Во последно време само во неактивни теми пишувам Пред некое време си ги дупчев ушите и сакам да си купам и искомбинирам обетки кои би оделе заедно. Имате некои идеи/слики? На едното имам 2 дупчиња ии на другото 1 (и на двете сакам уште по едно дупче да направам)
Немојте да се лажете, до сега 3 пати купувам обетки од таму (и тоа поскапите што им се над 1000 ден) и квалитет 0! Дали два пати ги носев буквално се распаѓаат. Инвестирајте во поскапи обетки од другиве продавници, платете квалитет! Исто така немојте да купувате од Accessories ги порачуваат од алиехпресс и обетки што чинат 300 денари, кај нас се одприлика 800 ден.
Сите интернет страни скоро освен тие што се handmade ги продаваат така од алиекспрес купени и тоа по тродупли цени. Не знам зошто нема регулација онлајн што се може да се продава, scam на народот му прават.
Не е за оваа тема ама нз во која, ушите како бебе ми се дупнати ама кога и да ставам ушники уште од порано од средно се сеќавам ме чешаат ушите и ден денес така, првиот ден ме чешаат вториот ме боли местото дупчето. Што може да е проблемот? Само со ракија ги имам чистено дупчињата и ушниките ама пак исто.