Колку ми се смешни овие работи. Во ништо не верувам, само за 40те дена, нормално од здравствени причини, тогаш е многу битно бебето да не закачи некоја бактерија од шлапање на сите баби, тетки, стринки, или па мене многу ме нервираат кога кај бебиња одма носат мали деца. Тие од градинки, од школо си пренесуваат еден куп бактерии и уште па кога ќе почнат да кашлаат во малово.... Инаку вакви глупости сум се изнаслушала и тоа што е најтрагично не од баби, туку од млади мајки. Да не се одело ноќе кај бебето, зашто немало да расте . Кога ќе доаѓаат гости да му врзуваш црвен конец околу рачето, за да не го урочеле и мајката морала прва да купи нешто за бебето, не смеело некој друг. Абе која од која поголема глупост, уште што нема да измислат.
Кога се породив со првото живеевме уште кај свекрва ми и сакала нејќела некои работи ги пуштив - заедно со мајка ми - да ги прават, на пр. переше свеки до 40 на раце , и не ги цедеше да немало детето грчеви...а мајка ми па само и облакаше нешто наопаку да не ја урочеле. да не спомнувам дека мајка ми е релативно млада и баш ме изненади со вакви верувања. Сега кога ќе ми текне на ова се смеам и не ни помислувам да го правам истото за второво здравје - што као на свеки рацете подобро перат од машината или тоа што не ги цедеше (среќа беше сред лето 42 степени) па немаше бебето грчеви а? абе ајде ништо нема да практикувам сегаааа - ќе си пере машината, ќе пеглам што можам, ќе излегувам секогаш кога ќе бидеме во форма со бебето и точка. Единствено за што се сложувам е дека гости не би примала освен најблиските - чисто заради имунитет и спокој на бебето а и на нас, инаку друго се се глупости и бабини деветини. Заборавив да напоменам дека со мм имавме секс уште пред 40, и дека не ми беше гајле кој имал добиено а кој не кога ќе дошол на гости, а и сите на повојница ми се најавуваа после 8 - и што бебето не стана девојка а?! тешки глупости
еве и кај нас кои се не адети постојат --кога ке се роди бебето се месат теганици и од страната кај мајката и кај таткото и се разносуваат по куките на најблиските и се дава пара за теганицата на тој што ја носи --кога се носи бебето од болница дома првата вечер со најблските бабите и дедовците се прави залулок односно во кошулата на таткото што ја носел на свадбата се става бебето и се става внатре некои ситни работи ако е женсо карминце огледалце ако е машко клуцеви од кола демек шофер да биде онака симболично што да биде кога ке порасне потоа се лула во кошулата и му се даваат пари од најбиските и злато --до 40 дена мајката не смее да излегува надвор кога ке се стемни (е тука ке го ставам смајлито што се крсти) демек имало сенки или нејзнам ти какви сенила -- исто и ако си имала односи и ако имаш менструација не се оди кај бебе што нема 40 дена мајка ми ми кажа дека јас сум се исфрлала со брукички откако некоја тетка нејзина дошла во посета а ако отидиш да кажиш дека не си чиста
Убав адет, а и толку сликовито си напишала што искрено слики пред очи ми излагаа додека читав. Да може свекрва ми од некоја страна да прочита што пишувам сигурно ќе избиеше 3СВ..јас ниеден адет не сакав, ниту испоштував. Додека бев во болница имало гости на мекици (кај нас не се носи ништо освен благо, а покасно кој како доаѓаше носеше повојница за бебуш). На прво видување на бебето обавезно се даваат пари (баба ми викаше - да си купи коњче - демек да си купи сон..., а повеќето викаат да си купи братче/сестриче.... ние не собравме пари за братче/сестриче ). За мене најубав адет/обичај/чин (незнам како да кажам) беше крштевањето. Колку само Ева беше плачка неможам да ви објаснам, но тој ден во црква додека траеше обредот не само што глас не пушти туку и уживаше. За снимката што ја имаме викам дека личи на документарец за христијанско крштевање и тоа без монтажа
Meu ти си изгледа од мојот крај, ама си ги испомешала работите малку. Значи овој адет не е мекици туку Љуљајка, немојте да ми се смеете, и тогаш не се даваат лангиди туку грав и локум, а лангиди се прават пред маката да си дојде дома од болница бидејќи после тоа не се давало ништо од куќата до 40 дена. И јас мислам дека мекиците пред мајката да си дојде се нормална работа, а љуљајката е 5 минути работа, само додека бебето се залула во кошулата на таткото од кога бил зет и кршењето на погачата, потоа веднаш со бебето мамичка назад во соба, да не се меша многу со дечињата. И сметам дека тоа е сосем во ред, замисли сите деца да дојдат од маало, па едно кашлало, друго кивало, трето се чешало.... мислам не дека ќе претеруваме, ама барем за ова можеме да се заштитиме. За недоаѓање во домот на бебето до 40 дена и излегување претходно, па не знам баш, некако ми се чини и треба и не треба, едно е да се заштитите, друго е да ве фати воздух, едно е колку сте во можност, друго е што месец дена дома ќе ви скисне од седење.... на кој како му одговара.
