1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обичаи и адети за време на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 29 август 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Она што ме поттикна да ја отворам темата , е муабетот дека ако си бремена не смееш да одиш на гробишта, на погреб, да внимаваш да не украдеш нешто, не смее кога нешто и се дава на трудница тоа да биде со фрлање..
    И црешата на шлагот, синоќа мајка ми ми раскажува дека кога ќе ме фатиле болки за породување да сум се истуширала и при туширање да сум си пуштила јајце од вратот надолу, да се скрши, да не сум се вртела да го видам и да го чистам, а и на никој да не сум кажувала |(
    Јас во тие моменти не верувам дека ќе ми текне на ова нешто, а со неа се зезам, што ако немам јајца дома :^)
    За мене се ова живи глупости, иако еве пример за одење на гробишта го почитувам тоа иако ептен многу сакав да отидам и да запалам свеќа кај баба ми.

    ОСвен за во бременоста би можеле да дискутираме и за обичаите после пораѓај.
    Пример, во Скопје се прават мекици, додека жената е уште во болница. Јас не сум од Ск, па би сакала да го правиме тој обичај по мое, односно кога ќе се вратам од болница ден или два после тоа, да ги викнам блиските пријатели да дојдат на мекици и на сокче. Кај нас се прават мекици за со шеќер да се јадат, за да му биде благ животот на бебето. А гостите доаѓаат со поклон и го даруваат, како што е во Скопје повојница. Е сега знам дека повеќето луѓе нема да го знаат овој наш обичај,но тоа не е ни битно , важно ми е да си направам мене како ми одговара и како ми е ќејф.
    Можеби нема да ми биде ич до гости тие денови , но 4-5ч ќе издржам.
    Исто и за 40ден да не се излегува, е тоа никако не планирам да го применам, страшна работа, ДА можеби нема ни да можам да излезам додека да се адаптираме дома, со новиот член , да се навикнеме едни на други, но да седам дома и тогаш кога ќе може да се излезе,нема шанси.

    Какви се вашите мислења и ставови во однос на овие работи???
    Почитувате ли нешто???
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    И јас знам за тоа дека не требало на гробишта, дека не требало да "украдеш" па макар и цреша од нечив двор на поминување-зошто на првото место потоа што ќе си се допрела. Детето на тоа место од телото ќе имало белег.

    За јајцето незнам...прв пат слушам.
    Знам дека само не требало на мајката да и се кажува дека ќерката отишла на пораѓај,оти нели мајка ко мајка ќе се плашела за ќерката и помислувала секогаш на најлошото.
    Мекици се прават одма по пораѓајот кај свекорот и свекрвата.
    А утре дента кај бабата и дедото.
    Се изнесува сирење,шеќер и мекици. А се носи благо на мекици,за животот да му бил благ на детето.

    За 40,дали ќе поштувам се зависи од детето. Ако биде зимо и биде недај боже настинато сигурно нема да го изнесувам и мешам.А ако биде лето, ќе го шеткам малку. Така ќе се очеличи повеќе отколку кога би го пазела и од прашинката-мое мислење.
    Е сега за мешање во народ првите 40дена, па и не би сакала баш освен најблиските.Само од причина што детето нема створен имунитет,а ние луѓето не сме ни свесни колку бактерии носиме на себе.

    А тоа дарување на бебе постои прв пат кога ќе дојде детето дома, од бабите и дедовците тета/тетин чичо/стрина вујче/вујна .... нели првите, дарува со пари/злато

    А по 40 дена за повојница луѓето сами ти се најавуваат кога сакаат.
     
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    и јас да додадам дека ако имаш менструација несмееш да одиш да го видиш новороденчето или пак не трабало да имаш секс претходната вечер :D

    меу ова со јајцево е врв првпат го слушам :D

    инаку сестрами е мажена во таква фамилија и се си почитуваше оти така ја тераше свекрвата и мене многу ме нервираше тоа, а една пријателка си излегуваше и порано беше многу топло и не ме прашуваше дали сум се сексала претходната вечер. затоа се си е индивидуално и сметам дека трудниците не треба да се оптоваруваат со такви работи.
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ^да да, прв пат кога ќе го видиш бебето не треба да имаш добиено
    а тоа за односите незнам
    -единствено знам дека таткото и мајката (родителите на бебето)до 40дена не требае да имаат односи.
     
