Оваа тема ја отварам за да прашам и да видам други мислења.Кои обичаи вие ги знете (за свадба,крштевка или било кој друг повод), дали верувате, што мислите, колку ги поштувате. Воедно и да прашам во темата идеа за подарок добив предлог за часовник, имам слушнато дека не чинело дечко и девојка еден на друг да си подарувале часовник-значело времето е одбројано на нивната врска.Што мислите за тоа дајте ваше мислење?
i jas go imam slusnato toa ama iskreno ne veruvam poznavam dosta parovi sto si kupile casovnik pa ete i den denes se zaedno zatoa ne misli mnogu na tie raboti ako vi e sudeno da bidite zaedno ke bidite bez razlika dali ke mu podaris casovnik ili ne
Мене дечко ми ми подари часовник пред три години па еве уште сме заедно, нема врска тоа, часовникот ми се расипа , веќе не го носам, а ние уште сме заедно.
i jas imam slusnato za toa no i jas ne veruvam vo toa veruvam vo mnogu drugi raboti no vo toa e kolku ke bidite zaedno zavisi od vas dvajcata no malku i od sudbinata zatoa sto starite luge ne rekle za dzabe ''KOLKU STO E PISANO'' ne se zamaraj po tolku cuvajs si go casovnikot i se neka vi e najubavo vo zivotot toa e od mene.pozdrav
ajde i jas da kazam nekoj obicaj sto po mene e dosta cuden na primer koga se pravi svadba i odat kaj zetot go sednuvaat zetot na stolica go mackaat so pena za bricenje i zemaat sekira i demek go bricat mislam stvarno toa mi e nekako neznam bezveze.mozi nekoj da mi kaze sto znaci toa?pozz[
jas za casovnik sum go sllusnala sprotivnoto, deka lpga ke podaris casovnik(sat) treba da izberes posebna licnost, decko, tatko, sestra majka, za da pomisli na tebe sekogash, ta se potsetuva na tebe, ova jas sum go sllusnala... cao
Јас пак имам слушнато обратно, дека не чинело да се подарува часовник на саканата личност, као наводно се одбројувало времето сто сте заедно... Колку е ова вистина незнам, знам многу луѓе што си подариле часовници еден на друг а сеуште се заедно но исто и луѓе што се разделиле, ма да јас мислам тоа е под сугестија, еј раскинавме зашто ми подари часовник. Живи глупости според мене.
И јас сум слушнала за часовник, запалка и парфем дека не се подарува, но јас лично не верувам во тие работи. Кај нас мислам дека нема толку многу обичаи... никој повеќе не ги прави старите ... ни баци рака, ни бричење... ништо Имаат останато само неколку обичаи кои сите ги прават. На пример кога се зема невестата да се дадат пари или да ја „купат“ невестата или ставањето на пари во чевлите на невестата 3 пати и некои такви обичаи. Барем според мене сите традиции и обичаи умираат полека. Не знам тоа колку е убаво, според мене не е затоа што тоа била некогаш наша традиција. Од друга страна пак не е убаво за младоженците да се прават многу обичаи - многу ќе се изморат Јас сум била на свадба во село во Србија и церемониите започнаа во 8 наутро, а свадбата заврши во 1 вечерта hock: мнооооооогу долго
