Е така е , ама да има свекрва која ќе сака да си ги тера обичаите, а вака кога е оставено на мене и сопругот ние ќе си одлучуваме како ни одговара. За мајка ми неможам да се мешам, во друг град е, како и е на ќејф, водена по обичаи нека прави,во секој случај би ми било мило. Убаво е се да биде по прописи, ама за тоа треба многу коцки да се совпаднат, а вака едниот не сака другиот не е до тебе, јас треба да мислам на сосема друго... Инаку има градови во Македонија, кога мекиците ги даваат точно на 40ден заедно со крштевката, затоа пак ќе кажам, колку глави толку обичаи, секаде е различно. Ќе каже човек толку мала земја, а никој исто не живее... па посебно во денешно време , на секој како му одговара и колку може. А и за повојница кога би ми дошле луѓе, веќќе кажав, не планирам трпеза за слава да правам, се знае , колаче, сокче, грицки, впрочем како и вообичаено.
meU, не го сваќам јас лично како трошок. Еве јас,знам дека ќе се породиш,знам дека ќе ме каниш,сум тргнала пари на страна и уште сега ти кажувам ќе ти дојдам. Ама ќе има такви и кој можеби нема да ти дојдат, и ќе ти дојдат друг пат, и па друг ден обврски ќе имаш. Јас ова за тебе го зборам. А мене ми е сеедно кој ден ќе дојдам.
Да но тогаш немаш некоја потреба од мекици ставање на маса, всушност, ти ќе си ставиш што ти сака душата. Муабетот ми беше тоа ќе ти биде еден вид слава, со оглед на тоа што закажуваш дека сакаш на тој ден сите да ти дојдат на повојница, што секако свесна си дека нема да биде така. И баш ме чуди што чудо баба ќе беше тоа што не сака за внуката да си направи мекици не ми е јасно, алал да и е. Абе знаеш како е, сите си праат како што ним им одговара, не дека бабава твоја не идела на мекици ама ај. Јас знам дека за сестра ми мајка ми направи 300 мекици, т.е. крофни и сите отидоа до една, свекрвава на сестра ми одеше поише на богата трпеза па буквално за сите имаше по едно парче да каснат, ама па имаше уште еден куп други глупости на маса, салати и слично, што мене одлично ми дојдоа тој ден, бидејќи од возбуда заборавив да јадам Е јас спремив и за пријателите мала трпеза кај сестра ми дома, зет ми си ги повика и земавме од на свекрвата мекиците неколку, па направив некои солени сосчиња и ставив во чинивчиња слатко и шеќер и луѓево све изедоа, а тета едвај чекаше да легне, нозе веќе не ја држеа. Ама нареден ден кога си го видов сонцето се заборавив, и умор и се. У право си Меу, прави си како што ти одговара, баш сега со колешката си збориме и и она исто вика, се си правев како мене што ми одговара. Инаку за повојница, кога јас идам обично идам само да го видам малечкото, едвај чекам да се разбуди ако спие и да го згмечам малку, а што ќе ми извадат ич гајле не ми е, доволно ми е што малечкото сум го видела, сум му однела подароче и толку, е после тешко е да ме избркаат од таму
Сноу, не зборам јас за тебе, зборам општо за сите. А кој неможе неможе, што можам јас тука, тоа е тоа. Ангел таква си е жената, не сака да прави ништо, ни слави , ни обичаии, не ја интересира и готово. Вака ќе каже човек за се живо е заинтересирана, ама мене ми напомена дека не е по тие работи, не планира и не сака а ги прави. Додека мајка ми, сигурно ќе прави нешто таму.
Јас немам намера да се потресувам многу за тие адети како мекици, повојница,40 дена... Кој како му одговара од практична и финансиска гледна точка, така нека си прави. Кога ќе се породам, родителите нека си организираат за своите пријатели, јас и онака ќе си бидам со бебето, не ме интересира ни кој ќе викнат, ни што ќе си организираат. А моите најблиски другарки кои се бројат на прсти се добрододени кога ќе посакаат да дојдат. За нив секогаш ќе имам нешто да принесам на маса за добредојде.
Кога ќе ми текне дека лани секоја недела имав гости за повојница и се нешто требаше да се спрема за на маса. Свекрва ми е таква , кога идат гости масата мора да е полна и така си се ставив на трошок богами. Фала богу таа година помина сега ќе чекаме само роденден и именден . Инаку си тера која како сака, не е задолжително нели. Јас се истерав по обичај, држев 40 дена, па искрено не ни бев способна за шетање и пречекување гости, добро ми дојде одмор сама со бебето.
