Обичаи, навики и правила на други народи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од inimini, 30 октомври 2011.

  1. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    67
    Читав една книга детска и многу убава и поучна, таму сретнав неколку правила, навики обичаи на другите народи, на другите држави, па реков да отворам тема може и вие знаете некои. Еве вака.

    Во Холандија е многу непристојно после јадењето да се ждригне, А во Кина е тоа нормално се покажува дека јадењето било вкусно.

    Поздравување- Французите со четири бакнежа во воздух, Јапонците со полонување, Ескимите си ги триат носевите, Номадите во Монголија носат шишенце со бурмут и меѓу себе си ги подаваат за да го мириснат,


    Во Аргентина после јадењето несмееш одма да станеш тоа се прави сите заедно, Во Мароко не вика пријатно јадење туку БАСМАЛА и тоа значи Во името на Алах, Во Индонезија да се испразни цела чинија не смее затоа што пак ке ја наполнат мислејки дека не си се дојал. Во Азија се јаде само со една рака.

    Повелете и вие напишете нешто.
     
    На mims-89 и Neytiri им се допаѓа ова.
  2. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    552
    Пол:
    Женски
    - На полноќ на новогодишната вечер многу Шпанци јадат 12 зрна грозје. Тие се надеваат дека тоа ќе им донесе среќа во годината што доаѓа
    -На некои грчки свадби гостите не даваат подароци на невестата и на младоженецот,туку закачуваат пари на невестинскиот фустан
    -Падуанските жени од Бурма носат многу прстени околу вратот.На тој начин го продолжуваат својот врат како одраз на убавина,а истовремено така се штитат од нападите на тигрите
    -Во Тибет се смета за добро однесување ако го покажеш јазикот на гостите
    -Инуитите(Ескимите) во поголемиот дел од годината се опкружени со снег. Ова се одразува на нивниот јазик затоа што имаат 20 различни збора за да го опишат снегот.Арапскиот јазик има уште повеќе зборови за камила.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    566
    Пол:
    Женски
    Интересна тема :)

    Еве некои обичаи од земјата која ја обожавам, Јапонија:

    Искажување почит

    Наведнувањето во Јапонија е форма на искажување почит која се врежува во главите на децата уште со нивното прво зачекорување во училиште. Времетраењето и аголот на наведнувањето зависат од тоа колку е важна личноста на која и се изразува почит. На пример, кога се работи за пријател, поздравот е отсечно брз, со наведнување од околу 30 степени, но доколку се работи за претпоставен на работното место, тогаш се практукува продолжено и споро, под агол од околу 70 степени наведнување.

    Манири на маса

    - Доколку сте на ручек или вечера на која се послужени пијалоци, почекајте пред да ја кренете чашата кон устата. Откако сите на масата ќе бидат послужени, подигнете ја чашата и извикајте "кампаи!" (на здравје).

    - Во повеќето јапонски ресторани ќе добиете влажна ткаенина. Употребете ја за да ги исчистите рацете пред јадењето, а потоа внимателно и педантно превиткајте ја и поставете ја на крајот од масата. Не ја употребувајте за бришење на устата и лицето.

    - Во Јапонија не е непристојно да се јаде гласно. Шмукањето и шлапкањето е сосема океј, тоа е начин да се покаже дека уживате.

    Без бакшиш

    Во Јапонија не постои давање бакшиш, ниту во рестораните и кафулињата, ниту во другите услужни дејности. Да му оставиш бакшиш на некого е прилично навредливо - услугата која ја бараш ја покрива платата.

    Соблекување на чевлите

    Пред влегување во нечиј дом, соблекувањето на чевлите е задолжително, а за гостите секогаш има гостински влечалки. Многу Јапонци употребуваат и чевли за по дома. Постојат и посебни влечалки за во тоалет.


    Општество
    Кога група средношколци биле запрашани да ја посочат најголемата опасност за децата во денешницата, поголемиот дел од нив се согласиле на една заедничка работа - индивидуализмот.

    Јапонското општество е фокусирано на група, за разлика од западните општества кои се фокусираат на поединецот.

    Привлекувањето внимание врз себе е прилично негативна работа во Јапонија.

    Бањи

    Јавните бањи сеуште постојат во Јапонија. Прилично популарни се и викенд екскурзиите до геотермалните извори. За разлика од западните култури, Јапонците ги употребуваат бањите откако се избањати и чисти, чисто за релаксација.

    Сигурност

    Секој Јапонец ќе ве предупреди да внимавате на безбедноста кога возите и да внимавате на своите предмети. Стравот од криминал во Јапонија е на високо ниво, иако реално, стапката на криминал е ниска. Ова е видливо по бизнисмените на кои им избегал последниот воз и кои безгрижно спијат на клупа, како и по 6-7 годишните деца кои самите одат по 1 километар наутро на училиште.
     
  4. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    160
    Интересна тема,јас незнам нешто многу за другите народи ама од вас ќе научам :lol: ,инаку мислам дека темава може да се префрли во религија. :)
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.267
    Допаѓања:
    14.968
    Пол:
    Женски
    -Singapore, апсолуто е забрането џвакање мастика,и ако те примети полицаец,мораш да имаш белешка/препорака од лекар.Во спротивно следува казна.

