1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обичаи, адети, верувања

Дискусија во 'Свадба' започната од Snezna-Kralica, 13 декември 2009.

  1. ana.bela

    ana.bela Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    pa samo znam za toa deka koa ja zemaat nevestata pred njzinata vrata stojat nekolku de4ki demek zemaat pari nes taka imase i znam za pari koa se stavaat vo stikla na nevestata nis poveke
     
  2. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Искрено овии адетиве почнаја да ми здосадуваат, а и истовремено да ме уморуваат! Кај нас по обичај е свадба да се прави три дена и тоа од сабајлето до навечерта :tmi: !
    Првиот ден(сабота) свадбата се прави кај невестата, сите нејзини блиски се поканети, но поканети се и сватовите кои треба да дојдат да ја земат кошулата од зетот.После полноќ кај невестата се меси погача(ама не погача за јаденје туку во неа се се става шајки, пченка, буквално се сто ке се надит пред вас...Невестата ден пред свадбата спиее заедно со некој од своите поблиски(женско) за утредента да ја однесат до најлиската чешма да наполни вода(невестата) и со неа да се измие, а на тие што ја однесле им дава поклони!
    Втор ден(недела) е главното..Кај зетот се собираат неговите роднини и одат кај невестата, а невестата треба да го гледа низ прстен без да ја видат.Следуваат некој адети значи менување на торта, па на погачата, па киска(дел од народната носија кај нас) и сватот(таткото на зетот) му дава риба на другиот сват.А, братот од невестата му удира шлаканица на зетот!Потоа се зема невестата(се купува невестата со пари), јадат од нејзината рака и пијат од нејизниот чевел, за на крај да ја извадат братот или братучедот!Од тука одат во црква, па дома кај зетот и на врата ги чекаат некој од поблиските и невестата треба да влезе во десна нога со два леба под миските и да направи крст на вратата!Потоа и даваат сито и сукало за да биде вредна и на крај седнува врз свекрвата а нас невестата едно детенце(свекрвата да ја слуша снаата, а снаата детенцето) ;) и на крај се затвараат во 12часот невестата и зетот(прва брачна ноќ) :lol:
    Трети ден(поденелник) Невестата ја облекуваат во традиционалната носија и ја носат на вода!Од кога ќе се вратат невестат ги мие сите поблиски и ги барџа!И то е тоо
    И да ке заборавев во неделата и понеделникот роднините од невестата одат кја неа на погледувањее! :rofl: :@
     
  3. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    Знаете ли некој зошто не се препорачува свадба во перстапна година..какви верувања има околу тоа :^)
     
  4. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    па сега брзо беше читав во стар број на теа и имаше попови кажуваа н аоваа тема и колку со ме дрзи меморијата мсилам дека нема никаков пробелм као демек уште една измислица од народот била е сега што е како е..
     
  5. pa.ki

    pa.ki Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    и јас мислам дека тоа со престапна година нема врска,еве пример моите родители се земени во престапна година и пред 1 недела направија 31 година од брак, фала богу здрави живи сите
     
    На delvi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Не верувам дека има нешто ако направиш свадба во престапна година. Секоја година си е иста. А тоа дека не се прави таа година свадба, според мене нема никаква врска, само уште една бабина деветина :)
     
  7. Sharlott

    Sharlott Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    14
    Адети милион, различен град-различен адет :D До душа кај нас немаше такви работи- кокошка и погача, пиење од кондура, сватовите да пијат вино од чинија во која се наоѓаат бурмите, па шаферот да ме пои со вино, лебови под мишка,бричење на младоженецот, ова прв пат овде го прочитав :| Такви работи НЕ! Имаше само буткање на врата, и тоа така културно, не насилнички :D
     
  8. MadHatter

    MadHatter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    30
    Мразам обичаи, од типот, кокошка, лажица мед на невестата ( дај и 3 тегли ако е лоша џабе ти е ), бовчи (гаки,бањарки,чорапи,ќебиња- му потребале на некој),гледање преку сито ,бурми,бајрак со јаболко чорапи?? и пешкир ц ц ц,пари во кондурата, па шамари, туркање по врати, првото колце за невестата , второто за свекрвата, третото за кумот , според мене се тоа се живи глупости , и воопшто не ми се допагаат.
     