Лесно е за тие кои сеуште не се породиле да си замислуваат онака со розеви наочарчиња како ќе бидат способни да организираат мекици, да пречекуваат гости насмеани итн....кога ќе се породат нека се вратат на темава, штотуку породена, која полесно, која потешко, со бебе кое не разликува ден од ноќ, да видиме тогаш колку ќе се придржуваат спрема обичаите и адетите (ово сами да си организираат како што напиша Меу, не со помош од мајки, тетки, свекрви) Мене ми организираа другарките baby shower, бевме во спа центар, донесоа подароци, имаше јадење и пиење ама тоа пред да се породам, што ми е поприфатлив адет него ли мекици, повојници итн. Кој како му одговара така нека си прави, со или без мекици бебето ќе си расте Имунитет се стекнува со мајчиното млеко а не преку прележување на вируси, кој што имал грип станува имун засекогаш А за свештено лице што ќе ти објасни за одење на гробишта, погреби, и тие си немаат појма. Јас кога отидов во црква за задушница син ми уште немаше 40 дена, ми се пушти попот као демек ќе ми секнало млекот незнам што, го прашав каде пишува тоа во библија незнаеше да ми одговори, а млад поп е не е стар па да верува во бабини деветини. Мислам дека повеќе тоа што порано незнаеле да ги објаснат некои појави па останало до денес верувањето дека не треба да се оди на гробишта, може на некоја невеста и секнало млекото од стрес поради загуба на близок некој и ете ти од каде верувањето дека не треба да се оди на гробишта.
Вака кажано излегува дека сите деца кои од Х причини не се доени немаат имунитет што е далеку од вистината. Сестра ми немаше ни капка млеко па ене детето онолкаво и порасна без да е цело време болно за разлика од други деца што беа доени до една година.
Постои верување дека ако трудница украде нешто, украденото ќе се преслика во истата форма на новороденчето на дел од телото. И како мали ни раскажаа приказна како некоја трудница многу сакала да си има мало кутре, па го украла од нечиј двор и го стиснала под градите, па така бебето имало шара од куче на стомакот и како што растело - растела и флекава! Вие не знаете какви трауми сум имала од оваа приказна, леле како е можно да живееш со слика од куче на стомакот, никој нема да те сака. Имам слушнато неколку адети и обичаи и сите до еден ми се бесмислени и глупави. Колку што знам помалку - тоа подобро, мене многу ме нервираат вакви вражалици и бапски суеверија, коса ми се крева кога слушам глупости.
Обично сум по обичаите и адетите, ама ги применувам тие што ми одговараат. Сега ве читам и се чудам. Некоја феминка ( ги прочитав сите страници, заборавив која беше) рече дека во нивниот крај се правело мекици на денот кога мајката и бебето ќе си дојдат дома, истата ден. Е мене ова ич не ми е јасно и прифатливо. Истата ден во куќата едно 10-15 души па на мекици па и на грав. Мислам која и да е оваа не е за да нападнам некоја феминка тука навистина не е сватливо. Јас знам дека мекици се прават 1-2 дена откако ќе се породиш, додека бебето се лули 4 ден, значи 3 ноќи да преспие дома. И тогаш доаѓаат само деца се лула бебето во кошулата на таткото што ја носел кога бил младоженец. Ама како што рековте 100 места 100 обичаи.
За жал, ужасна тешка околност кај мене беше што дента кога дознавме дека сум бремена отидовме кај мајка ми да и кажеме дека ке има внуче, но само што влеговме во куќата, после некоја минутка ненадејно мајка ми почина од срцев удар. И не и кажавме. Не дозна. КОлку ми само тешко, и криво поради тоа. Ни почина буквално на раце, седејки на столче. Стрес!!!! А јас бремена веќе 4 недела. И секако закоп после 2 дена. И бев, едноставно морав да одам и да си ја испратам мајка ми. А ми викаа, тоа е точно, постарите жени да не доаѓам не било убаво. Ми викаа ако дојдеш бебето ке ти биде постојано болно од нешто. Не верувам јас во тие адети, но верувам дека стресот што го доживеав на денот на закопот влијаел ужасно врз бебушчето. Судбини, јбг
Леле душичкааа, колку само се наежив кога го прочитав ова Баш судбина, ама тоа е, како рекол Бог така, сега најважно е вие да сте живи и здрав, поготово ти и бебчето па сега што е тука е
Леле бе Анчетупанче што збориш...? Можно ли е ваков хорор да си проживеала? Прими сочуство, но верувај дека ете згаснал животот на мајка ти, но господ ти подарил нов живот, кој барем за малку ја намалил твојата болка. А тоа со адетите дека ако одиш на погреб па детето болно...по мене нема врска. Проблемот е што стрест огромен си претрпела. Но штом тоа си го поминала и бебчето било добро, сега веќе немаш гајле...Проблемите се позади тебе, и на твоето бебенце ништо нема да му се одрази. И јас имав многу стресови па бебето е супер. Природата направила се за да ги заштити тие мали човечиња.
