Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обичаи, адети, верувања

Дискусија во 'Свадба' започната од Snezna-Kralica, 13 декември 2009.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Превземени:
    Старо, ново, позајмено, сино: Во западната култура се верува дека невестата мора да носи нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто сино што ќе и донесе среќа во брачниот живот.

    Црвен фустан: Во некои традиции се верува дека невестата ноќта пред свадбата точно на полноќ треба да облече црвен фустан, кој симбоизира многу љубов во бракот.

    Лук: Според старите верувања, лукот не само што штити од вампири, туку штити и од уроци.

    Златник во чаша црвено вино: Младоженецот треба да испие чаша црвено вино во куќата на невестата, а на дното на чашата треба да има златник кој младоженецот го задржува како симбол за благосостојба.

    Ѕиркање низ прстен: Ако сака да има среќа во бракот, невестата мора да го погледне младоженецот низ прстен кога тој пристигнува во нејзината куќа, но мора да внимава тој да не ја види се додека не влезе кај нејзе во соба.

    Погача: Кога младоженецот оди по невестата, свекрвата по обичај носи слатка погача. Таа се крши над главата на младенците, а потоа се дели на ергените и момите.

    Јаболко: Ако сака да ја земе невестата, според традицијата младоженецот мора со пушка да го погоди јаболкото кое семејството на невестата го закачило на дрво.

    Забрането гледање назад: Кога невестата си оди од својот дом со младоженецот, доколку сака да има среќен брак не смее да се сврти назад кон својот дом.
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  2. naty2

    naty2 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    А јас сакав да прашам : Велат: кога пример етее умира човек и утредента е погребот и одат на погреб и се враќаат и после то не смееле да влезат дома пред да се измијат убаво раце.....овој адет го слушнав од моите....па вчера почина таткото на еден мој другар,....па моите другари ги оставија чантите кај мене за на враќање да си ги земат...(бидејќи отидоа да им споделат соочувство) и мајка ми ми кажа дека не било убаво после погреб да се вратат кај нас дома.... па сакав да знам ако влезат пример дома (а за среќа не влегоа кај мене :) ) што ќе се случи? :$
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ќе заврне, што ќе се случи :lol:
    Јас не верувам многу во тие работи, иако сум слушнала а и во мојата околина го прават тоа, после погреб пред да влезеш дома, палиш кибритчиња и ги фрлаш зад тебе преку глава, врска немам зошто, ми кажувале ама толку вредело да се запомни.
    Исто така и кога тргнуваат со починатиот, кога ќе поминеле на улицата, требало да ја расипеш секоја вода собрана во шишиња дома, и пак не ми текнува зошто.
    Не се преоптеретувајте со тие работи.
     
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Незнаев кај да прашам па тука....

    Дали е точно дека на свадба гостите не смееле да облечат бел или црн фустан... Само невестата смеела да биде во бело, а за црното ми кажаа дека тоа значело дека не се радуваш на свадбата... :^)
    мене ми е малку глупаво тоа... Прашувам затоа што планирам да носам бело кратко фустанче... планирав да носам друга боја, ама мојата ценета кројачка му иба матер на материјалот и на фустанот :devil:
     
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски

    Umbrella22 па јас сум човек што скоро секогаш е облечен или во бело или во црно, ретко некогаш менувам. Така да и на сите свадби, а биле многу, до сега сум била или во бело или црно. А мој впечаток е дека на свадби многу често гостите се во црна боја, некако изгледа сигурна варијанта им е, свечено и пристојно.
    Така да нека не претеруваат луѓево веќе со тие адете и обичаи. Да си го носиш белото фустанче ич да не се замараш.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат слушнав за тоа и немаше да знам ако невестата не ми кажеше... како и да е планирам фустанот да го носам со црвени детали, мислам накит, ташна....
     
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Ништо не им фали на тие две бои, елегантни се. Едино мене ми смета кога е клот бело на вадба, затоа што сепак тоа е боја на невестата... Ама тоа си е некој мој хир, нема врска со стандардите. Не чинело црно бе, па јас сум 99 % од времето во црно, и за арно и за лошо, моја боја е... :^) А башка што ти нема да носиш бел фустан ко невестински, си кажа убаво со црвено, тоа ти е ептен добитна коминација, се кладам дека ко бонбона ќе бидеш! ;)
     
    На crazylady и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  8. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Umbrela па ти нема да си целата во бело,да беше ајде де.Сигурна сум дека преубава ќе бидиш а и белата боја во комбинација со црвено е баш убавка. Ич да не се мислиш и така да си одиш на свадба ;) .Јас повеќе би одела на бела варијанта отколку на црна ако веќе треба да бирам меѓу тие две бои.Белата некако ми е поотворена,понежна.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Macika222

    Macika222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Za belo ne znam ama za crna boja kako bi odele tie sto se vo zalost sigurno vo crno nema da oblecat druga boja :wasntme:
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Живи глупости, за ова црно/бело.
    За белото од некој си бон-тон се вели да не и се парира на невестета. Да не се облакало бело. Лично јас го почитувам тоа.
    А Црно дека не чинело,не бел радосен и други 300 мубети...не верувам. Првенствено црната боја е доста свечена и елегантна комбинација. Многумина според војата фигура на телото,тенот.... сметаат дека убаво им прилега и слично. Така да воопшто не се опседнувајте со тоа.

