од никогаш не сум ги сакала тие старски обичаи и добро што ми се погоди и сопругот како мене па немаше гњавење и малтретирање освен оние како што се нели купување на невеста,ставање пари во чевлите...па и додуша и толку беа колку да се има и нешто македонско на свадбата(пред месец ипол)
Jas voopsto ne gi sakam tie adeti i obicai sto gi pravat na svadbi,mnogu mi se glupavi i ne veruvam vo niv.Nie pravevme svadba pred edna godina no na nasata svadba nemase ama bukvano ni eden adet.Taka mnogu poubavo i porelaksirano pominavme.A sto se odnesuva do pokloni,jas na mojot soprug mu imam kupeno casovnik togas se uste ne bevme zemeni i eve uste si go nosi.Ne veruvam vo takvi i zmsleni raboti
Ние исто така немавме обичаи, освен фрлање бидермер на самата свадба. Немавме земање на невеста, заедно живеевме и од дома заедно си излеговме...Немавме ни веридба, ни кршење погачи, ни мешање прстени во брашно, ниставање пари во чевла...ме нервираат работикои само ја оптоваурваат свадбата. Инаку, можеби од денешен аспект, правењето свадба е некако излишно. Младите сами треба да си направат програма како ќе се одвива свадбата...родителите не треба да им сугерираат обичаи.
Во мојот крај сеуште се применуваат некои свадбени обичаи, од кои некои се карактеристични само кај нас, на пример кај нас кога кумот ја заигрува невестата на оро секогаш тој крши бокал со вино, на невестата и ставаат пари во чевлите, им даваат пари на тие што стојат на врата кај невестата - ја " купуваат", невестата го гледа зетот низ прстен, на излегување од дома невестата турка ѓумче со вода, фрлање на бидермаерот ; се поретко, но сепак се применува адетот на бричење на зетот ( го бричат пред да се оди по кумот и по невестата), до пред неколку години невестата ја чукаа од од ќунк за да била домаќинка и сл. Јас мислам дека убаво е да се има некои обичаи на свадбата, ама не претерано, некои што се позастапени секаде и поедноставни, пример јас не сакам да ме чукаат од од ќунк или да ме тераат да носам лебови под мишка
И каj нас е исто. поклони: чорапи - ќе избегне, ножот - караница,... амо има и една финта: ако сакаш да подаруваш часовникот за дечко ти, тоj треба да те врати ситна паричка))) тога судбина ке измисли дека ово не е поклон , исто и за други подарки))))
Значи, не можете да ги споредете некои си глупи суевериа со стари македонски традиционални адети, кои се богатство на нашата земја. Суавериата од типот, ако му подариш сат, се одбројува времето на врската, или пуштат чешма цело време да тече додека полагаш испит ( знам и таков случај бог да чува), се тотални срања и без врска!!! Не ги споредувајте со нашите преубави старински адети и обичаи. Од селото од кое потекнувам, роднините ми прават селски свадби, па не сте свесни колку се убави тие свадби и интересно, со премногу обичаи и адети, трае три дена, а последниот ден, Понеделникот се носи невестата на вода на чешмата, во носијата од селото, со музика, и е премногу убаво!! Исто и во неделата кога се оди по невестата кој сака од поблиските се облекува во народна носија, едвај чекам свадби заради тоа. Сум била и на свадби во хотел, и искрено мене ми се премногу досадни, стегнати, неопуштени. 5-6 сати ке поиграш, ручекот и ојде свадбата. Копнееме по американски странски свадби, кои се впрочем предосадни, па луѓе од странство доаѓаат за галичка свадба да гледаат, и уживаат во тоа бре, прво треба да си го цениме нашето македонско. Да имав можност би ве поканила сите на моја свадба, па ке видите како ке ви се смени мислењето. Селска старинска традиционална македонска свадба рулз