Јас лично не верувам во никакви адети!! тоа е Жива глупост . НЕСАКАМ ДА БИДАМ НЕВЕСТА И ДА МИ СЕ ПРАВИТ 1001 РАБОТА ,САКАМ СКРОММА И УБАВА СВАДБА БЕЗ АДЕТИ ,ЛЕБОВИ ПОДМИШКА И ДА МЕ ПОЈАТ СО ВОДА ОД КОНДУРАТА СЕКОЈ АДЕТ СИ ИМАЛ СВОЕ ЗНАЧЕЊЕ??КОЕ Е ЗНАЧЕЊЕТО КОГА ПОСЛЕ СИТЕ НАПРАВЕНИ АДЕТИ НЕВЕСТАТА ИМА ГО ИЗНЕВЕРЕНО МАЖОТ УШТЕ ИСТАТА ВЕЧЕР А ГИ ИМАТ НАПРАВЕНО СИТЕ АДЕТИ.....ХАХАХА А КОГА СМЕ КАЈ ПОКЛОНИТЕ ???ДАЛИСЕ ПОДАРУВАААТ ЧАСОВНИЦИ ,СЛОБОДНО ПОКЛОНУВАЈТЕ СИ! НА МЕНЕ ЛИЧНО МИ ИМАТ ПОКЛОНЕТО И СМЕ ВО ВРСКА 6 ГОДИНИ
За тоа со часовниците немав слушнато, напротив, јас знам дека часовникот означува долговечност... па сега ти види што е точно?! Јас скоро нешто слушнав, некое верување дека во февруари не се давало збор, ниту се правело веридба, свадба и слично, затоа што февруари бил најкраток месец во годината - ако се прашувам јас, жива глупост е тоа... А со оние обичаи околу свадбите, ете минатиот месец бев на свадба, па си имаше традиционално земање на невеста, со туркање на врата, со ставање пари во чевлите и пиење вино од чевелот... лично мислам дека е убаво што некои обичаи се задржале, ама од друга страна е многу напорно... додуша, веројатно порано и немале што многу да прават, па морале да ги измислат тие адети, за да го исполнат денот... сега во еден ден и во матично и во црква и во хотел/ресторан - кај се има време за се?
pa vaka pred nekoj den bas slusav razgovor za ovie raboti i ova so zetov bilo za da se prestrasel od nevestata
Имам слушнато за адети за свадба, на пример кога доаѓаат сватовите по невестата, таа преку прстенот треба да го види зетот преку прозор,нормално,никој да не ја види. Потоа кога ќе ја земат невестата (со туркање на врата, со плаќање, потоа да и се стават пари во чевлите и да пие вино од чевелот), двајца мажи од нејзината куќа ја изнесуваат (брат, братучед) и кога ќе ја предадат кај зетот,кој чека кај колата, нејзиниот брат му удира шамар на зетот Исто имам бидено на свадба, кога ја зедоа невестата, се венчаа в црква и потоа не отидоа дирекно в хотел, туку кај зетот дома, невестата влезе со 2 леба под пазувите, на влезната врата имаа поставено ѓумче со вода, па таа требаше да го турни, да нацрта крст на влезната врата со мед, додека влегуваше, свекрвата и врза медалјонче на фустанот со безопасна и ја влечеше до кујната со тоа, и ја чукна невестата со главата во ќункот на шпоретот за да била вредна. Абе неможам да ги разберам ове работи. :roll: own:
SAMO DA VI KAZAM DEKA JAS MU IMAV PODARENO CASOVNIK I TOJ MENE,PA EVE SEGA ME POBARA ZA ZENA I KE SE ZEMEME,NEMA VRSKA TOA..
Znaci ic ne gi mozam adetive i obicaite. Nekako ic ne mi e zgodno na veridba ili svadba,pa da se svrti devojkata i pred da si odi da vikne mamo ili ne znam sto. Ne sakam mojata svadba da bide tradicionalna, ke mora da smislam nesto
Каде и да одам на свадба ги има овие обичаи Некои од нив ми се допаѓаат ама некои ми се претерани own: .Еден ден кога ќе се мажам сакам полу традиционална свадба,сакам да има и нешто кое ќе ја направи свадбата убава и интересна за мојата генерација
Свадбениве обичааи ич не ги сакам многу ми е глупаво и незнам. Блјак и повеќе се троши. Како да продаваат некој не да се мажи. Јас би сакала свадба во амерички стил ) Може некаде далеку со идниот маж и сами да си се земеме а не вака со триста глупости. но секој си има разлчно мислење и вкус