Абе Љуљајка е , но морам да го преведам, а на некој начин е исто што и во Ск, мекиците. Е незнам од кој град си, но кај нас не се изнесуваат лангидите, туку се јадат во куќата, за време на Љуљајката, заедно со грав и шеќер. Локум не се дава, прв пат слушам. Само паричка се дава на крај кога се мијат децата. А за мајката да, толку е 10мин, кога е со гостите, за адетите, после во соба.
Немам намера да почитувам никакви адети кога ќе се роди бебето. Нити 40 дена (демек за имунитет, да бе па што не бидат 38 туку баш 40), моите ако сакаат таму мекици да си прават нивна работа. Највеќе ме нервира муабетот со жената што не е чиста демек имала добиено до кога со тие глупости. Па добро дали вие мислите дека сите сестри во болница што ќе ви го бањаат и повиваат детето немаат никогаш односи и некоја од нив нема добиено Мислам хелууу Деца се ќе се исфраат ќе им помине. Не сум против тие што си ги тераат обичаите ама кога најдобрата другарка ќе ти рече дека адетот бил таков и детето нејзино несмееш да до видиш до 40 дена мислам ок Демек ете сега има 41 ден и е имуно на сите болести
Од Валандово сум, но најверојатно од село до село во иста општина има разлика во адетите а камоли по градовите И да мекиците или лангидите не се носат по куќите и кај нас туку се даваат пред мајката да дојде дома, демек не се давало откако ќе преноќи мајката и бебето во куќата, нешто такво беше. Ама мислам дека тој адет веќе одамна е загубен и ка нас дури, некако и ми е логично, премногу е тоа оптеретување за мајката и бебето, па кога ќе се соберат сите тие дечиња, демек колку повеќе дечиња дојдат толку повеќе другарчиња ќе има, мижи митро да ти баам, и замисли 30 деца, сите се тепаат за локуми и парички, па кога ќе се разџавкаат, јас искрено не би сакала овој адет да ми се деси Инаку сестра ми кога се породи на мекици сите што дојдоа дојдоа со подароче, нешто како ова популарново Бејби Шаур, а тоа е и фино да си кажам право, тоа е една првична помош за мајката, на некои работи нема ни да се сетиш, но некоја роднина ќе се најде да ти помогне. Додуша тоа само кај свекрва и, бидејќи кај мене во Валандово адет е исклучиво шеќер или сега поново нешто благо да се донесе.
Хмм, на прашањето “Што ќе правиме “(во врска со ова), одговорот веќе по 100пат е “како сакаш ти така ќе направиме “ многу ми олеснува, затоа кажав дека не се замарам и зависно од тоа како ќе се осеќам тогаш, така ќе правам.
Море и јас верувам во ова, колку и да звучи глупаво! Кога се породи сестра ми, имав околу 15/16 години, бев девица, но имав добиено. Ми кажаа дека не требало да одам да го видам бебето во тој период. Но сестра ми инсистираше да одам, бидејќи таа не веруваше во тоа, и ми рече дека штом таа знае- во ред е, ништо нема да се случи. Но се случи. Бебево се нафрли со милион ситни брунчиња (како врв од игла) целото беше жар црвено, за грев, од глава, до меше, рачиња, ножиња - ЦЕЛО. Плачеше кутрото постојано, а беше многу мало ( се роди 2 кг, а кога се нафрли нека имаше 2,5кг). Што се не пробаа, кај се не го однесоа, кој се доктор не го прегледа - дијагноза сигурна никој не знаеше да каже. И на крај лекот испадна пак од „бабини деветини“. Затоа верувам во ова. Тогаш жива ќе се изедев, а и сега ми е многу криво. Можеби не било од тоа, можеби било случајно, но мене ми остана грутка на душава. Тоа кутро мало суштество, какви само маки тргаше.
Е баш ме интересира како може да се изведе ова Инаку, не верувам во ништо од овие бабини деветини и во иднина не мислам да ги практикувам. Можеби некои од нив - ама заради некоја пологична причина од наведените.