    Зошто на крај работава испаѓа, невестата е во бело зошто е невина и радосна, а младоженецот во црно зошто тагува :lol:
     
  11. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
    Црно носам и ќе носам, муабетот дека не чини ми нема врска.
    Баш е елеганта и убава боја :)
    Е сега за белото.. би носела ама како што кажа кратко фустанче со некои детали.. да не е се во бело.
    Инаку еднаш гледав свадба и имаше една девојка од гостите бел фустан долг, тие како на божиците што наликуваат незнам како ги викате, а и невестата имаше исто така едноставен фустан и верувајте на видеото цело време ми се мешаја. Воопшто не ми изгледаа убаво. Прво помислив дека невестата се пресоблекла..
    Штознам, таков јас не би носела :)
     
  12. Zaljubena11

    Zaljubena11 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Минатата недела бев на една украинска свадба. И нешто многу интересно ми го привлече вниманието. Тетката на невестата додека тие танцуваа фрли чинија пред нив и таа се скрши. И демек сеа адет било во Украина невестата и момчето заедно со метла да ги соберат срчите демек за да се докажат дека и понатаму во животот ке работат заедно :)))))
     
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Еве ме пак мене тука, со милион прашања бидејќи ништо не знам... И пак за погачата да си прашам, онаа во четврток пред свадба што се прави. Треба да ја замеси немажено девојче, и кој ја крши жити мајка??? Ве молам вака сите кои што убаво си го знаете адетов од почеток до крај, да ми напишете еден ферман, па може и оваа моја смотана глава конечно ќе свати! :lol: Сите ми зборат рзлично, поим немам кого да слушам. Јас и моите дома немаме поим што и како треба, вие тука сте ми нај сигурен извор на свадбарски инормации. Не сакам адети и глупости, ама ова осеќам дека ќе биде трескање од земја од смеење кога ќе се собереме со другарките и братучетките! :rofl:
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Што се потресуваш толку, секој си прави на крај краева како си сака и како начул :D
    Погачата ја меси немажено девојче а другите мешаат прсти во тестото :D . Главниот месач на тесто и ја крши а сите ја јадат. :!: Немажено девојче го става и венчето на врата.
     
  15. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Хахахаха, и јас така викам, ама пусто незнам ни што се прави ни кој прави ни кој крши ни кој јаде. Јас смеам да ја пипам погачата кога се меси? :rofl: Пази ми го прашањево... Грев! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    добро утро ели еве јас ќе се потрудам да ти објаснам кај нас како беше.

    погачата ја замесува немажено девојче и мене ми рекоа дека требало и 2 родители да му се живи но јас не го почитував тоа. сите гости и другарки се собираат во една соба се пее девојката го замесува лебчето а помало детенце и потура водичка за убаво да замеси. потоа прсти вмешуваат мали дечиња и викаат машко женско (демек со машки и со женско -дечиња да ви биде исполнет бракот.

    од кога ќе се замеси се остава на софрата и се врти врз главата на месачката и се фрлаат бонбони и парички. од кога ќе се испечи лебчето се крши на прагот на куќата/станот врз главата на месачката (кај мене ја кршеа мајка ми и една пријателка на мајка ми) незнам зошто патем лол.

    кога се дели на пола се дава на две дечиња да поделата едно од машка страна едно од женска и каде ќе се падне паричката демек тој ќе биде посреќен во бракот или така нешто. кај мене кога ја најде другарка ми јас незнаев за што е тоа и и реков ее браво ќе имаш ти среќа во животот хахаха после ми кажаа што всушност значело. и на крај мајката на невестата и дава прстен на месачката (јас купив златен за другарка ми од мои пари) и поведува оро.

    значи одприлика така се случува ама вие можете да си правите како сакате плус секогаш има некоја тетка/баба што ќе ви кажува што да правите. :):):)


    може ти се чини многу работа ама мене воопшто не ми е криво што го правев тоа посебно за моите другарки од странство кои беа превозбудени и пресреќни и си поминавме преубаво се изнаигравме се изнасмеавме едноставно прекрасни спомени.
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Не смееш, ти гледаш од страна и им вадиш сеир :D :lol: а можеш да јадеш после ;)


    Ја прочитав Џоел и редактирам, кај нас во Ку-во не се става паричка :?: , паричка се знае само на Бадник во лепче.

    Сум гледала и како на сукалото врзуваат и ливадски цветчиња, па пеат некои песни, па фрлаат пари т.е на главниот месач на лепчето.... :wasntme: и зато ти велам не се замарај кој како знае така прави, битно да децата бидат немажени кои ќе вмешаат прсти во тестото ;)
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Јас ја месев кај братучед ми и никој не ми буташе прсти во месењето :D Откако венецот го ставивме сите си отидовме дома, па не знам кој ја изеде погачата на крај :rofl:
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    АААА па не се важи тоа :D си требала и ти да пробаш па да се фати зарот (па побргу и кај тебе :$ :D )
     
    На elena.mak и kravce им се допаѓа ова.
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    грешка си ме разбрала славице не се става ни кај нас паричка тука се фрлаат парички и бонбони врз софрата (она на кое се месе погачата) за дечињата да соберат
     
    На slavica999 и elena.mak им се допаѓа ова.