Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обичаи, адети, верувања

Дискусија во 'Свадба' започната од Snezna-Kralica, 13 декември 2009.

  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Црквата не венчава за време на пости, барем не тука, а веридба се прави, кој си пости нема да јаде, само да не е баш на Велики четврток и Велики петок, и да не е строг пост, сега не знам кои денови во постите се и празници кои се строги пости :) А венчавката, ако има поп кој венчава во пости, алал да му е |(
    А Кравче, на Велигден, првиот ден, нели е недела, секако дека може да се прави свадба, веќе завршил постот и сите се радуваат на Христовото воскресение :)
     
    На kravce и ilipili им се допаѓа ова.
  2. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    А да, сега ми текна, лани бевме на свадба (венчавка) во јуни месец (за време на Петровденски пости) и знам дека младите ни раскажуваа дека им барале + пари како казна дека ќе се венчаваат во пости (бидејќи невестата беше видно бремена - никој не им рекол: не може сега- чекајте). За овие + пари (околу 1000 денари), никој не им дал никаква потврда/белешка - па мислевме дека попот измислил некоја казна. :lol: Демек не ги знаеме поповите. :^)
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Oва со лупањето глава од шпорет т.е од ќумкот преку кој излегува чадот ме насмеа многу Eлена. во кој век живее свекрвата ? 19ти ?! A да си организирате една трка кој прв стигне до шпоретот тој фино да и ја тресне глават на ривалката ;) срамота, уште ќе малтретираат со глупости ! избери си да правиш што ти сака душата а ако нешто не ти одговара немој да го правиш. сите одлично знаеме дека врска немаат адетите и немаат никакво влијание на натамошното живеење. ти посакувам прекрасна свадбена церемонија и уште поубав заеднички живот
     
    На Divinebutterfly и elena.mak им се допаѓа ова.
  4. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51
    И на нас во Црква ни кажаа за време на Пости и во НеКрстени денови(деновите пред Божик) не венчаваат,Но едни наши пријатели правеа свадба во Јануари,и кога биле во Црква да прашаат за венчавка попот нив им рекол „По правило не венчаваме но деношно време за пари се бива„..... :o ....и така беше во Некрстени денови ги венчаа,бидна и свадбата и така...
    Така да незнам што да си мислам веќе :?:
     
  5. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Да,и јас така мислам дека се прави веридба само да се внимава на трпезата треба за ако некој од гостите пости.Кај нас никој не пости така да мислам дека би можело да се направи сепак ќе видиме што ќе биди :).Ако се одлучиме да биде во овај период секако ќе гледаме да не е на Велики четврток или Велики петок или пак некој ептен строг пост. А за венчавање знам дека венчаваат само со пари плус како што кажавте и вие и баш едни наши пријатели се венчаа во текот на Божиќниот пост .
     
  6. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Се прават веридби во пости, само убаво си кажа ти да се внимава на трпезата. Не е тоа венчавка, не се секирај ич! ;)
     
    На ilipili и mice83 им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Од адети само пред свадбата во четвртокот месевме блага погача.И нели закитување над врата.И свеќите што ги однесов на Младенци в црква да догорат.Ах,да нели и купувањето и продавањето на моето ЈАС пред врата,и обичаите со деверот и деверицата.Па и не биле малку ,кога размислам. |(
    Јас не знам зошто младиве се припотресуваат околу тие работи.Па тоа е ваша свадба ,ако дозволите ќе ви се мешаат. Еден ден кога ќе добијам снаа и зет нема да ги замарам со овие работи. :wasntme:
    А венчавањето за Велигденските пости е мислам дека се избегнува заради посната трпеза.И дека е пост, треба да се избегнува секое доведување во искушение.За други причини не сум слушнала.
     