На денешницата секоја жена има по некој плус адет, затоа јас велам колку помалку адети знам толку подобро. Обичаите за време на бременоста се со низа забрани и верувања . За ова со јајцето го имам и јас слушано само незнам дали го некоја применила. Бремената жена не смее да оди кај некој мртовец на погреб освен ако не почине некој баш баш близок роднина и тоа откако ќе врзе на раката црвен конец. Мајката не смеела да краде плодови од овошје со верување дека ќе се појави белег во форма на украдениот плод на кожата на бебето. До 40 дена, бебето не се изнесувало надвор, а леунката се заштитувала од “нави” со тоа што не излегувала надвор. Пелените се собират пред зајдисонце за да не ги фатат лоши сили. Добро, и за бебето е добро тие 40 дена се додека не се адаптира на новата средина, да створе имунитет, оти сеуште е многу кревко. Не би рекла, во ова не верував ама, види, пред 2-3 године се роди кумашинчето, пријателката на мајката била со мажот да го видат бебето и после тоа детето се исфрлало со брунчиња и после разбрала мајката дека имала менструација. Некои адети и обичаи можеби треба да ги практикуваме и да веруваме, ама и старите претеруваат со адети, обичаи па иднините мајки и не знаат кој адет да го практикуваат и кој попрв.
Искрено во ништо не верувам, и тврдам дека нема да применувам. Смешна истовремено и трагична ми беше мајка ми, а богами и мајката на снаа ми, кога се роди малото. Едната вика вака требало, другата онака требало, цел ден се натегавме и пак бев јас во право, дека ништо им нема смисла. Еве на пример се породи жената а баш во тој период бабата или сестра, золва било која има добиено, и што не треба да го види детето, па дури и ако се во иста куќа, бебево и мајката во една соба затворени, таа со добиеното во друга, ко небаре скарни. Или не требало мајката да излегува во темница надвор, па како порано, поготово зимно време кога имале полски вециња а денот краток се олеснувале мајките, да не случајно мочале во нокшир . А она за сексот, па побогу тоа дете така е напраено, не го донел штркот сигурно. Мислам, стварно обичаи еден куп, традиција каша попара, најпаметно секој по свое нека си тера, најпаметно.
За добиеното не верувам ,зошто кога другарка се породи, ние нормално бевме да ја видиме неа и бебушот, а една од другарките со кои отидовме имаше добиено. На бебето ама баш ништо не му стана.
Јас сум исто голем скептик за вакви работи. Ама знаеш што, кога ќе дојде моментот може ќе си речеш, ај за секој случај Затоа што кога има нешто толку битно до тебе, не сакаш да постои ни мала шанса да му наштетиш, па идеш на сите карти Иначе немам слушано нешто за адети во бременоста. Само баба ми кога бев мала ми кажуваше, бидејќи имам нешто како бемка на раката, ама розево е, дека мајка ми крадела цреша додека била бремена и таму најпрво се фатила. Мајка ми е како мене, или подобро јас како неа, па заеднички не веруваме во тоа
^^Точно дека позаштитнички можеби ќе се однесувам, ама сигурно нема тетка, вујна или пријателка која ми се јавила со намера да ме да ме посети, да ја прашам ''Имаш добиено?'' или ''Вчера се сексаше.со вујче/тетин//дечко?'' и ако чујам позитивен одговор да и речам ''Не ми доаѓајте вечер, грешни и нечисти сте, ете друг ден ќе се договориме''. Или на другарките да им речам да не доаѓаат до 40дена, па има да се шекнам сама затворена толку време. Рацинално сметам дека сите размислуваме и дека не е некој дотолку забеган мрсулав и настинат да се тупне кај новореденче, а дали се сексал или не негова работа. За тоа со белезите сум слушнала, ама ете мајка ми поштењачина ни ја ни брат ми немаме таков белег од роџење. А што не пример еве некоја трудна украде 50 денарка метална и се фати за газ, детето ќе го има ликот на Александар таму?
^Нема врска тоа, јас украдов од кај комшиите цреша и намерно се фатив за г’з па ете син ми нема никаков белег Инаку мене најголемата глупост што ми ја кажаа е дека не треба бебиња под година дена да се допираат, немало да растаат а јас кога се породив на брат ми близнаците беа 3,5 месеци и 15 минути од кога се породив се допреа па ете ги и мојот и неговите си растат најнормално, да не требаше случајно година дена да се избегаваме, глупости живи. Јас спрема ништо не се придржував, на посета пола саат од кога се породив веќе имав 20 души и сите го држеа син ми, немам појма дали имале некоја добиено или се сексала и ете го жив и здрав. Надвор излегувавме од петиот ден да се шетаме кога беше убаво времето, секс имав пред 40 дена, ги испраќав гостите и уште имам млеко, единствено не сум оставала алишта навечер ама не ради некои зли сили туку тука навечер секогаш има магла па алиштата попримуваат некој неубав мирис и затоа ги собирав. Се што е наметнато од страна претставува стрес и за мајката и за бебето затоа правите си како што си мислете дека е исправно и помалку слушајте тетки, стрини, баби поубаво ќе си поминете.