1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обичаи и адети за време на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 29 август 2012.

  1. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    :rofl: :rofl: Ме изнасмеа! :D Се мисли на нешто од природата (овошје, зеленчук, цвеќе, лист...). Еве конкретно јас имам белег (лист од лоза) на главата, под косата (фала му на Бога). Мајка ми имала навика да си игра со некаков лист во рацете, често си кинела по некое ливче од дрвце или цвеќе и го кинела со рацете (многумина имаат таква навика), и кога била бремена со мене, скинала лист од лозницата на комшивката, онака- по навика, во моментот случајно комшивката излегла од врата и мајка ми уплашена да не ја кара или слично (и паднало незгодно), па се почешала по главата (демек се правела наудрена). И ете сега јас имам белег во главата: лист од лоза и тоа релјефен :D (можам да го почувствувам на допир). Искре, интересно ми е што имам таков белег, но многу сум среќна што не е на видливо место (е сега како рогче ми е :D , ама тоа е).

    Па веројатно треба да е несвесно, несакајки и сл, а можеби е до нешто друго, но ете јас имам доказ, и си го носам на главата :rofl: .
     
  2. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Да почне човек да слуша ќе излезат разни глупости од ова, ама не велам не,некои ги практикувам како на пример кога одам да видам бебе не практикувам да имам добиено и еднашка золвами се породи и сите од дома се запнаа да одиме и појдов,но неодев кај бебето и ми се запнаа таа оди па оди и кажав вака и вака и ми рече ете ми кажа оди шепниму ненму и готова работа но сепак не одам па ако има нешто зошто да е од мене,првото детенце ми е целото со белези кај на меше кај на газе има преку 10 па во втората бременост кога и да земев нешто кажував на газдата на тоа нешто а ете второто дете ми нема ниеден белег не дека верувам ама ете сугестивно го пактикував,другото според мене не држи место.Па усте кога ми рекоа да не одам да се шишам кога бев бремена и се паднав од смеа и си се потшишав па фала богу нисто не бидна,кога се породував со 2 деца мајками бесе со мене,и до 40 дена да не иде никој кај мене не важи тоа во мојот случај а инаку не одам кај други бебиња пред 40 дена ради што има некој си го практикува па несакам да ме гледа |( .
     
  3. belisima88

    belisima88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Вака и јас сум го слушнала тој адет и кај нас го има,сестра ми кога се породи и јас имав добиено и несакав да идам и кажав на сестра ми вели дојди ке и шепнеш на уво,и така направив и се си беше ок. Инаку мајка ми кога била бремена со сестра ми имала украдено грозје и се фатила на ногата поѕади и сега сестра ми си има еден убав грозадак на ногата. ;)
    Јас имам еден братучед мајка ми ми има кажувано,мајка му кога била бремена со него,нејзината мајка тогаш се поминала и нели таа и и ги палела свеките на гробишта и таму кај што се факала сега братучед ми има црвено голем белег на вратот гревче за него.
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Ако од палење свеќи на гробишта се добивало белег син ми целиот треба да е ишаран |(

    Уште еден глуп адет, разбирам дека во бременоста не треба да се изложуваме на стрес меѓутоа со самата смрт на некој близок веќе се наоѓаме во стресна ситуација не одењето на погреб или гробишта нема да го намали тој стрес, ај за некој подалечен стварно нема потреба да се оди по гробишта ама на близок бремена или не нема начин да се избегне.

    Јас додека бев бремена си одев на мајка ми на гроб, правев задушници и син ми го однесов на гробот само што направи 40 дена, бидејќи никој не може или незнае да ми објасни што има лошо во тоа ќе си продолжам, додуша незнам што би имало лошо во оддавање на почит на таа што ти дала живот.
     
    На koritsaki, Bozica1980 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    33.995
    Пол:
    Женски
    Во врска со тоа кога бремената ке украде нешто и каде ке се допре детето ке има белег.
    Баш кај керками забележав има мал белег кај градите , и баш се замислив дали нешто сум земала .... :D :D :D
     
  6. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    леле како мајка ми да го пишувала сето ова по темава, вака треба, не така треба, не прави го тоа, не јади така, не седи онака, не гледај таму, не оди ваму уффф изморена сум од адети што повеќето се суеверија :tmi: јас лично нема да практикувам ништо од тоа да не го допира бебето некоја со менструација, или некој што претходната вечер се сексал, алиштата секако нема да се сушат надвор оти имам сушална дома.