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Едно искрено советче до идните невести.
    Без разлика како што, ако сте во можност практикувајте венчавката да ви биде надвор од пост. Иако со благослов се прават венчавки ( и свадби), сепак најубаво би било другата опција. Зборувам од духовен аспект. Мислам дека не менува, ден, два или месец.
    Особено ова го кажувам за Велигденскиот пост (исто за Богородичниот и за сите севкупно). Тоа е најтешкиот пост, иако го очекуваме Воскресението, сепак постот е тежок.
    Не сакам да ви се мешам, ама најдобронамерно ве советувам :) .

    п.с. За велигденскиот пост воопшто и не прават венчавки (барем кај нас во нашиот град). Што и е најправилно.

    ***

    Ај да не бидам оф топик.
    Кај нас за свадбата немаше ништо од адети и триста работи. Најважно ги сослушував постарите како или што требало, значи може да ми се земе дека сум направила нешто добро ( ако не друго, барем сум ги сослушала :lol: ) .
     
    На ilipili, Sweetheart87, The-Queen и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Незнам за во другите градови но во Кичево одсекогаш постоело ваков адет :D
     
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Дечки јас имам едно прашање, наскоро се мажи моја другарка, сакаше под штиклата нели да го напише името на девојката која сака да биде идна невеста, е сеа нејзе и рекле дека може повеќе девојки да се напишат а јас знам дека само една треба да има пишано, дискутиравме за тоа и ми текна да прашам како е правилно.
     
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Дечки, материјалите што ги купивме со кумата и старосватицата за во црква се малку шарени и јаки, да не направив глупост??? Јас не носам воопшто светли бои и нема да ги сошијам отпосле ако се такви, а вакви ќе си ги сошијам одма. Сега малку ме фати онака незгодно ко ќе ги види попот тиркизни и чипки темни...
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Нема врска, може. Порано било тоа да е исклучиво бел материјал ама сега нема врска
     
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.102
    Допаѓања:
    258.515
    Пол:
    Женски
    Добро си направила Елена бар ќе си ги сошиеш. Нас и двата материјала ни ги купиле бели и си стојат сеуште скоро 4 години после свадбата. Јас се чудев зошто баш бели купиле ама ете порано тоа било адет, не сум знаела.
     
  14. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51
    Jас имам идеја за мојата венчавка да им предложам на кумата и старосватицата на место материјал да донесат некој интересни марами(бели,крем или шампањ ),некоја интересна комбинација со чипка исто може, за да може да си ѓи носам после,за да не мислам што да сошијам после од материјалите.И секако обожавам марами,така да ќе ги изнаносам ;)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Ехее што попот се има испогледано по венчавки па сега за тиркизното ќе се фати :) Не да нема врска, туку ама баш ич да не му се мислиш. Ти си ги одбрала, твои се, твои и ќе останат, битно тебе да ти прават ќеиф, ти си невестата ;)
     
  16. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Јас бев прилично малечка ама уште паметам од свадбата на брат ми дека кога дојде снаа ми дома имаше нешто со погача надвор ја кршеа со брат ми као демек кој ке биди маж во куката,имаше мед исто се правеше некој адет за животот сладок да му бил и нешто мајка ми и татко ми и правеа над глава за демек да ги слушала :rofl: ...Само да ви кажам,дека надвор беше камен ладно беше јануари и зато дека набрзина беа направени адетите,некако не проработија...
     
  17. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Секако дека не може марама, Ние кога се венчавме материјалчето ни го стави попот на грб, не покри двајцата со него, а со марама тоа не може, не е толку голема марамата.
     
  18. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51

    Зошто да неможе....има нај различни големини на марами,малечќи за околу врат само,за на глава,а има и големи како шалеви подолѓи и од 1 метар.Јас веќе најдов многу убави модели....Сепак тоа си е лична одлука,нај важно е да се испоштува традицијата и релиѓијата
     
  19. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Нас кумата ни донесе 2 метри материјал и едвај не покрија двајцата, не верувам дека има марама подолга од 2 метри. За проверка пробајте дома со некој чаршав чисто за ориентација :)
     
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Материјалите ми се 2 х 3 метри... Може да не покрие, и да не завитка ако сака! :D Освен што ќе биде смешно затоа што се шарени, за должината не се замарам. ;)