  9. sangvik

    sangvik Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Сите тие верувања и остало се измислени од народот па така и со часовникот, но се пак сега сме 21 век и зивееме во т.н. модерно општество во кое не се толку истакнати тие верувања, но сепак ги има и ќе ги има секогаш. Мое мислење е дека тоа повеќе мава на психата на луѓето и дека или прават или неправат некои работи за да се заштитат од лошто и. сл. , а од сето тоа во голема мера нема причина зашто тоа да се прави освен да се смири стравот од лошото. Додека бев на едно истражување на тема Обреди при раѓање на детето, една жена на моето прашање ( Како сте ги штителе децата против уроци? ) ми одговори како од кочината на свињите зимале измет од свињите и го мачкале детето на рамениците за да бегаат ѓаволите од него. Епа луѓе мои ако гледаме така па што треба да ги мачкаме децата со измет од свињи. Така да немај гајле купи му часовник и мој совет е да гледаш да си ја сочуваш врската и да имаш слога со патрнерот отколку да се замраш за обичаи и ред други работи ;) Поздрав.
     
  10. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Еве еднен наш обичај на влашка свадба- Хламбура тоа е влашкото знаме ставено на крст односно на врвот има крст на кој се ставаат 3 јаболка и се редат пари. Него го носи кумот односно со хламбурата одат да го канат кумот, кој има посебна чест на влашките свадби. Обично е од бела свила извезено со срма и монистра. Сите шари имаат облик на крст а најголемиот е во средината -во круг. Чим заврши свадбата се предава на младенците да го чуваат за свадбите на своите деца иако најчесто за секоја свадба се вези друго знаме.

    И исто така имаме обичај свекрвата( доколку е влаинка) на снаата да и подари лири( влапко богатство) :D

    Искрено мене тие обичаи по свадби ми се ногу интересни :D
     
  11. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    невестата и затот,,купување

    кој го купува оделото за зетот а кој фустанот?дали секој за себе?дали невестат на зетот е тој нејзе..или дали и двете зетот?Ч)))што мсилите вие..и што друго треба да им с екупе пред свадба..од фамилијата на зетот и од фамилијата на невестата?раскажете за некои ваши сознанија,за други луѓе или лично за вас самите..и кој ги купува бурмите,,како им се движат цените?споделете со нас!поздрав до сите
     
  12. Ice-age

    Ice-age Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    невестата и затот,,купување

    Јас мислам дека фустанот го купува мајката на невестата, а оделото зетот сам си го купува....За бурмите не знам, ама мислам дека зетот ги купува а златото што се дава на невестата го купуваат свекорот и свекрвата а за зетот дедото и бабата.... :D
    И јас мислам дека од страната на зетот и невестата односно фамилиите освен свадбата јас кога би бирала би сакала да не ми купуваат ништо парите подобрар поклон би биле ако веќе сакаат да дадат уште нешто :)
    А исто таја и на поканите за гостите би му нагласила дека подобар избор би бил КЕШ :$ , од поклончињата(подобро 1000 денати одколку да соберам 10 столни ламби па крајот да не можам да му го најдам.. :D :P
     
  13. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    За бурмите или по пола (од вкупната цена) или зетот на невестата и обратно, по договор.

    На свадба во Прилеп имам видено како чашите од шампањот ги кршат зетот и невестата. На што се однесува тој адет, зошто се кршат чашите? (ова го имам видено и на шпанските серии :) )
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    За бурмите, порано по стари адети кумот ги купувал, сега по ново младенците од вкупната цена по пола си плаќаат.

    А тоа за чашите прв пат слушам. Јас знам во Италија деверушата крши ваза, и на колку парчиња ќе се скршела толку години среќа ќе имале младенците.Тоа е едниствен странски адет со кршење што го знам.
     
  15. Zbuneta90

    Zbuneta90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Што знаете за тоа дека не се правеле две свадби во една година? На пример, јас правам свадба во мај, а брат ми во август/септември или било кој месец од оваа година.
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам за вакво нешто.
    Знам за старосватица,кум,девер дека не треба парен број во една година да венчаваат.
    Пример не треба да венчаваат некого и они свадба да прават, или само две свадби да прават,значи морало непарен број, но тоа е само обичај колку што знам никој не прави проблем за такво нешто.Се зависи до човекот колку е суеверен.
     
