Темава е незнам дали да плачам или да се смеам. Зар во денешно време некој верува во било што од напишаново? Јас со синко излегов од болница и право во продавница бидејќи ни требаа некои работи и после дома отидовме. Утредента бевме на свадба и вечерта си спиеше без проблем, ни плачеше ни па уроци го фатија. Се роди во најголемите горештини, дома не се дишеше, нормално дека го шетав надвор постојано. Цела бременост се што ќе ми кажеа јас обратно правев и супер поминав.
Не нејзе, на бебето. Бебеееееее, мене вчера ми дојдеееее. И замисли бебево вика - кој ти дојдееееееее?
Не да е смешно за плачење е работава ама јас кажувам адети и обичаи што се применуваат овде кај мене...и толку
Јас и онака не применувам адети не би применувала ни тогаш. Измислици не ми требаат, она што треба да се случи ке се случи. На денешнава медицина јас да верувам во деветини на неписмени баби - не фала. Јатрва ми веруваше у се што ке слушне, буквално. Инсекти не тепаше детето да немало белези, комарците лом ја правеа она не мрдаше со прст. Па од коа се родите детето па не даваше ништо навечер да не и секнело млекото. Па и секна, па се сети дека само шо се замрачило на маж и му ги подала клучевите од колата. Тргна по баби, да и баат, да и ги тријат градите и шо ли уште не ама не идеше. Почна и болки да осека, па се свести дека и лекари постојат. Излезе дека има циста на едната страна ... ама маж и е крив шо ги забораил клучевите
Se izvinuvam za latinicava nemam mak podrska. Lele so ovie adeti-obicai ili kako da gi narecam nezz. So carski porodena odam na 10-ti den od carskiot da mi go izvadat konecot,se vrakjam doma da go zemam sinko imase edno kako malecko pernice,bebsko kaj krevetceto a toj legnat od drugata strana,go fakjam perniceto dole luk,noz i del od metla.Skrseno od metlata onie kako slama ili sto ne nezz.Ja prasuvam svekrva mi sto e ova mi objasnuva,da ne go fakjale uroci,da ne bilo samo....drn,drn.Gi fativ i ja zamoliv viste takvi gluposti da ne pravi i da ne stava takvi rab bidejki ne veruvam vo toa.Se bese ok posle nekoe vreme menuvav postelnina vaka najdole kaj duseceto istite raboti,da ne se raspravam so nea go zamoliv mm da reagira i reagirase.Gi isfrli niz terasa i i rece na svekrva mi ako najde uste ednas takvo nesto kaj sin mu ke letne i taa da gi pobara prvite kade sto gi frlil. Inace koga sinko imase 3 nedeli zaminav kaj moite na posedok i toa na vecer,sedev 2 nedeli bidejki sum mazena vo dr grad,mi dojdoa i drugarki da go vidat i familijata,i navecer imav gosti.Nekoj sigurno imase dobieno ama nisto ne se sluci.Bidejki bese zima i mn ladno ne go vagjav mn nadvor ama ke go oblecev,zavitkav vo kebence i obavezno sedevme 5-10 min na terasa.I davav i podavav i sve,i razbrav ne se vikalo cao ili prijatno ama jas vikav i nisto ne se sluci.Eve imame 1god i 2 meseci se e super i seuste cicame ni mleko mi se zapre ni nisto.
Ее за трудни жени и тазе породени триста финти има од бабиве. 1. Не јади риба да не биде немо детето 2.Не јади зајачко месо да нема зајачка уста 3.До 40 дена не се вика чао и пријатно и леунката не смее да излезе по зајдисонце....ова аналогно со да не му каже чао на млекото и да не и зајде млекото а може и да не зајде бебето од плачење!!!!!! Ами ако е бебето на ад?Шо ќе зајде? 4.Алиштата на бебето да не се оставаат надвор да се сушат по зајдисонце....немам објаснување за ова...можеби ноќните вештици ќе ги наросат со црна магија???!!! 5.Алиштата да не се редат на плетот за сушење наопачки за да не одрастело бебето.... Доволно е?
Objasnuvanje na tocka 4: Navecer ako gi sobiras alistata mozno e i nekoja bubacka na niv da soberes i da ja zdiplis vo pelenite. Posto peglanje na takvi raboti nemalo nema ni da ja primetis i bi go povila deteto. Od bubackata vo najmala raka moze osip da dobie. Jas ja znam ovaa teorija. Za prvite dve tocki malku se cudam. Da ne se jalo riba? Da ne se jalo zajacko? Izgleda bile siromasni pa nemozele da si kupat pa si naslle kapace, necini Zboram opsto, za vo staro vreme.
Тоа за белегот ако земеш нешто ме стави во мисла Јас од кај мојте бев земала моливче за очи што си беа лично мои и после си ги ставив во џеб...после некое време ми текна и кажав на мајка ми дека сум ги земала би требало да нема ништо бебчето некој белег сепак си беше мое...и незнам разни муабети слушам....црево кабел да сум нагазнала па да поминам за да не се мотала папочната врвца....нешто кога ти кажуват во мисла да те стават
Сега со втората бременост не,ама во првата и стрижев и фарбав коса па никому ништо бебе се во ред нормално. Сето ти е бабини десетини, нашиов народ демек ептен религиозен а само во глупости верува
И јас го слушнав ова од моја другарка и таа навистина не се кратеше дур бебе не направи 6 недели. Јас досега се немам кратено, ама вејќе косава ми е катастрофа и морам. Дури и страм ми е да појдам на фризер колку ми е оштетена и да и речам дека не се кратев оти носело несреќа во бременост. Ќе почека ако одиме на одмор и потоа ќе одам и ќе се правдам дека од сонцето и солената вода ми се оштетила.
Ја сецнав , се исфенирав се средив пред царски. Убава мама бебуш да ме види за прв пат. А во тек на бременост уште два пати ја кратев. Растеше и паѓаше како луда.
Море нокти фарби депилации фризери кратења пеглања шминкање секој ден за на работа све ко дотогаш. Само од 4ти месец пак почнав да ставам обична фарба,а пред тоа без амоњак
Јас не сум суеверна. Уште во 3 месец си ја скратив косата, немав ни слушнато за вакво нешто. Сега исто планирам пред пораѓај да ја скратам пак.
Кај нас сѐ уште некои веруваат дека во бременОст не треба да се шатира коса зашто бебето ќе било шарено