Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обичаи, адети, верувања

Дискусија во 'Свадба' започната од Snezna-Kralica, 13 декември 2009.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.164
    Допаѓања:
    138.877
    Јас кога правев свадба бев во некоја таква анти-традиционална фаза, што минимизирав колку што можев се што беше традиција.
    Мислам, и самата свадба е традиција, ама не успеав тука да победам, затоа викам колку што можев :D

    Мене одењето од дома не ми беше никаков проблем, со голема радост гледав на тоа. Не дека кај моите не ми беше убаво, туку сакав да бидам со саканиот, и многу бев среќна. Плачки немаше, ни мајка ми ни татко ми, никој :D . Сигурна сум дека ја свиреле и црешна се од корен корнеше затоа што немав посебни барања во однос на музиката, па таа иде под дифолт. Кога излегував гледав само да влезам во кола што поскоро зошто малку врнеше (да, да, колку тенџериња од пудинг изгребав, добро е што само малку врнеше)

    Тоа кршење врати, пари давање и ставање по кондури - беше најстрого забрането. Ми дојдоа другарките пред да дојде муж ми, седевме кај мене во соба, се замуабетивме, и кога влезе едвај го приметивме - а бе жени :D
    Не го гледав низ прстен за да биде верен, тоа си е негов проблем, нека му ја мисли. Ниту пак низ сито за да биде сит, ама гледајќи колку јаде, можеби и требаше :?: :D

    Бовчи не давав на денот на свадбата, иако сакав најблиските да имаат спомен, до душа бабите и дедовците изразија желба за бовчи, а не ми падна на крај памет да им го кршам филмот, па најблиските ги викнав на вечера 2-3 дена пред свадбата, и им дадов симболични подароци.

    Е она што не можев да го избегнам беа тазе извадените адети на самата свадба, над кои немав контрола зошто решив да не се замарам со ништо. На пример одење по различен пат. Ужас ме фаќа од алтернативниот пат, таква идила што сигурно сватовите си рекле - ќути ја спасивме снашкава од овде :D

    И да, според мене најнелогичната работа - земањето од дома кога веќе живеевме заедно. Сум пишувала и по други теми - ова и беше единствена желба на мјка ми, и колку и да бев против, решив да ќутам и да послушам. А бе глава кршам, атер не кршам :D
     
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Читајќи по темиве низ форумов, и низ мислењата, јас дефинитвно сум како некоја марсовка,тотален чудак.
    Не само што никогаш во овие 21 година не ми текнало да се замарам како ќе изгледа мојот иден невестински фустан, колку ромaнтично сакам дечкото да ме побара,остај тоа, се молам и да не ме побара, барем овие 3-4-5 години, ниту сакам ниту имам желба за свадба, па особено со тие адети |(
    Нешто најодвратно ми е кога треба да одам на таква свадба, а сум била на многу.
    Ме вади од такт целата таа глупава традиција која повеќе е наметната од народот него од верата или верувањата, и со цел само да се докаже кој повеќе има или може.
    Се е искомерцијализитано до даска, посредна цел за ефискасно олеснување на вашиот буџет.
    Е сега тргам и тоа на страна, некој ќе рече парите се мање битни кога се работи за среќата на некој, ако ги имаш ќе ги дадеш.
    Прашањето е што ако ги немаш?
    Ќе земеш кредит како секоe второ-трето Македонче со цел да му дадеш свадба чеиз, спална или која уште не бизарност нема да ја чујам.
    А после ќе јадеш грав до крајот на твојот животен век, или барем до оној приод до кога ќе можеш асално да го живееш.
    За да не забегам ќе набројам-китење на цела куќа, колата со која се зема невестата, сурлите тапани како верни бодигарди, неизбежнот скршењ на погачата, черешна се од корен корнеше, како мајка ти последен пат ја гледаш па збогувај се, китење со пари на невеста, кум, зет, старосват.....
    Ниту сакам ниту ќе направам било кое од овие. Едноставно сум тотално слободен тип, различен и нетрадицинално настроен, во секој поглед на зборот.
    А тоа со празните верувања деке не се дарувало нож, саат на девојката, момчето, ми е уште посмешно.А топ може ли??
     
    На veronikaveronika и Trendafilka им се допаѓа ова.
  3. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    и според мене ариел. па уште да плачат моите дека си одам од дома, па јас оддамна не живеев со нив, требаше да плачат другиве, зошто отидев 4 дена пред свадбата во матичната дома :D -но желбите на родителите ги поштував и ме испратија со черешна се од корен корнеше/ Сепак, признавам не ми беше сеедно, за среќа немаш многу плачки :D иначе јас така емотивничка ќе имав нова шминка :(
     
  4. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    Девојки дали знаете дали е во ред да се прави веридба во време на пости (знам дека обично свадба не се прави)??? Ме побара дечко ми и сега сакаме да правиме веридба и некако ми е многу скоро пред постите ама па да чекам до Мај некако е многу време..... ајде хелп :?:
     
  5. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Свадба не се прави сигурно, сега барав на интернет из за веридба ама ништо не пишува. Ако најдам нешто во меѓувреме ќе те известам. За свадба пишува дека строго се забранува, односно се смета за грев да се прави таква гозба за време на толку голем празник. Најубаво ќе биде да си прашаш во најблиската црква...ако не смее да се прави тогаш направи си ја со време веридбата, има уште многу до почетокот на постите, почнуваат од 7 март. Ако чекаш до мај, незнам како ќе бидеш со место во ресторан и матично. Јас уште во септември бев да закажам во матично за крајот на мај и за мојот датум веќе имаше резервирано 4 термини..така да размисли што ќе правиш :)
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    за веридба дека е грв во пости, прв пат слушам такво нешто.
    Единствено што знам веридба се правело среда или сабота,од тие два дена.
     