  5. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Тоа со белегот и јас го знам ..мајка ми ми вели дека крадела сливи и да не ми се гледа белегот се фатила за г'з .. :^) Една другарка пак вика мајка и крадела јагоди и се фатила над градата , и навистина таму има белег ..она барем може да го покаже , па кој и верува ќе верува а јас ? :^)
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    За мене некои верувања се чисти глупости кои народот сам си ги измислува |(

    Во бременоста со свекрвами бев два пати на гробишта , ми беше страв од самите тие верувања и после се мислев што ако .... бла бла
    Имаше едно демек кога ке го осетиш бебето во стомак како клоца , кој ке го погледнеш од бкиските во тој момент на него ке личело
    И јас се смеев викав кога ке клоцне бебето сакам пред мене да имам огледало :D :D

    За после бременоста
    Мекици си правеше мајками дома , со најблиските
    Свекрвами не беше запознаета со тој адет кај нив не се прават мекици или слично , само ти стигаат писма со честитки и по некоја пара во него :lol: :lol:
    За 40 дена да не се излегува од дома , не го практикував
    Си излегувавме секако кога беше убаво временцето ,си шеткавме , пазарувавме и слично

    И така в о адети многу многу не верувам , што требало да се случи ке се случи :)


    Искрено првите 40 дена мајката не е ни способна да има односи хехех
    :D :D
     
    На Meckicja и skenco им се допаѓа ова.
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    и јас сум од тие кои се против ваквите обичаи, адети или незнам верувања...
    и дури од сега им напоменувам на сите околу мене да не ме замараат со ова ни дури сум бремена а уште помалку кога ке се породам. А ги има многу и речичи сите ги знам, ама за кај некои луѓе ги почитувам, заради тоа што ете тие веруваат во нив.
    Инаку тоа со 40 -те дена јас се си мислам кај мене ке го истерам со бебето до крај затоа што ке биди зима а нема да можам да го вадам надвор на минус температури, а јас сигурно ке излезам во тие недели ;)
    е сега во однос на адетите јас сум од охрид и таму ги има поприлично, гледав сестрами таа повеке се почитуваше и правеше. Кога оди на породување не требало да се кажи на мајката затоа што потешко ке си се породел, што нема врска ете сестрами не и кажа па 10 сати се мачеше. За тоа со јајцето имам слушнато и јас, ама на кој ке му текне во моментот да го направи тоа, еххе
    Е сега откако ке се породи жената и мајката и свекрвата прават мекици, или питуличиња :) и ги канат комшивките, роднините.
    Кога ке се вратат мајката и бебето дома, се оди со поклон и обавезно благо на посета, и му се оставаат пари на бебето. Инаку не се оди навечер, се одело додека е дење , и ако имаш менструација не се одело, демек ке му се правело црвенило на лицето на бебето ( така се случило со мене кога сум била бебе ,ми кажуваше бабами ) а и чинијата во која си го однесол благото ке ти ја вратат кога ке направат 40 дена. Исто не треба да ти подава мајката преку маса ништо , ни да те испрака ке и секнело млекотп, не се давало ништо ние 40 дена...
    Колку многу сме имале, еххех ама тие се за тие кои се замараат и веруваат во нив, јас не :lol:
     
    На sanjaж му/ѝ се допаѓа ова.
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    И јас тоа сакав да кажам, и да сакаат неможе :lol:

    Туку ме интересираше ова со гробиштата , вчера се замислив и си викам, можеби сето ова нема врска , црквата може не го ни одобрува, ниту пак е дел од нашите христијански обичаии. Ама тоа е , секој нешто има да каже ,кој што слушнал тоа кажува.

