Бремена жена не смее да краде ?! Може нема да има видлив белег од цигарите,ама ако тие што ги земаш ги пушиш секако му правиш здравствени проблеми на бебето,од тоа треба повеќе да ти е страв.
Бремена жена не смее да краде ?! Сите што имаат белег на телото и кои сум ги прашала, ми имаат кажано, мајка ми украла цвеќе, овошје...било што и ја има формата на украденото белегот. баба ми викаше дека ако краде треба за газ да се фати, за да биде таму белегот. Ама се ова се бабини деветини .)
Бремена жена не смее да краде ?! Мајка ми кога била бремена скинала сливи од дворот на комшиите и се фатила за газот. Кога сум се родила сум имала белег, ама ако некој прашал од што е си кажувале и ми исќезнал белегот. барем така ми има кажано мајка ми Не можеш да знаеш точно дали е вистина или не е. Како да кажам
Бремена жена не смее да краде ?! И јас навистина незнам дали е точно ова,ама еве во фамилија имам две случки, една е дека баба ми крадела сливи додека била бремена со мајка ми и мајка ми до ден денес има како слива на едната нога, исто нејзина втора братучетка мајка и крадела јагоди и се фатила за раката и сега од внатрешната страна на раката на подлактицата има лузна во форма на јагоди
Бремена жена не смее да краде ?! Мајка ми додека била бремена со брат ми скинла јаболко од дрво од комшии и како што ми кажувала она толку и била слатка јаболката што направила како малите деца,се фатила за стомак и рекла мммммм Брат ми има белег на стомакот во форма на јаболка,меѓутоа не се познава многу,само мааалку му е потемна кожата на тоа место. И друг случај...мајка и на другарка ми имала украдено слива и се фатила за коса,девојчето има еден дел на косата кај што и е црна,а природната коса и е смеѓа. Сепак има некоја вистина.
Бремена жена не смее да краде ?! Имам слушнато а дали е точно незнам, викаат додека да наполни бебенцето 40 дена ако мајката се сети од каде има украдено пр:јаболо и го врати во дворот од каде го украла белегот ке исчезне од кај бебето , имам слушнато дека се повлекувал белегот ,немам вакво искуство, додека бев бремена со син ми во продавноца толку многу ми се прејадоа рибизли а не бев во можност да купам скинав едно зрнце од стрв хахах и му велам на мм памти ако бебушка има нешто да вракаме рибизли хахах но ете нема никаков белек бебушка
Бремена жена не смее да краде ?! Не се вика не смее да краде,туку пред да се земе нешто прво треба да се праша сопственикот на тоа. Еве пример баба ми кога била трудна со тато поминувале покрај некоја куќа каде што имало муренки\црници и баба ми зела од нив и се фатила за нога,и тато има тука белег. Сум слушала така кога ќе земеш нешто без да прашаш прво требало да допреш со рака што го земаш нештото на земја,па после да го јадеш и да се допираш по телото.
Бремена жена не смее да краде ?! Озбилно постојат жени зрели за да бидат мајки кои што веруваат во ова ? Мислам, сериозни сте ?
Бремена жена не смее да краде ?! Ниедна жена и ниеден човек не смее да краде. Во случајов со цигарите, дали ќе ги украдеш или не, сепак не е добро за плодот.
Бремена жена не смее да краде ?! Да да феминки, тетка моја има на ногата цееееел грозд. Зрната од горздот се многу многу прецизни. Како нацртан. И над него има мало ливче лозница. Мајка ми изгледа кога ме носела мене и украла се фатила измеѓу газот и ногата, па тука на спојката имам нешто ко белег, мнооогу бледи црти на кајсија, или слива...таква форма.
Бремена жена не смее да краде ?! И јас сум запознаена со тоа......сега не знам колку е вистина колку е мит...Познавам пак една жена што отепано глушец додека била бремена и девојчето кутрото на самиот образ има глушец и тоа со убаво дефинирани форми и дури и со влакна целото обложено,прав глушец.....загреотка девојчето цел живот го носи тој белег...
Бремена жена не смее да краде ?! Страшно ова со глушецот...и не убо, да не речам грозно Јас со сигурност знам за тетка ми- таа кога беше бремена свесно украла од комшиите јаболко и намерно се почешала за Г.з за да провери дали е вистина(затоа демек на скришно место). Испадна ВИСТИНА! Ете брачед ми си има јаболко на г.зот (ама ретко кој му го видел) ...а една другарка пак има белег на надусниците - вишни. Тоа е како некоја розевкаста неправилна форма над устата и кога цветаат вишните во пролет станува белегот црвен. Лошо изгледа навистина! А сестра ми има белег грозд на внатрешната страна на надколеницата- не е страшно, мал белег е ама голема кражба на мајка ми! Бремени жени- не крадете- си ги жигосувате децата за цел живот!
Бремена жена не смее да краде ?! И јас мислам дека воопшто не трба да се краде, или доколку имаш потреба од нешто чесно да си побараш, кој нема да даде на бремена жена. Јас знам за еден пример, мајката кога била бремена од кај бретучедите украла златно срце и сигурно се има допрено на темето од главата, па детето сега има целосно исцртано срце на темето на главата и на тоа место дури и не расте коса. После кога виделе дека детево има срце на главата ја прашале дали има украдено нешто во таа форма, па таа си признала дека украла златно срце и го вратила амадетето сеуште има срце на главата. Интересно и необично е да видиш такво нешто но не е убаво да се краде.
Бремена жена не смее да краде ?! А ова се важи за оние што во бременоста посегнале по алат кој припаѓа(л) на друга жена? И кај е најпогодно да стои таа форма на белег, освен на чело? Фала.
не најдов соодветна тема па затоА тука ќе прашам, јас за овој адет незнам ама може навистина тука во скопје го има, свекрвами вечерва фино лепо ми нагласи дека мајками требало да му стави нешто златно на синми кога прв пат ќе го види, па ме интересира дали навистина тој адет постои тука бидејќи јас од каде што потекнувам тоа го нема
Ние сме од Скопје, јас за таков адет незнам. Прв пат кога ќе го видиш бебето се остава по некоја паричка или ептен блиските нешто златно. Но никогаш не сум слушнала дека баш бабата од страна на мајката мора тоа да го направи. Напротив двете внучиња од сестра ми кога прв пат ги видовме оставивме ние пари (малку повеќе пари дека ептен блиски), а другиот дедо т.е свекорот на сестра ми им оставаше некои златници кои ги имале во фамилијата од многу одамна и ги пренесувале неколку генерации така.
да ти кажам и јас прв пат слушам за ваков адет ,со оглед на тоа како пример да ги земам моите родители што се по потекло стари скопјани,ова повеќе ми наликува само наметнување и давање обврска на друг човек.
Знам дека за злато се фаќаат кога кечујат убава вест, дека кога првпат ке го видиш детето му даваш паричка, ама дека е обврска не знам. Мене дедо ми како и на сите негови внуци, без разлика дали се од ќерќи или синови, на сите ни даде златник, но тоа беше по негова желба. Нема никаде обврска мајка тизлато да купуа за бебето. Ти кажи и дека кај вас адет е свекрвата да ми даде три златник, па нека си ја чука главата.
dokolku se seti majkata od kade ima ukradeno I sto ima ukradeno ako toj predmet go vtadi dodeka bebeto da napolni 40dena se povlekuva belegot kerkami isto taka imase grojze na obravceto maz mi kupi grozdag go ostavi od kaj go imav zemeno I eve belegot ne postoi se iscisti izvinete za katinicata