Леле душичка целата се наежив кога прочитав Господ ве чувал и вас и бебенцето тоа е огромен стрес поготово во рана бременост, а тоа што си отишла и на погребе по мое мислење е правилно само Господ знае дали тоа треба или не само тој да ве чува и се ке биде во ред.
Од адети за време на бременоста го имав слушнато само оној дека ако украдеш нешто ќе се отслика на бебето. Верувам во тоа затоа што јас на грбот имам цел црн грозд кој го украла мајка ми, а ќерка ми сум ја бележала на ногата (јас сум украла нешто, ама белегот не можам да го дешифрирам, на ништо не ми личи. Додека бев трудна со син ми знаевме со ќерка ми да си скинеме по некое цвеќенце од нечиј двор и јас си се фаќав за г`з откако ќе скинам нешто или пак клекнував (замислете тука мечка 9-ти месец трудна како клекнува) и ја допирав замјата, демек ако допреш земја нема да има белег бебето. За одење по гробишта, немав поим ниту јас, ниту пак никој од домашниве дека не смее трудница да оди на гробишта и сум била баш за време на задушница. Е сега адети после породување. Кога ќе се роди бебето се оди во црква и се зема мала молитва и крстена вода. Секој ден во водата во која се бања бебето се става крстена водичка и мајката пие од неа. Последниот 40-ти ден ако остане од крстената вода, таа се истура во земја (или пак саксија со цвеќе), а не во мијалник. Млекото кое мајката го измолзува ако бебето не го испие, не треба да се истура исто во мијалник туку само во земја демек да не секне млекото (ова го знаев, ама во болница јас се измолзував и бидејќи немав каде баш во мијалник го истурав млекото и се` уште фала Богу имам). Значи ова е само бабина деветинка. Потоа- мекици. Домашниве и за двете деца правеа додека бев во болница. Мекици прават свекорот и свекрвата од една, и бабата и дедото (родителите на невестата) од друга страна. По правило тие ги сносат сите трошоци и ги канат роднините и пријателите кои носат благо, а домаќините послужуваат мекици и се` друго што сакаат (шеќер, мармалад како прилог, сирење, сувомеснато, сезонски салати и сл. плус пијалок-ракии, жестоки пијалоци, пива, вина, сокови итн.). Порано на мекици оделе само жени, сега одат цели фамилии и признавам дека ова е еден од поголемите трошоци поготово ако сте голема фамилија .Ама ако за убаво е ваквото собирање. Кога дојдов дома со бебето моите дојдоа дури утре дента по моја иницијатива за да си го видат внучето иако реално не бев способна да чекам гости (не можев баш убаво да седам од раната), ама па тие се мои родители и немало никакви шанси да сум им рекла да чекаат да поминат 40 дена. Кај бебе се оди чист, значи избањат, не сексан и без месечен циклус, тоа првите 40 дена или пак таа што има добиено треба да и` каже на мајката., за да наводно не се исфрли бебето. Кај нас пред да поминат 40 дена дојдоа само моите и сестрите наши и кумовите, а др. гости сега ни доаѓаат. Нормално не ги прашувам дали се сексани или пак дали имаат циклуси. Инаку друг адет што го знам е дека пред да почнат да доаѓаат гости треба на прагот од влезната врата да се стави црвен конец (јас ова го знаев ама не го направив, уште не сум ставила и нема ни да ставам). и гостите треба по ден да дојдат и по ден да си одат т.е. пред зајдисонце. Нас гостите ни доаѓаа и за малата и сега за бебето навечер, така што овој адет не го практикуваме. На бебе се остава паричка и др. кој што сака (колку има) и се носи благо (пр. бонбоњера). Ако гостите донесат торта или колач, истиот домаќинката го послужува на масата. Други обичаи кои ги испочитував-седев дома 40 дена (т.е после зајдисонце не излегував, ниту јас ниту го изнесував бебето, а преку ден да) и нивните алишта (на децата) ги собирав исто така пред да зајде сонцето. Исто знам дека пред да поминат 40 дена не треба ништо од дома да се изнесува откако ќе зајде сонцето и мајката не треба да ги испраќа гостите. Родителите на бебето не треба да бидат интимни 40 дена (до душа мајката нема ни да може ).Толку, друго ништо. Кога ќе поминат 40 дена. се оди во црква за мајката да земе голема молитва (молитвата во црква ја плаќаш ) и се оди на три места. Домаќинката го премачкува бебето со брашно по лиценцето за да биде бело и му дава јајце (живо) за да биде плодно. Ако се сетам на нешто друго ќе допишам.
