Oblekata ne go pravi covekot covek.So mojata profesija sekojdnevno se srecavam so nakontani faci a nivniot odnos i kultura e sveden recisi na nula .Se razbira ova ne se odnesuva na site. Ima i takvi pokraj toa sto se sredeni ,pedantni ,imaat covecka kultura i vkus za ona sto go nosat na sebe.
Облеката не го прави човекот. Облеката може да даде некаква претстава за човекот, некаков впечаток, меѓутоа комлетната слика се создава дури откога ќе го запознаеме човекот.
јас мислам дека облеката не го прави човекот .. за прв впечаток најчесто влијае, но потоа може сосема да го смени твоето мислење ..
Облеката е пресудна во оставањето на први впечатоци кај некоја личност.Секогаш не е пресудна ,но понекогаш го разоткрива човек. Еве да кажеме некој не внимава и цело време оди со извалкани маички,скинати фармерки-значи веднааш ќе заклучиме дека е многу немарлива личност. Некој е цело време во кошулки,панталони,се облекува поелегантно-веднаш заклучуваме дека е многу принципиелна,озбилна личност. Ако некој не знае да искомбинира едно парче облека-веднаш знаеме дека е конфузна,неразбрана личност ..............
Мислам дека облеката покажува колку си среден во животот,дали си педантен,дали водиш грижа за себе и своето тело итн.. Само тоа,не кажува ништо особено за самиот човек покрај овие карактеристики.. Јас лично водам грижа секогаш да мирисам убаво, и да носам чиста долна облека, и општо облека, и јас самата да сум чиста.. а за облека немам нешто многу,имам неколку пара фармерки,и блузи појке и џемпери и секој ден си ги мењам
Не ! Имам другарка која носи марки а никој не ни приметил дека се марки.. И другарка која носи од Шутка а сите знаат колку и се убави облеките. Што не е точно Важно е како ја носиш облеката.. Па и од депонија да е ако ја носиш гордо сите ке ја гледаат како убава. Хигиената секако е на прво Ниво
Мy Ass не го прави! Сега да ја имам најубавата гардероба по последна мода ќе го имам најзгодниот дечко у градот! Дај ве молам бидете малку реални, и погледнете како што е. Едни грди никакви кога ќе се облечат убаво и по последна мода, стануваат мета на згодни момци. Еден куп примери знам, така да не ви држи вода дека не го прави облеката човекот! Суштината на човекот не ја прави облеката, на пример нема да ме направи попаметна, ама мојот прв впечаток ќе биде поинаков во облека од последна мода и во облека од пред 3 лета! Башка со убава облека, самодовербата ти е поголема, ама тоа е друга тема и несакам а и ме мрзи да пишувам!
облеката не го прави човекот туку го краси физички,засто јас знам многу грди жени ама кога ке се дотераат изгледаат како модни икони или пак обратно за џабе не рекле руба краси,руба гнаси
Јас мислам дека облеката НЕ го прави човекот. Едно е да бидеш дотеран, среден, испеглан, педантен, модерен.....Ама сосема друго е каква личност си. Само оние кои ги ценат и класифицираат луѓето според облеката сметаат дека таа го прави човекот. Сепак внатрешната убавина е многу повеќе од надворешната. Јас никогаш ни бе ценела личност, само заради облеката, секогаш оставам простор секој да се докаже карактерно, а потоа донесувам заклучок за какава личност станува збор.
Како бе не го прави?! Јас нема да погледнам човек кој што не ми е скоцкан и убаво облечен. Па колку сака нека е убав и паметен. Зошто ако облеката не го прави човекот бегате од питачиве облечени во партали или го мрзите Боки 13 зошто се облекува како жена..!?!? Мислам, дај малце подлабоко размислете. Јас знам дека нема да сум попаметна или сл. ама бе па кој ќе ми пријде за да открие колку уствари сум паметна или не ако не сум добро облечена, т.е. ако не го носам добро тоа што е на мене облечено..?!
Сама си кажа. Ти ја носиш облеката, а не она тебе. Според мене се е до ставот, до самодовербата Како сака нека е облечен некој, ако е некое муле. Исто, битна работа е одот. Одот кажува многу работи. Понекогаш можам да извлечам заклучок за некој човек само врз основа на од.
Зависи како се носиш. Има некои девојки, што купуваат најмодерно и пак не им стои. На пример кога беа шалварите во мода (што стојат само на високи и крупни девојки) се залетаа сите да испонакупат и оние ниски и слаби девојки на кои што ама ИЧ не му стоеја. Има некои што точно знаат што да облечат на нивната конструкција на телото. Всушност облеката е првиот показател на карактерот на човекот. Оној кој блеска во она што го носи, секогаш е позабележан од оној кој е најмодерен а изгледа како закачалка. Сума сумарум, облеката и тоа како покажува дел од човекот (оној естетскиот).
Можеби не го прави човекот-човек, но остава многу голем впечаток. Ми дава облеката некоја слика за тоа каков е човекот, за што се интересира. Но, залудно е да носиш било каква облека, ако незнаеш да ја носиш.
Човекот ја прави облеката! Стилот и душата на едно парче облека му го дава човекот. Колку сака нека е скапо едно парче, ако е лошо искомбинирано, несоодветно облечено во однос на пригода, временски услови или слично, џабе е. Мноогу почитувам убаво облечени луѓе. Луѓе што водат сметка за изгледот. Но нив не ги прави такви облеката, тие се дотеруваат и изгледаат убав и средено затоа што се по природа такви. Значи тие ја прават облеката. Некои луѓе имаат некој посебен стил, па што и да облечат, комбинацијата вришти од нивниот допир. Значи дефинитивно тоа е мојот став дека човекот ја оживува облеката и и' дава душа.
Mислам дека го прави,да не ме сфати некој погрешно,ама друга е сликата каде што гледаш партал-човек,друга слика-дотеран Tочно е дека и во одот можеш да ги процениш лугето,јас имам навика да гледам како јадат замисли си некој во одело,јаде и како мало дете се лигави се на се како што кажа црнокосата-руба краси,руба-кнаси и поназад прочитав колку грди се дотеруваат,и ги факаат најубавите дечковци,сакаат да излезат со нив да се пофалаат што имаат Tотално точно!
облеката го прави човекот да,но во смисла дали облеката е за соодветната пригода,дали е чиста или флекава,дали во целина изгледаш уредно како да си се потрудил или само си нафрлил нешто на тебе.се на се,според мене е најбитно да си облечен според ситуацијата.не можеш да се појавиш пред професор за оценка во краток фустан или па во тренерки со калливи патики,ниту пак професорот може да се појави така пред тебе.