Еве во оваа тема коментиравме, па пак ваму да си кажам. И покрај моите убедувања дека нема да се прави ништо, на крај излезе свекрва ми да се понуди и да запне за правење мекици. Па така си се фатиле на работа, ден пред да излезам од болница, и го направиле адетот(скопски), со мекиците.
јас да ви кажам од сите адети што ги прочитав,скоро ниеден не применував.гости ми доагаа цело врме откако дојдов од болница никого не вратив фала богу,јас излегував а бебулето го шеткав во двор,малечко беше и некако бебе како бебе нежно па си седеше дома повеке а мама ке се прошеташе некогаш сама со мм а после месец некаде и со цуцка моја...мекици си правеа свекрва ми,па и се погоди супер се породив на духови а тогаш им е слава па испадна две во едно,моите не правеа мајка ми имаше операција две недели пред да се породам и нормално не беше способна. кога бев шести месец почина баба ми ,сакав да одам на погребот иако беше во друг град ама мајка ми не ми дозволи трудници не требало да одат,ја молев пустев ама ништо а ми беше многу криво. др не ми текнува керка ми си ја мијам со светена вода по мене тоа не е адет,и јас знам да си се измијам ми доага убаво да дусицкава се осекам полесно.
Сите ве читав со внимание и се смеам по малку со адетиве ни наши што е многу многу е!!! само ова ни го наметнуваат претежно свекрвите што нормално слушнале од нивните свекрви а тоа било пред 100 години кога не знаеле да си ги објаснат некои појави па си ги толкувале по нивно инаку и јас бев преоптертена со такви глупости се разбира од страна на свекрвата (во мојов случај) надвор временцето преубаво јас да не сум излегувала,па никој да не го видел бебето ,па со мм да спиеме во различни соби а врв на се беше да не си го гледам бебето ке сум го урочела а со душа го чекам 9 месеци да си го видам Еххххх треба да си имаме став цврт став за ова. Сега чекам второ дете и не планирам ништо од ова да толерирам, а и за ова со мекициве да додадам никако од кога ке дојде мајката дома мислам толку гужва па нели пушачи па секој сака да го види бебето а јас лично кога си дојдов дома од болница толку ми требаше тишина и мир и бев премногу исцрпена! Мислам дека една родилка кога ке дојде дома опкружувањето околу неа стварно треба да биде потолерантно со овие за мене банални адети, значи исцрпен си едноставно треба време да се адаптираш на промената во секој случај убава промена ама те исцрпуваат со непотребни работи ке се сложите нели?
Леле па какви адети луѓе,па тоа се живи глупости правам и ќе правам тоа што мислам дека е правилно за мене и моето бебе и немам намера да слушам бабини деветини ни од свекрви ни од никој
za jajceto prv pat slusam inaku znam deka ako imas menstruacija netreba novorodenceto da go fakjas v race ili miluvas pa duri i nesmees da go gledas
Наместо жената да се одмора, да не се нервира, да ја помине бременоста без проблем, треба да се живцира со глупави адети и малтретирања- вака чинело, така не чинело, да не е на раат, а да не правам муабет колку потсвесно ти влегува ако нешто не направиш, а било адет, се ставаш на `думање` што би се рекло и оп одма нервози. Јас не сум суеверна и не ме интересираат никакви обичаи.
Vaka trebalo,taka trebalo...bla,bla,bla.Ne planiram nisto da praktikuvam,mozebi samo mekici,ako zapnat starite!
Ги прочитав сите до еден,слатко си се изнасмеав и морам да дополнам со уште некој адет.Кај нас се прават крофни на денот кога ке се породи мајката,нормално ги прават бабите и си канат гости.Е сега последно време покрај крофните се става на маса се и сешто односно кој колку има и цела нок е џумбуш.Кога ке си дојде мајката од болница идат само најблиските со благо но на третата вечер кога наводно идат наречниците најблиските доаѓаат со вечера и поклони за бебето.