    За крадењето знам, мајка ми демек украла каранфилче и за да не ми се гледало се фатила во косата на темето, е сега само она го гледа и знае каде :lol:

    А за јајцето и јас немав коментар :x

    За мекици дефинитивно ќе си тераме како ќе ни одговара, а за луѓето ,т.е. девојки кои имаат добиено а доаѓаат кај бебето ,во мојот крај викаат дека требало девојката да му шепне на бебето дека имала добиено, оти инаку ќе се исфрлело со брунчиња.
    Они сиротите само што доаѓаат во допир со нов свет, па девојките со циклус им се криви дека се исфрлаат.... :fubar: (под итно смајли што се крсти да се воведе :^) , неопходно е :P )
     
  9. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    еххеех така е ни фалат смајлина :lol:
    туку и јас имам белег демек мајками си скинала крастаивичка мала од кај некоја комшивка и не и кажала па се фатила на десната нога и сега јас имам таму едно малечко белелче, демек од тоа ми било :?: а за гробишта незнам ама кога одиме на гробишта кај бабами гледам си одат и бремени жени...
    се ова е од минатото кога на овај начин си објаснувале лугето се што им се случува кога неможеле поинаку, и се ова се применува од постарите, кој млад се замара со ова????? ;)
     
  10. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Za toa so belegot sum cula,majka mi ima ukradeno sliva ko bila trudna so mene,pa sega imam beleg na gazot.Isto znam deka trudnica ne treba da pie od oculena casa.A za strvenje sakav da prasam,zosto veleat deka ako ti se jadelo nesto nekade,da ne se strvela,da si pobarala?
     
  11. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Јас не верувам многу во тие бабини деветини т.е. ич не верувам. Единствено некои работи од лични причини не би ги сторила во бременост на пример одење на гробишта... поради непријатните чувства кои доаѓаат само за да не се пренесат на бебето. Мекици ми е нелогично да се прават откако дома ќе дојде мајката. Па јас бев толку преморена и желна за одмор, на раат да одморам од болница и се, истоштена до бескрај ослабена коска и кожа бев уште дома гости за мекици ми фалеа како не. Моите и свекрвата и свекорот си правеа заеднички во ресторан и ептен ми беше мерак дека така се договорија, сите на куп заедно да слават. Јас тогаш нормално бев во болница но нон стоп ми се јавуваа и гледав слики на мобилен. За излегување надвор до 40 дена е најмногу поради имунитетот на детето и опоравувањето на мајката. Нормално ако е премногу жешко и ќе се прошетате малку рано наутро, подоцна навечер, но јас се породив во зима и немав желба да излегувам и да ризикувам да ја мешам со народ на тие ниски температури па недај боже да закачиме некој вирус. Има време, и да, кога веќе ми беше логично почнавме да шетаме па дури и по снег шетавме. Кога дојдов дома од болница се собравме само најблиски, моите родители, родителите на сопругот, бабаму дедому и деверот, ја даруваа малата со пари и си поседоа малку.
     
  12. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас ич не верувам во вакви работи, АМА тоа со белезите изгледа е точно, брат ми има белег од некое овошје што го „украла“ мајка ми, па намерно се допрела на задникот и сега он има белег таму. Да напоменам дека и мајка ми не верува во адети и обичаи, така да не би го кажувала тоа од суеверие.
    Друго, јас како мала сум се исипала од како дошла да ме види некоја нејзина пријателка која имала добиено, така да, дали било случајност затоа што и онака од секогаш сум имала алергии или па од тетката било - не знам!
    Друго, за неизглегување до 40 дена, детето немало имунитет. Имунитет се создава кога самиот организам ќе се сретне со за него штетниот објект, така што таа теорија пак паѓа во вода. Може не е убаво да се меша со 1000 луѓе, ама ако времето е убаво на прошетка до некое паркче или нешто такво секако дека убаво ќе му дојде и на бебето, а особено на мајката!
    Денеска некако сите сме многу нежни, распекмезени. Нашиве прабаби порано на ниви се пораѓале, копале до последен ден па сите биле здрави и прави, така да нема потреба од толкави притресувања, бременоста е преубава, природна работа, ама за жал некогаш се случуваат физички компликации така што мислам дека од вакви ПСИХИЧКИ комплицирања како адети и обичаи може да се лиши мајката и на раат да си ја истера бременоста.
     