  17. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    145
    И јас прв пат слушам за такво нешто... Веќе само суеверија да неможе човек глава да крене од нив |(
     
  18. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Јас сака свадба со сите обичаи. Интересно е бе :D
    Ем старите сите задоволни, весели, ем јас ќе се чуствувам баш како невеста од мојот крај :)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Да,да и кога ќе ти дојдат сите накитени со ланци златни,прстени,кој колку имал дома,се накитил, ум да ти штукне .|( На златарската улица во чаршија толку злато нема. Ова не е класичен обичај,ама си трае од минатото до денес,врв на невкусот, туку ајде...
    Леле при волку обичаи,еве зошто не сакам свадба да правам,плус татко ми под рака да ме изнесе, ќе седнам на праг и ќе плачам,срце ќе ме стегне,нема да сакам да си одам,тамам ќе ме убедат да си одам веќе,ако и ми ја запеат црешна се од корен корнеше,ќерка се од мајка делеше,кога ќе седнам на гумноно надвор да рикам по мајка ми и сватови и свадба и све отиде по ѓаволите! :D
    Се зезам,ама овие обичаиве знам дека ќе ме потресат многу,ќе ми игра муцката од стрес и сузи,ама ова шминкава да не ја растурам ќе си ќутам! :!: Помалку емотивно ќе го доживеам чинот на разделба без толку театралности,мајке ми. Ден денес се стресувам кога слушам како мајка ми си одела од нејзиното и огниште,а и кога ќе се сетам Енца како пишуваше тука како ја мава мука кога се спремаше да се мажи,ми одеше туга до бола.
    Туку обичаите,да,добра ствар,ама не се за мене,освен кога треба со пари да ме редат! :!: :D Татко изнесува ќерка низ врата,хмммм скип,црешна,скип,скип,скип!,ја редат невестата со лири,пари, дијаманти,аааах... :D
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Лани тргнав на Хуго да му купувам џебно ноже, продавачката кога ми се нафрли, па тоа не се купувало за подарок на момак, па ножето значело нешто да се исече, да се скине, да се прекине... :^)
    Јаооо, трагедии, ама му ја најдовме цаката - кога му до давате ножето ќе му речете да ви даде некое ситно париче, денар, два, пет, а во меѓувреме ќе се замислите среќно задлабочени во иднината... јас на пример си замислив како ми подаруваат свежо искастрени ружи од нашата шпанска вила на село. :D

    После верување - паричето од Бадник, колку повеќе ќе било налепено со лепче, толку повеќе пари.
    Моето беше чисто, ко ново, абе солза, а од паричиња ни мало п годинава, почнувам да верувам во ова искрено.
    Мајка ми ме теши дека суво го ставила паричето, за тоа не се залепило со тестото.
    Како не бе, они мене... :^)

    А тие адети - по кој пат се оди да се земе невестата, не смее да се враќа по истиот... уф, што убаво заглавивме еднаш сред јулска пеколна свадба на Пластичарската, оти тоа беше единствената можна варијанта за враќање, со цел да не ја повториме првичната маршрута, оф леле мајко...

    Невестата да го ѕирнела мулето, овај момчето низ прстен кога доаѓал, ма што не ми виделе очите, вртење погачи, расчеречување кокошки, сипување вино во невестинското чевличе, па оваа се напи од тоа... бљак, абе живот ми се згади. :puke:

    Ич не ми се ќејф нашите обичаи и адети, посебно свадбените, нека се стопати дел од традицијата и нека се обележје, нека си ги прави тој што верува во нив и ги почитува, јас не сум од тие, нема да ги имам воопшто, ниту кршење врати, ниту наддавање со пари и пазарење за мулката...
    Не.

    Баба ми потспомна, здравје бабино, кога ќе се земете ќе го закитам beep со златник и не знам ти што, на кошулата, само не знам - пред црквата или во ресторанот?
    Леле кога ја стрелнав со поглед!
    "Добро де, може и на само да му ги дадам."
    :D
    Умната таа, и текна, така веќе може.
     
    На babybelle, ljubam и marama им се допаѓа ова.