Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обичаи, адети, верувања

Дискусија во 'Свадба' започната од Snezna-Kralica, 13 декември 2009.

  1. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Јууууу, информации едно чудо! :rofl: Жоел, ти направив принт на постот па сега ќе студираме со мајка ми за да направиме некаков ред и распоред! :rofl:
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  2. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    и мене многу ме бива за адети брука.

    и се извинувам на славица она убаво ме разбрала тука јас нешто сум се збркала хахахах да се става паричка и после кога се кршат парчињата се гледа од која страна се паднало. славице ти се извинувам се побркав и јас од толку парички и адети :)
     
  3. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Сложено бре!!! :rofl: Работа машка работа, водам 120 луѓе под мене, луѓе што ги гледаме на вести секој ден во заби ги ставам, а еден адет смотан не го капирам... Ова ко да решаваш аритметичка прогресија, лимеси, интеграли и се остало од виша математика а за заебеш работа на + и -! :lol:
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^како што ти кажа joelle, ја месат немажени девојки, да се замешаат и рачиња на дечиња машки/женски, се пее.
    И после меѓу немажените девојки се крши лепчето и кај која ќе се паднело паричето кај таа била среќата.
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Во украина е така.
    А во Италија, главната деверица.
    На среде свадба зима ваза и ја крши...се верува дека на што повеќе парчиња се скршела, толку среќни години од бракот ги очекувало младите во бракот.
     
  6. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Само што ми се јави свеки да ме просветли со уште еден адет кој секако нема да го направиме... |( Пазете го моментов: После свадбата морам се ново да облечам, фустан, гаќи, чорапи, се, и пред да влезам дома (само кажете ми каде би се пресоблекувала, ај ние имаме соба во Континентал и тек утредента си одиме), треба да ги брцнам прстите во мед и на вратата крст да ставам со мед, погача под мишка да носам, пред да го поминам прагот машко дете да ми дадат во раце па со него да поминам, да скршам една чаша за да се скршеле лошите духови (само не запамтив дали уште треба прстите да ми се со мед, машкото во разе и погачата под мишка :^) 0, и свеки три пати од шпорет да ми ја лупне главата за да сум била умна...... Верувајте дека се ова запишав кога ми го кажуваше, затоа што немаше шанси да запамтам. Кој бре ги измислил овие работи????????????????? :rofl:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    хахахаха ти од струмица ли си ? само струмичани може да имат вакви адети хахаххаахаха. не ми се верува лелееее

    инаку јас од хотел утредента излегов во фустан на другарка ми оти си заборавив алишта и што ? ах бре ели ели тешко тебе :) :) со среќа мила и обиди се без нервози диши длабоко
     
  8. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Не, од Скопје сум и јас, и свекрва ми, и сите. Само пустата слуша кој стигне, и работава е ко да мора да се направи инаку не биднала свадбата. Само жалам свеки, нече мочи ниједне ночи! :rofl: Што да и правам, ич не и се погодив сиромашката. :lol: Не се нервирам воопшто, си вртам на смеа и на шала, колку е смотан македонскиов народ. Ах, мојата чудесна Македонија... :lol:
     
    На ilipili и joelle им се допаѓа ова.
  9. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Аууу и јас имам слушнато вакви ѓомти адети, а според мене тешки глупости, некои лебови под мишка и свекрвата да те влече до шпоретот каде што ќе те чукне со ќундакот од шпоретот 3 пати по глава |( ова изгледа се работи за шпорет на дрва, само не знам кај ќе најде шпорет на дрва :?: Сваштарија
     
  10. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Оф леле! :lol: Тешко тебе ако запне! :tmi:
    Види вака, од се‘ погоре наведено, само моментот со детето в рака ми е симпатично.
    И кај нас (јас сум од друг град) невестата ја пречекуваат пред врата и и‘ даваат машко дете в рака, детето требало да се расплаче (ова ни јас не го знаев) за да плачело дете во куќата (демек да имаат деца/ по можност машки :^) ). Кутрото дете мене што ми го дадоа беше многу мирно - глас не пушти :lol: . Мајка му до мене, ми вели штипни го малку, јас онака нежно го штипам - ма не, глас не пушта, ајде малку посилно и се расплака кутрото (сеуште ми е жал дека го штипнав). А да, јас му дадов дар и + едно јаболко со парички набоцкано (така требало).
    Друго, ние имавме три девојчиња кои ме пречекаа (од машката страна). Едното ми даде мало стаклено шишенце со вода (требало да се напијам три пати од него и да го скршам - не знам зошто), другото девојче исто ми даде нешто (не ми текнува што) а третото, така стоеше (да бидат непарен број). Јас не знаев за девојчињава, требало да ги дарувам- ама свекрва ми сама купила, па ми даде по едно кесенце да им го дадам :?: .
    Па ми кршеа погача над глава (не знам што симболизира тоа) и конечно ме пуштија да влезам. :D

    Некои од адетите ми се симпатични и безболни, а и не се прави дополнителен трошок за нив. Мене не ми сметаше- напротив убаво ми беше. Само убаво е да им ја знаеш симболиката (да знаеш дали да ги правиш или не), бидејќи чукање глава од ќунец, делува болно, а и плус: :!: за да слуша снаата - ма немој!
     