^ Лолита, се убаво си образложила, само да те надополнам, на третиот ден од раѓањето, бебето треба да биде облечено во бенкичка, затоа што наводно, таа вечер доаѓале наречниците да му ја проречат судбината. Исто, велат демек, алиштата на бебето до 40 дена не требало да се перат во машина за перење или кога се перат на раце, да не се вртат за да се исцедат, за да бебето немало грчеви. Водата од коритото во кое се бањаат бебињата, требала да се исипува во саксија со цвеќе, за да детето раснело здраво. Искрено, ниту еден адет немам испочитувано и што помалку знам, подобро ми е.
Јас се ова првпат читам и веројатно последен, бидејќи воопшто немам намера од горенапишаново, ништо да применам. Буквално ми е старски, бабите мои не правеле вака, мајка ми ништо не правела,секрва ми ништо, па јас сега да учам вакви работи. Кај имало вакви адети, тогаш во време на комунизам,кога ни во црква не се носеле деца за крштевка, и наеднаш сега милион адети од пред 5 века. Не верувам дека нешто ни фали на нас, што мајките абер немале од вакви работи.
И наводно тоа што мајка та не го јадела за време на бременоста немало да го јаде ни детето. Мајка ми кога била бремена на мене пијала живи јајца, а јас јајце во уста немам ставено цел живот. Кај внук ми отидов со менструација и го изгушкав и избацвав а 5/6 дена имаше и ништо не му се деси. Брат ми, бебче од три недели го држел секој што ќе стигнел и еве го и ден денес. Стварно не ми е јасно што се случува со луѓево... Да не се излегува од дома до 40 дена. Бебето да не го видат до 40 дена, вака, така онака... Па јас одам бебето да го видам, а не фамилијата... Да е за останатите а и за мајка та ќе одам да ја видам за време на бременоста
Свекрвата ми кажа адет дека кога ќе се породиш веднаш да прашаш: Дали детето има белег? и во рок од 40 дена ќе му поминале сите белези што му се направиле ако нешто си земала без дозвола, а си заборавила да кажеш.И јас така да сум прашала. Туку јас се мислам како може да го изведе некоја што имала царски рез или кога ќе се пробуде од анестезија место да праша дали детето е здраво ќе прашува за белези.ж .Зиви глупости јас во никој од тие адети не верувам.
Леле читам и навистина ме можам да поверувам што се можат луѓето да измислат и да го наречат АДЕТ. И мене ми рекоа дека детето до 40 дена не се изнесувало, па ние со мм си го носевме секаде со нас. Напротив веднаш штом ќе го ставевме во количката или само што ќе го изнесевме надвор си се смируваше и веднаш заспиваше ( а верувајте дека многу беше плачлива). И можам да кажам дека сите бабини деветини што и слушнав од свекрвата ( на му облекувам на детето наопаку блузиче, да го мијам секој пат кога некој ќе дојде да го види по 3 пати за рачињата и да ги мијам кваките од вратата, па сол да му ставм под главата, па да не гледам низ прозот навечер откако че се стемни, па да не излегувам навечер до 40 дена, па да не сум се с?**** со мм, да го носам детето на баење бидејќи плачело и сл) НЕ ГИ ИСПОЧИТУВАВ. Искрено ние со мм се си правевме обратно од таа што ќе ни кажеше (па и онака сами си живееме во станот) и до денес (има 6 и 1/2 месеци) си порасна во права кукличка, една пргава што ни е ....