1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обичаи, адети, верувања

Дискусија во 'Свадба' започната од Snezna-Kralica, 13 декември 2009.

  1. EnnaN

    EnnaN Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    96
    Здраво, може ли некој да каже како е обичајот со погачите, колку треба и кој треба да ги носи/прави, дали и двете страни треба да имаат погачи, кога се кршат? За Скопје прашувам.
     
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.353
    Пол:
    Женски
    Кога закажувавме не ни побараа, туку на денот на венчавка, и мм и јас си носевме, и кумот, старосватот и деверот.
    Плус ова во помал град и свекрва ми и свекор ми се знаеа со попот, истиот мм што го крстил.
    Знам памтам свекрва ми ме праша на кого ги дадов крштениците, попот ги барал, и золва ми даде од внукот, тој ни беше девер.
    Не сакам да ја именувам црквата.
    Не знам, можеби помладите попови не бараат, овој беше постар и имаше уште 3 попови.
    Затоа кажав, секоја црква различно.
     
    На anuska_dzuli му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bubiška

    Bubiška Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2021
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    885
    Пол:
    Женски
    Здраво ,да прашам тие што сте правеле свадба во скоро време кои адети ги правевте.Знам дека доста од адетите се изоставаат, но сигурно нешто е останато ,кој како сака така и прави но сакам да слушнам и други мислења
     
  4. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Ниту правам ниту сакам да правам обичаи и адети ,оти свадбата си ја правам за себе не за народот и роднините.Што ќе пише Бог тоа ќе биде не адетите и обичаите.На сопствената свадба наместо да уживам јас да се потам и малтретирам по цел ден за да се направеле сите адети и обичаи мало сутра.Ќе си појдам во хотел како госпоѓа без давачки и земачки и без обичаи и адети.И секако без напалени свекрва,тетки,стрини и вујни,сватови и законици за тоа како морало се по адет да биде па да кажат тие како сакат и мислат да биде,па како машката страна е побитна,како женеле син па сакале свадба со адети тоа мене ич не ме интересира. Ако мажот не сака да биде како што пишав тогаш и не треба да ми стане маж бидејќи со самото тоа што не му е гајле за моите желбите и што мислам во врска со свадбата значи дека не ме цени и почитува.Од овде почнуваат сите кавги т.е од правењето свадба и мешање од страна на родителите на мажот најчесто, оти се однесуваат како тие да ја прават свадбата и се мешаат, тоа е така оти најчесто им дозволува мажот со тоа што им ќути а тоа значи дека се согласува со нив додека желбите и замислата од жената не се битни.Никако не можам да ги разберам со ова давање и земање што ако едниот е од Струга другиот од К.Паланка на пример и цел ден ќе се возат по патишта само да биде се по адет и обичај,тоа за мене не е нормално посебно не во 21 век, оти сум била на ваква свадба поканета кај многу блиски роднини,умревме во кола 3 саати за одење и три саати за враќање ајде што беше жешко и клима да вклучиш сепак не е тоа тоа на 40 степени да те пече сонце седнат свиткан во кола.Вечерта кога бевме во хотелот се молев само на маса да не заспијам од што бев уморна.
     
    Последна измена: 8 септември 2024
    На mira.mira, MakeDamnSure, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dr. Happy

    Dr. Happy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    5
    Здраво, според обичаите, кој ја плаќа музиката за свадбата, машката страна или се делат трошоците?
     
  6. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.633
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Нема обичај има договор.Ние си ја плативме по пола.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.353
    Пол:
    Женски
    Се е со договор, ама трошоците се делат, или младите сами си ја плаќаат.
     
  8. Martina27 cverce

    Martina27 cverce Нов член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravo da ve prasam
    Si imam veteno pogaca za vo crkva i zejtin kade treba da ja ostavam pogacata? Fala vi
     
  9. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Здраво, не можев никаде да најдам тема, ако сим грешка ве молам извинете.

    Ме интересира каков е обичајот за к'на во исламот и дали се носи нешто за подарок во ресторанот ? Никогаш не сум била, наредниот месец ќе одам кај пријателка албанка па ме интересира што се носи како е ? :inlove:
     
  10. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.104
    Допаѓања:
    7.422
    Ima vo dalechna familija takov slucaj.
    Ja prezakazaa svadbata barem 6 meseci da I dadat na majkata. Se zavisi od familijata, I kolku im e potrebno da se spravat so tagata.