За да не отворам нова тема, ќе се надоврзам на оваа. Имам чуено дека после пораѓајот жената 40дена не требала да има односи со мажот (нормално првиот период нема ни да е во состојба),но ете сепак тоа било правило. А нешто многу глупо што само еднаш го имам чуено,ама од какви луѓе го чув не ме ни зачуди муабетот...до 40 дена ни во ист кревет да не спиеле....глупост
Точно така, ние така си практикувавме и со двете деца. Прво не бев јас во состојба затоа што крварев, со првото 40 дена, со второт 30 и некој. Второ- не треба да си има односи 40 дена, затоа што 40-от ден се оди во црква да се земе Голема молитва за мајката. Да, таа молитва е за мајката, а не за бебето...молитвата ја слави и благословува родилката која донела дете на свет. Многу убава молитва. И всушност мајката за да ја земе молитвата треба да биде чиста. Ова е еден стар адет, обичај како сакате...јас си го испочитував едноставно така сакав. А за спиење во различен кревет тоа прв пат слушам...ние си спиевме заедно, си се гушкавме милувавме, си разменувавме нежности, ама секс. односи-40 дена Не. Ај издржете да Ве видам
на односи искрено ни на крај памет не ми беше,раната ме болеше цели две недели, па крвариш од прилика 40 дена а и си треба време убаво да зарасне раната ,може е кај секој различно не знам , а за спиењето во различни кревети мислам дека нема потреба ,јас лично морав така не ни беше направена спалната па со бебушка спиевме заедно на мал кауч, ама многу ми недостигаше барем гушкање и топлина од мм, затоа сега и пред 40 и по 40 не го попуштам поздрав само да додадам дека искрено не знаев за суштиата на молитвата што се зема на 40-от ден баш убаво ни објасни Лолота
Мене сега за сега никакви адети не ме тераат да правам, само ми викаат кога сакам да кренам нешто или да се качам да земам нешто од високо . Не знам како ќе биде кога ќе се породам, само знам дека нема шанси да не излезам на сонце барем малку на воздух. 40 дена ми се многу, знам дека е превентивно и знам дека е за здравје на бебето, ама па не можам да го чувам во стаклено ѕвоно. И тоа за 40 дневниот целибат сум против јас не можам без гушкање, галење, и сите пропратни работи ќе полудам
citam citam i si felam kolku se razlicni obicaite kaj lugeto niz svetot... iskreno ziveam momentalno usa abe denes se poraga, utre doktorot i veli da go seta vo trgovski pojak imunitet ke imalo, na zima ako vi se veruva bebcinjata goli bosi nisto ne mu fali, mislam malku preteruvame so obicaite
Денес го купив првото боди за бебушко, неможев да одолеам а и не верувам во тие обичаи да не се купува пред време. Туку да ве прашам која големина е идеална за почеток, на бројчиња одат или како, гледам во Џамбо одат по месеци
ај бе што те гледам чудна праи си како ти чини адети у камена доба биле И јас во џамбо зимав вчера и јас се чудев земав за од 0-3 и од 0-6 комбинирав
се она што купувате од џамбо од периодот за кој што сакате да купите обавезно еден број најмалку поголемо од искуство. хахах. помали се од стандардните. инаку со здравје да си ги носат новите работи бебушките и живи и здрави да дојдат на свет и се разбира многу брзо да ги израснат.
a Jas imam slusnato demek ako si bila na bolnica da ne te gledat drugite zeni kako go dojs maloto zasto moselo da ti go ukradat ili da ti seknalo mlekoto so toa sto zenata ke rekla tri pati od kaj tebe mlekoto kaj mene i taka ti seknuvalo i taa ako nemala mleko dobivala ili pak ako imala dobivala uste poveke gluposti i poradi taa prcina isto taka ne se izlagalo 40 dena a za jadene se zemalo se da se proba posto bi moselo pokasno da pobaras a toa bi moselo da bide vo noknite casovi za ova i Jas bi go praktikuvala posto ne sakam mm da si go macam a se prasuvam drugite luge sto ziveat vo amerika na primer ne gi upotrebuvat ovie raboti i pak si imat zdravi pravi deca
Dodeka bev bremena ispocituvav samo edno ....ako zemav nesto ( bidejki si znaev vo supermarket da si apnam edno zrno grozdence ili nesto dr.da si probam i si kleknuvav vo sred super market so stomak do zabi si tropnuvav tri pati na pod ) za da ne mu izlezelo kradenoto na bebceto ako sum se fatila nekade de....toa go ispocituvav bidejki imam golema ruza na gaot hahah majka mi e ljubitel na cveka pa valjda si zimala od kade stignala cvekinja....e sega kolku e tocno neznam no sube me fakase..... Inaku za 40 dena od doma neizlaganje ne sum za toa jas moeto bebce go izvadiv na prosetka bese samo 6 dena staro....ukradovme malku sonce videjki retkost e tuka sonceto vo maj ( barem ovaa godina) Za doenje sekogas dojam samo pred mm ili majka mi....za pred drugi (ako ima mazi ) dtanuvam i odam vo dr soba a ako e zensko dojam so marama preku bebceto ( ne za da ne mi sekne mlekoto tuku radi sto gradite mi se privatni bre nrsakam da mu gi turam na nekogo pred nos ) Za drugi adeti i veruvanja neznam Inaku ne ziveam vo mk .....