Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обичаи и адети за време на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 29 август 2012.

  1. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    го помислив и јас тоа ама ајде викам да си прашам тука да не грешам душа можеби навистина е таков адетот, она во последно време почна многу работи да ни наметнува та дури и името како да се вика бебето (божем она го носи 9месеци па она ќе каже), cka интересна идеја ми даде може да и речам така :) па она нека си ја треска главата
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Ние ( свекрва ми и мајка ми) се договоривме да не го даруваат бебчето со злато. За да не се прават трошкови. Здравје за крштевка кога ќе биде поголемо.
     
  3. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.782
    Златна свекрва твоја,умница она....хахахаха....двапати прочитав и право да ти кажам се чудам и се чудам...
    Е зошто бе само мајка ти да му стави злато на внучето,она не е баба?Или кога ќе треба да се дарува внучето-бабата(од кај мајката) треба да дава,а кога ќе треба да се тераат бабини деветини,да се даваат „совети“ што како околу бебето-е тогаш бабата-свекрва е тука.
    Морееееее.....
    Злато се дава на бебе,секој кој има и милува да даде,а не по правила(измислени од свекрва ти)
    Така да,кажи и ти насвеки дека слободно може и она да го дарува внучето со злато и тоа некој помасивен примерок да биде,бидејќи нели,баба станува .
    Кој ме сфати -ме сфати, кој не-има време, ќе сфати.
     
    На iloveyou29, kukla21, ines.h и 3 други им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.246
    Пол:
    Женски
    Кога се роди син ми, татко ми му стави злато под перницата (мајка ми е почината). Тогаш прв пат слушнав дека имало таков адет.
     
  5. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    745
    глупости ако има можност ќе даде ако не здравје не е морално. ние кога си дојдовме со бебето дома свекрвами му закачи на капичката нешто како паричка со богородичка златно а и на мене ми закачи на ланецот што го имав еден златен украс е незнам дали е било адет или чисто така а мајками му купи нараквица златна убава дебела за голем да си ја носи ама дури за 1от роденден. а тоа за јајцето што го прочитав и јас незнаев ама кога дојде време да се породам на мене свекрвами ми го направи тој адет . а за тоа да не се кажува на мајката додека не се породиш не верувам јас си ја викнав и она беше во болницата додек да родам па не траеше многу моево породување. а и за тоа за крадење во бременост верувам дека не треба мн луѓе имам видено со белеци кои велат дека е од тоа па затоа да го испочитуваме ова да не си го жигосуваме деето. јас додека бев бремена кога си минев некаде макар и од кај нашиот пат се имав навика да си кинам лисја од дрвата ама секогаш се факав прво за земја. и ова за мекиците локум шеќер го има и кај нас прво се дават кај свекрвата а потоа кај мајками. др не ми текнува поздрав
     
  6. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    802
    На син ми и моите и на маж ми му дадоа златник кога прв пат го видоа демек детето да биде златно, па кажи и ти на свекрвати дека ако дава мајка ти треба и она да му даде нешто златно :D
     
  7. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    да ама по муабетот на свекрвами само мајками требало да даде и тоа не златник туку нешто многу повредно и поголемо, се изопачи женава во последниве месеци многу ама вчера и одржав лекција па муабетот со злато и тоа кој колку дал за бебето или ќе даде е затворен, нека си кажува закони на нејзините деца мене неможе да ми наметнува некои нејзини безвезни адет. И моите родители купувале злато дали нараквици или ланчиња на внуките од сестрами ама на роденден или крштевка а на уште неродено дете не и ни малку не ми е логично, ви благодарам на сите за мислењата
     
  8. mama27

    mama27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    175
    Со првото мајка ми беше со мене на болница и многу тешко поминав,со второто не знаеше и прелесно поминав,за третово здравје ке видиме само со убаво да биде како ке сака Господ Бог.Дали има врска или не незнам или така требало да биди.За второто сама ми текна така по себе пред да се облечам во чаша наполнав вода и ја пуштив низ пижама ,имав слушнато да оди лесно како водата не само за ова туку и за испит или било друго нешто,па поминав добро односно одлично ако има врска кој како верува :) .А за белег за првото сама се послужив со ф стак и се фатив за нога кога се роди синчето имаше право фстаче, ама имав слушнато ако се сетиш до 40 дена што имаш земено ќе се изгубело и навистина му исчезна после 2 месеца.За второто неможев да се сетам па под градината има две мали цртички неможев да се сетам, само знам дека нон стоп се фајкав под гради зашто ме чешаше :) .
     
  9. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Jas pa znam koga odis da ragjas pusti jajceniz stomakot nadolu za da sneses kako kokoska jajca
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.979
    Допаѓања:
    133.582
    Јас знам дека на макја не се кажува кога се оди на пораѓај, за да не се нервира. Знае жената дека ке се мачиш и да не те мисли, да не се мачи и она. Мислам дека е од практични причини и позитивна енергија, бидејќи мајката може да има лоши мисли од страв, па без тоа подобро би се поминало.
    Сепак, мислам дека е само за да не се нервираат мајките :)
     
    На Espadrila, LUCERKA, LaDyDoLl и 2 други им се допаѓа ова.
  11. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Онака си помислив да читнам какви зафрканции има на темава за бабини деветини, а се запрепастив колку сериозни мислења се развиле на претходниве страници :rofl: е браво, уште малку ќе не вратите да живееме во планините со вакви размислувања! А сето млади девојки на форумов, тажно, да не речам срамота ...
     
