Облеката НЕ го прави човекот,но жалосно е тоа што голем процент од луѓето те оценуваат според неа.Ако си добро наконтен,значи имаш пари,углед се...така мислат многумина,што според мене е далеку од точно.Човек може да биде скромно и едноставно облечен а сепак да изгледа убаво,да има култура и почит.Но што да правиме таквов ни е менталитетот,а тешко и дека нешто ќе се промени.
за да изгледаш подобро надворешно нормално облеката го прави човекот.... да олечеш нешто секојдневно и нешто помодерно е различно......на пример девојка од село да ја видиш каква е на нива а каква на излегување нема да ја познаеш дека е таа......облеката ти дава подобар надворешен изглед
Да, многу работи можеш да научиш за човек од неговата облека. Не ги делам луѓето на богати и сиромашни според облеката, воопшто не ме интересира дали некој носи марка, ама многу можам да научам за нив од тоа колку се средени. Ако некој внимава како се облекува веднаш можам да заклучам дека е педантен човек а не некој пастуф.
Не . Поважна ми е содржината од амбалажата. Ама секако ,амбалажата не смее да биде ошттена или извалкана.
Кој карактер бе? Шо е тоа,се мачка на леб? Да,да, сто посто мене некој кога ќе ме види прв пат,ќе ме праша дали јас сум добра,дали се грижам за баба ми и дали се молам секоја вечер? Го прави облеката човекот. И те како го прави. Е сега,може да го направи или Боки 13 или некој среден,згоден маж кој барем малку потсетува на маж и малку си посветил на себеси внимание да се погледне во огледалото пред да излезе. Едно е да си во присуство на некој што се облекол ко вонземјанин,а друго е ако тој некој е среден и има барем малку осет за стил. Кој зборува за последните модни трендови? Тоа не е морално,но треба да ја имаш барем малку онаа жичка во мозочето која ја диктира твојата креативност и способност за да изгледаш добро. И да се облечеш добро,што е побитно. Земете ја за пример темата Модни критики за не толку храбри феминки. Една е вашата реакција кога ќе стави некоја девојка слика со 101 мислење,апла се гледа дека какала тука низ форумов само за да стави слика,а една слика 1000 зборови вреди. А сликата за никаде. А ни за таму. Или кога ќе стави некоја девојка слика,цела средена,убава,не само таа,ами и сликата. Јас за пример би ја земала Саја. Целосно ми го сврте вниманието девојката од нејзините феноменални слики во темата. И сватив дека тоа не и е единствената добра карактеристика,има многу други,по читањето на нејзините мислења,но поентата е дека можеби не би се десило тоа,ако не ја забележав во Модни критики.
Како го поврзувате тоа дека ако некој е убаво облечен е добар, ако е лошо е лош? Мене ми нема логика! Да, облеката го прави човекот. Ако некој е убаво облечен, среден, намирисан, со фризурче или барем средена коса, девојка со средено лице и шминка во зависност од приликата, убаво комбинирана облека секако дека зборува доста за личноста. Укажува на тоа дека тоа е педантна личност на која и е важен изгледот во јавност и дека се грижи за себе! Додека ако е некој облечен во нечиста облека, лоша комбинација која изгледа како да не се погледал пред да излезе, несредена или во полош случај нечиста коса, лице прекирено со мозолчиња, болчиња и сл. укажува дека е некој на кој надворешниот изглед малку му е битен или воопшто не му е битен! Убавината на една личност не е само карактерот, не е битна само внатрешната убавина, треба и надворешна. Освен тоа, личност со убави манири никогаш не би дозволила да изгледа несредено! Среденоста е делумно во облеката!
Не го прави, но влијае на првиот впечаток кој може со запознавање на личноста да се промени и тоа ќе дојде и до промена на мислењето. Прво запознај го човекот после суди
Облеката знае многу пати да каже нешто за личноста и без таа да проговори но и обратно...сум сретнала многу личности кои се средени,скоцкани а се крајно неорганизирани и безцелни во животот(од моја гледна точка)..е сега од друга страна пак дискутабилно и различно е што значи тоа да си среден и дотеран..за некои тоа е кич облека,за некои модерна и тренди облека,за трети пак спортска облека и сл. А секој те гледа со различни очи...така да нема правила
Облеката не го прави човекот, туку облеката говори за човекот. Во принцип, мојот мозок е така форматиран при првото запознавање да ги забележува и најситните детали во надворешниот изглед на некого. Јас сум страшно многу педантна, не сакам да ми виси конче од џемперот, дамки на облеката страшно многу ме нервираат, па секогаш забележувам такви работи. Облеката е една од работите врз кои го засновам мојот прв впечаток за некого, но не мора да биде пресудна.
Облеката го прикажува само надворешниот изглед на човекот, внатрешноста е нешто сосем друго, човек од една страна е индивидуа, физичка појава. Од друга страна пак, вистинската смисла на значењето на зборот човек е неговиот карактер, неговата душа. Мислите и емоциите кои резултираат со постапки. Е сега, облеката има врска со психата на човекот, со многу елементи, расположението или ставовите кон нештата често знаат да се одразат врз начинот на облекување. Тоа е како да анализираш производ, честопати амбалажата знае да направи позитивна или негативна слика за производот, ако е убаво спакуван се претпоставува дека е квалитетен, но тоа не значи дека е така, можеби за да се прикрие неквалитетот на производот, се става убава амбалажа за тој да продолжи да се продава. Истото може да важи и кај човекот, можеби за да го прикрие карактерот и емоциите, сака да го одвлече вниманието кон физичкиот изглед. Како викаат, не можеш да знаеш дали јаболкото е црвливо се додека не го гризнеш, па така не можеш да судиш по облеката се додека не го запознаеш човекот
Има удел. Преку облеката лесно можеш да заклучиш дали дотичниот има стил или не, дали има вкус, афинитетите можеш да ги препознаеш, па колку внимава на хигиена и т.н. Не претерувајте со муабети како облеката немала врска, има и тоа голема. Проверено, докажано.
Па не. каква и сака нека е облеката ако си идиот пак ќе си идиот. Јас мислам дека човекот ја прави облеката бидејки ако знаеш да се носиш какво сака нека е парчето ти правилно ќе го искомбинираш!
Секако дека не. Човекот треба да го судиме по тоа како се однесува и каков карактер има. Никогаш не треба да го судиме по облеката затоа што без разлика дали е богат и дали може да носи убава и скапа облека, човекот ако не вреди - не вреди. Меѓутоа, морам да признаам дека облеката остава впечаток за тоа каков е човекот, но не треба да го судиме според тоа. Можеби тој е прекрасна личност, но нема финански средства за да се облекува подобро, по средено и по убаво.
Облеката не го прави човекот, тоа е само еден од првите впечатоци, облеката може да говори т.е. да е дава значење за сосема други работи.
Се разбира,особено доаѓа до израз кога се носи фустанче на половина педа под задникот. Дава самодоверба,дава впечаток,кој може да биде лажно позитивен и лажно негативен. Затоа по облека не ценам луѓе,искуствено се имам заебано. Гледам дали имаат мазна пета (сериозна сум),лакирани нокти на нозете и чисти чевли,какви сака нека се...другото...не ме интересира и толку многу,ако ми е предмет на интерес човекот ко човек. Ако треба да оценувам модни критики на фемина или да ја глумам Цаци Паковска у некое реално шоу...друг е муабетот.
Да и јас се согласувам со тоа дека облеката го прави човекот , убаво облечен човек секој го почитува на некој начин , а и одлична е за зголемување на самодовербата