    А дали сте знаеле, дека трудница, и жена што се породила не треба да го гледа зајди сонцето, оти млекото ке и прекинело :envy: живи глупости, од ова поголема глупост немам слушнато.

    И освен што не треба трудница да краде, за нели бебето да нема белег, не треба ни да убива инсекти, демек пак бебето ке имало белег.
    А јас во мојата бременост колку што истепав бубашваби, мравки, пајаци, се и свашта, ке треба бебето цело да биде изнасликано со мравки и пајаци :D

    Кај нас адетот со мекиците е дека се прават денот кога е родено бебето и од кај нас сестра ми ке ги разнесува по најблиските.
     
  7. belisima88

    belisima88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Точно се согласувам со тебе ама еве така било...бабини деветини е некој верува,некој не.Тука низ темава прочитав кога се оди на погреб требало црвен конец да ставиш на рака се ке слушнеш а колку е точно?
     
  8. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    аха ;)
     
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Оф има еден куп обичаи ,бабини деветини,како што спомнавте погоре да не се оди кај новороденче ако имаш менструација,да не го допираш ако претходно си имала односи,ако го видиш пред да направи 6 недели да го измијат со крстена вода дека ќе било почудено.Ах, многу ми се чудни тие верувања,единствено во кое што колку толку верувам и ми е логички бидејќи имам и јас на мене доказ за тоа се белезите.Кога мајка ми беше бремена од мене,си зела грозје и се фатила назад на грбот.Сега јас си имам таков белег-гроздче зрно на грбот :D .А,тоа додека е бремена да не оди на гробишта доколку мора жената,стрес нормално дека не треба да има никаков,но доколку е неизбежен за не дај боже таа и да оди и да не оди на гробишта ќе го доживее истиот стрес.Или пак додека не наполни бебето година никој од фамилијата да не оди на гробишта,тоа воопшто не ми е објаснливо,има луѓе да кои што го прифаќаат тоа и го прават како што мислат,но мене некако ми е преувеличено тоа.
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.760
    Допаѓања:
    37.873
    Пол:
    Женски
    Jaс ама во ништо не верувам,
    За добиеното и сексот живи глупости, јас кој ќе ми се најави на гости прво ќе го прашам за ова па ќе му кажам да дојде или не, сигурно.
    Мене лично најмногу ме нервира, незнам дали го имате адетот кога во креветчето му се ставаат пари на бебето, па бабите посебно му ги мушкаат кај главчето, а парите најгадна работа што постои, па се добира со нив, па што се неможе да му се случи на нежната кожичка.
    Јас не верувам да не излезам 40 дена од дома, побогу има да се мрднам.Ако е убаво времето зошто да не, здраво е, што да не го држам под стаклено ѕвоно, мислам дека ова со имунитет нема никаква врска.
    Така да не сум јас за обичаите и ќе си терам по мое.
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.823
    Допаѓања:
    102.693
    Пол:
    Женски
    Кога се породив некои баби овде ми збореа демек треба да му закачам на облеката на бебето кај грбчето како око ( тие плавите ги има во разни големини ) демек ке го штителе од уроци , а свекор ми кажуваше дека некое дете го извадило и го голтнало со се иглата кај што било закачено окото и му се закачило за грлото :sweat: и срека го спасиле Бог да чува , па дете е ке го извади и недај Боже да го забоде тоа..


    аа и друго свекрва ми кажуваше по 16 часот да не пружам алишта леле кои глупости како ме нервираше кога ми го кажуваше ова :envy: и кога ја прашував а зашто ми кажуваше па незнам така викаат |( ама како не, секако дека не слушав никој, јас не верувам во овие работи :fubar:
     
  12. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ах ми текна и ова нешто најглупо чуено до сега кога ке ги закачувате алиштата на бебето да ги закачувате штипките да ги ставате горе на блузата на панталоните на појас на блуза на раменици демек ако ги закачуваш обратно односно надоле детето немало да расте кое од кое по глупо
     