    На WORRIED.BT и Cka им се допаѓа ова.
  12. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.421
    Допаѓања:
    34.122
    Пол:
    Женски
    Немаат врска годините на девојките, или враќање во камено доба, овде девојките кажуваат она што слушнале, па го пренесуваат тука, ние не сме ги измислиле сега тие нешта. И мене ми кажуваа ова она, најново ете сега беше да не удирам мачка додека сум бремена, да земам се што ми се нуди за јадење(па да ссе направам мечка), ако правиме се што ќе слушнеме таман работа,значи овде ние само кажуваме она што некој го измислил.
    И што дека јас не верувам во бабини деветини, кога еве ова со златово ќе го земам за пример, распространето е во сите краеви на државава и сите го практикуваат, значи веќе е преминато во адет и не претставува бабина деветина.
    А за другиве работи, не прави ова, или прави она, тоа зависи ддо трудницата и нејзиното суеверие.
     
  13. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Секако дека имаат врска годините, да пишуваа возрасни жени над 50ина години ајде, ќе речеш уште се со такви мислења ко што им кажувале нив, па од страв слушале и правеле што ќе им кажат....
    Но, во денешно време трудница на 22-27 год. да размислува дека ако украде банана бебето ќе има банани на ногата па ако и текне што украла може ќе му се изгуби белегот (не цитирам никого) и еден куп други глупости е тоа не можам да го сфатам.

    Не мислев за обичаи од типот чија обврска е или не е да купи злато или било што, мислев за овие суеверија што од такт ме вадат особено кога некој верува во нив.

    Се извинувам ако сум многу груба, ќе се извадам на хормоните, но според мене вакви теми треба да се затворат, не пишуваме тука да се враќаме кон суеверија туку да споделуваме искуства и знаења што стварно се издржани.
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  14. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    На темава, конкретно снаа ми моја слушнала од мајка и дека не треба да се шиша дека е бремена :) :) :lol: :rofl: и нормално не се шиша. Мама и рекла, ами како :lol: :lol: :lol: не можеш да ја убедиш дека греши, но нека тера како сака. Мислам дека ова е чиста глупост, бабини деветини што си немаат врска со реалноста. Нека оди како плашило со косата не средена, млад човек :D такви сфаќања. Чудеси.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Тетка ми ми има кажувано дека некоја жена го посетила братучед ми додека немал ни 40дена и дека имала менструација(нормално подоцна тетка ми разбрала за ова).Лицето до пред некоја година во тој период од месецот кога таа жена имала добиено му се правеше лом.....Инаку многу се нервирам демек некоја си ни моја ни твоја башка и со менструација ќе се закачи да те посети на болница .Па кажи си бре жено или не доаѓај воопшто.
    Во тие неколку дена на болница незнам дали сум единствената ,ама освен најблиските несакам никој друг да видам.
     
    На Pcelka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    А мислиш дека сите сестри и докторки во болница земаат денови од одмор и не работат кога имаат менструација?
    Или тие што живеат со свекрва/мајка/сестра/золва/снаа во ист стан па другата жена ќе добие секако во тие 40 дена ја тераат да седи во хотел или на гости тие 3-4 дена?
    Ај не верувајте секакви глупости. Да беше навистина така, не само братучед ти, туку 90% од децата ќе имаа проблеми со кожата.
    Желбата да не те посети никој сем најблиските е друга работа - жената уште се привикнува на новите околности и не е опоравена, па нејзино право е да бира кој ќе дојде во болница (и дома додека не се осети дека сака гости - без оглед дали е тоа на 5ти, 25ти, 40ти или 60ти ден)
     
    На bittersweet, makedonkamak, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Значи можи и мајка ми да има менструација и сестра ми да имала однос мината ноќ,ама според бабините деветини треба на уво да се шепни на бебето т.е да си кажи жената.А инаку не ,не планирам да ѓи пуштам во хотел.Значи зборуваме за бабини деветини и колку има вистина во нив@darcy
     
  18. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Ni vo bremenosta ni pa posle bremenosta ne veruvam vo adeti. Se cudam kako ovde kade sto ziveam jas ne postojat takvi adeti :) nekako mi se cini deka kaj nas sami si gi pravime??
     
    На Kaetana, makedonkamak, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.054
    Пол:
    Женски
    Треба да ти каже дека има менструација???
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    4.390
    Пол:
    Женски
    Сo првaтa бременoст пaзев дa не прескoкувaм цревa или јaжињa oд тие "бaбски aдети" пa се рoди три пaти умoткaнo сo пaпoчнaтa oкoлу гушa , a сo втoрaтa бременoст се убив oд прескoкувaње те цревa те врвки и јaжињa пa се рoди ни умoткaнo ни бутур :D некoи aдети си стoјaт нa местo верувaм и јaс вo нештo aмa не вo сештo :!: :)
     
    На makgirl му/ѝ се допаѓа ова.