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528

    Ќе ми ја чука глаата, малку морген... :lol: Колку сака нека запнува, има некои работи кои едноставно не ми се нормални. какви бре лебови и погачи, какви бакрачи. Ич немам намера, затоа што знам дека не им го знае вистинското значење туку главното и е што ќе речат комшиите. Е јас не сум од циркуз па шоу за комшиите да правам. Нека бидеме ние добри затоа што така сакаме, а не затоа што адетите ако не ги направиме, ништо... Глупости!
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ова последново ќе да е нејзино изворно :D ако разберат другите свекрви, може и општо народно да стане, одма ќе го прифатат како обичај :D Кажи и ти дека кај вас обичај е свекрвата јазикот цел ден да си го загризува кога ќе прозбори, за да си биде тивка и да не се меша :?: , или па и ти да и ја удираш главата ете, и таа умна и ти :D
     
    На CameliaMiller, ilipili, blagica1991 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Ќути, ќе ја бришеме темава да не видат и другите свекрви па општо народна тепачка во релација снаи-свекрви да настане низ нашава државичка! :rofl:
     
    На ilipili и kravce им се допаѓа ова.
  14. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    кај мене па ниту еднаш никој не беше спомнал за некаков адет кога после свадба доаѓа невестата. ниту свекрва ми ниту свекор ми никој.

    знам дека постои само на повраток оноа демек родителите на невестата да дојдат на блага ракија или слично. јас им реков тогаш на сите ако сакате правете си ама ние дома нема да бидеме.

    кога отидов кај нив само се пресоблеков и ја дувнавме на шетање со другарките и мм после дојде. тоа е се што памтам од тој фамозен прв ден како снаа :D
     
    На sonce10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Адет како адет, да се направи умерено и со вкус, без претерување за мене е во ред.
    Меѓутоа, има стварно свадби каде што од еден куп адети, не знаат што попрво да направат. Сите кажуваат, нафрлаат, кој што зачул ( а не дочул ) - тетки, стрини, баби, сите повеќе знаат од младите.
    Неодамна гледав свадба, верувајте од адети на човек да му се стемни. Да не беше смешно, ќе беше трагично. Младенците изгубени, свекрвата и групата баби (во традиционална народна носија облечени :!: ) со неа - најглавни!
    Еве нешто што за мене беше ново и непоимливо некогаш здравје јас да го правам на моја свадба:

    - Свекрвата ја тераше снаата да брка со машата во оган - значење не се сеќавам .

    - Слегоа во дворот, завртеа неколку ора и свекрвата и снаата покриени двете со бело шамивче на глава се качуваа двете по скали, пак во соба, свекрвата ја води, снаата ја следи :?: .

    И најбизарното што го слушнав е : Свекрвата и' рекла на снаата цела година после свадбата златниот ѓердан што и бил купен од младоженецот, строго да го носи врз блуза, никако внатре.

    Таков бил адетот :x .

    И невестево цела година после тоа, така си терала, наќитена ко Борис од Дукатино, што би рекле во мојот крај :D .
     
  16. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
    И во моето место го има овој адет, ама не од шпорет туку од ѕид 8)
    Гледав баш видеото, и баба ми ја удира 3 пати од ѕид на мајка ми :lol:
     
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ај јас тука да си прашам :). Требаше веридба да правиме сега оваа сабота,но се одложи од оправдани причини.Е сега прашањето ми беше бидејќи почнаа од понеделникот велигденските пости стрина ми вели дека не се правело за време на нив веридба,но не сме сигурни.Нас не ни е многу важно тоа и не ми се важни сите тие обичаи и бабини деветини,но сепак би сакала да ја знам таа информација.
     
  18. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    ^ И јас така знам дека за време на Велигденскиот пост (а ми се чини и на другите пости) не се прават веридби, ниту Црквата прави венчавки.
    Доколку сте во можност, одложете за по Велигден, сепак ваша одлука, можеби и не е толку важно.

    Некои луѓе веридба прават кога има млада месечина (симболизирало нов почеток...).

    Секаде е различно.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^^ Прочитав некаде на форумов дека целиот проблем со веридбите и свадбите за време на постите е тоа да на оние што постат да им се даде таков оброк. Значи на гостите да им се овозможи да си продолжат со постот и на веселбата. Ако има некоја друга работа поврзано со ова, ќе се најде веројатно некој компетентен да одговори :) Јас имам роднина што правеше свадба на Велигден, никој не одби да ги венчава :^)
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Јас знам дека Црквата венчава за време на пост, ама треба повеќе да се плати, нешто како казна ќе дојде |( :D
     
    На ilipili и Bozica1980 им се допаѓа ова.