Nie zakazavme vencavka vo crkva, ni dadoa livce i pisuva deka svekrvata nosi pogaca i vino i bonboncinja so paricki za frlanje, a babata nosi peskir i zejtin. Starosvatovite i kumot nosat po minimum 1m platno i po dve svekji. Po 2000denari plakjaat roditelite i po 1500 kumot i starosvatot. Tolku
Има разлика од црква до црква во ист град најпаметно е да си прашате таму кај што сакате да се венчате.
Барам барам и не можам да најдам. Бајракот се ,,крадеше" целосно или само китенките ( босилок , јаболко... )?
Мислам дека босилокот и јаболкото не треба да се растураат. Секое си има своја симболика, како што сум слушнала се краде целосно.
И јас истото го знам... кај сестра ми го распарталија па ќе го заборавеа во ресторан , јас го земав и го донесов дома( далеку сме ) и зетко се налутил...
Колку сака нека е то си е негов проблем реално криво ми падна моментално ама ми кажав ко ќе дојди нека си го земи толку од мене.
Здраво на сите, ме интересира нешто сум била досега шаферка 2 пати ама од машка страна е сега 1ва братучетка ме бара да и бидам нејзе шаферка, некои викаат небивало така дека е од женска страна...
Знам неколку случаи со девојче од женската страна. Најубаво, прашајте си во црквата во која ќе се венчаат. Вака сите различно ќе ти кажат. @pamelche шаферка е исто што и девер, само девојче и стои до младоженецот за време на венчавката.
Па не е баш деверуша, бар овде кај нас деверуша нема никаква улога, освен нели другарка на невестата. Исто е како и деверот, само што е девојче. Овде и деверот го викаат шафер, а девојчето шаферка. Стојат и двајцата во текот на самата венчавка во црква, држат свеќи, во листот што е за венчавка се пишуваат податоци и за неа. Ама само овде во Штип, во други градови немам слушнато да има шаферка. Инаку, бидермаерот го купува таа, а деверот чевлите. Многу градови, различни обичаи
Ајдее и старосват има? што улога има па тој ? Само компликации и нервози носат овие адети. Се знае што е суштината на свадбата, во никој случај не е главоболки да им стварате на младите за да бидете реденки зад нив.
Абе ајде јас ги измислив??? Само објаснив што е шаферка, не правам реденки и не стварам проблеми на млади. Реков и погоре, различни градови, различни адети. На крај, секој си прави како што му одговара. Ниту јас правам реденки, ниту ти ќе ги спасиш младенците од истите тие реденки