бижутерија во главно. Сакам желчиња, ѕвездички и такви некои слатки форми од поситните обетки, а исто сакам висечи обетки, некои во indie/boho стил. Имам неколку такви по дома, а за ситни се канам да купам веќе со години. Значи како замисла знам што сакам, ама да ги купам знам дека ќе ми фаќаат прашина и ќе ги носам многу ретко или никогаш, па затоа и не купувам. Еден период ми беше интересно да направам сто дупчиња на увото, од едната страна извадив една менѓушка, па ми зарасна местото и не отидов да ставам пак. Од другата имам три медицинки, уште ми стојат истите со години, дури увцето ми се деформирало малку од тежината. Ај, сега кога ќе одам на роденденски шопинг, може да си се подновам и со некој пар обетки.
Не носам често обетки,имам неколку и најчесто ги носам за излегување. Имам вакви слични само без црната коцка,кои ми се омилени
Многу ги обожавам ги имам премногу постојано ги носам и менувам но страшно ги губам, неосетно ќе ми паднат и толку е наоѓање нема Пепелашка ја губи штиклата јас обетка...
Neshto sho nikogash vo zivotov ne nauchiv da podnesam se obetki... mi smetaat na ushi i nemozam ama nemozaaamm da gi smislam ne pa da gi nosam
Ги сакам обетките ама не можам да ги носам. Лани си купив златни ама душата им ја извадив, постојано беше откопчи-закопчи и на крајот едната ми се скрши. Ми ја поправи еден златар и тогаш повторно ги ставив и си реков нема веќе откопчување ама ништо, пак ги расипав и не сум ги поправала, така си стојат. Не можам да ги поднесам на уво.
Имам премногу и секогаш носам обетки на мене. И мали кои се нежни и големи што се впечатливи. Се повеќе сакам уникатни обетки и впечатливи да се, дома имам цели 3 кутии со обетки полни. Никогаш доста. Омилено нешто од накит ми се.
Носам нон стоп. Имам по две дупчиња на двете уши и носам најчесто малечки обетки, ситен филигран/сребро/бело злато или бисер. Сакам мали обетки, во бои, омилени ми се Фаринас Хендмејд, весели и разиграни. Купувам и од Камала.