Утре во градинка, треба да учествувам во една работилница заедно со мајка ромка. Задачата ни е секоја од нас, да ги претстави обичаите на својата вера за празникот Василица, односно Стара Нова Година. Доколку некој ги знае обичаите кои ги изведуваат христијаните овој ден, ќе ве молам да ми помогне.
Еве јас што најдов на интернет, се надевам дека ќе ти биде од корист! Спојлер Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година. Василица се паѓа во периодот на т.н. Некрстени денови, период што трае од Божиќ до Водици, кога според легендата Исус не бил крстен и ѓаволите се мачеле да го излажат да не се крсти и да не се исполни волјата Божја. Се верува дека овие денови за човекот се опасни бидејќи тогаш мртвите се во движење, разни вампири, караконџули, вештерки, самовили и други нечисти сили се активни и на сите начини сакаат да му напакостат. За заштита од овие негативни демони човекот во овој период изведува разни магиски заштитни дејствија. Учесниците во овие магиски игри во Македонија се познати под различни имиња: во Охридско-василичари, во Битолско-бабари, во Скопско-џамалари, во Тиквешијата-џаламари, во Разлошко-сурваскаре, во Костурско и други места во Егејска Македонија ешкари. Очигледно е дека обичаите и верувањата поврзани со празникот Василица потекнуваат од претхристијанско време и дека нивна цел е да ги отстранат лошите демони но и да обезбедат среќа и напредок на поединецот како и на пошироката заедница. Традиција е во западна Македонија вечерта да се јаде пита со паричка каде православните христијани го прославуваат доаѓањето на новата година според христијанскиот календар. Според стариот обичај, од питата секој добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година. Во селото Вевчани се одржува прочуениот Вевчански карневал кој од година во година станува се помасовен и попопуларен. Како туристичка атракција тој е посетен од многу гости и тоа не само од нашава земја.
Еве нешто што би можело да биде од корист Особено првиот линк. Навистина е корисен Сега не знам дали е вака како што е опишано на првиот линк,можеби во некои места сеуште е традиција, меѓутоа кога моите родители биле деца, вака било. Истово го имам слушано и од нив. http://ohridpress.com.mk/%D0%BEch%D1%80 ... 1ili%D1%98 Еве нешто слично на тоа на Јагода 123. Спојлер Утре е Василица а вечерва е Стара Нова Година. Василица е празник кој ги обединува паганските обичаи и верувањата на народот, спој на паганското и модерното време. Бидејќи се паѓа во таканаречените некрстени денови од Божиќ до Водици, кога Исус Христос сеуште не бил крстен, народот верувал дека ова се лоши денови и дека злите сили и демоните се присутни меѓу луѓето. За да се одбранат од злото по обичај на овој ден палеле огнови и околу нив пееле песни. Во домовите на православните верници се прави кравајче или погача во која се става паричка. Оние кои не го сториле тоа на Бадник тоа ќе го сторат вечерва. Според верувањата, кај кого ќе се падне паричката ќе биде среќен во текот на целата година. А кога славењето е организирано и помасовно, паричката носи кумство на оној во кој ќе се падне па догодина тој ке треба да донесе погача и вино на прославата. Младите за време на празнувањето одат по куќите пеат суроварски песни и со стапови од дрен или суви прачки ги тераат демоните од домовите на верниците, а за возврат домаќинките ги даруваат со лепче. Лепчето или погачата со паричка е обичај кој е поврзан со животот на Св.Василиј Велики. Тој им давал леб на сиромашните во кој за да ги израдува уште повеќе им ставал по една паричка во лебот. Верниците на Василица прават и крст од дренови гранки. Се плете венец од бршлен кој се става на крстот. На крстот се ставаат и три црвени јаболки, симбол на здравјето плодноста и убавината.