    -Србија, сватовите кога одат по невеста, пред зградата,куќата на невестата ги чека високо закачено јаболко(на дрво или бандера), и додека младоженецот/деверот/кумот не го погоди јаболкото неможат да влезат по невеста
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    3.163
    - Во Тајланд кревање прст показалец е исто што и кревање среден прст во САД и низ Европа.
    - А најлошо место каде можете некого да допрете е главата. Што год да правите не им ја допирајет главата. Децата можат да бидат милувани само од своите родители по глава. Тајланѓаните веруваат дека главата е многу важна бидејќи таму е сместена душата.
    - во Тајланд се смета за некултурно кон некого да се испружаат нозете или со нозете да се покажува на нешто. Наместо тоа користете ги прстите на раката.

    [​IMG]

    Слични сфаќања постојат и низ останатиот дел на Југоисточна-Азија(Мјанмар, Тајланд, Камбоџа, Лаос, Виетнам, Малезија...)
     
  7. sance12

    sance12 Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Za se sto vi treba za obicaite na Romite mozam da ve informiram.
     
  8. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    56.452
    Браво за inimini за интереснава тема која што е малку подзаборавена!!!
    Отсекогаш ми биле интересни обичаите на различните народи во светов!!! Прогуглав малку и еве што најдов!!!
    Во Јапонија на Денот на вљубените, девојките мора да им купат на момците бело чоколадо, а момците не купуваат ништо. Еден месец подоцна го слават „Белиот ден“ кога момчето кое добило бело чоколадо мора на истата девојка да ѝ подари двојно повеќе чоколадо. Но, тоа го подарува само доколку навистина му се допаѓа девојката, а таа мора да чека цел месец за тоа да го дознае.
    smesni-obicai-na-ljubovnite-sostanoci-sirum-svetot-1.jpg

    Во Холандија не е важно дали момчето ја кани девојката за да излезат или обратно. Уште на првиот состанок дозволено е да се случи сè, па дури и девојката да го праша момчето за да се ожени со неа.
    smesni-obicai-na-ljubovnite-sostanoci-sirum-svetot-2.jpg

    Во Италија мажите бараат жени кои имаат физичка убавина и кои може да ги извршуваат сите домашни работи. Жените, пак, бараат маж кој ќе им обезбеди финансиска стабилност.
    smesni-obicai-na-ljubovnite-sostanoci-sirum-svetot-7.jpg

    Во Иран браковите обично се договорени од страна на родителите кои си ги претставуваат децата за време на пиењето кафе. Ако родителите се сакаат и се сложуваат меѓусебно дека децата можат да се грижат еден за друг, тогаш тие деца стапуваат во брак. Додека не се венчани не смеат да излегуваат, да се држат за раце или да водат љубов.
    smesni-obicai-na-ljubovnite-sostanoci-sirum-svetot-3.jpg
     
  9. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    7.658
    Пол:
    Женски
    Интересна тема ама вие кажавте што имавте друго немам :$
     
  10. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Некоја да ми објасни за носење прстен на било кој прстен,не ги сваќам тие правила ја имам брат и не сум смеела да носам прстен на десната рака,на показателот,зашто несмеам??
     
  11. elvittta

    elvittta Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Северна Кореја

    1. Пиење алкохол

    Пред неколку години еден воен офицер бил погубен во Северна Кореја поради пиење алкохол за време на жалењето за смртта на Ким Јонг Ил, во предвидениот период од 100 дена тажење.

    2. Гледање телевизија

    Минатата година во Северна Кореја биле погубени 80 луѓе за гледање на различни шоу емисии од Јужна Кореја. Властите натерале околу 10.000 луѓе, меѓу кои и деца, да го гледаат погубувањето.

    Народот во Северна Кореја не смее да гледа телевизија, освен државни програми.

    3. Возење автомобил

    Единствено на државните службеници им е дозволено да имаат сопствен автомобил. Утврдено е дека на сто жители само еден поседува автомобил.

    4. Слушање музика

    Нема слушање на никаква музика, освен пофални песни за Ким Јонг Ун.

    5. Комуникација со луѓе од странство

    Ако се јавите некому надвор од Северна Кореја може да бидете осудени на смртна казна. Во 2007 година еден човек бил убиен затоа што направил неколку меѓународни повици.

    6. Право на сопствено мислење

    Такво нешто нема во Северна Кореја, пишува Metro.

    7. Заминување од земјата

    Луѓето воопшто не ни можат да помислат да ги посетат роднините во Јужна Кореја или Кина, ниту пак да одат во друга земја.

    8. Религија

    Во Северна Кореја има слобода на религијата, но некои примери покажуваат дека не е така. Една жена христијанка, обвинета за дистрибуирање на Библијата, била јавно погубена за тоа дело.

    9. Порнографија

    Гледањето или продавањето порнографија е казниво со смрт.

    10. Интернет

    Во Северна Кореја нема користење на интернет, интернетот се користи единствено за ширење пропаганда.