абе сега се прават за поголема тарифа порано ниту бремени не ги венчаваа. ама на крајот се е сопствен избор.
Точно, ние пред 5-6 години за време на Петровденски пости плативме 1500 како казна и плус 2500 тарифата, само за Велигденски пости не венчаваат.
Па баш од случај од порано кажувам дека венчаваат. Моите пред 30 години скоро, на велигденски пости се венчани.
Јас знам само за Велигденски не венчаваат, мислам и за Божиќни, а за другиве венчаваат, ама си плаќаш повеќе.
Во адети- за свадба, би треба инфо. Што треба да состои дарот за невестата? Слушнав интересно инфо, дека без гаки и папучи не треба да е. Некои ставале и чадор Ми треба инфо за адетите. Инаку јас ќе сум во улога на кума
Зависи од кој крај е. Ваму од каде што ми е сопругот и кумата ја дарува невеста со злато. @Momichka најдобро да прашаш некој од местото каде што си кума, затоа што обичаите се различни секаде. За ова што си пишала јас на пример прв пат слушам. За местото од каде што е сопругот, обичај е кумата да ја дарува невестата со злато, бидермаер купува и торта.
@Mandela ти благодарам на одговорот. Направив испрашување кај преку 20 лица, ама не познавам лично лица од местото. Пробав да пребарувам на нет, ама исто немам инфо. Последниот спас ми беше овде
Како ќе си се договорите така, сега ретко некој кој почитува адети и традиции, се е со договор. На времето се дарувале сите не само заковните, ние пари ги дарувавме само кумовите, старосватовите и деверот, некои ги даруваат со убав часовник, накит, а не како порано со ќебиња, јоргани, јамболии, гаќи, пижами, папучи. Сега младите си одлучуваат како ќе даруваат.
Ништо. Идеш и закажуваш датум и час и чекаш да дојде денот на венчавка. Во меѓувреме си се спремате за останатото.
Не . Барем во црквата каде се венчававме ние не побараа. Само ме прашаа дали сме ние и кумот и старосватицата крстени и толку.
Луѓе. Има некои симпатични обичаи и адети, меѓутоа поголемиот број се празна слама. Овие ствари потекнуваат од старите времиња кога луѓето имале лимитиран пристап кон информации и верувале во некои обичаи зошто не знаеле за поинаку. Баба ми покојна на пример, беше екстремно религиозна и цел живот се водеше од тоа. Ќе кажеш во Југославија била забранета религијата, а да бе. Мене на пример нејзините обичаи ми беа одбивни и глупави. Не чини ова, не чини вака, не смее на полна месечина... Не би да навредам никого ама во 2024 година уште да тераш некои стари адети и обичаи... не знам. Времињата се други.
Не треба,само на денот на венчавката треба да е присутен кумот/ата. Многу сум против обичаи и адети,освен некои ама многу па скоро и ич не ги практикувам, гледам да ги избегнам.Не верувам дека ако направам така и така според обичајот или адет некој дека којзнае што ќе се деси.Се е во Божји раце,како ќе рече Бог така ќе биде.