Обичаи, адети, верувања

Discussion in 'Свадба' started by Snezna-Kralica, Dec 13, 2009.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    ^дефинитивно и на моја свадба утре кетеринг ќе има.Јас да се измачувам и луѓето околу мене мама баби сестри,тетки стринки....ЈОК. Има и они дента да уживаат како дами,да бидат одморени и да не му ја мислат дали на некого му е празна чашата или дали да игра со мене.

    п.с. елана.мак од каде ти е кетерингот?
     
  2. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2012
    Messages:
    1,670
    Likes Received:
    11,529
    Александар Палас, ама има илјада и еден, ќе ти пишам во инбокс броеви од сите што ми се испробани кога ќе бидам во можност. Точно поради таа причина, да не малтретира, се женско во фамилија сакам да си дојде некој, и се да си среди, и да си однесе, ние само убаво да си поминеме. И така се освен тоа правам сама, баш ми е гајле. ;)
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    ^другарка моја имаше преубав кетеринг и за веридбата и за свадбата. Од два златника беше ако не се лажам.И навистина храната беше и на лик и на вкус преубава.
    п.с. ќе чекам бројчиња...кога ќе можеш
     
  4. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2012
    Messages:
    152
    Likes Received:
    70
    Чекам и јас бројчиња за кетеринг ;) уште тоа и фотограф ми остана да побарам и готова сум со главните подготовки :rock:

    Инаку, адети како адети, ништо не поштувам! леле каков дифтар сум, значи :rofl: се мислам и дали да ги китам гостине на врата, и тоа не сакам, ама па си викам после да не зборат сватовине "ние на свадба дојдовме или на што?!?" не дека им се замарам ама ете ај да не давам повод. Кај мене на врата буткање нема да има, ниту пари фрлање за влез кај невестата, пари во кондури нема да има, не сакам ни да ми ги играат надвор кондурите (кај мене да си бидат, а деверот пак нека ми ги облече во соба) ќе има деверуша што ќе му врзува машна на деверот и толку. Ништо повеќе! ах да, и една погача нека кршат татко ми и свекор ми и ТОЛКУ!
     
  5. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2012
    Messages:
    1,670
    Likes Received:
    11,529
    На деверот ни тоа задоволство нема да му го направам, само лента на рака, ни кондури ни бутури. Врати буткање, плаќање невести, да не видам. Китењето ми се допаѓа само и само заради симболиката, погача, запна свекрва ми па ај нека и ја да не јаде вафли после, и друго НЕ ПРИФАЌАМ! Бројчиња од кетеринг ќе добиете веднаш! ;)
     
    babybelle and irenna like this.
  6. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2012
    Messages:
    152
    Likes Received:
    70
    Па ако успеам да го избегнам моментот со облакање кондури, одлично! ама на деверов ептен мерак му е, па нека има и он некоја задача кога веќе нема бакни рака па да оди со невестата да ги собира парите во ташна :rofl: :rofl: :rofl: леле, каков ужас беше тоа :rofl: :rofl: :rofl:

    Ај нека му врзат една машна, нема везе до толку :lol:

    Што симболика има тоа китењето на сватови на врата? па и на младоженец, кум...?
     
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2012
    Messages:
    1,670
    Likes Received:
    11,529
    Баба ми како што ми кажувала, китенките означуваат од една страна обележување на сватовите кои што доаѓаат да ја земаат невестата, да се знаело на времето која куќа зема, а од друга страна порано се правеле нели со гранче од борче, и значело издржливост. Најдобрите китенки што сум ги видела во животот се тие на баба ми! Иако се веќе исушени и безбојни, чува 3, неможам да ви објаснам какви се убави. Во местото од каде што е она тоа се правело одсекогаш, само што ги китела невестата.
     
    babybelle likes this.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    Како е настаната традицијата за фрлање на бидермаерот и подвезицата... :f:
    Со векови наназад невестите носеле со себе ароматичен бел лук,билки и жита,за да ги отерале лоши духовии и воедно тоа симболизирало и просперитет. Со текот на годините,како поминувало времето,овие житарици биле заменети со цвеќе-симбол на среќа,плодност и вечна љубов. Во меѓувреме настанала една нова традиција која до тогаш не била популарна меѓу младите, новиот адет бил земање на дел/парче од младоженецот/невестата како симбол на среќа и маја за немажените/неженетите.Буквално се случувало да и го земат накитот,да и скинат парче од венчаницата....и слично,пред младенците да ја напуштат прославата.За да се спасат младите,дошле до алтернативата,фрлање на букетот и подвезицата кои невестата ги носи во црква додека се венчава и го прима благословот. Девојката која ќе го фатела букетот, и ергенот кој ќе ја фател подвезицата се сметале дека ја добивале среќата,бериќетот и благословот од црквата. А и се верувало дека тие ќе биле следни кои ќе застанеле на лудиот камен.
    Така настанал обичајот со фрлањето бидермаер и подвезица. :)
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    Фрлање ориз над главите на младоженците

    Изгледа малку непријателски, но обичајот настанал со најдобри намери. Суеверието потекнува од хебрејската култура, а го применувале и Асирците и Египќаните. Оризот се сметал како симбол на плодноста и среќата, а Кинезите верувале дека тој љубовните парови ги штити од зли духови.
     
