Материјал сведоците носат. Погача и вино треба. Свеќите ич не се сеќавам дали спаѓаа во цената. Ние плативме унапред околу 6000-7000 вкупно
Здраво жени! Деверот ќе се жени, па ме интересира од наша страна - маж ми и јас што треба да се спремаме освен поклонот за свадба. Деверот е најмалиот брат, ако тоа има врска. Јас ич не се разбирам, сопругот исто... Знам дека свекрвче ќе нѐ извести за адетите, ама сакам јас да си бидам спремна.
јас планирам да нема адети,ниту одење по невеста,ниту дарување,ниту црвква. Правевме веридба во јули само со најблиските,свадба не сакавме,но родителите на сопругот премногу сакаат и одлучувме да правиме,но под услов да не не замараат со што е правилно,мора вака,мора така.
Јас работам и како фотограф и можам да кажам дека се повеќе се изоставува тоа одење по невестата,нема правила и ништо не се мора,се прави баш онака како што ви е убаво
Мене во последно време не ми е јасно тоа одењето по невеста. Таа веќе со години живее кај него, па ај сега ќе се враќа назад дома, па да дојде он да си ја земе Не разумем...
Девојки планирам венчавка ама се псѓа во Петровденски пост. Ни кажаа дека нема врска и се праве во тие пости, само казна се плаќа, некоја молба потполнуваш шо ја испраќаат во епархијата. Не знам шп да правам, дали да ја смениме датата?
Малку ми е нелогично.. Верски не смее да се прави свадба зошто црквата вика во денови на пост не се се венчава. Ама ако си платиш причина казна може зошто господ со парите ќе ти го прости "гревот" односно венчавката. Е баш од овие причини не верувам во црква и попови. Прво тарифа за венчавка...? Не ми замерувај само ептен ми падна во очи ова со паричната казна. Мој совет е да прашаш во манастир знам дека они имаат поразлични толкувања на овие работи и не некои не не плаќаат за венчавки и крштевки.
Zdravo lugjee, treba da odam na veridba kaj drugarka. Dosega ne sum imala vakov nastan pa me interesira kakov poklon se nosi? Kakvi se obicaite po toa prasanje?
Pari, se drugo mozes da utnes da ne im se svigja ili da ne im e korisno. Pola od rabotite sto gi nosat po svadbi mozes i sam da si gi kupis. Na ovaa skapotija nosam isklucivo pari
Имаме поклон - пари од баба ми за свадба... Имавме исто поклон од неа и кога се вселивме, па си назначивме дека од неа се фрижидерот и машината за садови.... Сега немаме што позначајно да купиме, па добив идеја да си земеме бурмите? Дали е глупаво?
Погача и вино кој носи? Материјал прочитав дека сведоците... Што се плаќа во црква и тос знам... Друго што треба?
Пишала ти Мила дека свекрвата носи погача и вино. Во секој крај е различно.. Кај нас свекрвата носи баклава кога се оди по невестата и пола ја остава таму, а другото го враќа дома. Свекрвата носи и бонбончиња со паричка и леблебија за фрлање во црква кога излегуваат младоженците. Не ми текнува друго