А за “адетот” мајката на жената дека не смее да дознае кога ќе ја фатат породилни болки? Не смеело да се каже?? Објаснување зошто-нема. Ама не било убаво. Изглеа свекрва ми апла сака мајка ми да ја замени со овој муабет.На мм му го кажала ова,на мене не, ќе има војни ако се испушти мене да ми го каже ова. Боже сачувај,па женско дете носам, и утре некоја си да и рече еј не на мајка ти,ела на мене како свекрва кажи ми... Ау,нервоза цела ноќ ме држи од муабетов.
На мајка ми не и кажав да не се секира, не за друго. Затоа и ,,не се кажува,, Ама тоа е твоја одлука. Нема свекрва ти да одлучи.
Ова сум го слушнала одамна и од други луѓе - вклучувајќи ја и мајка ми. Иначе, демек не се кажува на мајка, за полесно да се помине, бидејќи мајка многу ќе те мисли и ќе се секира и од нејзините мисли потешко ќе се породиш. Ја на пример, нема да можам да ја избегнам мајка ми, зашто прва комшика ми е Можам да компензирам на свеки да не и кажеме
Сум слушнала нечија мајка да рече “ај да не ја мислам,да не и биде потешко”, баш и скоро на другарка мајка и истово го искоментира кога ќерка и беше пред пораѓај. Ама мм ко од пушка синоќа, “еј мама кажа тоа и тоа”, и јас што од хормони,што од незнаење еве признавам, плачката на нос и се заклучив во вц дур ми помине, ми дојде неубаво, мојата мајка настрана ко демек, а неговата гарант и во болница ќе тргне со мене Се извинувам за офф, фала што ме просветливте Да не се расправам за џабе.
И на мене баш ова вчера ми го кажа свеки цццц ама добро после вика одите право вие за со мм да не сме кажувалее шо наште мајки нели знаат кога треба да се породеме они секако цело време не мислат а и како прво мислам дека секој ќе се јаве најпрво на мајка си што е најнормално мајка си е мајка неможе да ја замене свекрва секако за неа си е поважно синчето
Имам слушнато за адет нели пред да одите се бањате и додека влегувате низ мајчката да протнете живо јајце и да паде и да се скрши и така лесно ќе се породите.Не знам колку е суеверие,една познаничка протна јајце така за двете бремености и се породи брзо природно.Е сега колку е до адетот или до познаничката не знам,можеби е и голема среќа Поздравче и со лесно мили мои
Го слушав и јас стално овој муабет Не се кажувало на мајка затоа што толку многу ќе се секира што ќе се мачиш на пораѓај Живи глупости,со ќерка ко се пораѓав се изнамачи а мајка не знаеше,свеки да (на свеки не се кажува ) Со второво на никој не кажав и во приемна соба се породив Заклучок:не кажувајте на никој
Кај нас па јас не сакав да им се каже на родителите додека не заврши.Знам колку мислат и колку раат би немале дур заврши процесот.Ни мајка ми ни татко ми не знаеја.И баш супер испадна ги изненадија во 3 саат сабајле со убава вест.
Да да пред да одиш.Нели се спремаш торбица и све остало и нели повеќето се бањаат пред да одат и тоа се прави тогаш набрзински само го пушташ и така.Само немој сопругот одма да го брише нека си отиде со водата.Ова е адет ти одлучуваш.Се најубаво Мајчка или спаваќа било што само да помине и да излезе низ спаваќата
И мене Ама среќа царскиот ми беше закажан во 6наутро. Кога спиеја ние се шмугнавме. Не и кажав да не се коси, а не дека јас ќе поминам лесно или тешко. Никој не знаеше само девер ми, и тетка ми ама она си е таму во болница.
И тоа за јајцето го слушнав. Демек да иде лесно како кокошката кога го несе јајцето. Ваљда и е лесно на кокошката, не знаеме. Може ќе почнам да кокодакам во болница ако го напраам ова.
Колку посакувам во овие мигови мајка ми да беше жива, да можеше да ми даде некој совет, да ми беше подршка и утеха во тешки мигови. Сите вие сте многу богати што вашоте мајки сте покрај вас, па дали ќе знае или нема во тие мигови воопшто не е важно. Битно знаете дека другиот ден ќе биде покрај вас, ќе ви биде подршка во првите денови, ќе ве учи да се грижите за малаото. Ќе ви се најде за се безусловно и без прегарање и без да бара ништо за возврат. Ианку да не бидам и јас ептен офф топик сум слушнала за адетов, ама искрено и јас да имав мајка не би и кажала да не се секира. Сестра ми направи така иако се породи во 7 месец за да не се грижиме ни кажаа дури утрото откако состојбата на бебе беше стабилна. Искрено и цел свет да знае што мора да се врви ќе помини, зошто само дополнително да се ствараат паники и тензии кај најблиските. Со лесно на сите што броите ситно.
Ќе ви кажам мое искуство со "не кажувањето на мајка" Одам да се пораѓам легната на бокс по 3-4 напони сестрата само ми рече" ајде ајде уште малку,не грижи се ете и мајка ти е во ходник те чека" (се сретнале со мм на скалите во болница сосема случајно,они биле дојдени за нивна потреба и веќе немало бегање мајка ми сфатила зошто бил мм тука) и значи само што го слушнав тоа наеднаш ми престанаа секакви напони и контракции.Па ме оставија 15 мин легната на страна за да почнат пак напоните. Не знам дали се бабини деветини ама ете...
Jas pres dva tri meseci slusnav deka ne se kazuva na nikoj, ne samo na majkata tuku na bilo koj osven ete mazot sto ke bide so vas.
Ние на никој не кажаваме, породувањето се на се траеше скоро 20 часа па не знам уште што не излажавме по телефон. Среќа имав епидурал па си муабетев на телефон без проблем Не кажавме за да не се крева паника и да не припадне некој. Инаку мајка ми прва дозна на бокс бев, малата ја средуваат мене ми ја вадат плацентата ја викам по маж ми брзо звони на мама.