Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обичаи, адети, верувања

Дискусија во 'Свадба' започната од Snezna-Kralica, 13 декември 2009.

  1. K.Karanfillova

    K.Karanfillova Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    83

    ЕДВАЈ ЧЕКАМ!!!! Ептен ги сакам обичаите и со душа чекам денот да дојде за мојата свадба... ^_^
     
  2. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Феминки, да споделам еден линк каде ги имаат наведено поголем број од обичаите http://svadbabezmaka.mk/свадбени-обичаи/
    Може ќе и се најдат на некоја феминка. :)
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Кој го знае обичајот за носење прстени на секој прст што значат да ми пише
     
  4. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    34.462
    Пол:
    Женски
    Значи 2 прашања
    1 венчаницата да ја однесам на хемиско до година од свадба или откако ке помине година ?
    2 што со матријалите од црква т.е. кога да сошијам нешто до година или после година од свадбата ??
     
    На Sofronko му/ѝ се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Ако толку ти се битни обичаите и веруваш во нив, најдобро прашај во црквата каде што сте се венчале. Не сум голем верник и ништо од ова не ми е битно, иако сум била венчана во црква.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Венчаницата ќе си ка однесеш на хемиско кога ќе бидеш во можност бидејќи ако не ја средиш ќе се умириса и после ни хемиско не те спасува, а од материјалите треба да си сошиеш нешто од нив до година
     
  7. winter flower

    winter flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    12.214
    Пол:
    Женски
    Зошто не смеело да се видат две невести една со друга? :fubar:
     
  8. MazzyStar

    MazzyStar Нов член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Затоа што останале глупави адети и обичаи од минатото, каква врска има ако се видат две невести не ми е јасно ?! Да не мислат дека до побрз развод ќе дојди, а не дека нема да дојди.
    поззз феминки ❤️❤️❤️
     
    На SummerGirl и winter flower им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Тоа ти е глупост на квадрат. Сестра ми кога се мажеше бегаше да не се види со другата невеста. Свашта.
     
  10. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    34.462
    Пол:
    Женски
    Ај уште нешто девојки венчето над врата ден пред година од свадба или кога се вади и што со него?
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Мојот материјал стои скоро 15 години несошиен.
    Да се разведам ли?
     
    На Anturium, CameliaMiller, ❤️Sneze❤️ и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl: ме изнасмеа..
     
    На La.loca, tambelina и WildMk им се допаѓа ова.
  13. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    :) абе така викаат еве и јас неам сошиено
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Од адети и верувања во бременоста ми текна на свадби. Носевте ли вие подвезица на нога? :lol: Јас носев (така ми кажаа) и после фрлање бидермаер (за момите) дојде ред на подвезицата(за ергените) :rofl::rofl::rofl: Лелеееее кога ќе ми текне само ... Зетот под фустан со раце позади грб скрстени, со заби ми ја симна подвезицата од нога па да ја фрла (facepalm):rofl: еееееее младост лудост . И успут кога веќе расправам , после венчање нели кај зетот дома па пред порти едно стаклено литарско шише со вода и пена шо го бричеле претходно ме пречека , демек 3пати да се напијам и да го фрлам (facepalm) се позавртев а околу луѓе народ музика сакаш ли кај да го фрлев (да се скрши требало) бањав некого :rofl::rofl: Тогаш млада не ми беше гајле ,што ми викаа правев , сеа барем има на што да се смеам слатко кога се присетувам.
    Пс.ќе се смеат децата и внуците еден ден коа ќе остарам 8-|^_^
     
    На ❤️Sneze❤️, TutiFuti, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  15. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    ЕТЕ зошто сум се развела јас ,(facepalm) како не ми текнало до сега . :D Да сум сошиела може немаше да се разведам никогаш од коцкар насилник .
     
    На candy.cane, CameliaMiller, ❤️Sneze❤️ и 5 други им се допаѓа ова.
  16. whitepearl

    whitepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    38
    Како е планот по одење кај невеста и што точно треба да се случува таму, бес мн адети...
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Се игра оро пред домот на невестата. Иако сум забележала дека почнаа и без музика да одат. Се китат сватовите. Се бутка вратата од собата на невестата, а отпосле она треба да пробува чевли. Доколку и ги носат сватовите. Има невести кои сакаат да не им се носат. Има јадење на кокошка, благо. Секаде различни адети. Сватовите кршат погача.

    Ова сум го гледала по свадбиве во Скопје. Јас не правев свадба со адети.
     
  18. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Адети што ги правевме на нашата свадба беа:
    1.јадевме погача и пиевме сок наместо вино не пиеме алкохол ни двајцата дома кај мене ( Од тука и тргнавме сите немаше класично одење по невеста).
    2.Дарував се по ред од машката страна и се тоа се одвиваше во кафаната.
    3.Фрлав бидермаер.
    Толку.
    А адети што не сме ги правеле имаше многу. Материјалот што го добив од старосватот и кумот сеуште стои забутан во некој од плакарите. Прстените демек еден на друг да ги купиме мм си ги плати самиот.
    Материјалот за фустан исто тој самиот си го плати чевли и одело сам си зема бидејќи Свеки моја се немала и така. Ниту кокошка јадевме ниту ништо демек назадица да не ни одело од кокошката.....риела назад со нозете.
    Друго од адети што знам е вак:
    * одење по невестата.
    *буткање на врата.
    *дарување во домот на невестата, и кога дарува сите треба да и дадат пари кај мене па обратно никој не ми даде пари туку бовча ха ха .
    * китење на старосватовите на влезот кога пристигнуваат и тогаш сите од страна на машкото ставаат пари.
    *кршат погача сватовите.
    *младоженците пијат вино, јадат погача или кокошка апнуваат мед да биле благи.
    *во кафана кумовото прасе играат со него келнњрите и фрлаат сите пари кои ги земаат келнерите.
    * главата од кумовото прасе кумот му ја врачува на младоженрцот и тој на крајот од свадбата треба да си ја изнесе самиот од кафана и однесе дома и утредента да го вика кумот на јадење со старосватот и деверот.
    *деверот треба ташна.чевли да земе на неветата.
    *мажот дома на денот кога ќе се венчаат требало да ја пренесе невестата дома преку праг ( демек да не ги прегазела предците и да не ги подгазувала нрговите родители).
    Ах и ова ќе го заборавев. Китење на зетот пред влезот кај невестата кој што стои на едно чергиче еден до друг со деверот и до него стоело вода на крај што ќе ја турне зетот. Туку плус на тоа чергиче нетребало зетот о деверот да газат заедно ниту пак некој друг ќе носело несреќа односно смрт. Е ова е чувај боже од адет.(facepalm)
    Има еден куп адети но јас и мм ништо не сакавме да правиме.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    2.467
    Пол:
    Женски
    Јас, пак, сама си ја купив ташната, деверот само сандалите ми ги купи, а требало и ташната :wasntme:
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Јас ни ташна немав. А сандалите и бидермаерот сама си ги купив. И фустанот (не носев венчаница). Не знам зошто е таков адетот деверот да ги купува овие работи.