    На Mari-2011 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    За добиено и брунчињата не верувам никако. Ми се чини дека многу е мал процентот на бебиња кои не се исфрлуваат по раѓањето, пред се поради атаптацијата на кожата на надворешни влијанија.
    Затоа и кажуваат да се мачкаат .

    За мекиците, кај нас се лангиди(како крофни) и тоа е цела процедура кога си доаѓа мајката од болница, обично уште истиот ден, се собираат сите блиски , се вари грав , децата треба да го јадат на земја, се крши погача заедно со Библијата врз главата на мајката која во раце треба да го држи бебето(ја кршат две девојчиња), од истата им се послужува на сите.
    Потоа се става бебето во ќебе и кошулата на таткото од свадба и во нив се нишка и се пее, внатре му се ставаат триста чуда (пенкала, книги, ножици, што ли не), а сите кои го нишкаат бебето фрлаат пари внатре.
    На одење таткото стои на врата со бокал во рака , им дава на гостите да се измијат , а на дечињата им дава и паричка.

    Сето ова е премногу за прв ден дома, според мене. Затоа јас сакам на некој начин да си ја задржам традицијата од мојот крај, со некои мали промени. Но, сепак ќе видиме како ќе биде, прво да се роди здраво и живо , а после зависно од тоа како ќе се осеќаме така ќе правиме. Важно знам дека нема да се класични мекици.
    Тоа што ме донела судбината во Скопје, не значи дека треба да ги применувам сите обичаии од ваму, сепак и јас си имам свое потекло и минато зад себе, растена сум на друг начин.
    Но едно е сигурно, нема да претеруваме со ништо дефинитивно, оти што е многу многу е. Кој што му текне тоа кажува, 10глави=30 различни обичаии.
     
    На mimidjon и sanjaeva им се допаѓа ова.
  14. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    што е тоа очулена чаша??? ;) :?:
    а за тоа ако ти се пријаде нешто демек треба да кажиш за недај боже да не си пометнела, глупости :devil:
    а исто ако некој ти дава нешто за јадење обавезно да земиш затоа што бебето немало да јади после тоа,
    јас како што немам желба за никакво јадење, и ништо не земам кутрото мое бебе ништо нема да јади :( ;)
     
  15. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Кај нас знам дека кога ќе се роди бебето уште додека се во болница, се прават тиганици (мекици) и најмладиот член од семејството ги носи кај роднини пријатели, им дава тиганица а овие го даруваат со парички.
    Знам дека кога жената е левунка не смее да излегува од дома после зајдисонце а ако има некоја НедајБоже итна ситуација мора да носи метла со неа :?:
    Имам слушнато дека во текот на бременоста ако украде нешто не смее да се дпре никаде 24 часа, затоа што бебето ќе има белег. Ја зезав мајка ми дека требала да украде некое црве и да се допре за лицето :rofl:
     
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    охохох па вие меу сте имале премногу обичаи ;)
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Премногу , ако мене ме прашуваш, дури мислам дека во некои работи претеруваат |(
    Затоа викам дека , да , ќе си задржам дел од обичаите, но затоа пак и ќе си ги направам така како што мене ми одговара и кога ќе ми одговара.
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    гледам јас дека ќе треба да одам на обука кај meU пред да се породи. :D
    ова требало тоа требало :lol: ама и тие крофните не ви се лош адет хахаха
     
  19. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    така е најдобро да си направиш она што ти сметаш дека треба и нормално тебе ти одговара ;)
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049

    Абе само на јадење да се мислело :^) нели на диета беше :fubar:
    Шала на страна, дали ќе се крофни или мекици, ќе видиме свекрвата што ќе направи. Е тоа и го препуштам нејзе, па како знае така нека се снајде :)