Вчера ,онака од досада, решив да направам едни обланди по рецепт од мајка ми.Се беше готово за половина час(сосе подготовки,мелење,филување на обландата и миење на единствениот сад и чинија кои ги употребив)па решив да го споделам рецептот со вас.Значи брзо се прави и не е многу скапо. 1 пакување обланди се потребни за филот кој се подготвува од -350мл.млеко и 500 гр.шеќер да се стопат и да провријат околу 1 мин.Се трга тенџерето настрана ,а потоа се додава -1 кристал маргарин 200 гр.мелени ореви -300 гр.мелени бисквити -2 кесички ванилин шеќер Се ова убаво се меша и се филуваат обландите.Е сега јас ги редев една врз друга,а може и секоја посебно да се мачка со филот и да се мотаат во ролат. Како и да е (редена или смотана)прекрасна е и вреди да се проба. Ајде ,ако имате и вие некој рецепт споделете го.
Еве една рецепта и од мене обланди 300 мл. млеко 250 гр. шеќер 1 маргарин кристал 200 гр. чоколадо (менаж, ми е најубаво) 450 гр. алва 1 еурокрем блок чоколадо Се ставаат млекото и шеќерот натенане да провријат, да поварат. Се додава маргаринот и чоколадото за готвење. Кога сето тоа убаво ќе се стопи се трга од оган. Веднаш се додава ренданата алва (мене ме мрзи да рендам, па со вилушка ја гмечам - ефектот е ист), се промешува и филот е спремен. Јас ја мачкам со фил и последната кора одозгора, па врз нејзе рендам еуро-крем блок чоколадо (оние црно-бело ципирипи....) и излага убаво издекорирано. Ај пробајте, па кажете дали ви се свиѓа.
Баба ми ги прави најубавите обланди на светот Инаку, пробајте да ги јадете смрзнати или полусмрзнати, така се многу поубави, а не се тврди.
Бидејќи сум алергична на млеко, гледаме дома да го изоставуваме од подготовките, осебено од благото. Обландата ја правиме вака: -1 пакетче обланди -1 пакетче шеќер -вода колку да се полие шеќерот -1 ванилин шеќер -сок од лимон -ореви мелени по желба -какао Се прави шербет од шеќерот и вода. На крај кога ќе биде готов се става сокот од лимон, ореви по ваша желба колку сакате филот да биде густ, какао, ванилин шеќер. Ја знаете постапката една обланда, еден ред фил, се до последната. Ние сакаме и на последната обланда да ставаме фил. Се остава ден и потоа се сече на баклави или триаголници.
кндер обланда СОСТОЈКИ: 700 грама Шеќер 100 грама Чоколадо 1 Обланда/ди 400 Млеко во прав 550 грама Маргарин 1500 милилитри Вода Во мешавината додадете го маргаринот и изматете со миксер. Со лесно мешање додадете го млекото во прав, па масата поделете ја два дела. Еден дел да остане бел, а во другиот додадете 100 гр. истопено чоколадо. Корите филувајте ги наизменично.
ОБЛАНДИ СО 2 ФИЛА-1 фил-6 белкисе матат со 150 гр шекер во прав,се додаваат 100 гр мелени ореви,може ибадеми или лешници,300 гр мелени бисквити и 15о гр топено чоколадо 2 фил-1 путер 250 гр се мати со 150гр шекер во прав,се додаваат 6 жолчки и 3 кесички ванилин шекер. Се филуваат обландите наизменично жолт фил,црн фил
Обланди 1 л млеко Ораси ½ маргарин зависи од гусрината и се додаваат бисквити, шекер по потреба. ________________________________________ Обланди 250мл вода 300гр шекер( да зоврие) 300гр алва 100гр чоколада 1 маргарин 10-15 ораси Бисквити сомелени
Moја омилена обланда е т.н.касета.Лесна е за правење,многу вкусна а и убаво изгледа декоративно 450 гр шеќер 450гр мелени бисквити 1,5дл вода 300гр мелени ореви 1маргарин 100гр чоколадо И чоколадни стапчиња Шеќерот се топи со водата,се додава потоа и маргаринот да се стопи ,па се додаваат мелените ореви и бисквитите.Се' се меша убаво,потоа 1/3 од филот се трга и се меша со растопената чоколада,така се добива еден светол,еден темен фил. Се ставаат четири реда од стапчињата а со филовите треба да ви излезе вака
Еве една лесна а вкусна 1 чаша млеко 1 еурокрем 1 таан алва Ореви по вкус и на средна температура во тенџере додека се соединат и на сите кори им ставаш освен на последната
1 обланда 2-3 лажици изварка 2-3 лажици мајонез 2-3 лажици павлака 200гр. салама 200гр. кашкавал Изварката, мајонезот и павлаката се промешуваат заедно. Претходно се става обландата на навлажнета крпа, за да омекни, па се премачкува со филот а потоа му се додава изренданата салама и кашкавал. Потоа се витка во ролат и се става во фрижидер да се стврдни.
јадев на една матурска благо. Тоа се правело со „посебни кори обланда“..е мене ме интересира да не знаете случајно како се викаат тие кори обланда ...благото имасе изглед -сечено на правоаголници ред кора ред кафеав фил и кремаст/бел фил и пак кори... отприлика вввака изгледаше благото само кажаа дека е со некакви посебни кори обланда https://encrypted-tbn1.gstatic.com/imag ... sbkVcNLO3e
Солена тортаа Обланда 1 Пактече обланди 12 листа шунка ( коцкаста ) 12 листа кашкавал ( коцкасти ) т.е да биде сечен на коцка пола мала тегличка мајонез и исто толку павлака а може и по вкус се зема една обланда се премачкува со измешаниот мајонез и павлака и се реди целата обланда со шунка пак се става одозгор обланда пак се премачкува у се реди кашкавал и се така додека снема... одозгора се премачкува со мајонезот и павлаката и молже да посолите сусам... Се стегнува и се сечи на коцки.... Прремногу е вкусно и брзо