Не кажувај на мајка ти Протни јајце низ маица и најјакото -отвори дома све за брзо да се отвориш. Значи регали фиоки фрижидер машина за садови... ма све отворено бре. И ти ќе се отвориш.
Лелееее имав другарка една . Со надминат термин , на бокс 30 и кусур часа не можеше да се отвори . Му запнала на маж и да оди дома да отвори се . Овој прво нејќел ама другаркава го збудалела . Дури и го терала да и звони од фиксен да биде сигурна дека отишол да отвори. А околку 50км имаше за возење . На враќање дур патувал за назад другарката се породила со две туркања . Ела кажи и на неа дека ова се бабини деветини Има луѓе си веруваат
А кога се породив и кога дозна дека едвај се отворив, ми рече дека требало со јајце да се избањам. Ма глупости.
А ние што сме со царски што требало да прајме? сабјата у двор да ја наостриме на тркало за лесен да е ножот?
Е да си ми жива ама ме насмеа хахаха значи се научив уште за да отворам се дома и спремни сме хаха лелее не ми се верува а јас што сум отворена од 8ми можеби е требало да затворам се ама ај нека отворено ситно броеме хахахах
@LiliBoz не си нормална, ме изнасмеа Првиот пат немав време да кажам на никого, бев во грч дали све ќе помине како што треба. Чекав 8 саати да се породам. Вториот пат бидејќи мајка ми се јавуваше секој ден да ме чуе како сум, немаше бегање, па јас ѝ се јавив сабајлето да ѝ кажам дека одиме накај болница да не ме мисли. Ама приметив по гласот дека не ѝ е сеедно Среќа само после два саати ѝ се јавија да издише
ПреЌини Инаку за царски треба да си носиш џебно ноже на операција, ама да не е поклон, и да не е крадено, позајмено и да не си го имаш сама купено. И пред да влезиш во сала да си кажеш "Двапати мери, еднаш сечи." Обавезно тоа да се потенцира и на докторите.
Значи ноже на улица најдено. аха. епа ај прво да најдам ноже па ќе мислам на второ. иначе ништо од тоа.
Изгледа, ти го одгатна одговорот, мене не ми текна. Кажи кај ќе шеташ, може ќе падне моето некаде случајно.
Можеби постов не ми е за тука, ама пошто е поврзано со суеверие ќе напишам тука. Вчера пред врат точно на денот на нашата годушнина најдов заклано црно мало маче на средина од ќергичето. Инаку сум бремена 6 м и секако оваа гледка ме згрози и исплаши. Прва помисла сека некое животно ни го донело, но од др страна па бап на ќергиче пред врата ќе ми го донесат. И се прашувам каков се народ живее. Јас тука скоро со никој не се знам и само на едно здраво сум. Со мм дојдовме да живееме непосредно пред свадбата. И тогаш исто вака во двор свекор ми нашол закопани глупости. Потоа наоѓав крв прскана на врата и јас долго време не можев да останам бремеба. Не дека го поврзувам сети ова и не дека верувам, ама сепак ми е језиво. Сепак мн е грозна сликата утрото на твојата годишнина да те пречека заклано црно мече пред врата. Уште сум во шок и само таа слика ми е во главава и не можам да јадам. Од се ми се грози, а само и колку смрдеше. Мораше мм цел двор со доместос да го чисти. Ете мене тоа ме снајде и ете колку се луѓето обзирни спрема трудници. Запрепастеба сум.
Мене таа што мие дома ми мачка крвишта и глупости па види жива здрава ништо не ми се има случено. Не верувај и нема да те стигне.
Не го терај умот на лошо, речиси сама дека некое куче го оставило и не мисли повеќе. Пред недела две пред врата пред спалната сабајлето во 4-5 сатот ја отварав вратата ми беше жешко и гледам 2 капки свежа крв, а спалната ни е на втор спрат во куќа, малку ми беше неубаво ама си реков сигурно мачката има фатено некое врапче, бидејќи секој ден фаќа и ни ги носи долу пред врата. И така сигурно било. Само на убаво мисли, немој лоши мисли никако.