  7. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    знам дека заправење веридба нема определен ден, нема никаква врска дали среда или сабота. Кој ден ви одговара тој ќе си правите.
     
  8. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    постите поминаа сега може да се прават веридби :) а за ден најубаво е среда или сабота СРЕЌНО демек
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Да, да девојки немојте да ги лижете тенџерињата од пудинг, фил за торта и сл. Колку имав јас излижано :D за да на денот на свадбата се утепа паѓајќи дожд.
    Пеколно лето 2007год. Цело лето капка дожд не падна за да на 05,08 (која веројатност е да врне во Август :) ) се утепа врнејќи. Битно освежи малку и полсено се дишеше :D
     
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Ако правам свадба едно сигурно знам, а тоа е дека нема да има никакви адети, обичаи. Воопшто не верувам во суеверија, а имам слушано многу од бабите и жените. :^)
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Јас па баш сакам традиционална свадба (дур да ми дојде редот може ќе се предомислам). Трошок е, знам, ама не сакам да биде туку така, некоја забава, туку баш свадба, да ја осетам бре :)
    Баш од свадбите на сите најблиски кај што сум била, ги памтам тие моменти, кога го китевме венецот пред врата, девојчињата што ги китат гостите, изнесувањето на невестата, орцата кај младоженецот, орцата кај невестата...Не ги знам сите адети и обичаи, ама оние во глобала, што се применуваат, ги сакам и кај мене на свадба. Најверојатно би го искоренила моментот со давањето пари за невестата и ставање пари од страна на деверот во кондури. Не дека толку верувам дека така или вака ако не направам, нешто ќе се случи, туку едноставно ми е убаво, убави ми се македонските свадби, највесели се.
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам за еден обичај , адет, што и да е :lol: Кога младоженецот трга по невестата да ја земе од дома треба да остави некој во неговата куќа да не се затварала како демек? :?: И после сите кога од кај невестата ќе тргнат во матично, црква се по ред..исто треба да остане некој во нејзината куќа? :?
     
  13. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Во моето место кога се оди по невестата и вцрква свекрвата останува дома. А подоцна во ресторан сигурно дека и таа ќе биде тука, а дали останува друг дома, е тоа незнам :?:
     
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    ^^^^^ Ова сум го чула за погреби не за свадби.Знам за погребот на татко ми така кажаа и останаа 2 жени дома.
    За свадба,убаво е да остане некој дома да ви помогне околу раскренувањето :lol:
     
  15. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    Пу пу знам дека е за погреби така , ама мајка ми вели дека некој што не е кој знае колку близок или пак постар што не може да оди навака натака да остане во куќата :?: Јас искрено не сакам никој да останува, да си заклучам после мене најсигурно ми е :lol:

    А, таман работа свекрвата да не дојде, кога таа во црквата ги фрла бонбончињата со пченица и паричка :)
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Jaс би ти рекла клуч на врата,па маани ти и адети и све.За свадбата на золва ми ми снема новчаник со 100 евра,баш од тие адети ;)
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.442
    Допаѓања:
    17.087
    Кај нас обично останува некоја постара баба или блиска комшивка што неможе да се шлае по невеста/матично/црква, а после во хотел си дојде. А мислам дека нема потреба да се останува, туку некој ако сака да раскрене едно друго.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Кај нас се остава еден постар човек дома како демек ја чува куќата било да е некој комшија-женско подалечна или роднина стара која што не може да оди наваму натаму.Битно знам останува некој.
    А моето мислење на темата е дека сакам да е традиционална свадбата со земвање од дома,китење на куќата,ставање венец, крвче ставање со мед пред да влезам кај мојот иден маж дома,каснување на погача исто пред да влезам дома кај мојот иден маж и сите тие интересни традиционални работи.Не сакам ептен претерувања ,некој адети кои што не ги знам ни јас,но тие основните да :)
     
  19. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    мене сите свадбени обицаи ми се интересни како на пример
    -ставанје пари во чевелот на невестата
    -даванјето пари на тој сто ја чува вратата на невестата за да се влезе
    -китенје на младозенецот(иако ова веке изумре)
    -влегуванје со леб под миската :)
    -врзуванјето на марами на рацете на невестата и младозенецот
    -деверот да ја баци деверушата или таа да му удри шамар додека му ја врзува деверската машничка :)
    -гледанје на младозенецот преку прстен
    -свиренје кога се оди по невестата (татко ми на секој свадба прегорува по една свирка :))
    носенје на црвено цветце на свекрвата

    мене ми се интересни обичаите бидејки мислам дека ми било премногу глупо само музика и танцуванје цел ден но некои обичаи се глупи и не ми се допагаат како

    -бакнуванје на раце
    -валканје на бурмите во брашно пред да се стават.....
     
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Златен кетеринг, ни на раскревање, ни на ништо ќе мислам ни јас ни мајка ми. Они ќе си дојдат тек утредента по садовите, и масите и се што ќе донесат, значи ние, само за една правосмукалка утредента, односно мајка ми. А не е многу поскапо, можеби не е и воопшто поскапо. Веридбата ја правевме сами со мајка ми, па не чинеше повеќе од 200 евра за 19 луѓе, а кетеринг е 200 евра со секакви ситници кој јас не ни знам а ги направам, и келнер, и украсување на масите, и БЕЗ САДОВИ ЗА МИЕЊЕ, се си е нивно!!! :D Е адетот бил се да прават невестата и роднините женски нејзини, е ќе ми го видат тилот тие обичаи... Јас до петок сум на работа, а во недела свадба правам, ќе мислам јас на кифли и ордевери, и незнам што. Адетот... |(
     
    На artemidis, babybelle, thinkerbell и 1 друга личност им се допаѓа ова.