Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обичаи, адети, верувања

Дискусија во 'Свадба' започната од Snezna-Kralica, 13 декември 2009.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Зошто да не чини? Што има врска било што од кратење или шиење со нечинење? 21 век млади и во такви работи кој немаат смисла ни логика да веруваат ми е нонсенс.
     
    На Angelllla му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marijanamakedon

    Marijanamakedon Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2023
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Nekoi vikaat ne cinelo vrz nevestata koga go probuva fustanot da se potsekuva potkratuva zatoa :worried:
     
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.584
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Тоа е само фустан, парче материјал и ништо повеќе.
     
    На Angelllla, VDT2906 и Marijanamakedon им се допаѓа ова.
  4. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Вака ,за сите овие ,,обичаи " прашувам зошто ако објаснувањето ми ,,држи вода " ќе послушам ,ама ако е одговорот така или нешто без никаква логика си терам по мое :)
     
    На Marijanamakedon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marijanamakedon

    Marijanamakedon Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2023
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам, малку ме копка и страв ми е од тпа,, нешто да не биде лошо" стариве викаат не чини врз невестата среќата се кратела и бракот и малку ми е шубе
     
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.048
    Допаѓања:
    21.685
    Пол:
    Женски
    А како ќе ја провери должината поинаку?
    Си ја знаат шивачите работата и како треба. Секој материјал не е ист. Ако не е убаво исечено измерено ќе мрдне малце па може да биде крива.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Ама еве размисли малце пологично, што има врска еден фустан обично парче матријал со нечија среќа? Како тоа би влијаело на нечиј брак и среќа? И ќе видиш дека нема смисла.
     
    На Angelllla, Marijanamakedon и stsmua05 им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.920
    Допаѓања:
    179.323
    Настрана среќата, јас не разбирам кој шнајдерски ум и талент е тој, облечен фустан да го крати на лице место. Се мери и се означува со шпенагли, се крати после, на рамна површина. И јас така шијам и мене така ми шиеле.
     
    На Трагедијаупмм, Marijanamakedon и Ordinary им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.183
    Допаѓања:
    125.304
    Пол:
    Женски
    А, како инаку да ѝ го направи по мерка? :rofl:
    Треба на неа.
    Фустанот нема врска со среќа.
     
    На Marijanamakedon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. V21

    V21 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Не знам дали оваа е најсоодветната тема за ова но ми треба совет. Мајката на вереникот почина 5 месеци пред закажана свадба, што би направиле во ваков случај, дали сте биле во ваква ситуација, дали сте добиле некаков совет од црковно лице?
     
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.345
    Допаѓања:
    7.465
    Пол:
    Женски
    Како некој што има починат родител, би те советувала да разговараш со вереникот, дали сака да ја одложите свадбата до 1 година од кога е почината, дали сака да правите, бидејќи како и да одлучи би го разбрала. Ќе ти кажам само дека е претешко што сепак мајка му нема да е на свадбата и дека голема е веројатноста да сака да ја одложите. Само имај разбирање бидејќи е осетливо нешто. Ти кажувам од искуство. Црковно лице ќе те советува дека изборот е ваш, како се осеќате така. Дека живите со живите, мртвите со мртвите. Дека нема да се врати тој што заминал. И дека ваш е изборот. Знам дека и тебе ти е свадба, ама загуба на родител е огромна болка. Што и да одлучитр нема да е погрешно. Како си одлучите така.
     
    На Opeth1986, HelloGirlssss, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    2.884
    Не е толку битно што ќе ти каже свештеното лице, туку што човек ќе излезеш ти. Треба да се има разбирање за такви случаи. За некого е тоа преголем шок.
    Многу е глупаво ти да инсистираш за свадба бидејќи треба да знаеш дека атмосферата нема да биде иста, таму ќе има луѓе на кои воопшто не им е до игра и песна. На крајот од денот па и ти сигурно ја имаш запознаено жената, незнам како би се веселела знаејќи дека едно парче фали и нечие срце е скршено, посебно на тој до тебе.
    Така не се искажува почит и љубов.
     
    На Anyshka, Трагедијаупмм и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. V21

    V21 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    A kade procita deka insistiram na svadba? Znaci tolku izfrustrirani luge ima po forumov, strasno.
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    2.884
    смири доживљај малку и препрочитај што имам напишано..
    каде прочита дека те обвинувам ? |(
     
    На SummerGirl и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  15. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    Со материјалите од црква од кумот и старосватото дали може да се направат навлаки за перници пример.
    Немам идеја што да направам...
     
  16. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    Зависи која религија сте, муслиманите прават свадба без оглед на периодот кога е починат некој, кај христијаните е поинаку. Кај нас христијаните периодот на тага трае подолго време, не дека другите не жалат, имаат поинакви верски убедувања и обичаи.

    На оваа тема треба со вереникот и со неговите најблиски да си зборуваш, бидејќи тие ќе треба да извршуваат адети од нивна страна, а и не верувам дека некој ќе е расположен да стане и да игра на свадбата. Најдобро е да си ја откажеш свадбата, а ако веќе сакаш да правиш веселба, тогаш прави поголема крштевка за децата.
     
  17. HelloGirlssss

    HelloGirlssss Нов член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2024
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали може другар да ја запороси девојка му за време на велигденските пости и да направат регистрација? Ви благодарам на секој одговор
     
  18. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    2.884
    може, во пости само не се прави венчавка во црква.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angelllla

    Angelllla Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2020
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Јас сум израсната без суеверија и сум преблагодарна што имам родители со нормални гледишта. Кога нешто ќе се случи не се туфкам со суеверија туку ја истражувам причината зошто дошло до тоа, па влијаам пак да не се случи, не со ритуали туку со моите постапки.Да напоменам порасната сум во не-религиозна средина.
     
    На FreeToGo, violetblue, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    17.108
    Ова не е точно.
    Венчаваат во црква само со поголема тарифа.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.