Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обичаи, адети, верувања

Дискусија во 'Свадба' започната од Snezna-Kralica, 13 декември 2009.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Нас попот не не покриваше со платното, само рацете ни ги врза, не ја знам димензијата на моите платна ама беа доволно големи да изврше неколку чвора :lol: .
    А и со платното стварно не знам што да правам, едното е виолетова боја и е малку покруто, може за фустан ама па ич не ми се шие кога можам готов да си купам. Другиот материјал е бел, нежен и поима немам што да правам со него.
    И нема врска, материјалот не мора да е бел, може каков сакаш, и марами има големи, што стварно ќе ти се најдат после, а не со материјали со кои нема да знаеш што да правиш (многу ќе знае попот дали е материјал дали е марама :rofl: ) .
    Кога сме веќе кај адетите, јас си ги извадив машните од свеќите и ми стојат дома сега, да не треба да им правам нешто? :angel:
     
  2. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Свеките се палат во црква на Младенци, а машните си можела да ги оставиш на самите свеќи ако си ги запалила минатата недела на празникот. А што се прави со машните ако веке си ги извадила и си ги запалила свеките без машни незнам, не би требало да има правило некое или си ги чуваш за спомен ако ти се свиѓаат или незнам што да ти казжам, искористи ги кога ке пакуваш некој поклон за роденден :)
     
  3. LadySS

    LadySS Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Интересен адет/обичај ми изгледа ова, само ако сакате да ми кажете од кој крај потекнува овој адет или е некој ново измислен, но во секој случај доста интересен :) и со што на пример би можело да се мава јаболкото за да се погоди?
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    колку што знам јас, адетот е да го пука со пушка јаболкото, ако грешам кралицата нека ме поправи.
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Јас од моите платна си сошив постелнини. Беа доволно големи, па сошив чаршави и јастучници, и мене ме мрзеше да одам по шнајдерки и затоа така решив да го искористам...ги сошив минатово лето, а свадба правев пред скоро 7 год...ете до толку немав идеја што да им правам. :tmi: :D
    А за машните...нас попот ни кажа откитени да ги однесеме во црква да догорат, убаво се сеќавам затоа што машните навистина беа преубави и си ги искористив за поклони. ;)
     
    На Bozica1980 и Abeja им се допаѓа ова.
  6. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    ^ Паметно за постелнините, ако не ти биле доволно добри материјалите за нешто друго. За да не му ја мислам утре што да правам вака ко тебе, си ги одбрав какви што вистински ми се свиѓаат. Ќе бидат фустани по мој ќеиф, во мој стил. Сие среќни и задоволни, јас најмногу! :rofl:
     
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Не е дека НЕ СМЕЕ, секој може да си облече што си сака, но невестата може да се почувствува навредена ако некоја гостина дојде облечена во бело. А ако пак е долг фустан, многу е веројатно да ве избркаат од свадбата :lol:
    Проблемот со белото е тоа што на свадбата се знае дека има една невеста, и не бива некој да ве помеша со неа ако носите бело.
    Скоро кога видов слики на фб, се сликале три девојки, сите во бели балски фустани. Иди па познај која е невестата :x
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Интересен обичај, ако се мажам за него ќе си остарам дур го погоди јаболкото :D Ќе станам првата Баба у венчаница :D.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LadySS

    LadySS Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Има некој слушнато за адет дека невестата требало да се венчава во црква во обувките кои ќе и ги купи деверот, па макар и тоа да се обични бели кломпи???
     
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    точно, се работи за бонтон. навистина е глупаво некој друг да носи бело освен невестата. не дека е забрането но е некултурно. јас лично никогаш немам облечено бело за на свадба ниту ќе облечам.
    на мојата свадба имаше една девојка со краток бел значи скрос бел фустан. мене не ми пречеше воопшто но ми кажаа дека другарите и другарките ја направиле лом заради тој потег.
    за црното првпат слушам и мислам дека се бабини измислетини. црното е вооедно и најелегантно така да нема врска.
    п.с имам слушнато дека на некоја свадба свекрвата носела бел и долг свилен фустан :lol:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Кога купувам посвечени работи, окото секогаш ми загледува на црно или бело. Сум била облечена во бело на свадба(не во бел балски фустан) и сум добила критики, демек сум сакала невестата да ја засенам |(
    И пак ќе си носам, а ако невестата се чувствува навредена на денот на нејзината свадба од вакви баналности и мисли дека некој намерно облекол со намера да ја засени, тогаш не знам што да кажам...
     