  13. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Ах обичаи многу болна теме за мене оти ама баш не верувам во ништо, а сите од страна ми викаат ова не ова вака она онака абе глупости и кај мене ги има многу ама баш многу ама што повеќе глави толку повеќе адети или бабини деветини искрено ќе го правам најосновното што ми е чејф на мене и знам дека ке се карам со сите за тоа.
    А за добиено и јас имав ко отидов кај сестрами т.е прво неодев, а тогаш се погодив тука оти од различен град и ми се јавија да одам демек небило добро тоа само ако се криело ако се кажело небило ништо страшно и да не си го гледала детето многу така да сите знаеа па внук ми си помина лесно и ништо не му се направи, за украдено знам и јас имам чуено, да се повторам како Љубица до 40 излегување не јас мислам дека тоа е само за одење на гости да не се одело до 40 дена а и навечер никако излегување, гостите да не се испраќале, да не му се велело пријатно на доилката, пред зајдисонце да се собирале алиштата, доилката ништо да не дава од рака, од куќата 40 дена ништо да не се изнесело дури и тањирите што ќе ви носта да не се враќаат, нечиста да не се одело кај бебе т.е со менструција и секс, ако имаш голема фамилија рачунај во тие 40 дена ке добие некој и нема да се гледаш ти глупости а и плус бабата до 40 дена го капела бебето, во креветчето кај нас се става мало метле за да не се осеќало бебето само ако нема никој во собата, алиштата нарака да се переле па уште што ти не можеби нешто заборавив а сега светов е изменат од прано 360 степени ама не те веруваат тие се знаат глупости живи :x
    Навистина треба смајли што се крсти
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Еве уште некои работи кои ги имам чуено,сега ми текнаа:
    -трудница се што ќе видела на маса од храна-требало да проба, инаку ќе побацела....жими мајка ама ај
    -да не се клоцне мачка-ќе имало остра коса детето
    -да се собирале алиштата на бебето,да не ги фатело зајдисонце
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Мене искрено многу ме интересираше какво е размислувањето на свештено лице во однос на одењето на трудница на гробишта, погреб.. но изгледа ќе треба да си прашам директно во црква.
    А за обичајот мекици и сл, одлучивме ,здравје Боже, да биде се како што треба , со маж ми после 40-50дена(без разлика), кога ќе се осетиме спремни , еден викенд да ни биде резервиран само за гости. Е тогаш би им јавиле на сите, па кој кога сака и може од тие два дена нека дојде.
    Значи нема да се класични мекици, а нормално ќе ги има на маса. Го избравме овој начин за да споиме во едно и мекици и повојница, зошто во Скопје се е посебно, прво мекици, па повојница, па крштевка, дури да видиш стасал и роденден.... е што е многу многу е.
    Се е за убаво не викам не, но според мене , јас си ја избирам онаа варијанта која ми е практична, а мислам и дека оние кои би дошле ќе се осеќаат послободни во однос на трошоци. Зошто реално се е трошок, не би било фер да ги обврзувам луѓето постојано, а пак уште помалку да се осеќаат незгодно или да не дојдат зошт неможеле за некој повод нешто да донесат, а требало ли морало :?:
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^meU искрено мислам дека идеата не ти е баш најдобра, од следнава причина...некој може баш тој месец кога ти ќе закажеш да ти дојдат ќе нема скршен денар. Може тој месец има слава,родендени...други некој по итни обврски.
    Луѓето најчесто идат на повојница при првата можност да купат нешто и да отидат. А неможеш ти на пример на сите да им речеш е тогаш тој ден дојдете ми.
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Е зошто Сноу, а на роденден кога ќе викнеш на одреден ден можат да одат а?
    Како и да е, ние ова го одлучивме пред се од финансиска гледна точка, зошто кажав не сакам по 300пати да ги обврзувам луѓето со трошење околу нас, а искрено и никој ништо да не ми донесе, доволно е да ми направи чест, или пак да посака да дојде да види какво ново богатство имаме дома.
    ОВа не го правиме како обичај, ниту пак сакаме така да изгледа.
    А она што јас ќе го извадам на маса, немада биде трпеза како за слава или незнам што, туку ќе биде во знак на бебето и новите случувања.
    Друга работа поради која се одлучивме за ова е и периодот во кој го очекуваме бебето , ќе биде многу променливо време, па не сакам на кој кога му текнало да ми доаѓа, а настинки, вируси, грипови на сите страни. Да, може има луѓе со осет нема да дојдат, ама ќе има и такви кои после ден два ќе покажат симптоми , а веќе биле болни кога дошле кај бебето. Па колку толку малку да подпорасне, да си стекне имунитет.
    И последно најважно, ова не го одлучив сама, на крај краишта не живеам сама, па да правам мене како ми одговара(зошто ако е до мене, ни ова не би го правела туку ајде така требало), па со оглед на тоа како ни одговара нас дома, така ќе си правиме. А на кој не му одговара да ти кажам и немора да доаѓа.
    Ние да сме живи , здрави, сонцето мало да е како што треба , па се останато е пролазна ствар, да бидам искрена.
    Зошто денес не ти доаѓаат сите оти ти мислат арно, идат и луѓе кои ги интересира што е и како е , за да имаат тема на муабет, оти нели животот им е монотон па мора нешто да се збори кога се пие кафе... среќа што имам минимално такви познаници,а жално е што сепак постојат. :fubar:
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^не зборам за да одат на роденден. Туку ако они имаат роденден на дете,крштевка,слава,недај боже здравствено нешто, се расипла кола скап е делот или било што друго....тоа се огроооомни трошоци.
    Има луѓе на кои по 2000/3000 им остануваат за да ја дочекаат наредната плата.
    Но ти си знаеш, јас само ти кажав дека мене не ми се допаѓа идеата. Но твое си е како ќе си правиш,јас не ти се мешам.
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Сноу ти збориш цело време за трошок на луѓето кои би дошле, а што ако мене ми излезе нешто непредвидено деновите пред да ми се најави некоја на гости???
    Затоа пак ќе кажам, жално е што се се сфаќа како трошок, да знам дека се носи, и јас сум носела, но носам онолку колку што можам, и искрено сум се надевала дека некој цени што сум отишла , а не што сум му однела.
    Секој месец е месец на преживување ако гледаме така, можеби и јас немам доволно средства да си допуштам незнам какви слави , гозби и цела година чекање гости. И јас сум со броен буџет, на кој треба да додадам трошоци за бебе, па сепак гледам да направам некоја чест за луѓето кои ми значат.