  11. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2013
    Messages:
    177
    Likes Received:
    116
    Ајде идни невести кажете си што мислите за овој адет, земање на невестата од дома, дали ви се допаѓа или не, дали би го правеле, а и тие што веќе го поминале ова нека споделат некое искуство :)
     
  12. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Joined:
    Aug 28, 2012
    Messages:
    1,085
    Likes Received:
    556
    ^Јас би го правела, бидејќи ми е интересно :)
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    sonce10, дефинитивно ДА! ДА! ДА!
    Не сум правела свадба, но мислам дека нема ништо поубаво, а и твоите сигурно тоа многу би ги радувало.
     
    sonce10 likes this.
  14. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Joined:
    Aug 16, 2012
    Messages:
    1,068
    Likes Received:
    936
    Кај нас секоја невеста од дома ја зимаат :) освен бегалките :?:
     
  15. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Joined:
    Dec 15, 2011
    Messages:
    1,207
    Likes Received:
    755
    кај нас кога идеа да ме зимат мене кога бев невеста, татко ми на кровот од куќата стави јаболко и го тераше мм додека не го погоди нема да влезе дома, на третиот пат го погоди :) потоа кога влева дома сестра ми пред вратата на собата кај што сум јас стое и неа и дава пари додека не му каже таа е сега може да влезиш кај невестата, потоа мајка ми носи кокошка печена ама нозете и се врзани со дебел конец а мм требаше со рацете да го скини па да ми даде да си каснам од кокошката и потоа па јас него, па мене ме изнесуваа моите први братучеди од дома и надвор игравме оро па потоа мајка ми и татко ми застануваат на орото до мене и вртиме така некој круг па мм и деверот се факаат до мене и всушноста така си ја земаат невестата, и сите пари што сум ги собрала додека сум била дома ги ставаме во едно шамивче и јас на одување и ги фрлам на мајка ми во рацете, така сум се ослободувала од моминските маки и домашните кавги. Друго од обичаи памтам дека треба младоженецот да ја внеси невестата на раце преку праг првата вечер.
    За време на свадбата невестата треба да крени 3 мали деца, е тоа не ми кажаа зошто требаше да го направам изгледа за да имаме деца во бракот :D

    исто така обичај е кај нас ден пред свадба да се меси погача и кај невестата и кај младоженецот, е тука оваа вечер за овој ритуал има толку адети за терање тоа е просто невероватно тој што ги мислел кој знае колку време му требало :D
    невестата/ младоженецот не треба да гледаат како се меси погачата, за време на месењето треба да се замешаат некој мали дечиња, па од страната на машкото носат од погачата кај невестата и од таму земаат дел па враќаат од таа погача на невестата кај момчето, во погачите има паричка и се кршат на пола и се гледа во која половина е паричката едната е на невестата другата е на момчето половина (на мојата свадба од мојата и од маж ми страната паричката падна во мене ), потоа кога се оди кај невестата оваа вечер младоженецот и свекорот и свекрвата мораат да си седат дома тие не одат кај невестата по погача, туку кумот и деверот.
    уфф се изморив ако ми текнат други обичаи за свадби ке ви пишам.
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    Oвој обичај го имам гледано кај роднините во србија :) Искрено јас да сум во куќа радо би му ставила јаболко на моето војниче :D
     
  17. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2013
    Messages:
    177
    Likes Received:
    116
    аааа многу адети овде, како целодневно шоу :) се надевам убаво си поминала и имаш убави спомени од тој ден :*
     
  18. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Joined:
    Dec 15, 2011
    Messages:
    1,207
    Likes Received:
    755
    спомени да и 200 евра за слики :D :D тие од студиото што сликаа секоа минута ја сликувале :D

    а ти сноу да му ставиш јаболко на војникот обавезно, мислам дека од прва ке го погоди :P
     
    Snow-Queen and sonce10 like this.
  19. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Joined:
    Feb 20, 2010
    Messages:
    2,087
    Likes Received:
    1,649
    е уште ова го немав слушнато, ориз :rofl: , знам на мојата свадба мајка ми и свекрва ми фрлаа шеќер
     
  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Joined:
    Nov 1, 2012
    Messages:
    4,365
    Likes Received:
    21,353
    Gender:
    Female
    Ќе сакаш ли да ни кажеш во кој крај на земјава се присутни овие обичаи. Интересно е што мала земја сме, а секое место си има различни адети. Дел од овие што ги опишуваш јас прв пат ги слушам, затоа и те прашав во кој регион се присутни.
    Сестра ми ја земаа од дома, па имаше тоа со вратата, па со чевли и пари ставање, па и кокошка.
    Мене вакви работи ми се интересни. Јас не правам свадба, па последователно и ќе ги немам, но сум присуствувала на многу свадби, и кога одиш сакаш, не сакаш си дел од нив. Еве еден пример:
    Јас сум многу срамежлива по природа, абе во животов не сум играла прва на оро. И ми се случи прв батучед прави свадба и требаше да одиме да ја земаме невестата. А неветата вика вие треба да ми го донесете фустанот, за да го видат комшиите дека е нов. И ми вика ти ќе ми го донесеш и пред куќа кај мене треба да играш со него прва на орото, па после ќе го внесете. Ја пусти срам, а од друга страна незгодно неможам снашка да ја одбијам, се мислев. И срам не срам, ајде, фустанот во рака и си го истерав орото. После си викам оооо па ова и не било така страшно :)
     
    AloneM likes this.