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Не дека неможе некој да ме засени на мојата свадба ако сум невеста, туку едноставно не е убаво. Белата боја е за невестата, и крај. Дека ќе се замарам на сопствената свадба дека некој намерно сакал да ме изнервира, како па да не. Ама дека не е во ред, не е! Има крем, светло розе, светло жолто, шампањ, милиобн светли елегантни нијанси. Неморате баш во бело да одите. По бон тон на свадба не се оди во бело, друго е машки, сите да се исто облечени, ајде де. Ама ко ќе ги видам жентурачи со бели фустани, е стварно не е во ред. Тоа си е мое размислување.
     
    На candy.cane, crazylady, sonce10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Znaci obicaj e deverot da gi kupi obuvkite, ama najcesto nevestata sama si gi izbira, a deverot samo gi plakja ili pak nevestata kupuva, si gi gi plakja, a potoa koga mu gi dava na deverot toj nea I dava pari.
    Pokraj obuvki deverot kupuva I tashna, istite gi pakuva I na denoto na svadbata i' gi dava na nevestata.
    Deverot i' gi oblekuva cevlite na nevestata I i' tura paricka.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LadySS

    LadySS Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Прашањето ми беше дали треба невестата да се венчава во црква во обувките од деверот. Значи јас си имам купено обувки и сега ако деверот ми купи кломпи (за да не се троши толку да ми ги плаќа обувките) дали треба во кломпите да се венчам во црква?
     
  15. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Да си прашаш кај свештеникот што ке те венча за да немаш дилема. Тој со сигурност ке ти каже и секако ке мораш да го послушаш.Биди си срекна па макар и во кломпи се венчала , што има врска...
     
  16. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    А бре какви кломпи, какви бакрачи, облечи си ги чевлите што си ги купила и оди во црква, јас првпат слушам ваков адет :^) Јас на пример несакам деверот да ми купува чевли ни да ми дава пари за чевли, така што сигурно нема да му барам бели кломпи или папучи за да се венчам во црква. Значи, чевлите невестински на тебе и правец во црква :)
     
  17. LadySS

    LadySS Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Не сакам ни јас да ми купува деверот, затоа и сама си ги одбрав и купив, ама ете свеки вика морал деверот да ми купи обувки, таков бил адетот, а адетот дека треба во тие обувки да се венчам во црква она го кажа :D така правеле другите, така требало да правиме и ние :rofl: А ги кажува само тие адети што и одговараат на неа, а тие што не сака (не може) да ги прави не ги ни спомнува :D
     
  18. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Правете си вие како што сакате,ни свеки ни никој нека не ви кажува што да правите,а ако дозволиш да ти ја организира свадбата и да ти кажува што да правиш уште од сега таа ќе те земе под нејзино.Значи сСвадбата ја правите вие ,ти ит твојот иден соопруг и правете си ги оние обичаи кои што ги сакате вие и точка.Какви кломли,какви бакрачи,стави си чевли и готово.
     
  19. zorce89

    zorce89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    адети, на кој кои адети му одговараат тие си ги прави,на времето се расправале со адети, како ти одговара така прај, не ги слушај другите што ке кажат , еден вели вака, друг онака ;)
     
  20. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Кај нас, свекрвата ги купи чевлите и чантата (јас си ги одбрав, таа ги плати). В
    ообичаено девер е помал неженет брат на зетот, автоматски најчесто е невработен па мајка му и татко му на деверот (читај свекорот и свекрвата) ги финансираат чевлите и чантата. Во нашиот случај, маж ми нема помал брат, па девер ни беше негов братучед. Не сакавме тој да се троши воопшто (ни требаше само за адетот, за улогата на свадбата) па свекрва ми рече: јас ќе ги платам чевлите и чантата, ти одбери си. :bow: Фала и‘ за тоа. Таа ги платила на јатрва ми (каде маж ми бил девер) и исто сакала и моите да ги плати. Да не речеше таа, јас ќе си ги купев сама. На свекрвата и ги дадов чевлите ден-два пред свадбата (да ги спакуваат, украсно) и да ми ги донесе деверот на денот на свадбата (таков е адетот кај нас).

    Мој предлог ти е: твоите чевли дај му ги на деверот (спакувај ги) да ти ги донесе на свадбата и тие ќе си ги носиш во црква. А за кломпите, да не го навредиш, ќе му речиш дека ќе ги земеш во ресторанот, за кога ќе се умориш од штиклите (од чевлите) да си ги обуеш кломпите. Кога ќе се опијанат сите :drunk: , не е ни важно дали навистина ќе ги обуеш кломпите или не :P - никој нема да примети. :lol:

    Поздрав, и без нервози.