    Незнам јас искрено не го гледам ова како обврска за трошок, како кога би одела на свадба за поклон, и сл.
    А и она што ќе ми носат луѓето за мекици, па за повојница, јас го ставам во едно, што реално пак е заштедување(кога веќе мора да се носи) .
    Друг проблем е што не сум јас со мајка до мене 24/7 за да има кој да ми ги истера обичаите, така да, пак ќе кажам се е индивидуално, на кој како му одговара така си прави, а и секој си ги пружа нозете зависно колку му е долго чергичето.
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.547
    Допаѓања:
    95.419
    Пол:
    Женски
    Meu симболиката на мекиците е дека се јадат за детето да јаде, мекици за да биде детето меко и се служат со благо за да има благ живот. Кај е и да е, таа е симболиката. Змачи ти не ни правиш мекици, не си воопшто обврзана да правиш мекици, тоа го прават мајка ти и свекрва ти, значи бабите. Не зборувам конкретно за тебе, зборувам воопшто за адетот. Сметам дека и вие финансиски подобро би се соочиле со овој адет доколку се направат класични мекици дома, само послужени со шеќерче и сиренце евентулно, кај нас уште служат и локум и нешто плус благо и чаша сокче. Тоа е останато така од памтивек, не познавам некоја мајка која правела мекици. Инаку мој освет за повојница ти е да не викаш многу гости наеднаш, секако и нема сите да дојдат, а тој период и така ќе биде пол со вируси и бактерии, уште повеќе од овој што следува. Сестра ми пречекуваше на повојница со сокче, со кафенце, со некое колаче, со нешто по дома што и се нашло, зборам за оние гости кои ненадејно доаѓаат, за оние кои доаѓаат најавено во поголема група можеш и да спремиш нешто секако, но повојница и самиот чин не претставува гоштевање. Барем според мене. И така и така рачунај дека гости на повојница ќе ти доаѓаат до роденденот, едни денес не можеле, други утре и се така, а гости како гости кога ќе ти дојдат нема да ги одбиеш нели нормално, ќе ги пречекаш секако, нема да им речеш извинете ние повојница правевме. На крајот на краиштата одлуката е твоја, но и јас сметам дека оваа опција не ти е најиплатлива, ни финансиски, ни во однос на период на адаптацијана детето. Земи исто така во предвид дека периодот во кој планираш да викаш гости ќе биде уште повеќе заразен со вируси и бактерии, а твоето дете ќе стекне имунитет дури откако ќе прележи еден таков вирус, имунитетот нема врска со поминатото време, со зајакнување на самото бебенце има врска да, но со имунитет нема.