Обожавам свадба со обичаиии, а копнејам да се венчам во водите на некое езеро или море нешто несекојдневно... Обичаи...Свекорот и дедото ги ставаат бурмите во чинија со вино и пијат 3 пати, и од двете страни (и од машката и од женската) се поставува месарика која ја меси погачата со паричка и ја дели на домашните гости а во кого ке се падне паричката се верува дека е следен за зенење/мажење и го даруваат, невестата го гледа младоженецот низ прстен и сито од својот прозор криејки се да не ја забележи т.е. види...тоа го прави за да мажот и да не гледа/оди по други жени и додека го гледа вика како што те гледам јас низ ова сито така и ти само да ме гледаш, невестата е внатре со другарките ја чуваат ја дотеруваат и бутаат на врата кога ке дојде младоженецот, а пред вртаа и стојат братучедите исто така ја чуваат.Другарите на младоженецот заедно со него и со кумот се туркаат со братучедите на невестата не им ја даваат се пазарат за колку пари ова она (а 80% од случаите вратата се корне или се скрше од толку буткање и недавање на невестата).Потоа младожењата влегува во собата ја гушка ја бакнува и таа почнува да ги дарува него, кумот, шаферката, шаферот/деверот и старејкото (ако се фамилијарни ја дарува целата фамилија на пр. на кумот) потоа деверот и ги дава кондурите ставајки и 3 пати пари во чевлите а оваа вика мали ми се кондурите потполни ги со некое евро и на третиот пат демек и се фатиле и викаа аа супер ми се фатија ги потполни богато.Довага Бабата со цела печена кокошка и баница и му носи на зетот му вика зете цела нок не сум спала кокошка сум печела и баница сум месила само за тебе да те погодам, зето зима ја кокошката и почнува да ја крше нели да ја наране невестата и бабата му вика како со ја кинеш кокошката така и мојто чедо да го кинеш секоја вечер и еден на друг се ранат си пијат винце и после братот и братучедот или таткото ја изнесува невестата надвор каде мајка и преку глава и префрла чинија со леблебија парички и бонбони....Излеваат во двор и невестата го воде првото оро каде ја китат останатите со пари (ова на мене ми е најубавиот чин )а во позадина ја пејат песната Цреша се од корен корнеше...почнат да си плакат од радост носталгичните и невестата ја качуват во кола и тука завршуваат домшните адети за тој ден Едни викат дека пред да се качи во кола невестата требало да се обрне за да децата личат на женскио сој а други пак велат дека нетребало да се обрка назат бидејки ке се вратила дома т.е. ке се разведеле
И кај нас ги има овие адети.Може не сите,ама повеќето да.Мене лично ми е рано да размислувам на оваа тема,свадба и сл,бидејќи сум само 19 години,ама еден кога би се мажила би сакала да има нешто од ова.Не се ,ама по некој стар адет не би ми сметало.
mene deckoto mi podari casovnik pred 2 godini, pa ete se uste sme zaedno i ubavo ni e kako nikogas do sega........casovnikot go nosam sekogas i mi znaxi premnogu
јас не сакам кога сватови одат со свирачи по кумот да го земат од дома, па потоа по невестата да ја земат на што личи тоа повеќе ќе се измориш. Не сакам такви адети, сакам едноставно сите во ресторантот и готово
[ [/quote] Леле па јас ќе се убијам од плачење кога ќе ми ја свират таа песна на свадба ,зошто ми се плаче секој пат која ја слушам на свадба...Иначе интересни се сите тие обичаи, ама дечко ми не е од Скопје како мене и сигурно имаат нивни обичаи...тоа би било интересен спој на обичаи...баш ќе се распрашам...
сакам свадба со сите обичаи ( ок немора со чукањето од ќунк). ипак тоа е традиција. по тоа се разликува нашата свадба да речеме од српската или од бугарската- што знам... треба а и убаво е да го сочуваме нашето изворно.. низ прстен те гледам во срце да ти влезам уфф едвај чекам да правам свадба
Нашат асвадба ќе биде со „попознатите“ обичаи . Барање невеста , ставање пари во кондурите кршење погача , и толку мислам .Е сеа ме обавестија свекорот и свекрвата дека до 1 недела по свадбата не требало да сум идела дома ,а ние практично сме комшии ,а по оваа недела ќе сме иделе сите заедно на ручек .... Дали го применувавте вие овој обичај и дали знаете што значи ?
На мојата сваба имаше некои адети али оние што ги прават сите,а не на кој што ми текне па ајде нека си каже.Кога дојдоа кај мене најпрво татко ми и свекор ми ги бањаа бурмите во вино,сол и шекер,па по 3 пати се напија од виното.Потоа на погачата што ја донесе свекрвата се ставаа пари па и неа ја скршија татко ми и свекор ми.Потоа братучедите и брат ми застаанаа на вратата а маж ми и неговите другари туркаа и не влегоа додека не дадоа пари.Тука деверот ми го даде сандалите ми стави 3 пати пари,ми даде да се напијам и вино.Мајками ги донесе кокошката и баницата и се раневме со маж ми.Откако ова заврши влегов во собата кај што беа гостите и го поделив бовчите и потоа излеговме.Брат ми ме изведе и јас ставив крпа на вратата и на неговото рамо.Во дворот изигравме неколку ора и потоа правец во црква,па во матично и на крај во хотел. А за тоа дека невестата 1 недела после свадбата не треба да оди кај родителите да ви кажам најискрено прв пат слушам.ЈАс знам дека невестата една недела пред свадбата си оди кај родителите.
охоооо обичаи колку ми ти душа сака...поготово за свадби ама сега тие обичаи се поретко и поретко се права повеќе ги прават по селата.Лично јас сакам свадби и интересни ми се обичаите и имам учествувано на такви обичаи пр. од страна на младоженецот се преви бајрак тоа е знаме и на него се редат некои шамивчина марами цвеќина и босилек и црвено јаболко ама јаболкото се реди со вртејне и сево ова треба да се направи пред да угрее сонце што значит требит да се почни да се прави околу 4 сабајле и потоа се реди на балкон и со пиштол се пука 3 пати...ама сега мн мн мн ретко го прават...исто се прават и лепчина од двете страни ...и се разменуваат тие лепчина и дури се прават деца со бурмите буричкаат по брачното т.е. се прават кругови (забавно )...исто имам нешто слушнато на спланата легвеле мали деца прво машко демек првото дете за било машко ама за ова не сум сигурна зашто го слушнав кога бев мала и така ми стои во бледо сеќавање ...и тие обичаите со земање на невестата,па со парите во кондурата....и исто имам видено а една свадба каде што после веселбата од срана на невестата одат кај младоженецот дома и пред да влези на вратата невестата мислм дека со мед прави крстови....и така ги има мн [mod-tekst:2fi4wxu6][/mod-tekst:2fi4wxu6]
Siksi тоа е ваш избор каде сакате да биде вашата веселба, ако е топло времето зошто да не биде на некоја отворена голема полјанка со нередени маси навистина интересно
Една моја другарка правеше свадба на отворено и беше пре преубаво, свадбата и беше на лето, така да се беше перфектно. Дефинитивно една од најубавите свадби на кои сум присуствувала- нешто поразлично од стандардното. Ако имаш некоја стварно убава опција, направи си ја на отворено.
Јас лично не сум некој фанатик на обичаи, и кога јас ќе правам свадба тие ќе бидат на минимално ниво, сега брзо правевме веридба ако може така да се каже , зошто јас и партнерот не се согласуваме со сфаќањата на луѓето дека веднаш после веридба следи свадба. Ние на ова гледаме од друг аспект : сеуште сме млади и нигде не брзаме, сега сме верени и живееме заедно а свадбите и децата ќе почекаат некое време. Традицијата треба да се негува точно, меѓутоа постојат и други начини тоа да се направи, почитувај ја македонската музика па на твојата свадба нека има строго македонска музика и фолклор, а не Цреша се од корен корнеше и после иде Цеца хоп хоп со некој незаменлив хит и оние што на претходната песна плачеле веќе почнале да кршат чаши и да се качуваат по столици. И ај да скратам, зборот ми беше обичаите се дел од традиција и во ред е да се почитуваат меѓутоа на еден достоинствен начин во модерна и софистицирана форма.
И јас за овој обичај слушнав од старите, и така направивме, после една недела отидовме кај моите на ручек ама само јас и сопругот. Искрено и до ден денес не го знам значењето на обичајов.